Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.505
    Допаѓања:
    114.997
    Пол:
    Женски
    hrizantema како прво кога овде ќе поставиш пост очекувај реакции на тоа што си напишала. Јас немам овде магична кугла за да видам каква си ти а ква е свекрва ти, ниту па ме интересира искрено. Јас ти коментирав на твојот пост. Ако готвењето ти е најголема караница со свекрва ти, па ти си бре жено среќна. Прашај ја мајка ми што значи да имаш проблем со свекрва. Или жената која овде пишуваше дека заради тоа дошло до развод.

    Според мене, сум кажала и порано, а ќе кажам и пак не прифаќам жалби за тоа кој ќе готви, па кој ќе пере, па кој ќе чисти. Со договор се се може. Ама епак едната мора да попушти, кога веќе живеете во иста куќа. Инаку, целживот како рогови во вреќа. Ти се меша во бракот? Ти прави сплетки со мажот ти ? Ја слуша покорно а тебе те омаловажува, вреѓа и понижува? е тоа се драга моја проблеми со свекрви. А ова твоево не вреди ни да се жалиш ни да го ставаш на памет како проблем. Поздрав и секое добро.

    Лоли кој рече она да биде слуга?? Ама мене искрено ме револтира начинот на кој се поставила према жената. Значи ни ја знам едната ни другата туку онака како е претсавено. Можела да и рече, слушај ниде денска излегуваме, направи ти ручек и готово. А не ќе се правам будала па сега јадевме па после јадевме па еј кога поминало. Мислам дај те молам не ми вади муабет од контекст. Јас сум од секогаш да се знае на секој местото во куќата, а факт е дека две жени во една кујна не бива. И јас со мајка ми се карам кога ќе ми дојде, зашто сама живеам, а не па со свекрва. Ама има начин како да се каже. И за се има договор. А ако не може да се договориш, кредит, кирија и осамостали се.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    Снаата не е должна целиот товар и сите обврски околу домаќинството да ги носи на свој грб.Не е должна таа да ринта како роб а, свекрвата со далечинското в раце да менува канали и да гледа репризи од турски серии.Не значи дека таа како снаа т.н новодојдената(а овој израз доста често се дрзнуваат да го користат)ги има сите должности во новиот дом,а права никакви. Па нека се распаѓа од работа...е така не може!!!Не е убаво таа само да седи како кинеска кралица,само да дава команди и да наредува а снаава од немај каде да трпи тортура.Атер заради тоа да не доаѓа да кавги и расправии.
    Тогаш во тој случај таа не ја почитува и третира како снаа туку како куќна помошничка.Да е инвалид кој не може да се грижи за себе тогаш е оправдано..ама здрава права, да ми изиграва нешто,да ми се прај кураципол...само затоа што сум дошла во нејзината куќа и зависам од нејзината добра волја со тоа што имам покрив над главата не и дава за право да се однесува со мене како деспот.Тоа за мене претставува еден вид на уцена.
    Зар снаата нема право еден ден во неделата да се одмори,зар нема право на слободно време и да го искористи како што сака или свекрвата треба да биде центар на нејзиниот универзум.
    Сум поминала низ овие нешта и затоа сум толку изреволтирана од ваквата неправедност!!!!
    Таквите како нив значи одвај чекале да им влезе снаа в куќи само за да можат да седат, да уживаат и да командаат.Очигледно не постигнале ништо друго побитно во животот па единствена сатисфакција им е таа.
     
    На Anyshka и rainlover им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.505
    Допаѓања:
    114.997
    Пол:
    Женски
    Се е во ред кажано. Но, имам слушано од пријателки на мајка ми дека кога се омажиле, свекрвите им рекле, е па снао, сега кујната и куќата е твоја, моето дотука беше. И си имале една соба, во која си седеле а излегувале кога кје било готово јадењето и тоа да ја викнат , да ја поканат. ЈАс тоа ни саат не би го трпела, ама за жал има и такви. И оние кои велат, јас моите деца сум ги изгледала, дотука било, твоите сама гледај си ги. Што ќе речеш на ова?
     
  4. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
  5. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    Па и не е така лошо ако сака така,така нека биде.Во овој случај не ти ни помага ама не ти ни одмага.Многу е полошо кога ниту ти помага туку напротив ти одмага,ти се меша во се,ти диши постојано во вратот и ти го следи секој чекор,кружи околу тебе како сателит и бара влакно во јајцето.Се само со една единствене цел да докажи по секоја цена дека не си подобра од нејзе.Па подобро вака можеби физички ќе бидеш поисцрпена ама пак психички ќе си бидеш неоптеретена.
    Затоа што не е хумано и човечки да сработиш се ,да зготвиш и исчистиш и ништо од тоа да не биде ценето,па уште и да викаат дека нечини. А во однос на децата ако не сака да ги гледа не мора(и да имам дете попрво би го носсела во градинка да се социјализира отколку да гледа турски серии со нејзе).Само тркалото се врти нема вечно да бидат здрави и подвижни е тогаш ќе и речам си гледам јас деца уште едни не ми требаат!!!На крајот сепак тие се оние што губат се лишуваат од една голема радост како што се внучињата,нив треба да им биде задоволство времето поминато со нив а ,не должност.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Може и се здосадило и се` и` дошло преку глава, па решила да се прави будала...од кај да знаеме ние.
    Мене ме налути тоа што и` рече дека може да и` ја покаже вратата и неа и на син и`....зошто, кој и дава такво право, како тоа, нема ручек, и ај чао, гитла.
    Па не сум ни јас ни ти ни било која снаа должна да прави ручеци, така. Тоа е моја добра волја, ако сакам ќе зготвам за сите, ако не , нема да готвам.
    А свекрва и` што не ја прашала неа дали ќе бидат дома, па таа да готви. :^)

    Бива, бива ...еве не` нас дома, двете готвиме....јас за нас, таа за нив...секој ден, еве не` така функционираме и искрено супер МИ е.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43
    јас пак си стојам на мојот став....дека не сум слугинка јас да готвам таа кога ќе биде гладна..итн....а специјално би зготвила за мажот ми,или кога ќе мислам дека треба да зготвам.....а не дека нејзе и се јадело........мене тоа ич не ме интересира,,затоа што е здрава,права...оди на работа.излегува,шета,забави...итн.....па што сум јас да и готвам?...има раце,,ако и се јади нека си зготви....а не иди на врата ми вика..не ги правиш сега?па јас сум гладна........е за тие таквите како неа,,,нема никогаш да зготвам...затоа што чека од мене..а ако речи да земам да направам за јадење,,јас веднаш ќе и речев остави јас ќе ги направам.....не мие проблем,,ама таа се третира како да јас да морам да и зготвам,,епа тој филм го нема кај мене....и многу ме иритира тоа однесување...јас сум мажена за син и,,а не и сум слугинка нејзе........иако повеќе работи јас сама ги правам,,уште првиот ден бев препуштена сама на себе,,таа само шеташе...јас перев,пуштав машини,јас готвев....па дури и ми вели дека никогаш во животот не сакала да готви...и не знае.............па што мие гајле..не сакам енјзе да и речам...ама затоа стигнала до тој степен со мажот и...кој маж трпитака?дојди енма јадење....ако има ќе биди никакво.......сега сфаќам зоѓто било со свекор ми како што било........немало семејна атмосфера..никогаш не јаделе заедно..никогаш немале ручек во вистинска смисла на зборорт,,децата научени ан брза храна....итн.....и затоа не трпам некој да ме вреѓа за ова нешто,,бидејчи се познавам и самата себе,,а ја запознав и неа...кога нон стоп може да пие кафе,цигари,да шета..епа тоа што е нејзино нека си го сработи........а јас ќе работам јас кога сакам.//..........а да потенцирам...за девојката што ми искоментира..дека смешное тоа дека сум рекла сега јадевме,,итн..тоа го реков,,на смеа..со цел да сфати дека не ми е должност јас да и готвам нејзе,,ако не јади мажот ми.......не ми е ни дете,,не ми е ни мајка,,,и не зум мажена за неа....

    сосема се согласувам со лолита.....а да е болна,стара...тогаш би и направила,,,бидејчи не можи....ама вака,,,,,,,,,само тв,цигари,кафе,друштво.забави...епа нека ме извини,,,и тоа што го правам е многуууу,многу за неа..еве вчера направив јас вечера ама јадевме сите..му с ејадеше и на мажот ми.......а лично з анеа никогаш не би зготвила....
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Јас и додека живеев со мајка ми,па знаев да се изнервирам за некоја глупост, што цел живот сме живееле заедно, тек па да треба преку ноќ да се преселам во друга куќа, со друга мајка, нормално дека ќе има нешто спорно за нервози, разликата во генерации и воспитувањето си го прави своето.
    Затоа си живееме одделно и самостојно и си ја знаеме цената на мирот и редот во сопствен дом.Не е лесно да се издвојат некогаш последните пари за сметки, кирија и трошоци, ама мирот си го имаме за сите пари и свекрвата е само гостин со најава во нашиот дом и тоа само кога сме расположени.
    Ако веќе не сакате и не можете да плаќате свој дом, тогаш мора да го почитувате домот во кој сте влегле и редот на тие каде живеете. Договор ќуќа гради.
    Не може да му се вселите на некој дома, да му спиете во неговата соба, да му готвите во неговата кујна, да се бањате во нивниот тоалет, да трошите нивна струја и храна, да го оставате детето кога ќе треба и уште свекрвата не чини. Ако не чини, пробајте си сами, па да видите колку се супер свекрвите на далечина.
     
    На bittersweet, Moira, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.505
    Допаѓања:
    114.997
    Пол:
    Женски
    Пак ти за ручекот се фати. Тоа што го реков дека може да и покаже врата и неа и на син и го кажав од искуство намоја другарка, која после 3 години живот во заедница, на свекрва и свекор и им текнало дека сакаат комоција и ајт гитла вие снаоѓајте се. Зашто после 18 години никој не е должен да те гледа како дете. Полнолетен си, можеш да заработуваш ајде снаоѓај се. За жал има и такви родители. Сакав да и укажам , ама не ме разбравте изгледа дека има мноооогу поголеми проблеми со свекрви од еден ручек.
     
  10. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Ретко се мешам, ама тебе Хризантема те приметив по еден пост во кој кажуваш дека свекрвата не ти направила ништо лошо туку така едноставно не ја можеш, и друг пат кажуваш дека не ти прави никакви проблеми. И ти пречи тоа што син и има добар однос со мајка му и би направила како куче да трча по тебе (ете по тоа те запамтив). Потоа ги прочитав и другите твои постови и многу се контрадикторни. Според мене извини вака ама проблемот е кај тебе, еднаш маж ти е виновен за твоето незадоволство, друг пат свекрвата. Од твоите постови добив некоја слика за тебе како за ограничена личност (невиноста до првата брачна ноќ, па денес не ти давам утре ќе ти дадам). |(

    Ти реков и друг пат мислам, преиспитај го твојот однос не само со свекрвата, туку и со твојот сопруг, ти си таа која треба да се промени, пробај да не ја гледаш жената како твоја закана, се се постигнува со заеднички компромис, а маж ти повеќе гледај го како личност со која можеш се да делиш, а не да се натпреваруваш и со него.
     
  11. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    Eпа вака девојки мојата свекрва како и секоја мислам :lol: сака да се меса во се се лути за секакви глупости не мене туку на нејзините синови и на сите :fubar: на поцетокот се замарав но веке не бидејки не зивееме заедно некако се трпи туку зборот ми бесе многу ме нервира сто кога ке ми се јави на телефон ми се обрака со ,,мари,, и ,,ма,, на поцетоко мислев не е страсно и се испустило но сега се поцесто и се слуцува :@ незнам со да правам помагајте
     
    На elisabeta и TIGARCE86 им се допаѓа ова.
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Тоа за мене не се родители :x ,немам зборови за нивната бездушност, себичност и нечовечност...тоа за мене не се луѓе.
    Обично проблемите така и почнуваат, со ручеци, со машини за перење, чистење итн. итн. т.е за доминација, само кој како ќе се снајде во дадената ситуација.
    Мене ме изнервира твојот коментар за вратата затоа и така пишав...луто и огорчено.
    тоа е затоа што и ние сме се нашле во една слична ситуација, ама не би за тоа на јавен форум. ;)
    Мислам дека се разбираме.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    хризантема душо ја гледаше ли денес емисијата Крвта нее вода |(
    е тоа ти е свекрвиште и јас златна поминав низ тоа,само што мојот бивши не се освести како „мама“ манипулира....
    а тоа дали готвела дали не е најмал рпоблем.....што маж ти не ти пререкува ниту те прекорува....
    уживај не се замарај, прави како што ти одговара......ако ти чини-направи го, ако и чини- нека направи....ако не секој како што си сака.....ќе си го уништиш бракот верувај, со барање кавга во се и сешто
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.505
    Допаѓања:
    114.997
    Пол:
    Женски
    леле ја ја гледав вчерра. Мајко моја која психопата. Жено златна ако ти си поминала низ она, јака ти душа.

    Кој не ја гледал еве ви линк:

    1 дел
    2 дел
    3 дел
     
  15. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    среќа што беше попроста,па не и текна по социјални грижи да ме пријавува |( ама пошто психијатрите и беа добро познати редовно ме упатуваше таму :lol:
    какви се сцени не сум доживеала од неа :envy: а син и уште не верува дека мама така правела, демек јас сум си барала кавга..... ете тоа се проблеми а не кој ќе готви ручек...

    а таа да готви а потоа низ нос да ти го вади, да не смееш сам да си зготвиш ни кај твоите на ручек оти после маста ќе ти ја испие (како таа фрлала јадење, не сум била благодарна итн итн а помии правеше невидени), истата сцена наутро ја имам доживеано мал милион пати-јас спијам таа ми зема постелина за перење (бидејќи мноогу ми помагаше :lol: ќе дојдат гости еве ја неа демек помош да не ми требало (за муабети да слуша)а кога детето е болно или ми треба помош неа ја нема никаде-демек да ен сметала :x ќе се најават гости, таа ќе ги пречека ќе ги вртаи-сме одмарале.......од инает ми се буташе в алишта ( за да има материјал за по бајачки :?: а тешките работи сама си ги работев...ќе ја штрекнеше в глава и ќе ми се качи да ми испрала-а јас спијам цел ден неспиена..........и мал милион такви глупости......потполно ја разбрав женичкава вчера-мислев дека ќе полудам
     
  16. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Еве вака девојки со прстот кон вратата или така нешто да ви кажам што ми се деси нели имав пишувано дека свекрвата ми е лута не ми прај муабет оти сум седела во соба или сум бегала ко ке дојдела ќерката и такави работи и на мм исто. Денес скрос сум се скарала ете на нејќење влегов со влечки од надвор дома т.е за низдома влечките ми беа водени оти се беше водено во куњата од еден мал дефект но оставете тоа ко ми се пушти оти сум прошетала не сум чистела, од ко сум дошла се сум искршила фрижидерот сум го бапкала со вратата и цел бил замрзната, а месецов имавме две визити една таа за свекорми и една јас за мм и цело време отвори затвори фаќа одма мраз незнам што, шпоретот релната сум ја расипала дека печев кифли и се редум натаму (иако шпоретот е стар дури постар од мм), па во машината сум клавала се за перење а она е таа која става се, пиперките ко сум ги лупела отпростум сум лупела оти бев на голем стол седната за да не се наведнувам и тоа само едно најлонче као само јас сум била трудна демек ДУРИ И НЕЗДРАВА ВО УМОТ МЕ НАПРАВИ, ништо не сум донела од кај мојте сум купила намешај со парите од свадбата и ред други навреди лични да не ги спомнувам ( исто и за мојте родители) и слободно си рече жената да си го бараме чарето со мм како мене тој ме слушал ( а нема врска се што ке направеше таа јас на мм му кажував чисто само да знае не да се кара со неа ) упорно кажуваше како не сме плаќале ни сметки ни ништо, оти не му ја дава мм платата нив (а додека работаа заедно со свекорми и додека се купуваше намештајот за золвата убав беше тогаш мм оти парите му даваше е сега од ко се жена не е оти недава пари) :x :fubar: :fubar: :fubar:
    И сега сме во голема дилема што да правиме за кирија не сме способни оти само мм работи а незема некоја голема плата а јас не сум наработа (камоли среќа да се најди ама трудна жена никој несака се знае тоа) па си викам да си одиме кај моите имаме таму барем една соба а и немам снаа на која би му сметало :@
     
  17. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    А свекор ти што вика на ова?
     
  18. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Ако се согласува твојот сопруг, веднаш да одите кај твоите! Искрено, требало да придонесувате за сметки по дома, ама и така пак немаше да чиниш.

    Еве ние секој месец даваме по 50 евра за потреби за домаќинството и плус купуваме што треба за по дома (зејтин, млеко, јајца, овошје, зеленчук, детергент за перење алишта - се‘ што ќе притреба во моментот) + сите сметки ги делиме на пола (иако ние сме по цел ден на работа, а тие се цел ден дома).
    Минатата зима свеки се грееше на електрична печка цела зима. Печката до нејзиниот кревет, и само тој дел од дневната соба беше топол (таа таму спие). Ние се враќаме во 5 поладне од работа, но сепак си плаќавме половина од сметката за струја. Ама нема врска - не смета. Оваа зима, струјата поскапена, се убедивме дека ќе се грееме на дрва, па си плативме половина од цената за дрвата. На свеки не и е баш сеедно: треба да пали оган, па да го одржава... а она дама... :x Плус јас ја напнав со штедењето :lol: : бојлер само на ефтина струја :!: , а на скапа само ако е итно, перална само на ефтина струја :!: - на скапа само ако мора итн... Можеби ја претерав, ама нели штедиме за да купиме дом, да се иселиме побрзо... а и ептен беше се опуштила. Фино е кога некој плаќа половина сметка за струја, нели?
    Зборот ми беше: и пак не чиниме, особено јас. Само мене не ми се отворила вака како тебе. Камо среќа да ме нападне- па да и кажам колку е саат! Оваа ладна војна ме убива.
     
  19. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ануле а та што го спомна дека не чистиш дека се криеш во соба кога доаѓа керка и точно е?????
    велиш дека само мажот ти работи а од платат негова не ли давате нешто за по дома немора цела ама мора да се купат основни намирници за живот
    објасни малку да знаеме за што точно се работи
    ако мислиш дека и кај мајка ти и татко ти во една соба мед и млеко ке тече грешка си ако веке испагате од кај свекрвати тогаш немој да правит грешка и да одите кај твоите оти ке биде од трн на глог поарно под кирија а ако не сте финансиски мокни за под кирија тогаш гледај смири ја топката со свекрвата и свекорот
     
  20. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Оффф значи скоро сите имаат проблеми со свекрвите...и скоро сите се исти!!! Е зашто бе зашто се такви дволични (бар мојава е таква).... Еве и јас да ви го кажам мојот нов проблем бидејќи не ми е прв ама уште малку и ќе пукне бомбата... :@ Вчера бев позади да земам дрва а бебево мое вристело пиштело станало од спиење а јадната моја свекрва поминала покрај врата и не ни влегла внатре си се качила горе (другата внука (кој е поголема 4месеци од син ми) да не и се разбудела). А требаше да идам во град и да и го оставам син ми нејзе ама после тоа што го направи јас нејќев да и го оставам нејзе а богами никогаш веќе...башка и она не се замара толку со него може ќе дојде еднаш во денот демек да го види и ќе си отиде одма. а мојот маж е толку *паметен* што мајка му негова не го правела тоа и ред други работи и во случајот јас нечинам и измислувам.... Незнам како да му докажам дека она само лице ни прави и ништо повеќе????? :x :x :x ;( :@