Не објаснувај, само повлечи се најпаметно. Сакав да им доловам како е да те нападнат за ништо и јас сум безобразната. Тоа што ги дирнаа моите зборови ми кажа се. Првично и почнав да коментирам зашто те сфатив што сакаш и што мислиш и дојдоа дежурните извртувачи да си го пополнат слободното време и ги снема. Дојдоа овие еден ден покасно, не прочитале ништо и почнаа со становите и куќите. Нека сме мрзи и материјалисти, па како инаку ќе држат лекции? Каде ќе се пофалат за становите? Нека им даде господ снаи како нив. @kukla21 @Cherry333 @buba4e89 Точно знам каде ја поминав границата, мило ми е што некои препознале дека не можам да го мислам тоа што го напишав. Не знам зошто луѓето провоцираат и те влечат за јазик да им го кажеш тоа што не сакаат да го слушнат. Немам намера повеќе да се расправам на темава, кој сфати - сфати.
Точно де јас тоа го кажав. На свеки изговор и беше Би дошла ама корона има, како ќе дојде утре внук да си види. Чисто како мислење. Никој не и е побарал помош, ниту па јас реков дека готово сега ја мразам жената што така ми рекла. Реков дека сметам дека се такви. На мајка за ќерка секад ќе и биде жал а на свеки за снаа јок. А вие нападнавте Што имало родителите да прашуваат дали ни требало нешто. Леле само да ми е да знам колку сте од скопје. Зошто лесно е во мако градче да купиш стан, плац да градиш куќа. Лесно е во мал град да си дојдеш дома до 16ч од раб за разлика тука каде што во гужвите пред 5ипол не сме се прибрале. Секако дека ќе ми треба помош утре и за дете да ми причува, некогаш земе од градинка се во склоп со нивни можности. Треба и Убаво е да се помага. А не вас Круните ви паднаа ме нападнаа пола ќе ми чистела свеки ВЦ ајдеее бе. Ниту реков такво нешто. Зборував за односот меѓу мојата свекрва и јас како снаа. Вие ептен омраза покажавте...јас ниту ја мразам ниту они ме мразат... Вие бујрум мразете се и немојте никако да си живеете со нив. Зошто нас така не учат од мали во пустелијава дека треба да се мразиме... Ве молам веќе понатаму да не се надоврзувате на тоа што сум кажала ако мислите да извртувате зборови. Ако има некоја совет(иако не барам совети) може во ЛП порака да ми пише
А плаќање жена не е чистачка ондак? Ај ти се молам, може нема услови за чистачка, може маж и не сака средства,се бидува... Не си ја видела ти лично па да знаеш како и е.
Готово сфатив дека веќе не читаат што е кажано претходно. Ама сите со гнев и одма некаде наоѓаат да се испукаат. Точно така дај боже снаа да имам како нив да не морам синот да си го мислам утре. Да си прави се сама а ја кога ќе посакам ќе си земам внуците ќе си ги гледам.
Не знам за дрски забелешки, уште не сум дочитала до таму Иначе да, на двајцата име е нашиот имот што сами си го купивме. Мим доби и наследен имот кој тој сакаше да го стави на двајцата име. Ама искрено не гледам потреба за истото. Што ние создадеме е наше, што наследи тој нека си е на негово, што наследам јас на мое име. И јас лично во контекст на цела тема... не треба да се мажам па да знам дека нејќам во заедница. Тоа пред брак се договара. За да немам проблеми со свекрвата, секоја својата манџа во својата кујна. За јавување и близина... што знам, јас сум блиска многу со моите, ама би ми сметало да ми висат врз глава. Помош само од оној што го одбрав очекувам, ни од моите ни од мајка му. Тоа маж ми не знае да готви, не знае машина да пушти, не знае маица да испегла... не е познато ни во семејството во кое израснав, ни во семејството кое го создавам. Ако сметате дека свекрва треба готви, чисти по дома, наместо маж ви, што да ви кажам, вие си знаете. Јас тоа не го разбирам.
Искрено и јас повеќе сакав да се тргнам на страна на почеток кога планиравме живеење,мислев ќе си имам проблем во однос на приватност ама не испадна така. Не ми влага дома никој ненајаваен, вратата ми е заклучена, посебни влезови имаме и во дворот дури. Некогаш се случува да не ги видам и две/три недели , да не ги сретнам ни во двор. Си идат на работа, ние си идеме на работа. Еднаш во месецот може да не викнат на ручек и да се симнеме, исто и кај моите идеме може еднаш во месецот. Повеќе ги гледам моите што се подалеку од мене, него свекорите што живеат под мене. Мешање немам од ниедна страна, се сами си правиме со маж по дома. Не знам како им е на други , на сите ни се различни ситуациите ...
Леле бе луѓе ке ме умрете И мажот можеби не сака средства а? А свекрвата сигурно обожава средства И ти не си ја видела сигурно нели е анонимен форум. @Milkiway се надевам и јас ке си имаш снаа како нас само внуците што ке ги гледа,. А не да треба да зачисти за да може внукот да си го види. Тоа се твои зборови и еве сега пак повтори како ке доагала да го види внукот а сеа за чистење не доагала демек корона. Баш има смисла и за короната, внукот може да го види на кратко со маска а кога се чисти е ризично толку време во затворено и се и сешто фаќаш. Инаку и самата рече дека не сакаш совет и ке прекинам тука, ама еве кога веќе ти пишувам само ке спомнам дека доколку ти треба помош мислам дека треба директно да и го кажеш тоа бидејки некој не би си ни претпоставил. Дури може и е незгодно да дојде и да ти чепка по твои ствари. Ти посакувам се најдобро. А мислам дека и модератор напиша опомена за навреди ама еве пак лични напади има. Енергетски вампири бе Жал ми е за вас ако секој што има различно мислење ви црпи енергија. Да, баш дојдовме да се фалиме на анонимен форум за станови. Јас кажав за мене бидејки мислев кога дискутирам најсоодветно е да се дадам себеси за пример ама од сеа за трети лица ке зборам И замисли околу мене па баш и немам вакви што чекаат на готово се, затоа и ми е несфатливо. Многу мои другарки/другари се тие кои им помагаат финансиски или на друг начин на родителите. Може треба да дојдат на фемина да видат кои се должности на добрите родители. Не се свесни.
И јас познавам многу што функционираат слично. Ама мислам дека за да е така мора да се постават граници од двете страни. Не можеш ти од свекрва ти да очекуваш на пример да ти е и чистачка, куварка , бебиситерка и финансиски да те помага, ама да не ти се меша во ништо. Фала богу дека по потреба нормално е да си помогнете една на друга за дел од овие работи ама се треба да си има граница.
На почетокот малце форсираа и не викаа секој втор ден заедно да јадеме, да кажам малце беа напорни, ама среќа се разбрани па сфатија дека ние си сакаме сами , дека ни е мерак сами да си правиме ручек и сами да јадеме, па не напнуваа веќе. Си впоставивме некој ред и граници и ок ни е. А за домаќинство, се сама правам и така и сакам. Ама немам уште деца и не знам како би било тогаш. Ама познавајќи се себеси , нема да барам помош.
Да имаше можност да градиме над куќата на моите ќе градевме Живеам со разбран народ, и од моја и од негова страна. За жал нема опција таква. Долга и широка е нашата приказна, скоро сите планови ни се изместија од корен, страшно многу порази... ама без оглед, јас и тој сме тим. Другите ги сакаме, ама се на второ место. И не дека сме совршени. Не сме. Ама секогаш ќе видиш дека до синето е. Не е до мајка му. Буквално во 95% од проблемите овде... мажот не е маж, што створил свое семејство, туку за фустан на мама се држи уште. Судбина е заебана работа, ама ако некој не знае да си ги подреди односите, може во Америка да се отсели, пак мајка/свекрва ќе го нервира
Епа убаво што го тагна цитатот ме мрзеше да вртам назад низ страна. Поентата беше Страв и е да дојде да не се мешаме во затворен простор, да ни доаѓа дома. Немаат дојдено од март ни они ни мојте заради коронава. И јас прашав дека не ми е јасно како бебето ќе дојде да го види не ми е сфатливо. Толку.
Јас да ви кажам само и од Марс некој да ви дојде да ви исчисти, пак вие ќе ги дишете средствата, освен ако не идете вие во друг стан дури се чисти па со саати да се луфтира, што е некст левел веќе Инаку оцет супер чисти, не е штетен Ете совет чисто гледам многу се загрижени за средства тука А и 21 век сме, милиони средства на природна база има, не мора доместосот само
Може и на таткото ќе му се гади, ама пошто е негово дете ќе му мења пелена. Или нема. Како 80% од мажите што ги знам. Нив им се може. Не ми се јасни жениве што трпат таков до себе. Може ми се гади да мијам тањири. Ама и на мажов му се гади. Кое е решение, мајка ми, свекрва ми да ни ги измие?
Подобро е и таа и бебето живи да останат, него сега да се видат. Аман, жени раѓаат деца на друг континент па баби и дедовци со месеци освен на камера не можат да ги видат. Нека бидат живи и здрави, за гледање ќе се гледаат, има време.
Ако де да фала богу. Коронава ќе трае уште 2 год и ај 2 год нека не го видат. Со мерки на претпазливост може да го види зошто да не. Муабетот поназад не беше за чистење и готвење туку за гледање внуци. И знаејќи ги први ќе дотрчаат да дојдат да го видат на врата комплетно цела фамилија зошто нема да издржат и затоа викам што толку пазење? И мене ми треба фамилија, луѓе, пријатели доста ми е изолации и досра ми е да слушам "АМА да не се Мешаме"а знам дека после пораѓај ќе биде друга прича сега ќе се мешамеа....ете баш ова беше проблемот нит чистење нит вц рибање. Ако ги прочитате убаво мислењата ќе сфатите. И требаше тука да заврши. Сум си кажала што ме мачи и толку. Не знам што имаше потреба од триста напади
Чистењето со гледањето на внучето не би требало да има никаква врска, а како што ти објаснила жената за ситуацијава со корона баш има смисла. Не е само со маска дојди и чисти, допираш еден куп ствари. Башка сигурна сум чистењево со маска многу е пријатно. Еве можеби до мене е ама не ја разбирам таа себичност. И не секоја свекрва е на пример добра домаќинка. Ако мајка ти прави гланц, не на секоја жена омилена активност и е чистењето и тоа е ок. Не значи дека треба исто да се однесуваат. Според мене треба да се прилагодиш на ситуацијата а не да бараш некој на 50+ да се прилагодува на тебе. Ајде јас завршувам со дискусија додека не сум добила некој друг епитет а и треба да правам ручече, јбг некои од нас и тоа работат Ве поздравувам
Ееее тaмaн рaбoтa, штипки ќе стaвaш. Ќе си викнеш некoј oд блиските штo знaеш декa oбoжaвa мирис нa гoмнa и гoтoвo. Штo тoлку кoмплицирaaт жениве, не знaм.
Епа јас истото го зборам Бриџо веќе страни уназад ама кој да разбере. Еве свекрва ми,мајка ми ќе ги викнам. На некој тоа многу му е смешно и чудно. Помош не е на одмет.