Живо и здраво да си. Во моето опкружување имам едни сами живеат ама за секоја одлука 6 души решаваат. Свекорите, другиве и парот. И секој втор ден ко свински црева се влечат едни кај други. Е не ми иде во глава да им ѕвонам на моите, а уште помалце неговите да најавам дека ние вечерва ќе излегуваме.
Секогаш сум помагала на свекрва ми и кога живееше тука и откако се разведе . Секогаш бев на став " раце не се јадат " . Се додека еднаш не ми затреба помош мене . Мајка ми и сестра ми беа надвор од градов , и не можеа да ми помогнат , па ја прашав свекрва ми . Таа се погоди на работа денот па ми рече да ја викнам ќерка и ( и золва ми ме има замолено за помош неколку пати , а млада девојка 16-17 имаше тогаш ) . И ајде се јавив на золва ми , и муабетот беше аха ќе дојдам , само да се избањам и ќе дојдам . Не дојде . Од тој ден , па наваму , веќе не ме викнаа за помош за чистење . Ама јас веднаш му кажав на маж ми " еднаш побарав помош , бев лошо изиграна , веќе не сакам да помагам ни јас " . Тој си е отворен со мајка му , па и кажа директно , без заобиколување " жена ми веќе не може да доаѓа да ти помага за чистење , нека ти помага сестра ми " . Кога праша свеки " зошто " кратко и рече " јас не и давам , после чистењето тука , е многу уморна , а и плус еднаш ве побара за помош , не и помогнавте " . А кога сте кај муабетот за мажите и обврските по дома , маж ми помага кога и колку може . Ако не може да ми помогне барем не ми одмогнува . Знае да усиса , готви по нешто , мие садови , пушта машина , се труди да ги занимава децата додека јас завршам некоја друга работа итн . Ама ретко чисти по дома , зошто секогаш му наоѓам замерка овде си пропуштил , не е добро усисано , прозорецов подобро ќе го исчистеше 6 годишно дете .. и го нервирам ми вели сама чисти си тоа , јас друго ќе фатам . Ама најмрза ми е дворот и скалите да ги метам а него го истренирале на работа , дворот свети после неговото метење .
Нормално е секој да не може се' да прави. Ни јас не правам се'. Ама... мора договор. За помошта се согласувам. Не ми е мене ништо тешко, ама ништо. Ама некој да ме искористува, е тоа малце не. Ако реално гледам, мајка ми 10 пати повеќе пробува да ми мудрува од свекрва ми. Не дека свекрва ми нема што да каже, него синот предвреме ја прекинува. Така што повеќе објаснување со мајка имам. Последно ме прашува што сме купиле, и' набројувам, ми вика па што ќе ви е нов бокал за вода, земи го од кај нас дома. Да е бокалот некористен ок, ама го користат, а второ не е работа што е скапа па ајде сега ќе се мислиме. И ако не ја прекинам до 101 ќе се објаснувам.
Niti kazuvam sto sme pravele, ni sto sme kupile, ni sto problem iskrsnalo, nit imam namera. Nemozam da se objasnuvam a na kraj kraeva me poznavaat i znaat deka ne sum mn mirna pa ke kazam stop. Mm ima zivci pogolemi od moite i moze da gi slusa do nedogled,no ne gi poslusuva. Pa zatoa mirna mi glavata.
Да бе срце..за други работи можеби. За перење алишта е мм задужен јас не перам и не пружам особено сега во бременост он тоа тера
Јас многу се нервирам свекрва ми кога ми фаќа нешто долу, не па да и дозволам да ми чисти. Ниту побарала, ниту сум побарала. Ако не може нешто и ако побара помош ќе помогнам, ама константно да правам некоја работа за неа и да очекувам да прави не би. Ја почитувам како мајка на маж ми и знам да помогнам со некои ситници, пружам облека или собирам ако се на жица, кога одам до маркет прашувам да не треба нешто, кога правам благо, солено обавезно качувам, ама тоа оти сакам. Јас се водам по тоа дека е убаво и човечки да побараш помош, да дадеш помош ако можеш, мерак е на баби и дедовци да даваат пари, мерак е на деца да помогнат на родители со пари ако треба, се осеќа како промена на улоги, барем нам ни е, ама ништо не е обврска од ова и за ништо не треба лутење. Некоја членка пишала за што ги чувале парите свекрва и и свекор и, па нивни си се, ги заработиле за што сакаат нека ги чуваат, може сакаат како луѓе еднаш во живот на одмор да отидат или да си купат нешто што го посакувале долго време, ако станале баба и дедо не значи дека личните желби им завршиле и дека треба се за внуче да се даде. Знам дека очекувате дека треба да им е мерак, јас знам дека на моите баба и дедо им беше, секогаш ни давале пари од пензија, секогаш ни купувале нешто, ама ако не ни дале не се лутеле моите како обврска да им е. Неговите имаа испади некои неделава па маж ми сега не и збори, беше решен да бараме стан, едвај го разубедив само ради тоа што планираме да се вратиме во Англија, па нема поентс да се разнасаме за месец дена, ама да останевме дефинитивно ќе баравме. Тие си дозволија да се мешаат у наши финансии, маж ми од нив пари нема земено од 19 год кога почна да работи они си земаат за право да кажуваат на што треба, а на што не да се трошат наши пари, па како јас што не сакам да ми распределуваат финансии, како младите што не сакаат, така вајда не сакаат и старите. Треба да сфатите дека откако се омажите, ожените само вие и сопругот сте семејство и деца ако имате, се друго е потесна/поширока фамилија. Ако неаме пари ќе се снајдеме, ако нема кој да ни чисти поради нешто, ќе се снајдеме, ако нема кој да ни чува деца, ќе се снајдеме, сами, може ќе побараме помош ама нема да ја очекуваме како да е нешто што по правило не следува, ако не ја добиеме нема лутење. Кога веќе сме биле доволно возрасни да стапиме во брак или да иаме деца, доволно сме возрасни да носиме одлуки и да сносиме последици. Мајка му и татко му имаат проблем со ова да го сфатат па затоа мм комуницира минимално со нив, моите за ништо до сега не рекле збор и ги сакам уште повеќе ради тоа.
Епа не го жали чим е задужен он, жали ги мајка ти/свекрва ти да ви фаќа ваш долен веш или постела или што и да е. И можеби и свекрва ти за други работи би помогнала, ама за тоа не. И муабетот за што ги чуваат парите не ти е на место. Не е твој проблем, исто како што не се нејзин проблем твоите финансии.
Може ли да се воздржиш и да не ме коментираш веќе? Нит те прашав нит ништо. Си го кажа мислењето уште претходно и толку. Мој живот и брак крај краева...туу макеоднското да се умеша секој
Абе твој е, ама на форум пишуваш. Ако нејќеш да чуеш/прочиташ, мое мислење, на втор, на трет, дома со другарките збори си, а овде е јавно и има право да ти реплицира кој сака. Баш твоето е "она македонското" не моето, јер те занима џебчето на свекрва ти, а да ја занима нејзе твоето канџите ќе ги покажеш одма.
Не ти помага, и тој живее таму не е тоа помагање тоа е обврски, чистењето, готвењето се вештини за преживување не работи на жената, а маж ти настрана оти нели тој неможе да усиса не е се усисал
Така де или ми помогнал во 5 посто дома од моја работа 95 посто и ајдеее ке го фалам секаде, барем не леже цел ден, колку некои жени имаат ниска самодоверба, страшно..
Е како не на прсти се бројат мажи што помагаат по дома. Мојот ич, работи некад и по две смени, и уморен е јас не работам и средувам куќа. Ама тоа што се чудите демек "и тоа е нивна работа" Како да чекам од него да ми чисти ако работи две смени??
Па добро у денешно време домаќинки има на прсти и затоа станува нормално работата да е заедничка дома
Кај прочита да збориме за такви ситуации? Ако одат двајцата на работа, двајцата треба да делат обврски.
Се согласувам дека сопружниците не помагаат еден на друг, туку едноставно делат обврски во домаќинството. Тоа не значи дека мора да сѐ мери се 50-50, или дека мора секоја активност да е поделена. Некој е повешт во едно, друг во друго. @CameliaMiller многу убаво имаше срочено. Таа е иницијатор и организатор, но обврските се повторно поделени. Како ќе се поделени зависи од самите сопружници како ќе се договорат. Ама едниот да прави сѐ околу домаќинството, а другиот да лежи на кауч мене исто така ми е неприфатливо. Не зборувам тука за ситуации каде едниот работи, другиот не, како членката погоре. Јасно е дека во тој случај тој што не работи ќе преземе повеќе обврски во домаќинството. А и ако работи само жената, фала богу ќе очекувам мажот да пере, пегла, чисти и готви, без да му падне круната.