Па , исто буквално ми дојде како да ме искористуваат . Па јас не сум во саксија растена на крај краева . Мајка ми не ме викнала за чистење да и помогнам . Не го фалам , ниту пак го жалам . Само , така се изразив " ми помага " бидејќи тој минува повеќе време надвор ( поради работата ) , некогаш се случува и по една недела да не е воопшто дома ( војник , иде на стражи и терени ) . Затоа така се изразив . За разлика од него , јас сум секогаш дома . Не сум вработена па единствени обврски ми се домашните и околу децата секако .
За тоа мајките на мажите се виновни што ги научиле да бидат лиглиња и неспособни. Колку имам видено, ако мајката е излезена некаде при мажот дома, мајка му го чува детето. Син на мајка, да не се мачи.
Јас не идам на работа, две деца сама растам. Он работи често и две смени. Треба да го чекам од работа за да ги најаде децата или да ми измие садови?
Ама дали ти разбираш дека овде се збори за ситуации кај што двајцата одат на работа, а само жената дома средува, никој не збори за твојата ситуација еднаш ти кажавме, ти се запна тој одел на работа, ти не, е убаво за вас
За помош на свекрва ќе и помогнам ако културно побара од мене затоа што знам дека и тој на мајка ми би и помогнал (сега конкретно дека ќе пере веш не баш, ама кога требало за здравје на мајка ми истрчал и учинил и повеќе од најблиски). За обврски по дома делиме двајцата ама најискрена да бидам за многу работи го бива повеќе од мене, затоа што со години живееше сам, сепак јас сум со фалинки во глава и ако не ми е како што сум замислила не го бива па така јас си бркам работа околу хигиена дома и со куче. Друго за финансии не им барам, не сакам да ми бараат и секогаш кога даваат сум рекла не, не сакам или во краен случај им велам дајте ги на син ви и така ги стааваме во заеднички пари. Не сакам некој да мисли дека дава и ме купил, иако гледам даваат од што сакаат, од ќеиф, па главно одат тие пари во одржување на колите што ни се начин да стасаме до кај нив и да им се најдеме за пазарење, развозување кога им е итно, да не се маткаат по таксисти периодов со коронава. За деца не сакам нит мои, нит негови да се мешаат со помош, пари или било што, не сакам утре некој да ми пререкува или да замарам мајка/свекрва да ми служат мене и на моите деца. Посесивна личност сум и територијалец и не трпам мешкање во се, особено не за дете. Тоа што не знам ќе научам или прашам.
Искрено незнам дали е до мајките или до жените. И јас кога се омажив мм незнаеше јајце да испржи па сега се готви. Дури подобро и од мене. Усисува, џогира, пушта машина, средува алишта, бања деца и сл. Го научив на ред, ако несака така дај јас ќе седам дома домаќинка и ќе кукам дека со една плата на се стигнува и ќе чекам помош од страна. Нема шанси. Уште пред да се земеме знаел дека сакам да градам кариера а не дома да седам. Кога оставам деца за јас да завршам некоја работа значи него сум му ги оставила и нема што мајка му да му помага ниту да ги носи натаму наваму за тој да одмори. Ако му се допаѓа, ако не ...
Ke gi cuvaat zaedno so svekrvata ako ziveat zaedno, ako se sami kako ke gi ostavi?! Ke mora da gi cuva. 21vek, odime na rabota, se slucuva da se zadocni, se zakazal sostanok i tn... Nemoze taka, ke gi gleda majkata, tatkoto go nema na mapata. Koj moze taka alal da mu e.
Како може да не знаеш дали е до мајките или до жените? Јас ќе се мажам и ќе го учам јадниот. Кај ги наоѓате вакви. А во право си за жените што се преблагодарни дека мажот им помага, кога кукаат ич не ми е жал истите тие ќе ти речат, жена си ти, поќути малце или жена си ти, стани направи ручек
@Mantub кај што мажите ги наоѓаат жените што ништо не знаат, па учат јајце да спржат и машина да уклучат . Сериозно, за мене не е крај на светот да не знае некои работи пред заедничкиот живот, ама ако не сака да научи е проблемот, а тоа лесно се гледа и пред брак. За тоа дали “помага со детето” не знам колку пати имам превртено очи
Ми се крева коса кога ќе прочитам дека мажот помага низ дома. Од каде бе таа поделба, демек јас сум задолжена за куќава да е средена, дете подмирено, а он ако сака да помогне. Обврските се на двајцата, двајцава сме го направиле детево, станов, двајцата си помагаме еден на друг. Е мм знае некогаш да прокоментира, кога не сум ти помогнал и тогаш се кавгаме.
Никој не рече дека е проблем што не знаел да спржи јајце. Туку членката погоре не знаела дали тоа било до мајка му или жена му. Демек ти ко жена, треба да застанеш и да го научиш јајце да спржи. Ако не знае, значи ти не си го научила ете тоа ми беше поентата
Во свет на технологии, роботика, телефони, GPS, вие сте во дилема дали мажот треба сам да се науче да готве или жена му.... Незнае да готве а знае да пишува на фејзбуци по швалерки и малолетни а?
Ма какво не знае , јас кога се омажив знаев само јајца да испржам или сварам и тоа беше се што знаев . Со тек на време се научив , прво експериментално глувче ми беше мм , какви лоши манџи правев на почеток , арно не го отрув човекот . Тој повеќе од мене знаеше да готви ден денес прави палачинки и пудинзи мене за второто ич не ме бива , секогаш ми загорува . Се се учи кога се има желба . Ете јас не знаев една манџа да погодам , ама прашував кај баби кај свекрва кај мајка и ете ме научив . Така и мажите , ако не знае нека праша некој што знае .
Хаха навистина си смешна. Каде реков дека јас сум го научила да пржи јајца . Те молам укажи ми каде е пишано. Реков го научив на ред. Ако незнаел како има начин како да се научи без јас да стојам до него и да го учам . Само извртуваш муабети и ништо друго.
Исто... сирот јадеше и ќутеше да не ме навреди а тоа грашоците леќа грав ужас грозно. Ама се се учи. Дома мајка ми никогаш не ме учела а и не сум имала интерес да научам. За разлика од другарки што меселе и кифли и леб и пецива правеле и пити... И уште знам да утнам ручек па знам да ја замолам мајка ми да го направи за нас(подварок,телешко,пита,бурек) или да дојде да ми помогне ако рецептот не е за по телефон...
Јасно ми е дека за се има исклучоци. Поентата ми беше и да не го научила мајка му доколку жената постави граници ќе мора да ги почитува. За се постои исклучок, има и мажи дома готвеле, помагале па кога се ожениле доколку жената се постави дека нејзини обврски се сите што се во домаќинството нормално дека тој ќе си искористи таква прилика. Затоа јасно е дека за се има исклучоци и ништо неможе да се генерализира до толку. Разни ситуации и разни начини на живот.