Форумџика на годината

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Мислења ќе има секакви, форум е, и во рандом тема да пишеш ме боли ноктот ќе ти се фатат. Само нема потреба да се објаснуваш, крај краева тоа е твој живот. А дека ќе се развие дискусија, секако ќе се развие, тоа е и идејата :)
     
    На Nevenche26 и Milkiway им се допаѓа ова.
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Не бе девојче, онака ми се јави жената "што правиш како си?"
    Ние си ѕвониме меѓу себе за се никогаш не одело преку мм.
    Кога имам нешто се јавувам и кажувам а кога имам замерка тогаш кажувам на мм он да си интервенира...
    Не сме оттуѓени да не кренам тел да ги прашам дали се добри..ама еве веќе не практикувам ни тоа

    Секако и убаво е мислења да чуеш.
    Лошо е не е прочитано убаво и те напаѓа дури крвнички како не знам што да е... кажи си мислење и толку.
    Затпа сме на форумов супер ми е кога од непознати ќе читнам мислење зошто знам каде грешам. Другарка ретко ќе рече Еј не си во право ќе те поддржи секако..бар мојте се такви
     
    Последна измена од модератор: 24 август 2020
    На buba4e89 и Celltica им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.094
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш во живот, ни еднаш не сум им се јавила. Ни маж ми на моите. Се слушам со нив само за празник, роденден, ај честито 1 мин и толку. Ако има некој проблем маж ми интервенира со нив, јас со моите. Мир во душа. Може тоа е причина што сме во добри односи. Ај пробај продолжи не практикувај, па ќе видиш, јас мислам помирно ќе ти е.
     
    На crazylady, CameliaMiller, Frosty! и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Може да ние сме се слушале пошто е мм таков не збори многу со нив и полесно им е за се со мене да се договорат: ручек, одрење негде, гости ..ама секако сега цело време им викам Договорете си се вие ја сум флексибилна и ајт...
     
  5. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Женски
    Е тука ќе те поправам, затоа што до некаде не си во право. Моите свекор и свекрва од некоја Х причина постојано се мешаат и какви све не навреди кажуваат, само затоа што ние све сами ствараме, шетаме, некогаш не јадеме дома туку надвор и се дрзнуваат да зборат дека јас не сум правела ручек или што ти уште не.. Значи луѓето нас ни бараа пари за све нешто, а не ние нив, и пак пробуваат да се мешаат во нашите приходи и трошоци. Ова не е ништо друго, туку љубомора.
    Му вика на мм демек ме слушал мене, сум го командала, не разбира дека ние сме у брак и што сакаме ќе правиме меѓу нас, дали он ќе чисти, дали ќе мие садови или што и да е, тоа е договор само меѓу мене и него, а нејзе тоа не треба да ја засега. Што значи не секогаш се мешаат зашто помогнале, туку може имаат некоја љубомора кон снаата, зашто син им сфатил каде му е местото(покрај жената и децата, а не цел живот да дозволува мајка му да се меша во одлуките)
     
    На Anyshka, crazylady, manako1 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Ама немаш таков член во фамилија затоа. Мене ми смета, јас и го симнувам зимата доле, на 1 саат, иде комшиката и вика "леле бабо Кате кај си ти да не видиш, те чекавме на прозор, детево беше со мене од 9 и 40 до 10 ипол" или "мајка му ќе си оди на работа мене не ми е гајле што ќе ми остави она да му облечам, јас што сакам ќе си му облечам, кој ја праша неа" или имаш "Денес мајка му неможеше ручек да му направи, јадеше од нашиот, од утре јас ќе си му правам јадење на детето, доручек, ручек, вечера". И такви ми ти муабети, за јас демек не сум способна, од сега/денес она превзема, на најголемата трачарка, за 1 ден цело маало да дознае, па после да ме зборат дека свекрва ми све ми прави, а уствари тоа било помош на моменти, како што ти спомнуваш. Јас сакам баба му да сака да е со него, да го чува, а не за комшиите да видат дека го чува. Цел живот го има поминато, што ќе речат комшиите, епа јас не живеам за нив, затоа се сама ќе си правам ич не ми треба. Имаш среќа што не ти е погоден таков створ во фамилија
     
    На Anyshka, crazylady и Milkiway им се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Чекај ќе видиме да дојде бебето па ќе видиме како е. Секако разликата е што не сме заедно во една куќа.
    Работам од дома па и да не сакам да одо во градинка планот ми е до 1г да си го чувам па после градинка.
    Они од сега се нудат они ќе го чувале јас дури ако сакам и порано да почнам со работа...а кога ќе им спомнеш дојди да помогнеш да преуредиме Не никако. Тоа ме изритира.
    Секако сега знам на што сум. И ќе си ќутам и јас како и они. Па нека му се жалат на мм во иднина..
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    (facepalm):puke:
    После вакво нешто не би ја погледнала во очи. Катастрофа. Не дека ние за свекрвите не сме кажале лош збор ама ова е злобно. Вештерка.
     
    На Anyshka, Puffy2019, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Ајде де тоа им е полесно него да ти помогнат да пребродиш криза...
    Ние сме завршиле со блискоста како и да е и бар ми олесна да ти кажам...
    Работите порано или покасно си се редат на место
     
    На tinka-mace, Nevenche26 и Jana06 им се допаѓа ова.
  10. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Абе може твојата не е таква,може и ќе се смени на лошо. Незнам јас сум таква, да помош несакам ни од мајка. Уште на почетокот и двете ме напнуваа, еднава со цицањето, зошто млеко немам, пс малку сум имала, незнам што. Другата постојано ме тераше буквално со сила на стомак да го легнувам, бебе нејќе вришти пишти, мајка ми упорна така требало. Пред мене ќе ме послушаше, јас ќе отидев до вц, се враќам, мајка ми на стомак го легнала, нека го, остави го, после неполна минута исповрати. На свеки и го оставив 15 минути да се истуширам, седната со комшиката го чува кај мене во дневна, син ми плаче ми вика "ајде мамо на детево му се цица и викам знаеш дека немам млеко што го мачиш дај му ад". Она упорна "стави го да цица, да види Кате како влече убаво, да ти каже дека треба да си упорна, ќе ти дојде млеко".Значи едноставно кога гледаат да ти одат контра, а ти најдобро си знаеш како треба, а они ти се працат најмајки едноставно си викаш све сама ќе си правам со мм и крај. И се навикнуваш, па уште и лути се, зошто ручек си земала да си правиш сама, зошто веќе не и јадеш од нејзиниот, а делени. Битно е комшиките ќе дознаат снаава сама прави се, а свеки не е веќе толку голема домаќинка. Затоа све сами и раат.
     
    На Anyshka, crazylady, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Точно сигурно ти било дупло потешко пошто заедно и ти виси тука цело време.
    Не викам не ја мислам нема да се живи ако не се умешаат макар живееле и на 500км.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Да де, сега веќе не, пишав, буквално тропа на врата пред да дојде, ама првите месеци ужас. Со сите скоро е исто, затоа ти викам помош не ти треба.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    На друг начин сме си "живееле" до сега и затоа очекуваш. Така се поставиле и они. А и како фамилија се блиски. Мм со братучедите се како браќа и сестри ептен се почитуваат. И гледаш како функционираат се вклопуваш.
    Ама да сега во последно време имаат јаки испади па секако нема да ми требаат. Нит за чување нит за средување
     
    На crazylady и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  14. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    префрлуваат и овие, ама за детето..никогаш нема да заборавам татко му на мм како кажа..ние сме позагрижени за детето од вас. Малце е да кажам дека го презирам човекот, уфф..ај да не редам на форум, ќе се набијам со негатива.

    Во принцип само за детето префрлаат, се обидуваа и околу свадба, стан итд. ама не им се уважи ништо и од тогаш околу тоа прекинаа.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што звучиш како да мора свекрва ти да ти прави генералки, ама пошто одбила сега си разочарана и повредена. Пошто 300 пати повтори како свекрва ти одбила, та одбила, па свекрва ти одбила. Добро одбила и? Можеби не ти е тоа намерата, ама затоа така реагираа останатите.
     
  16. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Нит беше 300пати споменато. Нит па беше единствена причина за мојот револт.
    Ова ме нервира коментари колку нешто да се каже.
     
  17. AsteryStella

    AsteryStella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2016
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Јас пак нигде не прочитав дека мајката е викната да помогне,се свекрвата и нормално е таа да биде крива (зошто одбила или пак пререкла)
     
  18. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Ние кога го лакиравме паркетот на спратов, јас одев на работа, трудна, се враќам од работа втора смена, уште не влезена на врата, свекор ми и свеки ме дочекуваат и имаш "ние ти го избришавме псркетот во дневна, чисто е, ај сега части вечера". :wasntme: и од мене добија "ве тераше некој, ви побара некој?" "Ама не, ние така од ќејф,да не се мачиш" и им реков "епа направете си вечера" и си отидов горе и си легнав. Кај не си побарал ништо, уште и за возврат одма бараат. И така на две на три имаа исчистено, па пак јас си чистев наредниот ден и мм им рече дека веќе несакаме веќе да ни се мешаат.
     
    На Anyshka, Moce19 и Milkiway им се допаѓа ова.
  19. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Јасно они ептен чекаат да се испофалат и бараат за возрат.
    Овие никогаш не ми рекле ниту би рекле директно во лице такво нешто.
    Ама секако никад се не зна се може да се очекува
     
  20. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Тоа што ти не го разбираш е дека тоа не е причина за револт. Мора да прифатите дека луѓето имаат право да кажат не.