Свекорот ништо и небеше тука во ситуацијата неколку пати имаше правено со мм муабет демек да се смириме ама ние бре едноставно несме лутите она е таа која се лути и сега на мм му викам да си направи муабет пак со него како татко и да си ја среди ситуацијата ако се тие нејзини работи тогаш се и на нејзиниот маж т.е татко ако нејќи таа да го користиме нејзиното ке го користиме неговиот дел нели и тој му е татко ако прифати ако речи и тој одете си нема тогаш што да се прави!!!! Камо и јас да работев и јас ке придонесував нормално мене не ми е сеедно што седам дома како некој дебил лани цела зима одев како волонтер ама ништо, а инаку и ние секогаш сме купувале по дома за јадење намирници и се што ке затребало детергенти, омекнувачи и сл. а и од кај мојте се што ми давале тука сум носела како на пример оваа зима а и лани компири 50 и повеќе незнам точно кила па прасе ни ранат треба да се коли тоа е сето плус само за јадење да недаваш пари колку значи посебно месо да имаш во куќата, а и други работи околу зимница сум носела ама таа тоа не го цени сепак ништо не сум донела, никогаш нешто пари плус не сме побарале од нив ни на заем не камоли да купиме нешто а и нема претерување со ефтината струја тоа е и ние така сме правеле јас во тоа несум против да се штеди. Како што напишав и погоре ние секогаш сме купувале за дома нешто што ке затребало од основни работи нормално а и мажотми не е некој што многу штеди по такви работи ако треба да се купи ќе се купи, а исто и од кај моите околу зимата ни помагале и ни давале тоа што имале (да не се повторувам од погоре). А околу тоа со чистењето тие се наработа и само јас сум дома па сум чистела и си чистам не сум се штедела (не сум некоја ни што неработи само си лежи јас преку лето дури учев и студирав секогаш сум одела сезонски наработа, а и се сум работела) ако сум морала ручек да се направи ке сум направела и секогаш сум и викала ако неможи нешто да доправи јас ке го доправам и така сум дома (оти она секогаш прибрзува, а и обично е од поручек наработа таа скоро секогаш правела ручек и ми викала што можам јас јас после ти ), машината ако ја видев полна ке сум ја пуштела ке сум ги спружела и алиштата јас никогаш не сум оставила пајнци во мијалник за другиот ден како таа некогаш што прави и правела пред да дојдам собрано еден куп, кај нив во собата во дневната и куњата тие таму спијат се грееме на дрва мислам и таму си седевме лани цела зима само за спиење одевме во нашата соба, освен сега оваа зима што почнува не седиме затоа што немаме муабет, а ко ке се наработа она оди на смени си седиме таму со мм и си се грееме на дрва им го одржаваме оганот и лани, а и сега (а и она насабајле си спие до покасно а и свекорми исто така и ми викаше пушти си ја печката дури да станеме со свекортиоти само мм одеше сабајле, е сега оваа зима свекорми си иди и порано рано станува и рано си легнува а нели таа соба е куњата и се грее само таму тој си се одмара јас и мм неможиме таму да седиме кога тој спие) А исто така ме праша за золвата ние никогаш не сме се замериме и си имаме супер однос сега за сега си пиеме и кафе и се нема врска никаква со бегање во соба а и ако сум во соба она ке дојди кај мене а и децата нејзини се повеќе кај мене во соба него кај баба им јас не му правам никакво лице како што свекрвами вика
свекриви -----свекрви дее тоа е сите се такви ама ко што читам вие сте со една плата па не сте способни за посебно да си живеете и тоа е ке мораш да ја трпиш односно да балансираш со неа ке видиш што и смета и ке се прилагодиш до дека не дојдат твоите 5 минути оти сега сте ептен у заедница на исти спрат у две соби една куја еден фриждер нема место за лутење и инаетење ама остај си ја нека биде нејзин гревот и коа ке оди кај дедо господ на душата нека си го носи а понатаму здравје осамосталите се и бегајте
И јас така викам ама едноставно ти наговара дека се е нејзино ништо не е мое само собата што си ја направив и како јас ке готвам јадење на нејзиниот шпорет, како ке чувам работи во нејзиниот фрижидер и како ке перам алишта во нејзината машина тоа е проблемот кога ти наговара Да точно ние сме во две соби едната е нашата мислам не е наша таа е и нивна можат слободно да си влезат да си излезат од тука, а другата соба е куњата со дневната каде што и спијат ( а вецето и купатилото ни се долу во визба ) што занчит јас дури и насабајле кога ке спијат тие морам да влезам во собата да се измијам лице заби затоа што во куњата се миеме Мојот свекор уште е под судски спор што го има со неговиот брат (на братот (на стрикото од мм) двете соби седат заклучени) а куката има 4 соби така да уште не се знае и дали тие две соби ке битат наши па уште она клечки ми крши наместо сите заедно да си бараме чарето таа 29 години живее само во две соби и ништо не направила ДАЈ БОЖЕ ЈАС ДА СУМ СПОСОБНА ДА СИ НАПРАВАМ ама мора прво да се реши спорот да се подели прво меѓу браќата пола пола па за да можиме јас и мм нешто да си правиме свое Не е една беља кај мене оф до кога само
точно,.не ми направила нешто директно,,,но многу ми прави индиректно........сега псоледно виде дека убаво ние со мм....и веднаш се скиснала,се мурти,,едвај ми бзорува...ништо не чисти,ништо не готви,ништо ама ништо не ми помага..само растура во кујна и така остава.......боже каков идиот е...........не можам да замислам,,па дома не ми с еоди од ена бре...не се трпи жената...на мм ништо не му велам,,веднаш јас ќе сум крива...се гледам сама да контролирам ситуација....едвај зборува као некој немтур...сега дека и с евработив...и лјубоморна е..дека секогаш викаше платата за вас ја давам,за вас ја давам,,,епа сега да видеме што че каже,,,верувајте псоледно мм и јас испазаривме...еве две денели поминаа,,се потроши тоа што беше,,,жената ама буквално ништо не купува,,како да не живее таму...а јас сеуште плата не земам,,само ми ветија дека ќе бидне работата...и верувајте....некогаш ни леб не купува....што право со парите се чудам,,,само за кафе и цигари...троши.......за ручек не ни помислува дали има,,дали че се направи и со што....а ако направам си седнува да јади,,како не и е срам јас не знам,,,пушу сигари корни во куќата..и јас отварам да се проветре..таа вика зоштое вратат отворена ти треба?и викам,,не,,туку да се проветри,,ми вика па проветрено е........а верувајте 10 дена да не отворам јас таа никогаш нема да отвори..........боже..јас така не сум навикната....како некој намќор е...само се контра...за се,,а јас пак љубезно се донесувам со неа....и се со убаво,,,ама богами да дојди време,,да ми дај господ сила и моќ па ќе и покажам јас убаво,,само да дојдат моуте 5 инути.......луѓе љубоморна е,,кога ние убаво со мм,,исто и дека се вработувам,,,вчера сосем друг беше разговорот...таа вели еххх можам јас и сама да седам,,само вас да ви е убаво.божееееееее од каде до каде со тој глупав муабет...а не сме ни спомнале такво нешто...луда е женава.нема што...
Фала богу што јас засега немам проблеми со свекрва ми. Ние не живееме заедно од почетокот ни купија стан,а кај свекрва ми одиме на гости 2 пати некогаш и повеќе неделно на ручек. Имаме баш фин однос.
да,и јас ако живеев одделено че имав супер однос.....блазе тебе што е така.....со стари не се живее..само з апроблеми се,за ништо друго.......
Можам да се пофалам дека и јас сега многу добро си живејам со мојата свекрва ,а сега веке и со золвата,така да само оделно ние кога бевме сите заедно како кучињата и мачињата,сега сме си на раат и они и ние,мислам дека не сме само ние што ни пречат па сигурно има нешто што и на нив им пречи,се си мислам дека како ќе остаруваме така и ние на се и сешто ќе наоѓаме мана,плус тоа не си растен со нив да им ги знаеш маните и тие твоите,зошто зарем не се караме со нашите родители,ај нашите да не се идеални,и со нив се караме ама нели се наши и ние сме нивни ќе си простеме и како ништо да не е било,е сега со свекрвите не можеме така нели не е нашата мајка да ни прости ниту пак ние нејзината ќерка,е сега на времето како живеле снаи и свекрви е како де,се мажеле уште деца и свекрвите им биле мајки ги учеле на се и сешто и така се прилагодувале една на друга со тој начин,е сега ние се мажиме повозрасни ,ај да не речам поискусни во некои работи што ги имаме научено од нашите родители,а нашите свекрви сакаат они да не учат демек мора да е како они тоа го прават и затоа доѓа до судир
море вампирка една откако дојдов во нејзина куќа дознав што значи глава да те боли,абе да те е кеф да ја отруеш бе ејј мајмунка низаедна се она знае па и совети дава за бебушко абе идиотка една она гледам син и го научила што како па мене ке ме учи,коза скапана има 60 год и ме рани секој ден гомна пред сите ме озборува сум лажела а па син и го смета тоа за сосема нормално абе нездрава фамилија плакав да бидам со семејство да имам топол дом бидејки пораснав одделена од моите родители ги гледав мн ретко бидејки работеа настрана за се се покајав само за детето не му велам на овој мојов да излеземе тој не како ке живееме а моите за се даваат пари бе човече боже овие за ништо моите и зимницата им ја направија оваа па ми вика не била должна да дава пари е како бе да раб кој ке чува бебушо ма да козата скапана дојде во соба не троба ако спика син ми го разбудува абе герв ли е што ли е да цркне амн веке од нејзе дај кажете што да правам не се трпи секој ден ми префрла се лаже јас ако раб неш одма мн си вредна и одма тоа не се работе така и ме удара и ме потурнува ако не раб ти имаш ли навика да раб неш леле коза бе коза у права смисла на зборо АПО ко ја видам како право АПО Е !!!
Леле мила ти си имала ептен мака душичка Ова што го болдирав се најдов јас во ова и затоа го болдирав. И јас исто, не знам што да кажам за мојава свекрвава и за моја ИСКОМПЛЕКСИРАНА золва. Моите пари за ова пари за она за СЕ буквално кола ни купија и ред други работи, зимница мајка ми еден тон направи ми прати. А мојва га**т не го помрднува од кауч само лежи и вика "јас зимница не правам моиве не јадат" МА НЕМОЈ ?! Син е се дави во ајвари и таа ќерка е. Не дека е од мама ајварот или зимницата да се жалам јас дека јадат, наспроти тоа, нека јадат јадење е тоа не прекарам никому за јадење ама оваа мрзава моја свекрва што се прави на три и пол ?! Ме прави мене будала ЕПА НЕ, самата си се прави будала. Уффф не можам да пишувам многу сега ќе си одам домче ми заврши работното време. Ќе си напишам некој нареден пат што ми лежи на душичкава Поздрав Elenika до тебе мила и гледај да не се замараш многу гледај си го маж ти и здравјето твое.
еленика хаххаха ама ме насмеа со ова апо тебе не ти е смешно знам ама ај ке помине онанека зборува што сака тебе од едното уво да ти влегува од другото да ти излегува гледај си го детето и мажот и не си прави кавги со мажот заради неа не и го прави кеифот да те гледа расплачена или изнервирана стално биди весела и насмеана не за друго тука за да не дадеш слабост пред неа и гледај зачувај си го бракот со мажот не се карај за неа не вреде белки ке ја земе дедо господ поскоро кај него
Баш ме насмеа колку комплименти и додели хаха срце стави ја на игнор гледај си со мажот никаде не е совршено а свекрвите секогаш сакаат да доминираат оставија нека си зборува тоа и е работа а ти не се замарај со неа бидејки и да се жалиш на мажотти и да се караш ништо не добиваш само ке се нервираш едноставно баталија
е игнорирај ја де ама не иде пробав па ми вика што си се надувала мори а јас на тоа и одговорив дека сум го голтнала сунгеро за садови перење и таа немаш култура така ли се зборе па викам ти не давас ниш да раб викам чек ке го изедам сунгеро мош ке ми дадеш о ке видес дека нема сунгер за садови,стршило не видено улезе и одма леле сине колку личеш на татко ти а сите ко доагаат леле срце личе на мајка му оваа ке умре од мака бе нездрава жаба,го сликав син ми со мајка ми си ги ставив на комп на позадина и оваа ко виде леле леле па јас сум стара за да ме има на комп како надворија е бе како да ја стаам на комп нема да ми раб маани тоа па и мој е комп ми го купија мојте дека на син и се расипа а оваа надворијата нездрава па и пари ни бара маж ми зема 5000 ден плата оваа мрдната и пари бара абе нз што да кажам надоврија невидена бе абе очи не се мие и јас го бакнував син ми таа сине мајкати дали очи се е измила баба се ми викам леле после толку време и тебе ти текна да се измиеш абе нз шо да кажам подобро е сам па како знам подалеко кој сака да ти помогне ке дојде ке ти помогне а со стари да живееш ма ЈОК бре тоа е убиство како со глувци да живееш шо постепено те јадат!!!
Еленика, како што јас те разбрав ти не ја игнорираш свекрва ти, туку на секој збор и враќаш. А да пробаш поинаква тактика, верувај од искуство ти кажувам, наместо да и одвраќаш дрско и арогантно - само смеј си се, прави се дека ти е многу убаво со нејзе и уживај си со синчето, ќе видиш дека со текот на времето таа ќе почне да те игнорира. А за одење под кирија размисли уште еднаш како би излегле на крај со платата на мажот ти од 5 000 денари, а со трошоци за мало дете.
Тешко тоа некако , не се смириле исти си се, само ние сме се научиле да ги игнорираме и така се поштедуваме од непотребни нервози. Еленика , имаш лоша тактика, се контраш со неа и дрско и` одговараш, тоа не е игнорирање. За имает и ти викај дека личи детето на маж ти, а не на тебе. Да го видиш син копија е на мене, ама кој како доаѓа на повојница јас викам дека личи на татко му , а оваа мојава свеки се дуе како диго квасец ....мене искрено повеќе ми е мм отколку за неа, ама па таа од кај знае јас што мислам Значи не се контрај, не се инаети, прави и` го ќеифот, не секогаш да се разбереме, научи да ја проценуваш ситуацијата и играј политички