Нема шанси тоа само кула правевме средувавме се што имаме дадовме за таа кука .. немаме финансии за селење
Е па, ќе ги трпиш. Со такви нема разбирачка. Убаво викам јас дека не се вложува во заедница. Никогаш не би вложила во спрат.
Mnogu znacenje im pridavateeeeee....za toa taka vi pravat. Znaat deka ke im uspee. Sto e toa 24/7na niv da se mislelo? Sto sakaat neka pravat, ne gi registrirajte.
Јас би ја оставила на seen уште долго. Со новороденче да ме остави без работа на мајка не простувам, а не па на некој друг. Едно е да САКАШ нормални фамилијарни односи, друго е да се возможни истите. И тие таму треба да сакаат.
Под кирија сме за да бидеме сами. За наш стан уште собираме пари, како што кажав двајцата имаме кредити уште пред да стапиме во брак. Верувај дека неговите немаат денар на страна, немаа за свадба да му дадат. Не се домаќини воопшто и не се ни некои родители. Мм си работи од 'мал', живее посебно од нив одамна, многу пати се карал со нив од фрустрации и пак ќе се смири дека родители нели. Кавгите главно биле дека се работи многу, а пари нема. Им се лути дека како родители ништо не им обезбедиле, барем некоја основа. Не викам дека е во право ама го разбирам. Многу неодговорни се. Не се пропаднати, не дека немаат за леб ама се движат во тој правец. Бизнисот е таков да добро се заработува ама и големи трошоци има. Најмалку ми беше целта да го направам мм идеален, си има и тој грешки ама само јас знам какви планови имаше за цела фамилија, а тие како му вратија. Не се ни свесни што изгубија. Прашањето ми беше што да направам со мајка му, како да постапам зашто не сакам за нивни грешки јас да бидам крива. Дефинитивно не гледам поента да продолжувам контакт. Јас да бев свекрвата сто пати досега ќе се јавев, ќе се појавев на врата да решиме, да разговараме, да се смириме. Фамилија сме. Ама не, изгледа тој збор не ни значи на сите исто. Тоа е моментот и мене што ме погоди. Ни пари сме барале, ни станови, ни спратови, ни друга помош. Сами си заработувавме, планови еден тон кај што биле вклучени и тие и ајт да ве нема. За да биде поинтересно, неколку дена пред да се случи големата кавга мм (дека беше ептен загреан и мотивиран) преамбициозно направи математика и кажа дека со првите пари во следните години ќе купи еден стан за нас и еден за брат му. После неколку дена ете го брат му со ножот. Ви благодарам на сите за советите и мислењата, доста ми се разбистри главата. Искрено, ја немам повеќе таа грижа на совест зашто гледам повеќето слично би постапиле. Немам со кого да разговарам за ова зашто вакви проблеми не споделувам со никој.
Пак ќе речам, отварав очи кога се мажев цуро. Немам државна работа, имам мир во бракот. Договор куќа гради не рекле џабе, секој си има свои обврски и одговорности. Жена се вика ако никој не може, што еве кај мене до сега било пред да се породам само. Бебиња растураат позади себе затоа што не разбираат, а децата се учат на ред и дисциплина. Секој позади себе, па после лесно е да се исчисти ако не е хаос по куќа. Маж ми може шлепери да растовара ако така решил слободно, ама без обврска дома нема да е. Јас слугинка не сум ничија, ни на децата.
Точно жена се вика ако НИКОЈ не може да ти помогне и ако можеш да си ја дозволиш и тоа во посебни периоди од животот како што пишав погоре,членките тука ИМААТ(свекрва,мајка) кој да им помогне а можеби не можат да си дозволат жена. Тоа отварање очи пред мажење баш и не можам да те сфатам што значи,зеде добро ситуиран маж,маж што многу ти помага или? Маж што растовара шлепери цел ден нз колку е способен да помогне по дома после и мене искрено би ми било жал за него и не гледам проблем во таков период на животот ако ми треба помош да улета свеки или мајка ми,ничии круни нема да паднат.
Ве читав наназад како свекрвите не ви помагале. Ние живееме со мм настрана и мојата со прст не мрда Бремена сум, на почетокот со крварење и лежење, сега веќе се сама си правам освен усисање, џогирање и чистење вц, тоа мм еднаш неделно го прави. Свекрва не е дојдена дома од мај месец, јер корона имало. И на почетокот кога бев на строго лежење абе ни да ме види не дојде. Еднаш неделно ќе направи ручек и ќе ни пушти и тоа е тоа, фала и и за толку. Да ја видам дали не ќе дојде кога ќе се породам Најсмешно ми е кога ќе ми рече по телефон: Е зашто чистите толку, па чисто е кај вас, нема кој да ви гнаси. Е не, ќе ја остаам вц шолјата жолтила да фати па да чистам По јатрва ми знам дека нема да ми помага ич за ништо, ни околу детето додека е многу мало, ни околу домот, дека не сакала да се меша. И боље. Мајка ми и маж ми ќе ми помагаат што треба, нека си седи она кај што и е местото
За сличнава ситуација уназад страници си се ипукав тука само да те предупредам дека ќе почнат сега да те напаѓаат како Маж ти треба да чисти а не свеки и дека она нема шо да ти помага...и да те предупредам да не читаш и да не се замараш. Чекам и ја исто дали ќе има корона откога ќе се породам или ќе биде трчанката да се дојде
Па @Lovebug01 кажа дека маж и чисти, не дека свекрва и чисти.И баш убаво што сопругот ја врши таа работа,понатаму во животот точно ќе знаат што и како треба околу обврските со чистење,бебе итн.
Како не ви е мака денот да го поминувате, со свекрва ми зборев на телефон, таа ме праша зошто толку чистите, јас сигурно не ќе ја оставам шољата жолтила да фати, јатрва ми нема да помогне бебето дур е мало македонска работа
Да де и ја не кажав мм дека НЕ чисти па тука узбуна се напрај Истиот проблем го имам и јас цела бременост
Не те разбирам баш,ти кажуваш дека ќе ја нападнат членките зошто требало маж и да чисти, а уствари @Lovebug01 кажува дека маж и чисти. Нешто не се разбираме.
И јас не разбирам. И мене ме нападнаа што сум очекувала помош уопште од свекрва и што не доаѓа ради корона а утре за бебе прва ќе биде да дотрча... Треба да читаш уназад на крај се разбравме...не е важно секако до @Lovebug01 беше на шала насочено
Нека нападнат, многу ми е гајле сите сме различни не можеме исто мислење да делиме...10 години сум со мм заедно од кои 2 во брак и многу добро си ја имам проценато уште од почетокот дека она на своите деца гледа како возрасни независни особи, способни да се грижат сами за себе, ги израснала и сега и е време да си се посвети на неа, да си прошета и слично. Ама па и мајка ми не е робот да трча секогаш кога ќе ми притреба помош, а мм не е во можност да ми помогне. Мајка ми дури и задоволствата нејзини си ги крати и никогаш не би ми рекла 'не можам' ако ја замолам за некоја помош во 5 до 12, за разлика од свеки на која треба барем ден унапред да ја обавестам за да си планира. За тоа ми е најмногу мака. За бебе знам дека нема нешто многу да ми помага освен некогаш да го причува кога неа ќе и одговара, гледајќи од јатрва ми, ниту совети сака да дели ни да се меша, еднаш нешто ми подрече пред некој месец као 'абе не сакам да се мешам, ама...' и прв пат си кажа нејзино мислење и се извинуваше да не сме ја сфателе погрешно дека се мешала. Од тоа нејзино 'не сакам да се мешам' испаѓа како да не е заинтересирана, ама ако, може подобро и така. Ја баш тогаш и реков 'а зашто ми се извинуваш што ми даде совет, па ти не си човек од улица, нормално дека ќе ми кажеш кога мислиш дека треба'. А со коронава ми е живи смешки што уште мисли и чека дека ќе го снема вирусов за да ми дојде на гости
Па од една страна и супер ти е искрено. Ич нека си седи таму. Некои па пренапорни се околу бебе зошто ко мајки на бебево се поставуваат. Јас имам чувство дека она така ќе се постави дека ќе го зима ќе доаѓа и ќе дрнда пошо уста не затвара. А сега идат кај роднини на базен и се 24-7 таму затоа не и одговара да дојде тебе бар ручек ти праќа боже сачувај во моменти, да не беа мојте пред карантините ќе останевме со празен фрижидер дома пошто ја не смеев да се товарам со ќеси а мм остануваше прекувремено. Па мојте одеа се купуваа да ми донесат да имаме. И јас викам коронава нема да исчезне а ни треба фамилија и допрва ќе ни треба