Не, јас сакав да кажам дека кога бев на строго лежење, никој не дојде да ми помогне. Маж ми од чистење само усисава, џогира и вц-то како-така го поминува и фала богу и толку што прави зошто не знам што ќе правев. Е кујната на пример тогаш 2 месеци ми беше ептен прљава, сигурно нема он да земе да ја риба детално да ја чисти. За такви покрупни работи зборев немаше кој да ми помогне, свеки не се ни понуди а еднаш кога и се пожалив дека неможам станот да си го гледам колку е валкан, она ми рече 'е добро де, чисто, ново е кај вас, нема кој да ви гнаси'. А јас седев и се нервирав од гнасотии A @Milkiway сакаше да каже дека од некои тука ќе бидам сфатена дека очекувам свекрва ми да дојде и да ми биде куќна помошничка сфатив што сакаше да каже.
Зошто нема "сигурно он да ја риба"? Зошто не? Прашувам зашто искрено не ми е јасно. Мојот буквално кујна рибаше пред некој ден, сите елементи, оти е повисок и поагилен, јас пониско друго чистев. Иначе нема 8-4 работа, работи многу и без работни саати е, па пак мора и во домаќинство да се ангажира. Ни јас не сакам да се зае*авам и да чистам, перам итн. па го правам тоа. Ако можам јас, може и тој.
Читам со денови и морав да се искажам. Имам две деца, 4год и 18 месеци и сум седми месец трудна со трето. Живееме во стан со мм од почеток на бракот , настрана од сите. Во сите овие години имало безброј ситуации, болно дете , ние уморни од работа , на крај памет не ми паднало да ја викам свекрва ми да чисти кај нас , ниту мајка ми. Си имаат и тие обврски и живот , не се должни мене да ми чистат. Со втората бременост морав да лежам на почеток, се правеше мм , ручек или нешто без стоење правев , или нарачувавме. Сега работам од дома, со две мали деца плус во одмината бременост, пак се сама си средувам. Мм има тежок период на работа, останува и прекувремено па не можам мн да се потпрам на него , но кога е дома пушта машини, средувамили си игра со децата за јас да одморам . На крај памет не ми пднало да се лутам зошто не ми рекле да дојдат да ми исчистат. Ги земаат децата да ги поиграат кај ние по неколку пато неделно на некојсаат, од што им е мерак да се дружат и јас за ова им сум преблагодарна. Си имаат старски размислувања и често ми даваат совети кои ме ми се допѓаат, ама јас не им се секирам. Само ќе речам аха важи и пак си терам по мое. Не вреди да им се мислите и да се дс преиспитувате па и да имате превисоки очекувања.
Не дека нема да ја риба ама не е исто да фати машка и женска рака, барем во нашиот случај. Он ќе исчисти поповршно, а јас сум маанлија за такви работи и поарно нека не чисти да не се караме (се нервира кога одам по него и му кажувам ова вака, она не така) А инаку поделени ни се работите околу домаќинство уште од кога почнавме да живееме заедно ама сега не е темава за тоа, да не се распишувам.
Потполно се согласувам,исто и јас функционирам. Всушност и сум им многу благодарна што не се понудиле,а не па да ми исчистиле,помогнале.
Мислам дека не е до раката, до човекот е Попедантерија и почистач од девер ми не сум видела, ни маж, ни жена. Темата е за свекрви, ама се надоврзавме зошто свекрвите не дошле да зачистат, мене многу би ми сметало најискрено. Мажот е тој што треба да се грижи за жена му и за домаќинството, останатите ако имаат желба, не е обврска. Лично се селев неделава, ни мајка ми, не па свекрва ми, ги викнав да помагаат. Јас и тој сами, така и треба.
Сигурна сум дека на свекрва ти животна желба и била да е достапна за тебе 5 до 12 за ти да можеш нозе у вис да чуваш. Што нема бе. Овде се жалат жени дека свекрвите сеуште ги гледале синовите ко деца, ти се жалиш пошо свекрва ти ги гледала синовите ко возрасни и независни и сакала да си шета. А зошто да не си шета? Тебе да не треба бебето да ти го гледа и купатило да ти риба. Нормално дека ќе ја обавестиш 1 ден унапред. Не постои таа за тебе да ти е на располагање. Страшно. Свекрва ти по напишаново изгледа далеку посовремена од тебе
Рака си е рака. Нема врска женска или машка. Али ако цепидлачиме, машка е подобро, појако. Ама он не знаел. Ама ќе си научи и крај. Како јас што учам работи околу кола, или менувам гума, затоа што ја возам, така и он ќе си чисти затоа што живее тука. Јас одам на работа, он со коронава работи од дома, дете чува и сите пропратни работи. Ќе пружи алишта, ќе собере, ќе здипли. На почетокот предиплував по него, сега е супер. И не е помалку маж. Напротив, секој ден се повеќе го сакам и почитувам. Не знам какво е тоа очекување свекрва или мајка да се должни да чистат и помагаат. Ако ги замолам нема да ме одбијат, ама способни сме. А не сакаме да си играме семејство, ама секогаш да ни е таман. И џабе се пишуваат страници, никогаш ништо нема да се смени. Едноставно така се задоени некои луѓе. И тоа што поназад го пишуваат Елена, Камелија не е воопшто необично за функционален брак (а таков брак не значи дека се е мед и млеко и постојано си гугаме заљубено).
Маж ми од мене поубаво чисти. Ја некад зачистувам површно, колку да се рече, а после фаќам темелно ако ме фати нервот. А маж кога и да фати е пречисто и детално и до крај истерано.. Ве читам и ви се чудам, дека те на една незаинтересирана свекрвата, другата презаинтересирана. Си трошите скапоцено време со мажот и децата само што размислувате на ова, а тек па да се разглава 30 страни наназад по темава. Како рече @Kom.pot - старските сфаќање и јазот е тој. Кажи да и терај пак по свое. Кој како, вака, така рекол или не рекол, овој направил, таа ненаправила. Како имате време не знам. Уживајте.
Какво гугање, повеќе на ржење мава неделава Ама нема што "старите" проблеми да ми знаат. Ако се разделиме евентуално во животов ќе дознаат. Друго, не е нивна работа.
Добро жено има ли тема на форумов кај што немаш дадено некој дрзок коментар/одговор? Или си тука да си лечиш комплекси па сите вака ги напаѓаш? Да јас у вис нозе чувам од што сакам и да, животна желба ми е мене свекрва ми да ми го брише га*от, а она постои само за да не мази и пази. Бог да чува Мојот коментар тука беше далеку од тоа дека се жалам, и поубаво ми е што е вака како што е. Нека си го гледа патот, ние сме доволно возрасни сами да си се издржуваме и снаоѓаме. Мене само ме боли фактот што мајка ми ќе остави се и ќе испооткаже ако треба, ако и се јавам дека нешто ми треба, а треба и она свој живот да си има, додека свекрва ми ќе ми рече 'е не можам вас кога ќе ви текне'. И разликата е што мајка ми оди на работа, а свекрва ми е пензионерка што единствена обврска во денот е ручек да направи. Другото време седи дома и се излежава, не прави ама буквално ништо. Убаво си прави она. Само од што не сака да се меша па и не е во ред да изгледа како незаинтересирана. Тоа ми беше целата поента, кој сфати-сфати. Ја уствари за мајка ми повеќе се нервирам што е таква како што пишав погоре. И она си има свој живот.
Па ако сакаш мајка ти да си ги го живее животот, земи сама завршувај си ги обврските, не чекај де од мајка де од свекрва. Не е твоја работа дали свекрвата денес имала обврска само ручек да прави. Таа родила деца, изгледала и сега сака пензионерскиот живот на раат да си го тера. Со самото тоа што еднаш дала совет и сто пати се извинала да не ја сфатите дека ви се меша, јасно ми е колку е таа културна и воспитана особа
Никогаш не ми била потребна нечија помош досега фала богу, ниту сме побарале ни од мајка ни од свекрва, сами со сопругот сме правеле генералки. Ама сега е друга ситуација, јас бев 2 месеци со крварење и строго лежење прво тромесечие и сега сум 7ми месец бремена и имам потешкотии од многу физички напор. А мм оди на работа во смени и некогаш прекувремено останува, не може он цело домаќинство сам се да прави. Особено зс тие 2-3 месеци кога не станував од кревет, ај сега колку толку си сработувам што можам јас, останатото сопругот. Не очекувам јас којзнае што од свекрва, ама во ред е од 'куртоазија' да се јави некогаш да праша дали нешто ти треба.
Јас кога сакам мајка ми раат да е не и давам обврски. Луѓе мајките и свекрвите си ги исчувале своите деца, немаат должност кон вашите. Ако не сакаат, не им се лутете аман. Ем сакате раат, ем да ви помагаат. На ти ги чувај ми ги децава, исчисти ми, спреми ми ама да не те слушам и да не те гледам. Не е ок
Зошто им правите да се осеќаат како неспособни ако побараат помош? Јас уште не сфатив зошто е толку страшно и забрането да се побара помош. Ако те одбијат ок, знаеш дека немаш блиски да ти се најдат и тераш сам во животот. Ама зошто толку напад што некоја признала дека не може сама да заврши по дома?
Верувај дека никогаш не сум побарала помош од што ме мрзело или од што сакам. Зборам за навистина ако сум имала потреба. Мајка ми додуша не сум ни стигнала да ја прашам од што самата ми се нуди. Нормално е они да не постојат за нашите потреби, ама има ситуации кај што навистина треба помош. Исто како и ние што сме тука за нив, така и они за нас.
Нормално е да се побара помош, јас тоа и го пишав пред неколку страни. Не е нормално "таа денес има обврска само еден ручек да направи" "таа сака да шета" "таа синовите си ги смета за независни и способни да се грижат за себе" (кажано ко да е нешто лошо) Никој не реплицира на "и побарав помош пошо ми требаше, ме одби, криво ми е ама ете, нејзино право". А не вакво оговарање ко на селска чешма
Не е проблем да побараш помош, ама да очекуваш дека некој ќе се сети... па не. Од себе тргам, ако мајка/свекрва/баба/сестра/комшика побара помош, ако можам ќе помогнам, ама дека седам и размислувам ааааа таа трудна е, таа кичма ја боли, таа не знам што и' е... ни размислувам ни очекувам да размислуваат. Мислам ако е некоја трудна, за себе и маж и' е, не е дека цела фамилија баш на неа мисли.
Затоа што ако некој сплет околности се сами прават, си земаат за право да дојдат и морализираат како ти треба да го живееш твојот живот. Никогаш помош немам побарано. Силом прилике што моравме да седиме со старите 2 месеца пред да се породам, па ме гледаа ко кралица. Маж ми праеше се што јас не можев кај нас дома, покрај домашните обврски плус и ме бањаше мене, ми сечеше нокти на нозе и ми ги турпијаше. Па пак не мислам дека треба сите како мене и дека така е најправилно. Оставите да си се пожалат, никој не е неспособен и пак без помош од старите, самите ќе си се изгледаат и себе и деца. Чудо големо се пожалиле на форум.
Еден ден кога ќе се омажам сакам да имам ваква свекрва ко твојата. А верувам дека и другите би посакале.