Да, треба да се побара помош ако ни треба. И јас многу пати така сум правела ми треба помош ама непријатно ми е да прашам, па чекам да се сетат. Ама не се лутам зашто немам големи очекувања од луѓето како созреав. Ама во последната реченица има голем проблем. Да, трудна е за нејзе и маж и. Зошто по цела бременост ги нема, а кога ќе дојде внук/а на свет први се тука да те земат од болница, да се мешаат за се, да ти трча во соба кога ќе заплаче, да ти кажува млекото со колкав квалитет ти е, да ти кажува она е повеќе баба од мајка ти, да те малтретира по цркви да одиш за води некакви..... Јас се нервирав само за црквите Немав многу мешање и нервози околу детето зашто не прифаќав помош баш затоа. Ама читам тука низ темите, уште што не легнале со снаите на бокс.
Абе јас со комшика се договарам за кафе ден унапред, за да си го планираме времето, не па за дете чување. Некои размислувања ми се чудни. Ако виси мајка и на закачалка, немора и свеки да е иста.
Маж ми поубаво смука од мене. Јас знам некое ѓубренце да прескокнам, да не видам, он иде ми ја зема, незнаеш да смукаш ми вика, дај јас.
Ама па на пример, најдобронамерен совет од мене ти е и мајка ти да ја известуваш ден унапред, така ќе може и она да знае што треба наредниот ден да направи, а не 5 за 12. И да, мајка ти сама си е крива што не е малку како свекрва ти, свекрва ти според мене си е сосема во ред. Мајка ти трча да ви угоди, затоа е така
Не знам луѓе, ако вака гледате јас сум најлоша _____ (вметни золва, снаа, јатрва, свекрва, мајка и било која друга улога). Јас ја сфаќам женава погоре, свекрвата, еве лично јас ако не си ми однапред најавен дека доаѓаш, ни врата не отворам, седиме на клуч цело време, не можам да се мислам дали во куќава влегол некој без да чујам. Камо ли не за нешто повеќе што одзема минимум неколку часа во денот. Може ви изгледа бездушно, ама мене тоа ми е мирот, јас не сакам многу без план работи, ете не сум спонтан човек, никогаш не сум била. И да седам дома, ете за викенд ако не излегувам, планот ми бил за седење дома. Не сум флексибилен човек. Ете и такви карактери има. Во однос на мајката, искрено мене ми е жал за жената. Може и неа да и се каже малку порано, не мора да преместува планови она, ете и да не е по шетање, може сакала и она некоја работа по дома да си фати. А искрено јас да сум во таква ситуација, кај што само од моја страна е помошта, нема да ја викам мајка ми само. Или ќе е помошта фифти фифти, или и мајка ми ќе си ја тера нејзината работа. Нема зошто едните да се вложуваат, другите не.
Да навистина е така. Да си дочекате сите една ваква свекрва. Јас уште од сам старт кога напишав тука не беше како дека се жалам на неа, туку дека за разлика од други што ги познавам, не сака да се меша и од што е така делува незаинтересирана (а далеку е од тоа) , не е дојдена кај мене месеци заради короната, па чекам да видам дали ќе е така и кога ќе се роди бебе Не сум побарала и не ни планирам да и барам помош, ни за дома ни околу бебе на почеток, за понатаму ќе видиме. Немам некои очекувања. На пример мајка ми ми се понуди да спиела дома кај нас првите 2 недели кога ќе се родело бебето да ми помагала, ама јас и реков да не помислува одмор да зима за таа работа, сопругот ќе земе и ќе се снајдиме сами, не сме деца, па ако треба ќе дојде. Е свеки на пример нема тоа ни да го помисли да дојде да ми седи 2 недели и да ми помага. И поарно што е така. Што подалеку тоа подобро. Што се однесува до мене, јас за се сум се понудила без да очекувам фидбек од нејзина страна.
И сестра ми е ваква ама на чисто сме. Не ми се прави паметна или селективно да ми помага. А искрено најмногу ми се наоѓа, најмногу мерак има да го причува детето. Порано ми носеше тенџере ручек до пред врата. А ова бе на што личи да ти каже Ајде бе, чисто ви е. Па тоа иритира. Кажи не можам, не сакам, тешко ми е, болна сум, договорена сум.
Скроз во право си за мајка ми, ден денес ја карам што е таква. Еве за сестра ми исто, и она си го користи тоа. И сега жената мисли дека како неа што и помагала треба и на мене, а јас и сестра ми сме два спротивни поима. Може си мисли дека ќе и префрлам дека само на неа и помага, а она и сама ја бара. Јас само ја карам како не треба дс биде нон стоп достапна и да си се гледа прво себеси. За тоа помош 5 до 12 ми се случило еднаш два пати, на секого може да му се случи, тука нема збор, кој може во моментот ќе излезе во пресрет само што мајка ми е таков човек што и да има друга обврска, ќе ја откаже, нема да ми рече не можам сега снајдиси се.
За се' се сложувам дека треба сами, ама во ситуација каде мораш да си врзан за кревет, а тоа фамилијата го знае и не сакаат една чаша вода да ти подадат, не се сложувам. Трудна е, да, не е болна, ама во вакви примери со проблематични бремености е исто како болна. Не мора да бдее над неа, ни јас да сум ќе сакам да бдее над мене, ама ич никаде да ја нема, не е во ред. Оти фамилија сме, нели... Ама добро, се врти тркалото во животот. Така и кај мајка ми беше, па затоа кога залегнаа, немаше она 'обврска' да ги погледне. И не ги ни погледна. На секој му доаѓаат петте минути. Затоа уживајте си колку можете со мажот и децата, одбијте им на другите на глупост/простоќа/злоба, што и да е.
Истоо..седеше мајка ми кај сестра ми 2 3 недели (она беше со царски и и требаше многу повеќе помош) и сега морала и кај мене. Ќе земела одмор од работа и ќе дошла т.е. нема да седи туку ми вика на титка ќе сум ти, ако сакаш и кога сакаш ќе дојдам. Бар да ти помогнам. И не разбира кога и викам не... и се откажав знам и нејзе ќе и е мерак да дојде да ми помогне со прво бањање, прв пат да ме види од болница дома... и ја стално ја карам пошто сестра мк многу го користи тоа ќе го остај внук ми кај неа без усул понекогаш...ама мајки...и ние ќе бидеме такви
Едвај чекам сестрите и братучедите да имаат деца. Толку многу ги сакам од мерак секој ден таму ќе бидам, нормално ако им требам. Да ми рече близок дојди ми треба помош и јас да речам не? Е и такви да имало.
Зашто им дозволуваш. Мајка бара свекрва во болница. Дали ќе се чатали по народ дека лелеееее внукккк и' се родил е нејзин проблем, ама не и' е место никаде, ни на ехо со снаата, ни во болница. Мојата свекрва со јатрва ми одеше по еха и гинеколози и деца земаше од болница, ама зашто јатрвата и' побара. Јас и' кажав дека кога евентуално ќе бидам трудна, мене тоа не ми се допаѓа и не сакам. Дали и чини или не - не знам, не прашав за мислење. Ако ми е потребна помош со нешто, барам помош, и очекувам да ми побараат. Неделава сите се понудија, на сите одбив, затоа што и онака бев нервозна, уште они ми фалеа да ми се бафтаат низ дома. Само девер ми дојде, пошто за конкретната ситуација е најстручен, и он помогна. Другите на кафе. Мажов до мене што го одбрав, се' може и мора да може, затоа што јас морам да можам. И не дека пеперутки летаат и сме 24/7 гулаби, ама во ретки ситуации кога сум дозволила било каква помош/совет/мешање од било кого, од глава ми се одбило. Поарно кујнана нема избришана да биде, него нервози да си стварам ради неизбришана кујна.
Епа различни луѓе сме Моите блиски кога имаат деца, јас им пишувам да ме бараат ако требам. Ама дека секој ден ќе мислам дали им требам, не.
Не реков ако не можеш, туку ако не сакаш. Може за некои е нормално, за мене е чудно близок мој да не сака да доаѓа, да помогне, да ми се најде. Тогаш не ми е близок туку е некој познаник со кој ќе пијам кафе кога ќе немам со кој.
Сестра ми кога се породи јас нон стоп идев. Прво она едвај чекаше сама дома на породилно досадно станува. По пат ќе и купев што и треба а таму дури бев она ќе се избања ќе заврши низ дома... Сестра ми е дури и да не ми каже дојди сум знаела кога и било тешко и напорно и кога сакаш некој бар едно кафе да ти свари а за жал маж и беше по 15ч на работа
Ама мајка ми ми е блиска, најблиска, па не сакам со саати да бидеме заедно. Сакам секој ден на кратко да ја чујам/видам, ама секој ден да биде тука? Братучетка ми само што се породи, во друга земја е, сама е со мажот, ни мајка, ни свекрва има во близина. Па ене ги се снаоѓаат. Значи можело.
Што подразбираш под тоа да ти се најде? Јас подразбирам под помош некогаш да ми плати сметка еве братучед мој, а не да ми пазари или да ми пази дете секој ден. Дај не претерувајте.