Ама идеш зашто сакаш, и зашто сестра ти сака и зашто си имала време. Ако ти е тебе напорно, или на неа и' смета гужва? Секој од нас е различен, ама да и' судиш на свекрва зашто наместо да ти помага, си седи дома - не е ок. Нејзиното го истерала, редот и' е да си тера пензионерски денови и да одмара. А од друга страна, наназад да прочитате, 99% се жалат што свекрвите ручек им правеле, им чистеле, гаќи им ределе... И сметам дека е најголем проблем што нема комуникација, не може да очекуваме од некој сам да се сети. Конкретнава "незаинтересирана" свекрва мислам дека не сака да се меша и да смета, и многу членки наназад одма би се трампале со своите па, презагрижени и заинтересирани свекрви.
Баш пред некое време за ова зборев со другарка. Има едно детенце. Ја прашувам - Планирате второ? Она ми вика - Не. Ќе нема кој да ми ги чува двете. Е ова не можам да го разберам. Раѓаат деца и сакаат друг да им ги чува, а они да шетаат. И после свекрвата и мајката виновни
Епа дел се жалат што им помагаат, дел се жалат што не им помагаат и се незаинтересирани. Ако и смета гужва ќе ми каже. Ако утре ми засмета свекрвата или мајка ми исто ќе им кажам.
Па искрено има денови кога ништо не ми се прави, глава ми пука, имам јаки главоболки, мигрени што траат со денови, за ручек мм прави нешто колку за детето да касне асално, правам пример јајца пржени или нарачуваме пица и кога спие син ми 2 саати лежам ништо не правам, едвај чекам да дојде ноќ да си легнам, и дента ми се јавува брат ми и ми вика "ај дојди за кратко, ми треба помош, да тркнам таму и таму децава да ги почуваш" на пример. Не одам и крај. Го сакам, го обожавам, брат ми е, ама не одам, зошто имам мој живот и имам мои проблеми и обврски. Неможе стално да трчам кога некој ќе посака. Може ти си таква на сите да им угодиш, јас не сум. Кога можам и сакам,да, кога не, не.
Абе скроз може. Јас многу добро знам. Само анализирам ситуации. И јас не барам помош ама знам дека ја имам и во 5 за 12 да ја побарам. Страшно е да немаш никој или да ти треба, а да те одбие. Пред една недела на невремето навечер, детето го носев итно во болница во раце така како што бевме по дома облечени, само излетав. Немав никој во моментот во Скопје што може да дојде освен свекрва ми. На неа не можам да и се јавам, ѕвонев на такси ама од детето што се дереше не можев да се разберам. И се јавив на сестра ми да ми најде такси зашто знаете како се наоѓа кога врне. За мене тоа искуство немаше да биде толку страшно доколку имав некој со мене. Помина, значи се снајдов и сама ама плачам само што ќе помислам на тоа. Се е поразлично со дете. Во ниедна друга ситуација не ми треба помош.
Епа ќе им кажеш и кога треба помош за нешто, нема да чекаш да се сети дека кујната треба да се пребрише (карикирам). Јас сум таква што сама нема ништо да направам, туку кажувам - ако треба нешто барај ме, кажи што. И не го правам тоа зашто не ми е гајле за личноста, туку зошто не сакам да се мешам. Ако за тоа се лутат нека им стои.
Зависи зошто така рекла... Мојата работа беше од 08 до 18ч секој ден и празници работев па тешко со едно дете не па со две Ама јас можев да си дозволам да ја сменам работата за да утре не мислам како со детево ќе се снајдеме. Пошто и мм работи редовно до 18ч. Е сега ако е некоја што си иде дола во 15ч па си прај ручек натанане и одморена до 18ч па сака да шета да. . Ние ради работа и без деца не стигнувавме да шетаме нигде. Зависи
Јас мојата ја давам, нејќам никаква за возврат, и двете нека си ги чуваат. мојата и дете на спиење ќе земе и ручек ќе направи и ќе исчисти. Која ја сака, нека пише
Не знам дали ме разбра. Раѓаат деца и сакаат друг да им ги чува. Не е должен никој да ти го чува детето. Сакаат да шетаат на одмор и лути на свекрвата што не сака да ги чува децата.
Не знам каде виде дека не сум кажала кога требало помош. И твоето е ОК. Еве никогаш не ми рекла: Што и да треба побарај ме слободно. Не се понудила ни кога сум побарала помош. Тоа е и без неа ќе се може фала богу уште поубаво
Точно, и јас имам некој и во 5 до 12, ама тој "џокер" е смешно да се користи за чистење вц или слично. Фала Богу па освен свекрви, имаме мажи, родители, сестри/браќа, пријатели. Не сме осудени само на свекрва да чекаме. Па за мн. работи во животов тука непознати на форумов ми помогнале, и јас сум помогнала кога ме замолиле. Ама пак ќе кажам, не очекувам од никој сам да се сети.
Не претерав јас, ти претера. Не прочитав некоја да посакала да и се чуваат децата секој ден. Ама драма нели? Зошто да не ми испазари? Да одам со мало бебе во време на корона во маркет зашто неа ја мрзи да го крене дебелиот г'з? А после леле бабе колку те сака? Мхм.
Затоа прашав која е причината. Дали имаат тежок живот се мачат со работа и не постигнуваат или се од тие што сакаат сами во кафани и на одмори... И ја не ги разбирам. Имам примери кај што исто рекле нема кој да го чува не раѓам второ. Не раѓа за мене нејзе ќе и е криво што немала второ а можела
Па не мора да значи дека поради шетање нема кој да им ги чува. Полесно е за снаоѓање со едно дете во секој случај и од аспект на работа. Јас да можам да си дозволам дома да седам би раѓала одма, вака ќе се подзамислам искрено. Едит: Или па жена да си дозволиш.. И тоа е трошок голем, ретко кој има да плаќа жена у мкд.
Јас ако сакав да шетам немаше да раѓам деца. Не можам на други да им давам обврска. Ако они изразат желба да чуваат деца, ок. Па и на работа да одат пак не се должни старите да ги чуваат децата. Јас жена плаќав.
А зошто таа да ти испазари? Што има тоа врска со сакањето на бебето? За ваш дом, ти и маж ти треба да си се договорите кој ќе оди во маркет, а не свекрвата со дебелиот г'з Дали ќе одиш ти или таа ќе дојде од маркетот, пак имаш шанси за корона, нели?
Јас имам другарка што живее во Скопје, нејзините родители и свекрвата се во друг град. Они го оставаат малото неколку дена кај едните, неколку кај другите и шетаат тие недела дена да речеме. Ама тоа си е ствар на договор. Јас мислам кај нив е вин вин, зошто и стариве не го гледаат секој ден, еднаш на неколку месеци, и тие си се радуваат и младиве одмараат. Така си се договориле, супер за нив.
Зашто сум сама со 3 месечно бебе, а мм по неколку дена не е дома. Одам само во маалски продавници ако итно затреба нешто, не можам да се мешам во гужви и да се товарам со кеси. На бебето не ставам маска. Стално вака не разбирате нешто или се правите?