Ne mozam da razberam,ne mi e svatlivo, zosto ocekuvate nekoj da pomaga!? Ic neka ne pomaga, sami sme dovolni! Zosto moralo nekoj da pravi nesto. Semejstvoto e zaednica na dvajca +deca! So moralo babi zabi braka sestri da se mesaat, za leb, za na lekar , za smetki, za sve i svasta... Zivejte si ubavo vo zaednicata,na krajot na denot zaspivate do vasiot izbranik ne do ostanatite!
Ќе си испазарите поголеми количини, ќе кажеш на некој друг близок, комшии, другарки ако е итно. Ама не можеш да очекуваш од свекрва ти, затоа што не си во брак со неа туку со нејзиниот син. Ќе ти испазари АКО САКА, ќе ти помага АКО САКА, затоа што не е нејзина должност. Ако е толку страшна ситуација, ќе му кажеш и на маж ти да остане дома неколку дена
Да бе свекрвиве нека не праат ништо и после нека дојде и нека ми каже: Ама знаеш ние во фамилија имаме правило бебето мора по дедото да се крсти (свекорот) За тоа прва ќе долета да каже
Ама кој ве тера по дедото?? Маж немате? Како што сакам така ќе се вика, кој сака нека се лути. Правилата нека си ги почитуваат во нивниот дом.
Да кажам на комшијата ама на пресветата Свекрва никако? Оу мај гад. Само да ве потсетам, свекрвата е мајката на мажот, не туѓинка ама оукеј Супер се снаоѓам сама само застанав на страната на тие што вие ги направивте неспособни само затоа што признаа дека имаат мака исто како и претходната дебата, но овде се одјавувам. Вие стварно ќе напишете било што само за да контрирате.
Никој. Ти кажувам какви се за тоа се први да трчаат. Да не е мајка ти свекрва што толку ги браниш ај батали ги таму нека кршат глаа
Ќе си пазарите со маж ти кога е дома за подолг временски период , а ситници како леб, јајца и сл ќе си купуваш од маалска продавница. Ако ти затреба овошје и зеленчук ќе си нарачаш од мм фреш маркет, онлајн пазар продавница и ти носат овошје и зеленчук до пред врата дома. Кога се носи одлука да се прави бебе треба да си спремен, дека ќе можеш да се снаоѓаш за се. И јас сум често сама без маж и често ни е дискутирано што како би правела кога ќе имаме бебе а кога сум сама. Има начини, не мора свекрва да ти пазари или било кој. Полесно е да побараш друг да ти ги заврши работите да и не е грев да побараш ама верувај можеш се сама.
Ќе ја замолиш и еднаш во месецот може да ти испазари. Јас така правам. Мајка ми ќе ја почува мојата ако мм не е дома и ќе купам за две недели што ми треба. Друго во маалска продавница ќе претрчам.А никој не е должен секој ден да пазари за друг.
Јас никој не го направив неспособен, ти си ја навредуваш свекрвата затоа што не сакала да ти пазари и помага. Не сакате да ви се мешаат во бракот, ама за помош и пазарење се прави исклучок. Ако можам сама да се снаоѓам со бебе, или маж ми да помага, ќе родам, ако не ќе почекам додека не се подобри ситуацијата. Ама нема да чекам на мајка и татко или на свекрва и свекор. Не можеш да и се лутиш и да ја навредуваш поради тоа. Кој сака ќе помогне, кој не - нема. Нема да им обрнуваш внимание на таквите Ќе те разочарам, не е
Тоа и го правиме. Не очекував дека ќе прекинеме контакт со неговите ама и да зборевме сеуште немаше да барам да ми пазарува зашто ќе ми го набие на нос. Само не разбирам зошто да не испазарува, не гледам ништо лошо во тоа ако сме во добри односи. Маж ми пазаруваше за неа кога бевме во карантин март и април, не барала помош од комшии. Муабетот ми беше кога веќе знаат да им се умешаат за глупости, нека се умешаат и за помош. А за сами, нормално дека секој може.
А помисли дека можеби корона и е изговор? Пошто од неа се очекува тоа и не знаела како да се извади поинаку? Тоа се луѓе што сигурно имаат 55+. Цел живот работеле, се расправале со шефови, колеги, се мислеле за пари, сметки, јадење. Чистеле, переле, готвеле, гледале деца, решавале проблеми. Можеби се уморени од животот и не им се чисти. Разбирам дека треба да се помогне и дека тие ти се најблиски, ама некогаш ја гледаме само нашата страна од приказната. Сосема е во ред да не сака да чисти, ама да сака да го види детето.
Јао, какви "проблеми" само има во темава... Знаете дека само на балканов е нормално да се очекува баба/дедо да чува дете? И да се обврзани да помогаат по секое време кога не другите им е потребна помош? Особено ако е пензионер, или повеќе слободно време, готово- печена куќна помошничка и детегледачка на ќерката/синот. Нивниот живот завршува за да им помагаат на децата од 30+ години и нивните фамилии, оти уште ги огледуваат, овој пат и нивните деца. Кои нереални заблуди таат млади луѓе, да му се стужи на човек... Да си помисли дека тие што се самостални и независни се будали.
Во ред е де. Нека не сака никој не и рече Мораш жено да дојдеш. Смешно е во ситуацијава дека нејзе свекрвата(баба од 75г) уште и готви ручек повремено и и мие садови
Едноставно е,идеш со количка кога се отвара маркетот,ставаш тетра на количката и си пазариш без мака и товариш количката. Еден куп мајки има вака што пазарат.
Паа и не баш. Нема женска и машка рака кога сакаш и се потрудиш. Татко ми дома кога чисти свети. И јас кога не ми се чисти викам „толку можев, не излегува ова“, а да видиш како излегува кога сакаш да излезе Не ги учете да се вадат со такви изговори (посебно ако тебе ти смета). Мене лично не ми смета, не му смета ни на дечко ми па знаеме дека тоа значи „не ми се чисти“, а не дека е до раката (машка или женска).
Во ред е да дојде да помогне кога е нешто големо и сериозно или кога нема друг начин, ама звучите ко да очекувате за секоја ситница некој да трча и да ви помага. И тие луѓе имаат проблеми, работа, сакаат да се одморат.
Колку повеќе им барате помош, толку повеќе им давате право да ви се мешаат во животот и со право тоа ќе ви го прават. Ретки се тие што ќе помогнат и не бараат против услуга. Ама кој како си сака и си сфатил. За се во животот најдобро е да се поставите според околностите.