Јас па не можам да ги сфатам некои и стопати го имам кажано. Не ги поднесуваат свекрвите,ама чекаат помош и ги озборуваат дека се вакви-такви. Морее...
Летово бев сведок на една ситуација. Мајкава ги има оставено двете деца од март (уште се таму) кај баба им во друг град. И ок ајде работела и дур беше коронава, а градинки/школи затворени, може стварно немала избор. Иде некогаш за викенд да ги види. И дошла еден викенд и сега децава нормално се израдувале и нешто ја викаа да играле (што е логично пошто ти е мајка и ја гледаш еднаш на 2 недели) и кога почна да им се дере, таа дошла да се одмори, што ја замарале, зошто ја терале да станува. Не ми е јасно на такви што ќе им се деца?
Е арно, утре и ти нема да и' помогнеш, па ќе види дали и' чини така. Чим си побарала помош и те одбила, нема што да се лутиш, а ни таа, кога ти утре ќе ја одбиеш.
Наше е да побараме помош ако ни треба, нивно е да одбијат или да прифатат, како и секоја друга личност што ја прашуваме за некоја услуга така и ова. Никој нема право да се лути зошто некој одбил да помогне, да даде пари, да чува деца итн. Секој си има свои обврски и свој живот и тоа е тоа. А дека секој може да се снајде, може. Ете сестра му на мм е сама со маж и во странство, треба да се породи сега, а никој не може да иде оти има корона и да и помогне, таа си кажа дека не ни сака да и се тупнува ни мајка ни свекрва со месеци иако свекрва ми инсистираше, има 3м породилно, за после ќе се снајдат. Значи ако можат они можеме сите ние тука.
Не се замарај со нивни приоритети, нивен проблем. Та јас да ја слушав/прашував свекрва ми што сака, или како мисли, немаше да живеам како што живеам со избраникот. Последно што ми е гајле се нејзините (и било чии) размислувања за мои и на партнерот одлуки. Еве неа не и' е јасно зашто не сакаме свадба, јас на пример не се замарам ни да и' објаснам. Нејзино право да си се замара, мое да не ми е гајле.
Не знаев дека кога ќе имаме деца нашиот живот треба да заврши,нема шетање,нема одмор... а колку е само здраво сопружниците од време навреме да поминуваат време насамо,кога дискутирате за чување деца овде одма претставувате слика како тоа да е секој ден.
Претходно се замарав зошто мојот ко Муле беше. Само ќутеше и не знаеше да пререче да каже НЕ. Е сега откако мж сфати дека треба НЕ да каже и дека треба да пресече е друго. До скоро се одеше преку мене ама сфатив дека сум била будала. Сега само Еве го син ти договарајте си се како си сакате. Дури да дојдам до тој момент имав нервози пошто мм се прифаќаше..ама за среќа се тоа се смени. Па прво ние двајце се договараме после се друго
За жал така е, во право си. Ама со една просечна плата на Балканов можеш само да го скрпеш месецот колку да поминеш, а ретко можеш да платиш жена да ти чува деца. Градинка исто, некој ни за тоа нема пари. Заради тоа е останато да само тука се ослонуваме на родителите за помош. Додека не влезеш во фамилија или додека немаш деца некои работи не можеш секогаш унапред да ги согледаш. Голем дел од нашите генерации се растени со баби и дедовци, еве конкретно во мојот случај значи баба ми и дедо ми немаа сопствен живот затоа што ме чуваа мене и сестра ми. За нив животот бевме ние децата. Од сегашна гледна точка мноогу погрешно. Секој без оглед на возраста треба да си се стави себеси на прво место и тоа не го прави себичен човек. Ама сум била сведок на коментари од свекрви (не од мојата, туку од други) "зошто да оди во градинка, еве јас ќе ти го чувам, слободна сум", тапшања по рамо "не ти треба чистачка за генералка, ќе дојдам јас ќе ти помогнам кога и да посакаш" и после или нигде ги нема или ќе звонат "ај излези ако можеш од работа детево многу плаче не знам што да му правам", или "е не можам сега имам обврски". Зашто се нудат и после нигде ги нема? Поарно не нуди се ич, седи си на страна и гледај си ја чергата, како свеки моја што прави
Па ќе одиш на одмор ама со децата,а не без нив. Сум ете некогаш ако сака бабата да го почува, ама не нон-стоп и одење сами на одмор. Мене тоа нон-стоп со баби и дедовци не ми се допаѓа, затупавува детето и се разгалува.
Штом немаш финансии, нема да ствараш деца. Толку е просто. Другите жалнопојки не планирма да ти ги читам и побивам, оти очигледно не сме на иста бранова должина. Особено кога почнуваш со "без да имаш фамилија, не знаеш...". Да, мене штркот ме донесе и живеев на улица, без фамилија и општество околу мене, за да знам што како е. Бич плис.
Не познаваш луѓе чии деца никогаш во градинка не стапнале, туку баба ги чува исклучиво? Ај да е не дај Боже детево болно па не може во градинка да оди, ама спиење на тоа уво баба ќе ги чува
Абе секакви свекрви има. На мојата и реков дека ако се вратам на работа, подеднакво ќе го чуваат детето и она и мајка ми ( ќе се дпговараме кога како, зошто и двете изразија желба да го чуваат, не дека мораа или јас очекував тоа од нив). Кога веќе сакаа, сметав дека е најдобро да имаат и двете удел во чувањето, една недела една, друга недела друга или пак според нивните обврски ќе сме се договарале, нема на кантар да ставаме. Кога се потпали мојата, таа била свекрва, таа изгледала претходно 2 внуци, не одела она на работа, нејзина должност бил да го чува МОЕТО дете. Од околу ми го кажа ова, а проба и мм да го хушка. Ако побарав помош од моите, или тие дојдат а јас станам да измијам садови, после одоколу ми збореше зошто не сум и барала помош ако сум имала работа. За чувањето на синко да не зборувам колку пати пробала да се постави дека е она МАЈКА. Помош никогаш и немам побарано, иако секогаш се нудела ( повеќе за да го чува детето,за домашните работи не е многу заинтересирана),ама никогаш не сум прифатила. Знам дека помошта кога и да е ќе ми излезе низ нос, за зборењето низ роднини да не зборувам. Не се вратив на работа, па ете госпоѓата не ги дели "обврските" за чувањето на син ми со мајка ми, ама затоа и воопшто не го оставам на чување. Секаде и секогаш е со мене. Имам секакви потреби, ама за жал морам да ги потиснувам зошто имам себична свекрва. Сака секаде да е застапена, се она да работи, за се да биде прашана, а после да кука како немала време за себе зошто внуците биле 24 часа со неа. А да беше помалку себична ем ќе поминуваше повеќе време со внукот, ем ќе си живеевме поубаво, ама не, она била главна баба, моите сметале што доаѓаат да си го видат внукот, а она ако ми се качуваше по 10 пати на ден да го види, не можела да издржи без да го види. Подобро да имам незаинтересирана свекрва, сите што имате таква треба да сте среќни. Не знаете што значи некој нон стоп да се меша, се нарушуваат односи и после туѓинци во иста куќа. Никогаш не сум сакала да имаме нарушени односи, ама самата бараше така.
Тоа ти е најдобро решение, баш @Mantub истото го збореше. Нема што ти да се нервираш, мажот ќе се искомуницира што вие сте се договориле.
Кај што спомна свадба, да додадам: ние со мм ич не сакавме свадба голема, сакавме ептен најблиските и само млади, максимум 100 души. Е тогаш се замеша, скокна како така, па она за едниот син кога правела свадба ги поканала сите роднини нејзини до 3то колено, а за другиов син да не ги поканела немало смисла. Па ајде, и го напраивме кејфот пошо се избунтова тогаш не можело тоа така, она живеела за свадбите на синовите, барем тоа задоволство да не сме и го крателе. Како знаеше тогаш да се умеша а сега кога ми требаше помош не ме праша дали ми треба?
Да да истово го пишав така беше ама после сфатив и ја будала. Пошто не и одговараше син и што не знае да се организира полесно е со снашка за било што. Ете и сеа
Мојава СО ГОДИНИ уште не и' е јасно како тоа не даваме да НИ' НАПРАВАТ свадба Нека не и' е јасно, не можам тука да помогнам. Ќеифлаци такви не терам никому. Нема никој да "ми прави" свадба, по негов терк
Просто и едноставно: не можеме сите исто да размислуваме. Јас за мене конкретно не зборувам, имам жена да си платам ако сакам за чување деца. Ама има луѓе што размислуваат дека парите не се се во животот и дека од љубов се живее и дека старите треба да помагаат, дека за тоа постојат. Ај ако не пола држава нека не раѓаат деца зошто зимаат просечни или потпросечни плати. Не можеш да им судиш за тоа. Па и не знаеш пред да дојде дете колку свекрвата ќе ти помага или меша или дали ќе стои настрана, кога е тоа нова работа.
Тоа не е размислување, а заблуда. Со тоа кажано, тие нека си ја живеаат сопствената заблуда, али да очекуваат некој друг да живее според неа, е уште поголема заблуда. Апсурдно и парадокласно. А млади се ќе речеш, способни за многу повеќе. Оигледно не.