Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Така де, ама па има и свекрви што пред да дојде детето на свет ќе те тапшаат по рамо "не ти треба градинка, јас сум тука ќе го чувам" или "нема што чистачка да викаш за генералка и да трошиш пари кога сакаш ќе дојдам јас" И после кога ќе ти притреба нигде ја нема или ќе ти рече неможам сега, или ќе ти рече дојди земи си го детето многу плаче, не знам што му е. Познавам многу вакви примери, во ред ли е тоа па?
    Океј е да не очекуваш којзнае каква помош, нормално дека сам си го правел детето и сам ќе си го гледаш, ама тука збориме за повремена помош кога навистина има потреба.
     
    На Anyshka и Milkiway им се допаѓа ова.
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Хаха исти свекрви имаме изгледа...2г на глава ми се качи Внуче, внуче ние ќе помагаме се што треба, слободни сме, немаме обврски. Не чекајте деца плати и вработување ние ќе ви дадеме и купиме што треба (среќа па не испаднавме будали тотални да се потпреме на изјавиве)
    И сега иде бебе Свеки ЦИУ :rofl:
    И да истово што го пиша се соочуваат сите мои другарки
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.519
    Допаѓања:
    17.552
    Пол:
    Женски
    Што сака нека зборува, мене не ме интересира. Не планирам мое дете да биде чувано дома од домашните, место градинка, училиште, кампови итн. Јас го организирам мојот живот, и нема да зависам од никој друг. Не е логично да се облегам на некој друг, и да се лутам ако ме одбие. Тоа само паразитите го можат.

    Не знам што се трудите да докажете дека некој ТРЕБА да ви помага на дневна база секогаш кога ќе ви скимне.
    Не треба.

    А бие можете да верувате во што сакате.
     
    На Bezimenka90, CameliaMiller, M.B. и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Не е убаво така да збориш искрено.
    Не знам дали имаш деца?
    Ама ај ако немаме финансии да си го живееме сами животот да немаме деца. Греота е така да се каже...
    Не зимаме сите "јаки" плати ама не значи дека ќе останам без деца во животот...
    И да Денес може работиш зимаш плата ама кругот се врти утре може денар да не земеш. Ништо не е сигурно во животот.
    Ај овие што изгубија работа сега од ситуацијава нека си ги дадат децата.
     
    На Anyshka, Martka и Mikha4 им се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Јас да бидам најискрена не би оставила дете константно со баба/дедо и да ми се нудат моите или неговите. Ајде во ситуацијава не можеме да дискутираме, зошто нема градинки и дел од родителите не се комотни да пуштат дете во градинка дури и да почнат, ама генерално на дете му е место меѓу деца и тоа е здраво за развојот на детето. Не мислам дека е правилно надвор од пандемијава да оставаш дете со стари луѓе нон стоп, навистина не разбирам зошто тоа го прават, зборувам за оние кои избираат детето да не оди во градинка. Не зборувам за случаи кои немаат избор. Се надевам не навредив некој, тоа е мој личен став, не сакам да ме сфатите погрешно.
     
    На Anyshka, tina2018, MeowMeow и 8 други им се допаѓа ова.
  6. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Плус, да додадам, свекрвите и мајките не се криви што платите на Балкан се лоши. Дури и еве да се нафатат да чуваат деца што ако нешто им се случи? Свесни сте колку е лесно да се разболиш и/или умреш? И после што прајме? Најголем дел од постарите луѓе кај нас имаат здравствени проблеми пред се од начинот на живот. Мислите дека лесно е на 60 да се справуваш со туѓо 6 годишно дете? Да мислиш што да јаде, што да облече, па не дај боже да се случи нешто одма ти си крив. Тоа е притисок и дополнителен стрес и многу е лесно да сфатиш зошто некои викаат НЕ.
    Поарно ќе родам едно на 35, а дотогаш ќе работам, штедам и ќе барам решение отколку да родам 3 на 20 и после мама да ги чува.
     
    Последна измена: 25 август 2020
    На SandStorm, CameliaMiller, mssuniquee и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.519
    Допаѓања:
    17.552
    Пол:
    Женски
    Пардон, што не убаво? Да кажам дека ниедно дете, ниту семејство, не треба да биде осудено на мизерија? Кам аген?

    Ако немаш услови, сопствен кров над глава, и стабилна работа/приходи- да, нормално е да не оформиш фамилија, уште повеќе да направиш и родиш дете. Уште помалку ако ти лично, и твојот партнер, не знаете дека сами ќе може да се носите со се'.
    Оти во тој случај сите други ви се криви зошто не ви помагаат. Без да разберете дека ти не се должни да ви помогнат.
     
    На Puffy2019, tina2018, Bezimenka90 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    Ај што збориш бре
    Ако немаш финансии ќе ЗАМОЛИШ за помош, а ти во темава почна да ја оговараш свекрвата ко на селска чешма да сме
    Ако ти треба помош а знаеш дека другите не се должни да ти помагаат, тонот ќе ти е поинаков
    Нема да се испуцаваш со полна самодоверба дека пази свекрвата сакала да шета додека тебе ти треба помош, и еден ручек имала обврска да направи, пензионерка била, и како смеела да бара од тебе да ја известиш ЕДЕН ден унапред, кога таа требала да биде достапна за тебе 5 до 12.
    Ако ти треба помош, а знаеш дека другите не се должни да ти помогнат, туку тоа да го направат од добра воља, нема да им правиш математики што обврски имале и колку слободно време
    Ама да не се лажеме дека ова е пошо тебе толку многу ти треба помош
    Балканска работа
     
    Последна измена: 25 август 2020
    На CameliaMiller, Nevenche26, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Идеш во крајност. Не зборам за мизерија од типот Чергашине со коњи по улица што собираат.
    Со нормална работа во МК тешко се заштедуваат пари освен ако не напрајш свадба да ти платат па да имаш за почеток некој денар.
    Ја не знам некој во брак да влегол со пари. Некој да успеал сам да купи стан...ретки случаеви. Други живеат под кирија.
    Мојте се земале на 18 мајка ми била трудна живееле во заедница немале ни двајцата работа. Почнале од Минус. Сега имаат и работа и стан и викендица...во животот заеднички ќе стекнуваш.
    По 35тата многу потешко се останува трудна, а до 35тата тешко се заработува...
    Сопствен кров па ајде можда..ама стабилна работа не знам што подразбираш?
    Еве другар работеше во Бунарџик со години, стабилна работа супер плата..фирмата одеднаш одлучи дека веќе во МК нема да работи и затвори а 100 луѓе останаа без работа??
    За мене стабилна е да ме пикнат во администрација приватното нигде не е стабилно.
     
    На Anyshka и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  10. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Кој им помагал на твоите да заработат за викендица? Ако ја заработиле сами тогаш имаат право да си го ладат сега таму и тебе да ти речат не. Пошто ако не сега кога? В гроб? А, ако некој друг им ја заработил викендицата тогаш има смисла муабетот.
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda и Mantub им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Што збориш бре?
    ХАХАХАХАХАХАХАХА
    Леле не ми се верува Хахахахаххаха ти си стварно откачена само да ми контрираш
    Хахахахха леле ме изнасмеа за цел живот како се избаци со муаебтов што врска нема
     
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не, не, не... Немојте со овие југоносталгични изјави, ве молам. Еве јас знам неколку парови кои сами си го обезбедија станбеното прашање, сите работат во приватно. Сто пати поголеми шанси за подобра плата и напредок има на приватно, ако работиш интелектуална работа. И не, не се работи за програмери.
    Секој нека прави како сака, само муабетот е дека за дете и тоа како се потребни финансии. Мислам, може да сакаш да си млад родител и убаво е тоа, само треба да е човек спремен на последиците. Не може после да се очекува сите да скокнат да помогнат зошто твоја желба било да си млад родител. Во животот правиме одлуки и треба да се носиме со последиците.
     
    На Mami3, CameliaMiller, Nevenche26 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Па не баш. Муабетот е прилично логичен. Твоите почнале од минус и заработиле, те прашав дали некој им помагал? Ако да, тогаш сфаќам зошто мислиш дека мајка ти и свекрва ти се должни да трчаат кај тебе на повик. Ама, ако заработиле сами тогаш зошто не сфаќаш дека сакаат да уживаат сега во тоа? Пошто ако ги гледаат и твоите деца нема кога.
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, baby-star и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    А кој кажа дека се должни?
    Или дека мајка ми ме одбила некогаш :rofl: или дека со мм чекаме финансиска помош:?:
     
  15. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Не де не викам тоа. Јас баш напоменав 2г сме без деца зошто ствараме.
    Јас кажувам дека не можеш да кажеш Еј не си требала деца да имаш ако немаш финансии или пари.
    Еве јас остнав трудна и стабилната ми фирма ме зашутка и сега да го вратам некако бебево?
     
  16. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Па свекрва ти ја напрај подолу од гомно ете тоа кажува дека ти мислиш дека се должни. А, за мајка ти збориш се најубаво пошто не те одбива ;)
     
    На cresa-jagoda и baby-star им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Па дека викаш не знаеш некој во брак со пари што влегол. Јас па ретко знам некој што не влегол, освен ако е непланирано семејството. Може и во различни опкружувања сме.
     
    На CameliaMiller, Nevenche26, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    :tmi: полека со изразиве
    Ај те молам кажи со што сум ја направила?
    Ми се може бе да ја направам :rofl::rofl::rofl::rofl: Ти полека да не препуцаш
     
  19. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Може да. Јас тие што ги знам почнуваат со кредити за стан на 30-40год и чат пат потпомогнати од домашните зависи кој колку и како.
     
  20. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Не знам како ќе биде во мојот случај, досега не ме 'тапшала по рамо', за други случаи што ги знам зборев :D Еднаш само рече 'Ее па што се секираш за чување деца, ја секако ќе одам во пензија, ти само роди" ама ќе видиме на дело:D По јатрва ми гледам дека на почетокот кога се породи одеше кај нив секој втор ден само да го види бебето, а она со царски беше и мајка и нејзина беше повеќе од помош околу бебето и домот. Брат му на мм за жал ич не и помагаше и мораше да има помош од страна. Сега за чување и свеки го чува внучето не дека не, ама само кога неа и одговара.
    Немам преголеми очекувања и не ни сакам. Нека си стои на страна ама и нека не паметува за други работи како мешање за името, крштевка дали да имало, дали да оди во градинка-работи кои јас и мм треба да ги одлучуваме како родители.
     
    На Anyshka и Idedemja им се допаѓа ова.