Не сакам да го оставам детето друг да ми го чува и воспитува за јас да чистам. Малата заспива во 9 и најчесто тогаш готвам за утредента, чистам, или лабавам со винце и серија. Им го носам детето за да си поиграат без никаква обврска, затоа што и она им се радува и на едните и на другите. Ми помагале, особено кога тргнав на работа, се комбиниравме сите со одмори и фала им. Ама тоа било кратко, со претходен договор месеци унапред. Друго што ми паѓа во очи е муабетов дека не се можело во Македонија без заедница. Се може многу добро, ама не секој сака да се заглави со кредити на 15+ години.
Градинка е поздраво за развој на детето,апсолутно не сум за нон стоп со баби и дедовци ама за да тркнам на викенд во Маврово за да одржам бонд со мм зошто да не би ги почувале,тоа би било 2 пати годишно.
Не мораат. Ама некогаш одма расправии зошто не сакале. Јас се помирив со тоа дека нема кој да ми ги чува децата. Ако сака да ги чува, ок. Ако не, ќе се снаоѓаме.
Тоа е тоа кога ќе дојде некоја таква и ќе ја растури цела фамилија, ќе ги раскара и ќе ги остави без ништо, ама не е она крива крив е тој што и дозволил, ама изгледа и тој е како неа. Не викам да не е од нејзина страна, ама за вакви работи не треба да и дозволи да се меша. Таа за да добие прво треба да заслужи.
Така де,има баби и дедовци што сакаат да ги чуваат,мене ми е чудно што одма овде се напаѓаат родители што оставаат деца на баба и дедо.За тоа се разговара,ако се изјаснат дека им е терет тогаш не сметашнанив и нормално не се ни лутиш,ама барем си начисто и си планираш и се снаоѓаш.
Свеки ЕДНАШ дојде да ми помогне, цел ден се влечкаше и офкаше колку е уморна. На крај од нос ми го извади и од тогаш си реков- никад више. Ќе платам жена или сама колку можам. Кога одиме кај нив она си работи, кај нас јас. Додуша кога ќе дојде се пика во кујна, иако неколку пати сум кажала да седи. За дете ниту сакам ниту очекувам помош. Тешко е, финансиски и физички, ама на волкот му е дебел вратот затоа што сам си ги фаќа овците. Не се осеќам должна, така да и на неа ако и треба нешто, ако можам ќе помогнам ако не нека се снаоѓа.
Баш заради овие работи несакам да ми се мешаат. Утреден ќе биде - она ми го бањала, чувала, хранела детето, на старост кога ќе клекне јас ќе треба да ја пазам. Епа не сакам. И дедо ми по мајка е сам, оди мајка ми еднаш месечно му чисти, ќе му замеси нешто и толку. Не оди татко ми. Баба ми од татко ми, што и да треба татко ми си и помага, мада и дедо ми и баба ми све сами си прават. Штом дедо ми, тазе вдовец на 70+ може сам да си прави грав, боранија, мусака и незнам што можат сите. Ако и треба помош на мајка ми јас и брат ми ќе и помогнеме, ако и треба на свеки ете го маж ми и сестра му. Ама да гледам и пазам стари, зошто ми гледале деца, мало сутра. Тоа и се очекува во ова наше општество.
Пазете си ги, гледајте си ги кој сакате. За свеки од скоро никаква емпатија, ни емоција не ме допира. Чим син и крена раце, јас ич не се замарам.
Децата ќе пораснат и нема да ги гледаш дома да ти се свртат. Не гледам поента јас да си ја прчам два дена негде, дете со баба и дедо да седи. Пред деца сме шетале сегде сами, за 10тина-15 години пак ќе шетаме сами. Во меѓувреме ми нема поента јас да уживам негде, бебе/дете дома со турски серии и чоколади за доручек и вечера 2 дена. Така не оставале мајка ми и татко ми мене и браќата и ич не ми било убаво.
Во какви крајности одиш,очигледно нешто исфрустрирана или во лоши односи со старите па нафрлаш мислења,има баби и дедовци што даваат здрава храна на децата,за делот со прчење и дека ќе чекаш 15 години да прошеташ сама не би да коментирам,очигледно на форум свашта ќе прочиташ,дали и во пракса ви е така нз.
Една иста случка од свекрва ти ја моташ и ги правиш сите баби и дедовци а се несовесни и лоши за децата. Познавам еден куп на баби и дедовци кои со многу љубов и грижа, понекогаш повеќе и од самите родители ги гледаат и чуваат децата дали секој ден или еднаш во три месеци.
Можеби има некои родители што го очекуваат тоа од децата и утре и ќе преречат за тоа ако не им се исполни очекувањето, ама тоа не треба да се гледа како обврска. Или обратно, и они не треба ни да се нафаќаат да ти чуваат дете ако тоа го доживуваат повеќе како обврска отколку задоволство. Нема љутиш, ама треба да има отворен и искрен муабет со родителите. Ако сакам и ако можам ќе помогнам на старост и на мајка и на свекрва (зборам ако нема никој ни чаша да им подаде), без разлика дали они ми чувале деца или не. И без разлика дали сум живеела сложно или не со некого, нема да го одбијам за помош. И комшија да ми е, би се нашла ако му притреба помош. Ама тоа сум јас. Не треба ни око за око, заб за заб да се гледа. За твојот став околу одењето негде на 2 дена сами со сопруг не се сложувам, зошто сепак се работи за 2-3 дена во годината и мислам дека секој може унапред да се договори со мајка или свекрва за детето да го чува и детето нема да биде превоспитано за толку кратко време.