Ако де, јас за мене си кажувам. Не реков дека ќе е превоспитано, моментално детето ни е центар на светот, сега има најголема потреба од близина со нас. А каде прочита дека пишувам за други баби и дедовци? И свекрва ми го сака многу син ми, па од преголема љубов несака да го остави да запишти за ситница одма све му се нуди. А ако збориме за одење негде, сега би одела негде, за и син ми да види, да прошета, било каде, било кога. Ваљда бев толку сигурна и спремна да сум мајка, па си се носам со сите "тешкотии" со огромна љубов и воопшто не ми е проблем да му посветам внимание на мм после 9 навечер и да не се осеќаме запоставени.
Ти си знаеш најубаво, не се мешам. Има мајки што првпат ги оставаат децата на викенд со баби/дедовци на 1 година, и има мајки што не ги оставаат до 7-8, па и повеќе години. Има такви што секој викенд ги оставаат децата и такви што го прават тоа одвај еднаш годишно.Не се ни едните ни другите за осудување, секој си го знае најубаво детето и си знае што и колку може да очекува од своите дома во поглед на чување и помагање. Се е ствар на договор и желба на родителите, бабите и дедовците.
Чудни жени има навистина ем имаат маж покрај нив ем им треба помош од трета особа а што да кажат жените што се со мажи во странство и што сами растат деца од бебиња? Ајде стегните се малце и предземете сиги работите во свои раце добра стратегија и има време за се
Ама тоа е сосема различно, и за детето е добро да помине викенд со баба и дедо, се разбира ако се способни да го чуваат. Ама факт е дека многу баби секој ден деца чуваат. Имам комшика со три деца и од нив, пет внуци. Децава се нон-стоп лути на мајка оти ги откачи сите. А ги откачи зашто осет немаат, па сите 5 деца наеднаш очекуваа она да ги чува.
Ама не е проблемот да ги оставиш децата некогаш за да се одмориш 1-2 дена, ако претходно им најавиш. Целава оваа дискусија излезе од: мене ми сметаат средствата, свекрва ми не сака да дојде да чисти. За свекрва ти се омажи или за маж ти? Ете му ги средствата нека очисти. Никој не збореше за помош кога треба (макар да е тоа за некој да се одмори) туку очекување дека некој МОРА да е 24/7 достапен дури и тогаш кога не е итно (чистењето и да е итно имаш маж со 2 раце)
Тогаш проблемот е во менталитетот на родителите на маж ти. Мојте родители не гледаат турски серии. Внук ми кога оди на викенд кај нив јаде манџи најчесто никогаш пржено и само домашно слатко. Пред да му купам чоколадо прво ја прашувам сестра ми дали смеам да му купам. А и детево само ми вика дека мајка му не му дава да јаде чоколадо. Он до 2 г не знаеше чоколадо што е. Никој не и одел контра на сестра ми. Затоа она го остава викенди и кај мојте и кај свекрва и подеднакво (они сами го бараат да го носи). Она со маж и ќе излезе ќе прошета ќе се види со другарки итн.. Не гледам причина зошто себично би го чувала..кога ја се омажив и кај нас доаѓаше по цели денови и стално одевме пред коронава во зоолошка, парк, шетавме... Не е убаво да се оттуѓува дете. Бар од најблиска фамилија. Тоа ми е дефинитивно! Детето влегува во бракот, а не обратно. Не треба запоставување само зошто дете дошло. Ако пред брак сме шетале ќе си дозволиме и сега макар на еден ден. Интима дома со креветчето во соба и бебето во него не знам колку е возможна...Ама луѓе забораваат дека се во брак. Сите мои пријатели практикуваат оставањр на дете за викенд и одат некаде со мажите сами ...па нема да го изедат бабата и дедото
Незнаев дека интима постои само во спална соба Незнаев дека свекрва и мајка ми требаат, за да имам имтимност со мм. Ич незнаете да импровизирате
Ако имате секс само на кревет во спална, па сега детето ве спречува, тогаш и пред него ви било многу досадно.
Па ти си збориш за себе и твојата фамилија јас за мојата. Доколку не се почитуваат правила кои ЈАС како МАЈКА сум ги поставила, ништо не е себично. Како што имаше една членка неколку пати пишано, да гледаш внуче не е право, туку е привилегија.
Си давам мислење на твојот проблем. Јас мислам ти не си расчистила на време и не си поставила граници веројатно многу им ќутиш. На сестра ми не смеат да помислат да контрираат. Мора да се знае која е мајка а која баба.. а ти пошто жувееш во заедница нема бегање од нив Не знам така нагаѓам уште не ми е родено бебето еве кажете вие
Ова “немаш финансии” го мислиш баш вака како што го пиша или релативно е? Имаш дете ти? Буџет имаш направено за 4години однапред пред да го родиш или како? Да си роден во фамилија и да створиш своја е баш исто од аспект на финансии што ти ги збориш
Го пишав тоа што сакав да го кажам, и е сосема јасно. Нема, значи нема. Како сакаш изврти го, скрати од некаде за да покриеш друго, пак за нешто ќе нема (финансии). Да, имам планови за наредните х години, а со тоа и планови за кариера и финансии, и ако немам стабилни приходи/ не сум таму кај што сакам да бидам, нема да се обврзувам. Уште нешто не јасно да те интересира за мене?
За жал не секогаш може да се предвидат финансиите и околностите кои следат. На пример ние чекавме години да се вработиме, да купиме стан па тек сега чекаме дете. Арно ама се случи пандемијава на маж ми му се намали работата, односно приходите за 80%. И така еве со месеци. Што имавме заштеда потрошивме, а дете е на пат...така да добро е да имаш на кого да се потпреш во вакви моменти. Знам секакви случаеви, имам другарки кои отидоа во готови, наместени станови, свекрви и мајки трчаат да им готват. На една и родителите на маж и им плаќаат сметки. Некои пак како нас цел живот сами од нула, а има случаи и каде што младите им помагаат финансиски и секако на старите...така да кај секого е различно. Во секој случај кога гледаш дека некој се мачи, човечки е да помогнеш без да префрлаш и да очекуваш контра услуга. За жал ваквите случаи се мноогу ретки, затоа и повеќето сме оставени сами на себе.
Се е во ред тоа што сакаш да си имаш испланирано, НО животот не секогаш ќе се движи во насоката во која што ти си замислила. Приход сигурен не постои, освен ако немаш некој капитал или огромна заштеда. Вработување барем во нашава држава нема стабилно, на помош не можеш да сметаш. И не е поентата сѐ да имаш испланирано и да чекаш работите да ти се наредат, туку да го извлечеш максимумот од себе во секоја ситуација. Жртви ќе има, но битно е да ја знаеш крајната цел и да се движиш кон неа со тоа што го имаш во моментот, макар со ситни чекори. Буквално сѐ се случува во животот и не е убаво толку сигурно да тврдиш како ти одиш по еден план и тоа е тоа. Не зависи сѐ од тебе секогаш. За тебе не е добар таков мајндсет.
Целото мислење ти е контрадикторно. И да, плановите и целите се тие, и тоа е тоа. Другото се адаптира, тие ретко се менуваат, само надоградуваат. Толку просто. И не знам зошто го коментираш мојот мајндсет кога, прво - не знаеш скоро ништо за мојот мајндсет всушност , и второ - тоа не е темата. Дај барем еднаш држете се до тоа што е пишано и дискутирајте без да почнете со личните анализите на членови на анонимен форум. Нема логика и поента.
Затоа што многу сигурно настапуваш за живот и животни ситуации кои се менливи од ден за ден, а не за неколку години. Убаво е човек да има планови и цели, ама да се тупкаш во гради дека да, 100% ќе испадне по нив за х години однапред, едноставно не е логично. На форум и тастатура се е можно, да, ама во животот не е така.
Зарем некој настапува несигурно за било што во животот? Да сигурна сум во себе, во кој треба да бидам? Во свекрвата? Свекорот? Мама и тато? И дај доста со тоа "на форум и тестатура...", не секаде каде што се става му е местото. И реков дека адаптации има, ама не и за планови и цели на долги стази. Зарем толку тешко е да се разбере и процесира податокот? Или вие не го правите тоа па готово, не е можно, прикаска за на форум е.
Добро, се надевам нема животот непријатно да те изненади, па да не знаеш на каде да фатиш после . И што мешаш свекрви, мајки, шајки, кога зборувам овде за ЛИЧНИ планови?!
Лол, да, мене како подмачкано ми е цел живот. Па да, зборувам за лични планови и јас. Лично за се грижам. И ќе се грижам. Без да очекувам помош. Од свекрва. Оти тоа е темата ако ти се промакнало.
@Nevenche26 и јас ова исто ќе ти одговорев, само би додала и емпатијата треба да е со граници. Не е пожелно од емпатија да дозволиш да ти трпи и приватен и професионален живот, ама важно ти од таа емпатија ги гледаш и пазиш постарите влакно од коса да не им падне, додека тебе се ти тоне. Ако се толку захтевни до степен да ти го узурпираат нормалното живеење и финкционирање има служби за тоа. Мајка ми јавно си кажува дека не сака да пречи никому и кажува каде сака да биде догледана на старост. Не треба ни младиве себичност до степен да не сакаш чаша вода да подадеш, ама па и постариве не треба да ја злоупотребуваат таа добрина. Убаво реков и прогоре за се во животот најдобро е поставување според околности, ама не до степен да се погазите себе.