Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Tи посакувам никогаш да не осетиш на своја кожа како е да ти се смени животот во дел од секунда и никогаш да немаш очајна потреба од луѓе за помош околу тебе. Ќе дадам еден суров жив пример (малку надвор од темава за свекрви ама сепак има некоја поврзаност)
    Другарка ми трчаше по кариери, ствараше, шеташе и си ги оствараше плановите и целите и се супер си исполна се додека не роди и детето не и наполна 8-9 месеци кога му дијагностицираа некоја болест со физички застој во развојот. Детето има 3 г и врзано е за количка, не оди, не зборува. Девојката сега има потреба од мајка, сопруг, свекрва, кој било, барем на 1 саат во денот, дополнителни финансии кои изнесуваат по околу 200 евра месечно кои не ги планирала претходно нели, а за да не им става товар на мајки свекрви си даде отказ од работата за да си го гледа детето. Јес да се ретки вакви работи, ама се случуваат. На секого може да се случи.
    Секогаш гледајте ги со резерви работите во животот. Океј е и нормално е да се имаат планови и цели и да се стремиш кон нивно остварување ама треба да се биде спремен на се. Ете и прости примери-работиш, ствараш капитал, и кога почнуваш да ствараш фамилија едниот останува без работа и бум- треба да живее фамилијата со една плата додека не се најде нова работа што овде во државава таа потрага може да трае и со месеци.
     
    На Anyshka, MeowMeow, Dust и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    7.386
    Пол:
    Женски
    Што е контрадикторно во моето мислење? И јас бев како тебе, додека не се најдов таму каде што никаде не мислев дека ќе се најдам. Замисли, дури 24 години сѐ ми беше како подмачкано и бев убедена дека тоа е тоа, секој план си го имав реализирано во рекодно време, но не е така. И ако некој ти дал добронамерен совет, не мораш со напади да настапуваш одма. Јас изгубив време да ти пишам да не се удираш многу во гради за утре да не си ја чукаш главата дупло, а ти сфати ме како сакаш. Ти посакувам сѐ да испадне како што планираш, и да не мислиш дека е крај на светот кога нешто ќе тргне наопаку, како што ми беше мене. Ама јас сѐ уште учам да се носам со новите ситуации, не мислам дека сѐ знам, за разлика од тебе. Поздрав и не мораш да се расправаш со мене, нема да ти го нахранам доволно егото.
     
    На Anyshka, Martka, Autumn_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Ве читам веќе четири дена и до каде стасавте од свекрви до лични планови.

    Мене ми забоди очи ова “ свекрва ми ми избриша под и ми рече еј ние ти избришавме под ај сега вечера части” и некоја членка им рекла “ве тераше ли некој, кој ве тераше”.
    Ваквиот одговор е полн со омраза, без емпатија, без ценење на трудот од свекрвата.

    Јас би одговорила културно “Фала ви, друг пат ќе идеме на вечера,уморна сум”
    Ете за под нека биде ќе резервирам ресторан,со убаво,со се.
    За да им текне дека кога веќе даваш малку не очекувај ништо за возврат.
     
    Последна измена: 26 август 2020
    На Mami3, baby-star, minne992 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    И јас исто размислувам како @Snow-Star , може таа да е подиректна во изразувањето ама горе долу е тоа размислување.
    Сите во животот планираме, замислуваме. Често, ај да не пишам пречесто замислите не испаѓаат исто во реалноста ама во главно патеката по која се движиме е таа, однапред ја исцртуваме. Секогаш ќе има скратен и подолг пат, ама пак е истиот пат, кон исто се стига.
    Ај поконкретно да имам завршено средно и 18 години без ни еден ден работен стаж сигурно нема најважна цел во животот да ми е да се омажам и родам, прво (ќе) се трудам да создадам услови сама да можам да се издржувам, па некој ден кога ќе бидам и психички и финансиски спрема да гледам и некој друг покрај мене.
    Никогаш не би се ослонувала на некој друг, затоа што другиот/ другите никогаш не се загарантирани.
    Помош е добредојдена не велам не, но не сакам помош од секого.
    Ако не можам сама прво ќе се обратам за помош кај сопругот и за совет како да смениме и подобриме нешто заедно.
     
    На SandStorm, Annora, FVP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    7.386
    Пол:
    Женски
    Па мене поентата ми беше дека да, целите се тие, но редоследот на настаните не мора да е секогаш однапред зацртаниот. Еве јас сакав да магистрирам и да си решам станбено прашање пред да се омажам, замисли не го направив тоа. И не е крај на светот. Се омажив и родив дете, па го решив станбеното прашање. Ќе магистрирам кога ќе пркне детето. Животот некогаш го менува текот на настаните, на нас е да не се откажуваме кога тоа ќе се случи, туку да си продолжиме со остварување на целите кога ќе биде тоа поизводливо. Ама некои луѓе не сфаќаат што сакаш да кажеш, па одма си контрадикторен. И не е ова темата снаи и свекрви, јас се одјавувам тука со оф топик муабетов.
     
    На Skorpija25, tina2018, Autumn_ и 4 други им се допаѓа ова.
  6. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    и јас сум -бев како тебе, сама отворив и издигнав успешна фирма во 20тите.
    ама ете животот е непредвидлив, ќе се деси пандемија и се што си градел може да се сруши.
    финансии -некогаш ќе се имаат повеќе некогаш помалку, не треба да се пречка за ширење на семејство,зошто способен човек секогаш ќе знае да исплива на површина и да почне одново и да се бори и детето да не му е пречка при тоа.
    како и да е секој си решава за себе:) не ти е погрешно размислувањето,секогаш свесно треба да носиме одлуки, барем и јас така мислам,а не да се водиме според моментална емоција.
     
    Последна измена: 26 август 2020
    На Dust, tina2018, ForeverYoung и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Мене не си ми контрадикторна, те разбирам и тебе и неа, таа може така подиректно напишала. Некои од вас споделуваат лични искуства дека секогаш не е онака како што замислуваме со редоследот на нештата, ама зборувате за отстапки од планот кои можат да се случат понатаму. Сепак во главно првичната замисла е таа. Сигурно никоја од нас свесно не би влегувала во трошоци кои не може да ги подмири на долги стази.
    Дека да зборуваме најискрено имање дете и се неопходно за негов раст и развој е дополнителен трошок, а ете спомна некој погоре случај не дај Боже да треба и плус издатоци во случај на болест. Треба трезвено размислување што сакаме, кога сакаме и како сакаме да го оставриме тоа.
     
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Малку се мешаат поимите 'директна' и 'невоспитана' или 'некултурна', како сакате. Можете да испишете 300 страни за тоа колку сте успешни ама човек што постигнал нешто во животот е среќен и исполнет, а не исфрустриран и дрзок кон сите. Замислете уште го немам решено станбеното прашање, немам долгогодишна кариера ама сум пресреќна и немам потреба денеска да нападнам никого на форумот за да се осеќам жива. Продолжете слободно, I don't care 8)
     
    На Dust, pianogirl, Macito007 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Животот може да те изненади. Ама, едно е да имаш финансии во моментот кога планираш семејство па нешто да се случи и да снемаш финансии, а друго е да планираш семејство без никакви финансии и да се лутиш на свекрва ти пошто не ти дава пари. Разбирам да изгубиш работа, ги потрошиш парите на лечење или слично. Тогаш секој ќе ти излезе во пресрет (посебно блиските), ама не може со 0 денари да прајш деца и после мамо дај ми пари. Татко ми кога се женел имал работа со која не издржувал комотно сите 3ца. 10 години покасно двајцата ја изгубија работата во рок од 3 месеци и тогаш дедо ми ни ја даде цела пензија. Ама никој не му ја побара, ниту па очекуваше дека ќе ни ја даде, ниту ќе се налутевме ако не ни ја дадеше. И моите не рекоа еј супер сеа имаме приход туку бараа работа, се снаоѓаат, работеа по 2 работи со години.
     
    Последна измена: 26 август 2020
    На CameliaMiller, 1209, ForeverYoung и 5 други им се допаѓа ова.
  10. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    964
    Проблемот на тие со ставот "сакам/в да бидам млада мајка" не е во овој став туку во тоа што се уверени дека бидејќи се млади и не можат да се справат со тој "предизвик", физички, психички и финансиски секако, родителите МОРА под дифолт да им помогнат. Ова второто е доказ дека не се созреани доволно, а тоа е голем проблем ако сакаш да бидеш родител зошто немоќта да се снајдат со новата ситуација поради незрелост води кон незадоволство и фрустрации кои детето ги чувствува и секако не му влијаат позитивно. Секоја чест на исклучоците ама тие на нашето поднебје се раритет. Ако сакаш да бидеш мајка на 22/3/4/5 год. биди, тоа е твоја одлука, ама ако родителите не сакаат да помагаат, прифати го тоа и почитувај ја нивната одлука. It's as simple as that.
     
    На Bezimenka90, Nevenche26, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.575
    Допаѓања:
    97.501
    А каде ти во мојот пост препозна ваков став каков што ти го опиша?:^)
    Ама не, само да се паметува.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Не беше ништо лично ко тебе има премногу вакви одговори, па го цитирав последниот. Сакав само да објаснам што мислеше Show-Star. Ете извини што го одбрав баш твоето :)
     
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Животот апсолутно може и не само тоа, туку скоро сигурно и ќе те изненади. Ама не гледам како е тоа аргумент против планирање семејство без соодветни финансии, баш напротив. Нормално, не зборувам за палати и чаден лосос за доручек секој ден. Зборувам за минимално да може да се помине месецот. Еве јас сум дете на родители кои останале без работа еден период, нормално дека ќе има периоди каде ќе крпите од денес за утре во животот.

    Целата поента на тоа да се има стартни финансии е за не се влезе неспремно во тоа. Утре може старите ќе се разболат, па секако ќе нема помош, ни за детето, ни за финансии. Тоа беше целта на првите мислења, барем јас така ги разбрав. И нормално, дека многу е покомотен животот надвор од заедница, мислам дека вреди да се штеди пред бракот за учество, па и да се заглавам што викате и на 30 години со кредит, за да не ми биде секој ден исполнет со стресови од фамилија. Ама пак, тоа е мое мислење, пак секој си носи лични одлуки.
     
    На CameliaMiller, tina2018, Annora и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Panda girl

    Panda girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    И јас САМО читам. Интересно...

    А ми е страв да се пуштам во конверзација:D

    Уствари никој може и да не ме исперцепира од толку пишување за проблемите со свекрвите
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Хахаха абе ај важи дека многу ќутам. Ко навиена сум, ама за некои карактери џабе е. И ајде сите заедно да повториме "Живеење на различни спратови, со се посебно и сметки и јадење, не е заедница".
    Убаво се знае која е мајка кај мене која е баба. Затоа го гледа јас кога сакам, ако денес несакам да и го однесам нема да го види. Кој како ќе си посее...
     
  16. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Епа добро тогаш немаш зошто да се жалиш. Значи функционирате исто како повеќето од нас што сме во различни населби со фамилијата.
    Ти дека пиша си и го оставала на чување..зошто и го оставаш а после тука се жалиш дека не ти чини?
    Батали ја и готово
    Со среќа
     
    На Jana06, kukla21 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  17. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Ти здосади да ме цитираш, па ај сега индиректно ќе боцкаме? Нека ти боде очи колку сака, ти вака би одговорила, јас така. Да не беше на тој начин кажано, како и многу други работи пред тоа што ме натерале на таков одговор и кафе и благо ќе им направев. 1000 луѓе 1000 карактери.

    Хахахаха тоа беше пред повеќе од година. Читај убаво. И во вц со мене си го носам ако треба, и на пазарење и сегде. Ни мајка ми, ни свеки, сами со мм. Кога ќе почнам на работа ќе тргне во градинка.
     
    Последна измена од модератор: 26 август 2020
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Јас немам се уште деца, но и сега не сакам помош од свекрва. Многу пати она сама без да се понуди ми "помагаше". Ќе земе да ми испегла алишта, оти заедничка машина уклучувавме. Се дрзна и да ми зима од спратот неиспеглани и да ги пегла. Јас кога ќе ги спружам нивните не им ги пеглам, само им ги симнувам. На сите не ни е омилена активност пеглањето, па да пеглам дупло алишта. А она ко демек добрата, ме пегла. И тоа најмногу ме изнервира летово ние на одмор или викенд она пеглала и зимала да пегла мене што ми беа оставени алиштата на даската за пеглање пред да одам на одмор.Мм и рече кога јас многу се налутев оти ми скисна. И она ко навредена демек треба да ги двои алиштата и се симна по скали лута. И замислете пак продолжи исто, додека не и реков јас еднаш кога ми ги качи, дека јас си пеглам горе, не треба да ми пегла. И горе си спружирала додека бевме на одмор, секако повеќе место има де. Тоа со спружирањето додека се одвикна од горе живци искинав, ете сега можело и доле. Му кажав на мм дека посебно ќе пуштам машина, а не заедно ко пред тоа. За жал ние немаме вц, во план ни е понатаму, го користиме нивното, со внатрешни скали сме. Ми беше криво што машина не ставив во кујната, ама бидна. Може ќе речете не ценам помош, ама тоа услуга, па да се очекува противуслуга не. А и лични граници си имам. Некој да ми пегла, па да ми шета по спратот, да ми остава не.
    Друг проблем откако направивме кујна, посамостојна сум, оти никој не ми се меша во готвењето, но јадеме заедно. Си помагаме тука и со готвењето, ама јас радо би готвела башка, што има некој спрема мене да се прилагодува или јас спрема нив, ќе си зготвам што сакам. Или па не готвам тој ден. Па чекање, кој кога си иде. Едино кога е втора смена јадеме башка, но готвам и за нив. Мм вика со тек на време ќе јадеме и сами, кога ќе бидеме со фамилија, сега ова не го гледа за проблем.
    Имав и други проблеми повеќето се решија, зависи многу и како ќе се поставиш и ти и мажот. Колку толку сега сме самостојни.Јас да сум свекрва ќе си стојам за се настрана, што има па и некој да биде обврзан да се прилагодува кон мене, нека си јадат сами. Најбитно е со мажот да си тераат за се сами.
    Оно најубаво настрана да живеат, ако можат и ние сме во можност да помогнеме.
    Кога ќе имам деца ако имам потреба од помош ќе барам, ако ме одбијат нема што да се лутам. Секако ќе настојувам да си ги гледаме децата сами јас и мажот.
     
    Последна измена: 26 август 2020
    На Anyshka, Осе, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Добро де некои ги оставаат и носат некои не. Ништо страшно.
    Не те прави ни подобра ни полоша од останатите.
    Секој си има свој начин на функционирање со блиските.
     
    На PinkGirl* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Ама ти немораш да се пронаоѓаш. Јас за мене си зборам. Ти како мислиш така фунционирај. Кај прочита дека се правам подобра или полоша од некоја?