Форумџика на годината

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Јас не се ни сеќавам дека ти си го пишала, фала што ме просветли.
    Што да очекувам друго од членка без емпатија?!
     
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Па не знам цело време на се контрираш. Не само на мене туку и друга да се пожали или да има поинаков став кажуваш дека не е во ред.
    Не е во ред свекрвите да ни помагаат, да ни причуваат дете, да ни спремат ручек.
    Ако твојата е несалам и остава дете со чококадо цел ден или ти прај проблеми да се нервираш и сакаш да си одделена другите не сакаме.
    Сакаме да ни чуваат деца на викенд а ние да си одмориме 2 дена.
    И затоа викам тоа не ме прај нит полоша нит подобра...секој како што си милува така треба да прај.

    Лошо е во заедница за жал не можеме сите да сме одделени и да почнеме самостојно.
    Обиди се полека да си воспоставуваш свој некој ред.
    Ако живееш со нив не си должна да ги чекаш за ручек не се осеќај дека си некому должна нешто.
    Не знам како ви е дома Ако имњте можност да си стајте одделно маса и 2 столчиња во вашиот дел мислам дека ќе си олесниш
    Зготви доле качи горе..полека ќе се оттргнуваш.
    А за ручек заеднички можеш 1 -2 неделно. Бар јас така би постапила во таа ситуација.
     
    Последна измена од модератор: 26 август 2020
  3. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Не летај многу кога ќе почнам ќе тргне во градинка,да не дојде ден да ја молиш да ти го причува.
    Еве доаѓа време градинки не работат а на работа мора да се оди.
     
    На kukla21 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  4. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Ќе стиснам заби, и така неколку месеци не работам, работам нешто ситно од дома. Воопшто не ми е проблем што сеуште не работам. Во моментов детето ми е најбитно, за пристоен живот имам.
    А овде кај што живеам јас, прават список на деца кои ќе почнат во градинка од септември. Жена ќе платам ќе ми чува, цела плата неа ќе и ја давам, штом мм така вика, нема што да му се контрам, ми одговара.
    Не летам ич, си ги знам можностите.
     
  5. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Во последно гледам и да не чекам. Пр. ако излегувам или на работа сум јадела кажувам дека сум јадела. Во кујната имаме простор за маса, голема е кујната. Но и кога би ставиле не знам како да им кажам дека сакаме башка да јадеме. Они ко да не го сфаќаат тоа, или да мислат дека и за тоа ги двојам, посебно свеки со која гледав колку можам повеќе да поставам граници.
    Стварно јадење 1-2 пати неделно или само за викенд е многу подобро.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Во вакви ситуации колку побрзо постсвиш граници и си ги земеш работите во твои раце толку подобро. Колку покасно, толку повеќе ќе има тензии.
     
    На Anyshka и mynameislove им се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Да те разбирам сум имала во фамилија вакви случаи
    Глеј нема нежен начин подобро порано него после ќе се дурлат поише.
    Оди купи си маса. Не мора 2 столици така ми беше зборот.
    И кажи преку смеење : Фала што ни ја позајмувавте вашата маса сега имаме наше место за ручек па ајде ќе зготвам нешто за соте неделава и толкуу
    Ама ич не им се потресувај.
    Па која жена не сака свое катче, кујна маса...нека не се прај и свеки твоја наудрена.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Нее секогаш така како што сонуваме.
     
  9. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Даа и после мене ми солат памет како не постоела стабилна работа, како финансиска сигурност била илузија, како никогаш не си бил зрел за деца, ниту спремен. Да важи исто зрел си на 21 и 28. Никогаш не сум ги осудувала, ама ќе почнам да верувам дека им е криво што го направиле тоа па сеа се докажуваат со мене како е тоа прекрасно.
     
  10. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Добра ти е идејата, но кога реновиравме дојде комшиката да види и вика тука што убаво ќе биде една маса да си ставите, а свеки одма рече ааа па ние заедно си јадеме. Така знам дека неодобрување ќе има. Мислев на мм да му препуштам да каже. Вистина он не и ќути и за многу работи и рече што ми сметаа. Спратот и беше ко корзо неа, додека ја одвикнавме ехее. Само он вика тоа не било некој проблем, може ќе се премисли. Вакви работи како мешање во приватност ме дистанцираа од неа, за жал. А не е лоша жена, ама различни карактери си го прават своето.
    Она дека функционирала супер во заедница мисли сите треба така.
     
    На Anyshka, Осе и Milkiway им се допаѓа ова.
  11. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот што си се омажила пред да магистрираш. Не е крај на светот, факултетот не ти бега. Проблемот е што тоа не е живот, виша сила, Господ, универзумот. Тоа си ти. Ти си одлучила да се омажиш пред да магистрираш. Не ти се смениле плановите туку така, ти си одлучила да ги смениш. И тоа не е ни лошо, ни страшно, ама тоа не е животот, тоа си ти. Јас имам ист план и еве една година ме дели од магистер. Може во таа година јас ќе се премислам и ќе се омажам, ама тоа не е животот, тоа е моја свесна одлука. Ако ти се случи несреќа, болест, смрт, губење работа (не по твоја вина) е тоа е животот. Ова е лична, свесна одлука.
     
    На CameliaMiller, tina2018, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Незнам што би било сон во ситуацијава. Да најдам работа и жена за дете чување? Ок, нека е
     
    На crazylady и sara97j им се допаѓа ова.
  13. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Технички е сон. Ама остварлив сон. Со потење на газот ама :D
     
  14. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Е ајде де ама ќе се навикне.
    Имам баба една исто така се понашаше син и спрат крена и нејзе корзо. Одеше горе и филџаните и ги миеше на снаата. Онака ќе влезе гледа садови мие.
    И на крај снаата сама си пререче. Ништо баба ми се лутеше и уште е таква се лути. Ама гледа дека никој не ја поддржуваме. И сфаќа дека младите другачие живеат.
    Мора да сфати. Нејзе и е интересно сите заедно ајде инаку што ќе прај друго ќе се досадува:lol:
    Затоа не го оставај само маж ти да збори и ти си во таа куќа. Кажувај си збори си и тоа е. Она ако гледа молчиш мисли прифаќаш се
     
    На Anyshka и crazylady им се допаѓа ова.
  15. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Разликата од тоа што го планираш и сакаш за себе, до тоа што го пишуваш како правило “немаш пари не раѓај”, е осудата на тие што се пожалиле на финансии. Иако тоа не значи дека го запоставуваат или ускратуваат своето дете од било која удобност или потреба.

    Епохално откритие имаш, никој не знае дека финансии се потребни за живот, додека тој тече, а секој има право да одбере што сака за себе, и не значи дека не го вади најдоброто од ситуацијата.

    Многу е забавно какви се генерализации правите.
     
    На Emy867, Yowannty, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.519
    Допаѓања:
    17.552
    Пол:
    Женски
    Ова за моите мислења се однесува? Каде виде да "нападнам" некој? Ако одиме по таа логика, и со тие зборови, обратно ќе да беше, оти неколку членки ме цитираа за да кажат оти "не е така".

    И тоа е мое размислување според кое јас одлучувам да се водам, а очекувам и секој друг со слични размислувања на моите, логички нели.
    Останатите како знаат така, секој за себе нели.
    Само да нема поплаки, оти тоа не6 резултат на среќа, а тука тие се главната иницијатива, соуу...

    И нареден пат кога ќе ме декларираш како "некултурна", слободно означи или цитирај ме. ;)
     
  17. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Колку пари е да кренеш спрат и да го опремиш во Македонија? Сериозно прашувам пошто немам појма од цените во тој „сектор“. Многу е поевтино од стан? Се почесто гледам луѓе кај што креваат спратови, место да си одат. Само не знам дали е од финансиски или психолошки аспект.
     
  18. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Не живееш во МК или како?
    Скопје стан во Карпош Влае К вода Автокоманда Центар од 1000до 1200еу за квадрат. Во градба кој треба да го чекаш под кирија ики да живееш во заедница може да најдеш за 950еу за квадрат.
    Спрат по наши проценки пошто имавме опција во куќа во центар 150м2 ќе не кошташе 20.000еу грубо.
     
    На Mami3 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Не живеам во Мк, пазарот со недвижнини го познавам колку толку, ама материјали за градење и ентериер не баш.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    И јас мислам стариве на некој начин сакајќи да одржат врска со синот, нема никогаш да речат вие сами правете си така. Може ќе речат, ама ретки се.
    Не сфаќаат дека тоа овие генерации не го сакаат. Мене ми се качуваше да ми чисти кога одев на одмор, еднаш и шкафче ми прередувала. (facepalm) Не и ќутам ни јас во последно, но гледам дека многу значење му придаваат на јадењето заедно, сепак ќе настојувам до крај да го истерам ова.
    Друго, јас имам анксиозност, не постоење граници многу ми пречи, или правење се по распоред, во превод прилагодување спрема други. Фала на советот :)
     
    Последна измена: 26 август 2020
    На Anyshka и Nevenche26 им се допаѓа ова.