Па ако не одиме жртви за сопствените деца, незнам за кого би оделе. Истиов случај го имам дома. До расправии се одеше, зошто сме си купиле смукалка, зошто машина сме купиле, па имало една, што и фалело, зошто доручек и ручек не ни спремала.... Зошто посебно си ги перев моите алишта и од мм. Од све буквално дур се одвоивме целосно се правеше расправија. Колку побрзо ги решиш некои работи, толку полесно за тебе. И на свекрва ми ручекот и е светост, демек она морала да прави за сите. Ама виде не виде, се помири дека си ги превземав сите мои обврски во мои раце.
Убаво што сте поставиле граници. Од искуство ми е јасно колку е тоа тешко. Хендикеп ми е мене што немам вц, па да сум врзана со нив да перам алишта. Понатака сме во план, но дотогаш сакам башка да пуштаме машини, не знам колку ќе ми успее, оти само вика ми фалат алишта да пуштам машина, дај симнете. Неколку пати башка си пуштав, галје ми е што ќе рече. Полесно е кога имаш се на спратот за да функционираш самостојно. За јадење имаме услови сами, вие како им кажавте дека сакате посебно, директно или постепено?
Тоа е точно. Ама ова беше кажано апропо муабетот дека плановите се менуваат и тоа е океј. Делот со работи кои се случуваат без ние да влијаеме беше повеќе во однос на станбеното прашање, бидејќи се изјаловија некои планови кои ги имавме и живеам под стрес две години, а не очекував дека тоа ќе се случува, ама секое лошо е за добро. Ќе се наредат работите полека. Не мора да се случи некоја екстремна несреќа или болест, далеку било, за да те измести малку од колосек.
Не се лажете себе си дека ќе бидете амбициозни и никој и ништо нема да ви застане на патот. Има такви луѓе, да. Ама се додека не го искусите тоа што го искусиле другите, реално не можете да зборите. Ситуации милион. Сиромаштијата во македонија на никого не му е непозната. Можам да сум амбициозна колку сакам, и животот да ми се изнасмее у фаца Овде не збориме за тоа. Темиве почнаа од - свекрвата не доаѓа да ми го исчисти купатилото, а мајка ми доаѓа, е нејќам мајка ми да ми биде на повик, а свекрвата сака да шета. Значи чисто оговарање на кое што многу членки се спротиставија. Незнам како стигнавте до губење работа, банкрот на фирми, куќата во пожар изгорела, деца кои биле со пречки во развојот, кредити. Се е тоа дел од животот. Никој апсолутно нема да ви противречи ако кажете "Имам дете со пречки во развој и ми требаше свекрвава да дојде 1 час да ми помогне, толку." Не знам зошто додавање големина на ситуациите кога воопшто не зборевме за такво нешто. Отворете ја категоријава поназад кај што се сите теми една под друга, да видите колку многу коментари има темава во споредба со другите теми од Брак. Темава е одраз на тоа каков народ сме ние. Живот во заедница, патријархат, сеуште мажите се тие кои најчесто работат надвор, жената е домаќинка која и се покорува на свекрва, сеуште мажите иако се 40 годишни не смеат да и зуцнат на мама, сеуште свекрвата на бебето му е помајка од мајката. И сето тоа се случува заради сиромаштија. Богата држава нема ваков менталитет. Секакви срања се трпат пошо нема каде. И толку. Типични секојдневни проблеми дискутиравме. Не драми од типот на тие што ги набројав погоре, банкроти на фирми, деца со болести, никогаш не сум видела еден член на некоја да и пише "Што и е гајле на свекрвата што ти имаш дете со пречки во развојот па да ти го почува 1 час". Полемиките се за ситуации кај што жените им се обраќаат на свекрвичката со Мамо и за возврат очекуваат да и риба купатило. Никакви животозагрозувачки ситуации, никакви страшни приказни, само нездрав однос меѓу снаа и свекрва. Секако знаеме сите дека во животот се случува се и сешто и човечки е да бараш и да нудиш помош, никој неможе сам. Ама колку сте го извадиле од контекст муабетов
Патот е долг и трнлив хаха. Па на почетокот си трпев, не ни беше готовата кујната, јас ќе готвев некогаш нели за сите, она идеше по мене, пребришуваше, ваму ти прснало, ваму ти паднало, не ти е солено стави сол, запршка не вака, ја оставив да готви она. Е кога се.намести кујната, постепено си почнав, за мене и мм да си готвам, неколку пати месечно, се лутеше она, јас се нервирав. Кога ми се роди детето немав време да шетам јас по куќава, да чекам ручек од неа, си правев горе, мм за мир во куќа јадеше некогаш кај неа некогаш од нашето јадење. Она се расправаше со мене, фрлала јадење како така сум и правела, она била домаќинкатаво куќата, она требала да прави. Тука мм пресече и рече ние сами они сами. Ама ова беше искрено процес зошто несакаше да сфати она. Е сега и е срам да каже дека не ни прави ручек пред луѓе,дека сами си готвиме. Место да е среќна што сме самостојни она сњ дурли. Да додадам дека иста ситуација имавме кога имавме заедничка машина, ама јас и викав дека имам доволно алишта за перење и после ќе си пуштам јас, нека си ги пушти она. Мене не ми се свиѓа што многу прашак става, не се доиспрани алиштата, лепат од прашакот.
До скоро мене и бубаче не убедуваше дека и дете чуваш и работиш и дека се постигнуваш. Кога тоа ти не работиш уствари. Главна си на темава. Од една страна ги кудиш снаиве што очекуваат помош, а тие во незавидна позиција, а од друга се фалиш како се сама правиш и работиш и се стигаш. Е од ваквите, жена на жена мнооогу ретко емпатија покажува. Ко да има натпревар која е најмајка, која е најнапатена, најсамостална, која најмногу се намачила, ама успеала.. Дај олабавете малку. И јас мислам секој треба да запоти газот и сам да спечали, ама не секој успева. Различни сме сите и животот различни можности ни отвора. На некои коцките ќе се наредат, на некои покасно, на некои воопшто. Колку и да имаш, ќе сакаш повеќе. Имам јас да си платам жена, ама па и очекувам да ми се понуди помош кога ми треба од блиска фамилија. Не може да ме бараат само кога им требам нешто. И јас како грешните @Jana06 и @Milkiway очекувам да ми се најдат кога ми требаат. Имало денови кога татко ми леб ми купувал и ми носел. Веќе 2 недели мајка ми ручек ми прави и носи затоа што јас не можам. Можеме и да си купиме, ама не ми се дава купечко на детето. Ете и јас неспособна сум и мм исто. Ама само јас и он знаеме како успеваме да сработиме по 8ч со 2.5 год дете дома.
Можеби за карабина. Комуналиите при изградба на спрат се многу големи во населбите поблиску до центар. Во Маџари пример, комуналиите нема ни да ги осетиш, ама центар, карпош, козле те коштаат колку опремување на голем стан. А дека може да се најде поефтин квадрат може, дури и во центарските населби, само треба да го следиш пазарот. Во Кисела вода начекав и за 750 еу, Маџари каде каде се поефтини, Ѓорче после СП планет исто се поефтини, Хром, Даме Груев, Ченто, Драчево, Пинтија, Пржино. Дури и во Карпош може да начекаш во стара зграда, поефтин квадрат. Е сега се зависи колку сакаш далеку да живееш. Мене многу не ми пречи да сум оддалечена од центар.
Па работам де од дома, нигде не го одреков тоа. Ама вие несакате да прочитате како што треба, туку како ви одговара. Работам, не реков дека сум откината од 8 саати работа. Работам неколку саати дур спие дете, имам мали примања. Така ми одговара во ситуацијава. Не реков дека нејќам да најдам нормална работа и да земам нормална плата. Не се правам де најмајка, ама вц нејќам никој да ми чисти и многу други истово го пишаа, ама гледам на никој друг не се замараш да му реплицираш. А башка што викаш помош сакаш од најблиска фамилија, не само нив ти да им помагаш, просто е, чим не помагаат, не помагај ни ти. Со некој што е фер, ќе си фер и ти, ама не безусловно.
Се ми е јасно тоа, готвевме само кога сме различна смена на работа, за да не се начекуваме од тие причини. Па кога ќе се погодеше да е дома смрт ми беше. Едно време ја игнорирав, и ко да се повлече, после си направивме кујна па немам такво мешање. И јас понатаму со дете секако дека ќе настојувам башка јадење, кај со дете, а уште и да се прилагодувам, имам избор. Знам дека може нема да е лесно, но јас ќе гледам што мене ми одговара, па нека има лутења. Сега можам да опипам пулс одоколу.
Не е лесно, ќе се навикнеш. Мене мотивација ми се луѓе по странство кои стварно немаат помош и успеваат се буквално сами, а една од нив е золва ми. Ќе има лутење, такви се старите, ама ќе си најдеш убаво објаснување. На пример свекрва ми се лутеше зошто не сме пуштале заедно бели алишта, фино и културно и објаснив дека нема што јас на свекор ми и нејзините гаќи да им ги фаќам, а ни она моите. Нејќеше да прифати на почетокот, знаеше да ни ги собира од корпа кај нас и нашите, што ми беше стварно несфатливо од каде толкава желба да ми ги фаќа гаќите мои, ама со тек на време се откажа. Само трпение и пополека, приликите сами ќе си дојдат и ќе се наредат работите.
И јас така размислувам за пуштање машина. Ни јас нивните ни она моите. Ќе си ги собирам башка, додека не имаме поинаква прилика. Не сум запнала за јадењето, многу ќе и дојдат шокови.Се редат коцки, треба време. И за нив е подобро така, ама како да сфатат, растени во друго општество.
Каде има во квода 750еу одма одам да капарисам. Таму се 950 вп градба а сега купи братучедка ми 1200еу за м2.. Инаку да затоа кажав кои населби сега понатаму секој со свои можности.
Во старите згради во Кисела вода. 40 квадрата ми го нудеа за 27,000 еу. Не е ни 750, помалку му доаѓа. Јас кога купував стан, цела година висев на пазар3, реклама5, еднаш месечно ќе излезе некое интересно огласче.
Исто е спрат да кренеш и стан да купиш. Ха Скоро 100к не чинеше со подрум и паркинг. Да имаш каде за тие пари палата ќе направиш, а спратот нема ни 1/3 да те кошта.
Како што ми кажувале луѓе што граделе, за околу 100 квадрати се вкупно кошта од 40-50 илјади евра. Еквивалентно со дупло помал стан отприлика (неуреден)
ние околу 80 000-90 000 евра потрошивме за изградба и основно уредување (столарија и купатила) на 150м2 .
27,000 еу има и за помалце ама треба се од корен да рушиш,башка мораш и внатрешна и надворешна изолација,пошто кога ќе смениш прозори се мувла се прави. Тука 10,000еу не те крпат така да стан асален испод 40,000 еу нема.
Јас кажав тоа нас што ни проценил архитект грубо ама за нашиот пример со веќе кренат спрат...е сега ако треба допрва да креваш еве нека е и 40.000 за тие пари ќе купиш едвај стан 40м2. Како год... некогаш излегува исто но најчесто поскапо доаѓа станот да го купиш