400-450 еур е м2 клуч на рака. Столарија и тоалети секако треба да е опремуваат и во спрат и во куќа. Ценава е со дупка копање и темели ставање. Спрат веројатно нешто помалку ќе дојде.
Исто, одприлика 40000 еур не фати со уредување, 120 квадрати. Со тоа што голем дел од работите мм сам ги правеше, како мачкање внатре, лепак, абрип, преградување внатре на некои места,сам струја пушташе по цел спрат. Овие работи ќе беа + - 5000-7000 еур.
Зависи каде, на која локација. Ѓорче, Геге, Влае, Хром, Автокоманда може да се најдат станови и по 60 квадрати за одприлика 40000 еур. Знам, зошто лани ние баравме стан за баба ми. Гарсоњера во Влае имаше за 20000 еур.
Еве ме пак мене. Се мислев неколку дена дали да пишам или не, ама морам. Ми треба мислење/совет. Да не должам на долго и широко, веќе 2 недели со свекор ми (со него и вака и така, по некое добар ден имаме) и свекрва ми немаме никаков муабет, буквално ни добар ден. Маж ми е толку лут, нејќе да попушти, а јас некако сум ни ваму ни таму. Накратко ја фатив свекрва ми кај што ме оговара, му кажав на мм, он ја праша, жената излажа немало врска, во дете ми се колнеше.После и признала на сестра му и она ни кажа. Сега госпоѓата се прави лута и во право, мисли ние незнаеме и мисли дека е во право и пред нас глуми дека е невина и не прави нас криви. Е проблемот е што мене ми незгодно да не им речам ни добар ден, ама па она кога поминуваме ќути, врти глава на друга страна, мм вика дур не ми се извини несакам да прозборам, зошто заради комшиките да не ги издаде, нас не лаже. Во многу глупа ситуација сум. Ем се осеќам навредена од тоа што го слушнав, ем пробаа да ме излажат,ем јас да сум таа што и овојпат ќе попушти. До негде и ми е жал, внучето си го нема видено две недели, буквално само на поминување. Ама па мм вика, штом нас не не почитува, тебе како мајка на нејзиното внуче, мене како нејзин син, нема што да го гледа. Излезе дека си ги избра комшиите, по цели денови е со нив, а ја слушам кај што плаче кога поминувам и знам дека е заради внучето. Се на се, нејзе не и е гајле што ја слушнав кај што збори глупости, туку жали по внучето што не го гледа. Незнам како да постапам искрено. Мојот став е да не прозборам и да не попуштам дур не дојде да ми се извини, ама сум мекуш и на моменти не сум сигурна.
Јас на твое место сама би поразговарала со неа на само за муабетите кои си ги слушнала за тебе и решен проблем. Ниту маж, ниту сестра му, ниту комшии ќе се вмешувале така. Видиш сега вака сите сте налутени, а како што велиш таа пати по внучето, а сигурно и него му недостасува бабата. Да и се поздравиш и да си соработувате како досега и ум за друг пат. Не си мекуш туку знаеш дека од играчка стасало до плачка.
Да ама работава е што многу сплетки прави цело време, пред луѓе ми пререкува, ми префрла за глупости, за све со мм прогледуваме низ прсти цело време или он ќе и рече да престане или ќе привикне, нешто на само имам решено, ама овојпат мм е тој што пресече вака, не јас, сега знам дека ако сум јас таа што ќе попушти пак, женава ќе гази врз мене утреден, а мм не ќе е на моја страна, зошто јас ќе попуштам сега и он ќе крене раце. Детево е мало, не верувам дека осеќа дека ја нема, зошто и порано не ја гледаше којзнае колку,ама ми е криво за муабетот што го слушнав, што дури не е ни вистина. Збореше дека се она мене ми правела и ручек и ми чистела и дека и дете ми чувала. А ова се само филмови правење, зошто ништо од ова не го прави, поготово ни ручек ни ми чисти. А дете гледа еден саат дневно и јас сум во нивно присуство цело тоа време. Ем лаже по луѓе, ем не лаже после нас.
Јас размислувам исто како маж ти. Ако не ме почитува не ми треба во животот. И да се извини никогаш не би се вратила на ист однос како порано. А ако едно извинување потешко и паѓа отколку внучето да си го има во животот, не ни заслужува добар ден да и викате.
Таа и по извини нема да се смени, а ако не му фали на внучето тогаш очигледно и вас не ви фали. Терај си како што сте договорени со мажот и што се замараш тогаш што рекла и дали е така или не? Па на кои луѓе рекла, на комшиите, чудо големо или се исти како неа во умот или знаат се од тоа што гледаат дека не е така, ама си молчат или и го мерат умот. Немаш потреба да се замараш за небитни муабети.
Па да, реално јас реков и да го чујам тоа извини, пак ништо нема да е како порано, ама колку толку односите би ни биле на едно формално добар ден, како си ида го гледа колку толку детето како порано. Среќа има што не сум некоја да застанам да слушам што зборат, туку ова го слушнав на помимување и влегов во просторијата кај што седеа, се пресекоа кога ме видоа, јас им плеснав во лице, си заминав кај мм, она остана уште малце да се дпговорат што ќе лажат и потрча по мене ко ништо да не е. Ме боли што во дете ми се колнеше. Зар барем внучето не и свето?
Е добро де, не гледајте се и толку. Шо се замараш со неа. Со глупости се оптеретуваш. Маж ми ако не сака да збори со неговите јас не ќе се секирам. Јас за моите гледам, не за неговите. Нема што да те боли што се колнела во внучето, не можеш да очекуваш детето да им е свето на сите, детето само тебе и на маж ти може да ви е свето и толку. Немаш никаков проблем во ситуацијава
Немам искуство со вакви проблеми ама мислам дека разговор со неа нема да помогне. Јас би ја поздравувала со добар ден иако ја врти главата на друга страна и би оставила да се изладат нештата, па нека одлучи маж ти каков ќе ви биде односот со нив.
Овие кај мене во комшии продаваат куќа со двор, водовод и одвод на два спрата за 22 илјади евра и башка дворно место за да изградиш уште една куќа има.
Абе да така е, мене од една страна ми одговара што е вака, зошто син и го виде лицето, нема маски веќе, ама па цело време осеќам негативна енергија, се симнувам јас по скали,она ме слуша дека се симнувам, претрчува низ ходник и треска врата од спална. Или се симнувам да одам негде, во двор ако комшииве се надвор или свекор ми е дома, ми застанува и му вика на детето "Добро утро бабе кај одиш", а детево не збори мало е и јас си ќутам. А да сме сами, само јас, она и детето во двор кога излегувам ќути. Се труди мене и мм да не прикаже како лоши, демек еве видете што ми прават. Одевме вчера да пазариме, му вика на детето " Сонцее каде бабее" и мм и вика "ајде глумице пушти гласче" и оваа трча кај свекор ми и вика "евеее ни детето несакаат да го гледам, ќе ме убијат" и плаче. а крива е сама, колку што е тешка. Ваљда ќе научи одсега да си ја затвори устата пред луѓе. А за ова дека детето треба или не треба да и свето, она е таа што демек детето вака детето така, колку те сакам, јас ќе те чувам, нека одат на работа, неможе градинка, со мене ќе спиеш, на мајка ми и го џабаше од раце и така натака знаеш што све имам пишувано.
Вакви никогаш нема да научат да ја затворат устата. Од искуство ти кажувам. Уживај и не се замарај и оптеретувај со глупости. Штом и маж ти не сака да попушти још поубаво за тебе, не знам зошто мислиш дека си на средина. А што ќе мислат комшиите ич да не те интересира. Повеќе од година помина како искочивме од заедница цела фамилија ме мрзи, комшивките со свекрва ми уште ме оговараат па еве жива сум и баш ми е гајле веќе. Од ваков прост народ и муабети не можеш да побегнеш па и да отидеш на друг крај на светот.