Има и помали станчиња, ќе си потскратите некои работи на одреден период и ќе тргате двајцата од платите Не може сите убавини.
Баш за @Meckicja не требаше ваков совет бидејќи таа долго време се бореше со неплодност и премногу пари дадени по ивф-болници. Повнимателно со советите и коментарите, бидејќи секој е со различен проблем. Инаку, се сложувам дека многу работи треба да се планираат, да се собираат пари на страна (кој колку може) за да се биде независен и свој човек.
Ниту пратам ниту ништо. Правиме општ муабет,не и дадов совет ниту пак нешто лично до нејзе беше. Таа не ни побара,така да ако не можете да се сносите со повеќето мислења не коментирајте.
Ако двајцата земаат по 300е, едните 300е нека одат за стан и сметки, е де кажи ми, како се потскратува со 300е за да тргаш?
Јас се смосам со мислења, затоа и пишувам. Очигледно и мене не ме следиш. (не дека мора де). Неа ја цитираш, значи за неа е муабетот. Точно, не побара, ама ти и даде мислење (не било совет, сори, моја грешка). За општ муабет, посебен коментар.
Ништо не те разбрав а и нема врска. Ништо лично до членката,тоа е општ муабет надоврзан на претходното мислење.
Не те разбирам, ако во тие 300е влегува и станот, зошто би тргале настрана? Кажувам предлог пред да се земат да тргаат на страна за учество за стан. А се скратува на одмори и други "луксузи". Не е невозможно, само треба упорност и убаво да се размисли, за да нема после "свекрвата е крива за тоа и тоа..."
За да бидат под кирија додека не соберат за учество. Ете затоа. Одмори со 300е за двајца и луксузи? Како ти се совпаѓаат овие поими во иста реченица, стварно не знам. Се е возможно, да. На муабет.
Да, останува на муабет ако на некој му е поубаво со неговите. А на тој што му е дојдено да живее сам, си планира и одделува пред да се направи свадба и дете.
Ако се стиснеш може,еве ние како живеме,арни сме ништо не ни фали ,детето има се а живееме со на маж ми платата,мојата оди на кирија и сметки,имаме нешто ситно помош ама тоа е за детето. Секој може сам,ако ти помагаат и додека сте со нив ќе ви помагаат и ако се тргнете. Ама од сам поубаво нема.
Ауу не поставувај вакво прашање, дај боже никогаш да не дознаеш. Искрено и најдобронамерно ти кажувам.
Само што ти не знам колку си информирана дека овде кај неколку членки не се случуваат непланирани работи НИ ПОД ТОЧКА РАЗНО. Имаат пакт со животот, судбината, енергиите, ватевр. ТоВа е.
Некој што не осетил, мисли кај сите течат така нештата... Јас за жал осетив, како преку ноќ секој план може да отиде по вода. Се повративме и ги оставаривме плановите, ама требаше време. А претходно и јас вака се лупав во гради дека нема шанси да живеам со свекрва..
Бидејќи моето мислење беше за свадба и дете, мислите ми беа насочени кон "непланирано" дете. Жал ми е доколку некој имал таква ситуација и нормално никој не би посакал такво нешто, тогаш се знае што ќе биде во прв план и воопшто не се дискутира на таа тема @Emy867 не ми драматизирај, никој не кажа такво нешто.
Види, не мора човек да се омажи за да види дека во животот не оди се по план. Освен мажачка, има и многу други сфери од живеењето каде може да се почувствува дека некогаш нештата не можеш да ги контролираш и тоа е тоа. Мислам дека на секој треба да му биде јасно тоа, ама ете не му е. Дали стварно не почувствувале, дали така се прават... Небитно. Јас само знам дека во животот многу силење не е убаво, а другите како сакаат.