Подобро да се стискам, отколку да се разболам заради проблеми. А проблеми во заедница не може да нема. Се нешто ќе излезе, колку и да мислиш дека се е во ред. Еве "моиве" иде недела (само во недела е мм слободен) и тие си го имаат испланирано денот, дали за работа, дали за да ги носи негде, зошто на татко му личен шофер му треба, не вози тој. А дали има жена, и тоа бремена, дете, тоа не ги интересира. Значи воопшто не го ни прашуваат дали имаме планирано нешто. Секој викенд го поминува со нив, околу нив. Наместо да излеземе заедно. Знам дека е самиот крив и најголема грешка му е што има дозволено вака. Има и браќа, ама нив никој не ги чепка, имаат тие жени и деца. Еден ден ако дојде до развод заради ова ќе дојде. Еве денес од сабајле работеа, а договорени бевме да излеземе. Рече ќе се врати за еде час ама и повеќе поминаа, а него никаде го нема. Се изнервирав, се спремив, ја спремив ќерка ми и реков ќе си излеземе сами. Кога ете го иде. Ама еден татко што има не можам да ви објаснам колку е злобен. Му вика мојов ќе излегуваме, тој го прати во продавница да му купи нешто, а свекрва ми пак ја слушам вика да сме зготвеле нешто за кога ќе дојдела (работеше нешто надвор). И кога дојде време да излеземе на малава почна да и се спие, да плаче... Многу се изнервирав, премногу.
Kako be ... go prati vo prodavnica...pa ne e on dete od 10godi ... Lellele! Pa na svekrvata i se otvoril i apetitot vo meguvreme! Dusicki!
Зависи каде. Имам купено стан 80м2 за 30.000 евра плус 10.000 за реновирање и 10.000 за намештај. Мои роднини продадоа нов стан со иста квадратура за 51.000 евра во Хром. Братучетка за 55.000 евра купи исто нов стан со таа квадратура. Ако бараме во центар на Скопје нема, е сите се населија таму, никој не сака подалеку. Купување плац и градење на куќа исто зависи од локација, моја другарка направи сега 120-130м2 спрат за тие пари без фирма плус долу две големи гаражи. И остана уште намештај и нема фасада. За да ги наполни тие простории и требаат уште 30.000 евра. Користени се најквалитетни материјали и плус тие сами си инсталираа струја, парно, си местеа ламинат, некои ситни градежни работи итн. Да плаќаа за се ќе беше многу поскапо. Муабетот ми е дека не е исто на хартија и искуство. Ќе ви дадат клуч на рака, ама после некоја година, аа треба парно, треба ова, она. Секако ќе се дојде до таа сума како за стан. 1000 евра м2.
Kukata e bunar bez dno. Sekogas nesto treba. Stan se kupuva posle mnogu matematiki,mnogu vlog i ne mora da renoviras. Najdi stan sto e od nad 2007(pr).namesten spored vkus i nema potteba nis da dopravas. I nie napravivme taka,moi bliski isto. Drugarkami se zafrkna zade postar vo Aerodrom,go renovirase skros skoro 20000ev,za da posle 1 mes na komsiite im pukne cevka pa da se poplavi i nivnoto stotuku renovirano kupatilo...gavol i pol... Sekoj spored cergata...
Најдобронамерен совет има да си го седнеш маж ти како учениче и да го научиш дека прво сте ти, тој и ќерка ви фамилија, се друго е второстепено. Има животот да ти се преобрази преку ноќ. Трчање и угодување по твои/ негови во не дај Боже некои други, посериозни, потешки околности кога е неопходно да се притрча и помогне. Му текнало на татко му до прoдавница, на мајка му да се зготви, па има служби ти носат роба до врата па и готова, готвена храна. Се' се решава, само со убав збор и на крај спроведено на дело договореното помеѓу вас. Некогаш ако не слуша и ќе подвикнеш по малку за екстра ефект
А добро оставаш се вака да си стои? Зар немаш разговарано со сопругот? Не можам да поверувам... И мојот едно време имаше ваков период т.е кај нас беше со сестраму, се некој проблем, работа да се заврши мажот ми им помагаше ( буквално за ситници да не пишувам дека мизерно е) Али се дојде тоа за крај, дека и самиот увиде дека додека беше слободен имаше повеќе време па се маткаше ваму таму со нивните " проблеми". Но откако сме во брак еве и со дете сега им дава до знаење дека не може. Е сега со сила ништо не бива, но сепак треба да си разговараш дека можам да замислам како ти е.
Маж ти така се има поставено кон нив. Дали е понаивен, дали е од тие што сакаат да завршуваат работи на луѓе, дали сака да им помага, сеедно, до него е. Инаку ќе ги замараат и другите деца, не само него. Ако ти е за утеха, знам еден куп вакви случаи, едното дете служи за нонстоп замарање, другото не го чепкаат. Али тој треба да смени однос и да пресече, вака не може вечно да тера на сите страни.
Па сеа ако се брзате за мажачка тоа е ваше право. не сте среќни со свекрви џабе парата ја нема улогата коа е у питање слобода, некои тоа неможат да го сванат, 1247 страни за свекрвите и се проблеми никакви добри работи, јебем ти живот ако треба да го губам на мајката на мажот ми а него во 70 посто муа да не го лазе да си го живее животот.
До маж ти е . Разговарај со него . Ако нема промени , не се нервирај . Ќе дојде ред кога сам ќе види како стојат работите . Маж ми беше ист , ама еве по 7 години е тотално сменет . А реално ништо не сум му рекла за да се смени . Тој беше условуван за се што доби до сега . Помек е на срце и го мавтаа натаму-наваму . Золва ми е копија карактер со свекор ми . Ѕвер невиден . Таа А свекрва ми НА , за мир во куќа . Дојде ситуација сега золва ми чаша вода не и дава на свекрва ми ( ја скрши петата , и од преголеми болки само до тоалет што оди ) . Пред некој ден му се јави свекрва ми на мм , вели не ме дига ќеркава никако среде ходник паднав , дојди помогни ми . Овој лудак не отиде . Абре му викав оди направи себап мајка ти е , колку толку се жртвувала за тебе , не и не . Вели таа не се жртвувала , условуван сум бил јас цел живот за разлика од сестра ми . Сестра ми цел ден е дома нека ја дигне , јас цел ден сум на работа не можам ми треба одмор физички и психички . Јас не го оправдувам тоа . Да , има доста работи што згрешила свекрва ми , највеќе мене ми има згрешено ( од сам почеток не ме сакаше воопшто , измислуваше работи за мајка ми и за мојава фамилија , многу пати сум плачела поради нејзините зборови ) АМА ! Јас сум воспитана од мојте на тој начин што секогаш ми велеа - кога некој е во невоља , колку и да ти згрешил во минатото , ти биди поголем човек и помогни му ако можеш , не го оставај во небрано колку и да не ја заслужува твојата помош , подај му рака . Сега дојде ред , свекрва ми е зависна ( не 100% ама делумно ) и ги согледува работите на суров начин . Маж ми ја казнува за се што ми зборувала мене во минатото и за се што му правела нему . Сурово ја казнува , ја остава на милост и немилост на золва ми . А таа пак , ако нема корист , не те погледнува баш многу . И така на суров начин свекрва ми е принудена да ги кешира сите глупости на золва ми за чаша вода . Истиов пример и со мајка ми и баба ми го имам . Еве ја баба ми 80+ има , цел товар е на мајка ми за гледање а нема ништо повеќе од чичко ми и тетка ми освен нервози . Баба ми е лоша , цел живот само проблеми им правеше на мојве . Додека чичко ми се тргна на страна и еве го не се јавил на телефон да ја праша како е , а три месеци беше во постела на товар на мајка ми и финансиски и физички . Од искуство ти кажувам , еднаш само кажи му дека утре кога ќе дојде ред , маж ти нема да има ништо повеќе од неговите браќа/сестри . И никаде да не одите , еден ден му е слободен , ве има вас , нека помине време со вас малку . Можеби ќе избие кавга меѓу вас , ама еден ден ќе види дека си била во право . Не му зборувај често на таа тема , за да не те сфати погрешно , но ете само еднаш отвори тема за ова . Кажи му дека за негово добро му зборуваш . За утре да не си ја чука главата во ѕид .
Во куќата на свекор ти и свекрвати ти не можеш да им кажуваш кој кога да иди и колку да седи, ако не ти чини пак едноставно не седи со ними, оди под кирија... друго чаре незнам. Зошто колку што му е маж ти на ним толку му е и деверот твој.
@NIKA@ доколку сте во можност , одделете се на време . Ако имате можност , земете си стан или барем гарсониера за почеток , да си имате катче за вас двајцата . Разговарај со твојот сопруг на таа тема , нема потреба од расправии кога е нешто што може да се реши со разговор . Се согласувам дека треба да се има осет од деверот и јатрвата , но можеби децата сами доаѓаат кај баба и дедо ( претпоставувам дека живеете во иста куќа на различни спратови со деверот и свекорот ) . Најдобро решение е да се отселите , за мир на сите .
Дај бе сфатете веќе еднаш, немате проблем со свекор/свекрва имате проблем со тие шо спијат до вас а ја дрзат мамичка за сукња.
Мене не ми е јасно зошто сеуште сметате дека ако живеете 2 или 3 генерации под ист кров мислите дека е нормално и дека не треба да имате проблеми. Кога различниот генерациски јаз баш е самиот извор, корен со тоа потикнувач на проблемите во една иста куќа. Не очекувајте да имате мир и приватност под исти кров со различни генерации и луѓе. Луѓе што имаат едни навики, проблеми, ставови, критериуми и уште не знам што поготово различни генерации во години. Не очекувајте дека би имале разбирачка или не дај боже да смеете да ги промените а ни не треба и не смеете да пробате. Ако сакате да си имате фер однос на крај од денот секоја фамилија треба да си има мир и приватност. Свое катче. Имаме различни навики па често пати ќе се зарачкаме за истото што е разбирливо ама да очекуваме да се смениме јас или таа-не. Тоа тешко. Да појдеме ос кујната, јас вака сакам таа онака сака. Не бива едноставно. Луѓето што се почитуваат во една куќа имаат едноставно разбирање и огромен компромис. Значи ако сакаме да живееме во заедница треба и обете страни да одржуваат компромис, и да, да сменат навики. Другчие не гледам дека некој би фунционирал. Ако секој ден водиме инат, подскарани сме, се гледаме попреко и си правиме рчки макар и за една обична чинија, ставете пепел. Решението во ваквите ситуации е свој дом. Нема друго решение. Освен ако сте подготвени и ти и свекрвата да одржавате компромис и огромна толеранција. Мажите се клучот на проблемите, да, ама не секогаш, оти ако снаата и свекрвата решат "да се јадат секој ден" за баналности онда тешко на мажот па и свекорот. Па и на сите во куќата. Инатот и кавгите не водат кон мир во едно семејство. Има случаеви каде што мажите се немоќни оти пази, не се дежт под сукњата на мама туку сакаат да живеат мирно а едноставно различниот јаз на генерации не дозволува. И да, има мажи кои што се виновни. Се имам видено. Решението е тоа, свој дом, или компромис и толеранција.