Жена со балкански менталитет ке го сван воа свое катче како различни спратови а не различни куќи или станови.
Види и јас сум во ситуација слична ко твојата, само што јас ако нешто пробам да му објаснам на сопругот тој толку полудува и ме обвинува за се викајќи не сум ги сакала неговите а тоа воопшто не е точно тие се тие што имаат погрдни зборови за мене и покрај мојот труд во 7+ месец од бременоста, а да напоменам дека премногу им смета ако излезам до некаде, до мајка другарка, низ град и сл. Па кога ќе се вратам Тие ја исполниле главата на сопругот како тоа не личело на ништо. И јас не знам што ќе се случи не гледам соодветен излез затоа што тој е нонстоп на нивна страна а и тие пред него вешто глумат демек ме сакаат и збореле за мое добро
Жално е колку многу вакви случаи има како вас (читај: нас). Нормално ќе биде на нивна страна, научен на послушност цел живот без да ги прошири видиците малку подалеку од диктатурата на мама и тато. И кога ќе дојде детето на свет пак ќе кажуваат што се правиш погрешно и ќе даваат луди досетки за начинот на кој треба да го растете вие двајцата. Не сакам да ти предизвикувам нервози однапред, ама биди подготвена на тоа. Убаво има напишано Витамина, или толеранција или свој дом.
Ајде и јас да си се пожалам ,не дека ќе сменам нешто ама да се издувам. Пишував порано на темава и се што реков дека нема да правам на крај правам...и се јадам себе си заради тоа. Се породив , имаше некоја компликација и бебето беше во болница 14 дена ,психата ми падна скроз ,се обидував да одржам лактација и свекрва ми ми помагаше (да се понижував до степен да ми става жешка тетра на градите таа) бидејќи мајка ми е далеку а сестра ми во меѓувреме скрши нога па не може да дојде за да има кој со неа. Ама нели се за детето сакав да ја дојам и успевам. Проблемот е во тоа што откако ја пуштија малата од болница уште прв саат се нацрта со коритото да ја бања ајде јас не знам во ред ја оставивме и тоа она ја бања јас потурам вода. За облекување замерки ладно и било детето цело време замотани во ќебе да било ( ова септември ,да кога беше 35 степени уште). Ајде она замотај ја јас одмотај ја ,да било до неа ќе ја повиела како мумија . Бебе кивне или ика одма коментар ти сакаш нешто да и се деси. Секој божји ден ова ми го вели. Како јас да сакам да заврши во болница и тогаш и сега пак. Почнав да си го мразам детето кога ика заради неа сосила да ја терам да цицне само да не ја слушне. На два пати сакав да ја прошетам со количка низ маало со истиот муабет ми застана на врата ,од шубе не ја изнесов. Се изедов жива од внатре со женава. Денес и вратив да си го заборави тоа веќе сакаш да му се Деси нешто,ми пукна филмот. Одговор било јас не знам прво дете е кога сум гледала дете. Патем и сум требала да ја оставам да плачи за да развиела плуќа
Кога ќе ти каже нешто. Ти кажи само "добро" или "важи" и терај си по твое. Игнорирај ја . Не си ставај све при срце. Она по нејзино ти по твое.
кажи и да си гледа своја работа она си ги исчувала нејзините нека не се прави мајка на внучето. И она кога родила не знаела и постепено учела. Само инор и ништо друго она нека лае ти терај си свое.
Заблагодари и се за досегашната помош и кажи и од сега натаму дека ти можеш да се грижиш за бебето сама. Кажи и ако ти треба помош ќе ја бараш. Ако ти не се осеќаш убаво да и го кажеш ова, маж ти нека ја испрати накај дома.
Секое бебе ика, така и треба да биде, му се чистат градичките. Аман веќе со тоа дека му студи на бебето. Бебе се облекува исто како што се облекува мајката, ни ќебиња, ни виткања како “мумија”. Бебе бањаат мајка и татко, што не и е јасно? Секако дека не знаеш како се чува бебе. И не треба ни да знаеш. Тоа се учи, ќе ти се развие мајчинскиот инстинкт. Најдобро сопругот, но можеш и ти, јасно и гласно ова да и го кажеш. Не трпи, кажи додека е време, а тоа е токму сега. Хормоните ти се во вис и не ти требаат дополнителни “совети”. Чувај си го здравјето.
Се изнервирав . @Осе ти си мајка. Некои граници мораш ти да ги поставиш. Океј е што ти помага свекрва ти околу бебето. Таа е баба, не е мајка. Помош е да ги испере алиштата од бебето ако ти ја замолиш, да го избања ако ти ја замолиш. А ова е наметнување. Прво кажи му на сопругот, ако нема промени, кажи и ти на неа насамо, ако сакаш да ми помогнеш добро, а вакво помагање со јас се знам, не ми треба. Јас сум мајка, јас најдобро знам за своето бебе.
@edna_malecka пробано ми е така душо ама не бива ,иста куќа секој ден истото некој кога ти го зборува не се издржува. @haruki Да мое е ама како што објаснив поради тоа што беше во болница страв ми се створи и кога некој цело време ти повторува ќе ја настинела тој страв се развива. @Mantub сопругот е на работа ,не ја слушнал како го кажува ова ,јас прво не сакав да пренесувам да не бидам погрешно сфатена како буцкало ,а кога почнав да кажувам одговор беше дека се секира за детето, и да ја слушам постара е. Денес малку ми пукна филм и вратив и му кажав вика не се замарај она се секира нема лоша душа ама има лош пристап и толку. @Kataklinkers порано за се знаел да седне и да и каже ама за детево некако се она е во право ,не знам што му се случи. @Kate Rina 93 работата е што со неа нема нормален муабет ако не се сложува со тебе почнува не не не да повторува и не те слупа... Пробано е секако,плус сама бараше одделна соба да и направиме за да не ни се меша божем тоа беше пред да се породам за сега пак да се меша и да кажува сказни. Не ми е толку што ја слушам како збори туку што ми влијае на психа. @Jana06 камо да живеевме одделно барем со спрат знаев како. @Mimmi39 се тоа знам и кажано е и дека педијатар ми рекол дека ќе кива често и ќе ика кога голта млеко ( после секој подој ) ама според неа докторите не знаат ништо ,само таа знае.
Со самото тоа што маж ти ти рекол да ја слушаш мајка му, тој е бетер неа. Не можеме да ги растеме децата на ист начин како нашите мајки и свекрви пред 30 год. Јас со свекрва ми имаме скроз различно мислење за чување бебиња, но јас сум мајката и јас ги поставувам правилата. И маж ми тоа и го има дадено до знаење. И неа не и било сеедно што во зима е лесно облечено за по дома, што ја изнасав пред 40 дена, што внимавам што и давам за јадење, што не и давам кравјо млеко и сл ама не смее да искоментира зошто во моментот и кажувам јасно и гласно и подобро и е да преќути. А маж ти место да те заштити да не те малтретира психички и да не ти ја паѓа самодовербата, тој слушај ја мајка му. Јас на твое место би ги раздрмала и двајцата, би дигнала глас, да не и текне на госпожата да дели ум.
@Осе штом таква работа со маж ти и со неа,не и обрнувај внимание. Ни добро ни ништо. Кога ќе ти рече нешто само игнорирај и терај тоа што си решила. Ако мислиш дека треба да го изнесеш надвор бебето изнеси го слободно. На крај кажи и дека ако нешто му се деси на бебето тебе ќе те боли најмногу ,не неа. И да го настинам јас ќе го настинам. Пошто ако го настине свекрва ми, тогаш тешко неа. За трчање пак родителите ќе трчаат по детето, не бабата. Затоа нека си седи кај што и е местото.
Исто како за моено свекрвиште да читам кога ќе и казам доктор тка рекол одговорот и е " Е како не докторите по книга лекуваат, она знаела а таа пустата глупа како грав. И јас на почетокот се нервирав после само на игнор џабе ќе се објаснуваш со такви луѓе.