Исто и кај мене со неа, само што јас уште не сум породена ама ќе биде истото зошто од неа се нема ни минута приватност, за се и е криво, до било каде ако излезам, од сега ми умува на пр.имав покачени дидимери и одма таа знаела од нездрава храна биле... Само што ја веќе немам живци за нејзините глупости и неизживеаности да ги трпам, па и враќам во соодветна мера и само чекам уште некој коментар за да си заминам и живам на раат, зошто искрено не се криви тие, туку нивните "синчиња" што не им кажуваат фино лепо да си ја гледаат нивната работа туку не замараат нас со нивните напади. Во 21век никој не смее да биде нечиј роб и под психички притисок тоа е мое мислење.
Уште од сега одма сечи од корен и кога ќе се роди бебе гледај сама се да си завршуваш околу него. Не и дозволувај да ти се меша зошто еднаш ако и дозволиш толку ќе биде после уста нема да затвара и ќе ти се пика кај што не и е место. Одма од корен ако треба и искарај се само не дозволувај да се меша. Стави и до знаење уште од старт.
Да, гледам ама веќе не можам да ја поднесам, еднаш што дојде со мене кога имав крварење нонстоп ми става под нос, а не дека ја викнав сама си дојде и цело време си беше среќна... во неколку наврати се карам со неа зошто е буквално неподнослива и и кажав пред сите ја ќе си заминам па живи си раат со синти зошто ми принаса од кога се оженил се расипал со однесувањето (се Карал со неа) и замислете ми вика за МОЈОТ бебуш "дете мое да расте во друг дом нема шанси" е тогаш полудев и кажав дете твое е твојот 32 год. Син а не ова што е во мене ова е лично мое. Не знам, не сум верувала дека постојат олку прости луѓе, што се трпи светов за греота...
На таа и проработеле мајчинските хормони како на мојава, ама јас и кажав да си ги смири малце ако сака мајка да изиграва нека си посвои и нека изиграва мајка. Ова не е нејзино дете туку внук.
Да, баш така. Ама ја сум видела свет надвор од нејзиниот терор единствено ми е жал за мојот сопруг го сакав ама ако тој не одлучи да биде на моја страна и појде со мене тогаш нека му е со среќа, зошто тој е еден човек без неа а друг со неа во нејзините глупости. Знам дека нема да биде лесно за мене, ова ќе провлече и низа проблеми ама верувајте подобро сама и среќна отколку во ваков "затвор".
Моментот кај шо дозволуваш да се доведеш до ваква ситуација мојот мозок не го процесира, сори. Стравот не смее едноставно да си дозволиш да ти го наметне некој за свое дете, ако не го знаеш ти најдобро кој? Ти си таа шо без разлика на се без разлика колку стравови имаш во себе не смееш да те совладаат,ако ти се плашиш и не си сигурна во себе како тоа мало човече да бара сигурност во тебе? И уште нешто сватете детето има мајка и татко, се со прави мама мозе и тато, толку.
Браво за одговорот жено,камо јас да не бев ваков мекуш па да и се тресам за се ,ај да не се карам ,ај да не се лути ,ај да не буцкам ,па сега на глава ми се качува ценам се што прави ама не на овој начин.како со уцена. Не ме остава да уживам во мајчинство.
Епа собери малце храброст, бори се за себе и за малечкото. Ти веќе ја знаеш едната страна односно тоа што Е, но не знаеш што може да биде во иднина. Не може, ако не пробаш.
Да, јас собрав храброст, собрав за ова бебе и за себе, јас бев како тебе ја трпев долгии 6 месеци, ајде да нема кавги, ајде ќе се поправи, ќе види какви снаи има па ќе биде благодарна на моите гестови и почит, а знаеш што добив за возврат секакви забрани, уцени и коментари.. ме оддалечи од моите, од Мојот брат, мајка, татко, другарки, колешки од неа завршив на патолошка да има помошник дома.. Ама, да амаа јас го ставив КРАЈОТ на се тоа што таа сакаше да го стори, за се и кажав убаво и им кажав на сите.. Јас решив дека заслужувам подобра иднина, и имав подршка во тоа целосна од Мојот брат и многу ми е жал што многу порано не се одлучив на овој чекор.
Не се помалку вреднувајте ако влезете во друга куќа дека тоа не е ваше и тоа е тоа, да ве возат, имајте свое јас, своја работа, свој идентитет и потекло а не како од улица најдени, ако не сте ценети бегајте, јас мои керќи, синови ако имам вака ке ги учам.
Дури не ми се верува дека ова го читам. Обично на темава цело време читаме за жени што не можат да го решат проблемот, што не се осмелуваат да заминат со бебе, што другите никако не можат да ги убедат дека тоа што го трпат не е нормално. Баш си освежување. Браво, храбра ♡
Леле, истото значи истото, не верував дека има други такви неандерталци како моите *наскоро бивши* свекор и свекрва. Синчето не бил ист, се сменил, тој бил близок со нив, сега не е. Па со цел памет и золва ми ме буцкаше да сум го терала да им се јавува почесто. Веќе не трчкараше да им изиграва дадилка на внуците и сега зошто бил сменет.. На пример затоа што прв пат во животот одлучил да гледа малку за себе и да создаде семејство, но не, излезе дека најголема грешка било тоа едно што го направил без претходно да се консултира со нив-ме побара за жена. Па на прво запознавање со моите им велеа "Требаше да каже!" а при излегување свекрва ми "Чувајте ми го синот" Еве сега им се врати синот, се надевам среќни се што внук им остана без татко. Ако не заминеш нема да те сфатат сериозно никогаш. Никогаш не е доцна, не се јадосувај, сепак сте неполна година во брак ако добро се сеќавам. Јас додека не се породив не сакав да излезам од домот на моите надвор од срам дека сум се вратила, сега сфаќам колку сум била будала, требаше со крената глава да излезам и можеби прошетките ќе допринесеа за полесно породување. Ете, имаш и ти поддршка од твоите, верувај дека утре и бебе ќе ти биде благодарно што си го заштитила.
Моментот кога јас се породив и маж ми се сврте целосно кон нас и го посвети целото негово време и енергија да чисти и готви додека јас по цел ден бев со малиот во спална со цицките надвор се смени и односот на неговите кон нас. Они веројатно очекуваа дека свекрвата ќе биде кај мене да ми помага, а маж ми ќе продолжи како и досега да работи за нив 24/7. Првите коментари беа кога не дозволив никој освен мм да дојде по нас од болница, беа запрепастени кога слушнаа дека јас и мм ќе го бањаме бебето и дека не ни треба помош. Па после следеа јавувања кај моите дома како тоа јас сама ќе се грижам за малиот, па моите фино лепо им објаснија дека сме возрасни, дека се породив во пандемија и нема потреба да ни доаѓаат. Почнаа со поостри коментари, напади и кога видоа дека нема ефект практично го уценија мм во смисла седиш дома, а платата ти легнува на сметка. Се случија и еден куп други работи за кои јас бев обвинета без никаква причина и мм тука пукна. И така сега си живееме среќно и без драми, без контакт со свекор и свекрва. И да, внукот за кој крена толку прашина и настанаа проблемите во прво време околу чувањето го нема побарано 4 месеци.
^ Е ова сите да си го земете за пример. Кога некоја снаа се жали од свекрва, секогаш рчките се помеѓу нив две. Кога некоја снаа ќе каже дека си го решила проблемот со свекрвата, секогаш во муабетот е кажано "јас и маж ми". Не ви се толку лоши свекрвите колку што мажите ви се мамини синови и не застануваат на ваша страна.
Јас само неколку пати и имам возвратено на фин начин, другото се преку маж ми. Не знам ни јас како издржав ама некако многу тактички изиграв и ја оставив сама да се зафркне. Пример, ми збори 'ќе му правиме крштевка одма после 40 дена' и само што ќе влезе мм одма кажувам пред сите 'мајка ти вика одма крштевка да сме праеле, што мислиш?' итн. и после одредено време му дојде преку глава зашто виде колку совети и мислења дава и почна да и префрла да не се меша. Да не се разбереме погрешно, не ми смета мислење ако го побарам или ако е на некоја тема што ми е сеедно. Знае колку цврсти ставови имам за некои ствари во животот и какви планови имам за малиот и ме чепка баш таму. Кога и реков дека не сум верник поцрвене у фаца и одма лутиот поглед накај мм. И мм и рече дека не е некој верник и ни е сеедно за крштевка и почна да му се дере 'кој' го сменил вака (мислејќи на мене), 'јас вака не те израснав' итн итн. За ситниците да не почнувам, такви секојдневни што ме ваделе од кожа. Јас уствари од мојата свекрва и нејзините постапки сфатив дека целта е да бидат главни околу чувањето на внукот, да ти се сере на глава (извинете на израз) како ти ништо не знаеш, а она тука раснела деца и знае се. Моментот кога ќе си го прибереш семејството и ќе и покажеш дека не ти е потребна, се буди ѓаволот во неа. Не е за внукот, не е за синот. И нормално снаата е секогаш крива како на нас свекрвата што ни е секогаш крива. Ако она го сакаше внук и, ќе побараше да го види затоа сега никогаш нема да и дозволам.
Блазе вас. Јас жалам што не бев воспитана да враќам на нивните омаловажувања и подли коментари. Единствено за тоа ми е криво, но ете, требаше да џандарисувам за да ме почитуваат. Се обидов да му посочувам за тој да реагира, но тоа не се случи, дури и во негово присуство се случуваа грото од работите и пак ништо. Затоа прво и основно е што мт е на твоја страна. Значи кренал раце од сопствени мајка и татко затоа што си ги знае приоритетите и не дозволува некој да му ги загрозува добрите односи помеѓу вас. И второ и најбитно, има чувство за татковство. Нешта кои овие дудуци од мажи низ темава не го поседуваат како одлика. Тие 4 месеци не го побарале, а јас ако не го побарав за документи за детето немаше ни да праша дали е родено. Е, до толку е.
Баш ми е жал. Не сум ни јас така воспитана, додека бев трудна ќутев многу (многу се каам за ова) ама како што знаеш друго е кога си мајка. Се претварам во ѕвер ако ми ги чепне некој синот и мажот и не размислувам за последици. Колку што сфатив сте се разделиле. Од една страна жал ми е зашто животот ти отишол во таа насока, од друга мило ми е дека сега си среќна
Денес сама си ја бањав ,и ја избањав и никој не ми треба! Госпоѓата за да не е лоша пред син и фати негде замина. И фала и камо секој ден да заминува ,ама знам дека понеделник ќе ми се нацрта пак над мене. Вчера во две години втор пат и вратив. Првиот пат и мм беше тука ,па се испокара со мене,а таа дека многу во право фати цел викенд беше кај пријателка со спиење избега ко посрана простете на израз. Вчера и кажав да си заборави дека нешто ќе му се случи на детето и дека ако му се случи пак јас ќе трчам и мене ќе ме боли ,после сакаше да ја земе ама не и дозволив ,па до кај ќе сум одела со инает не чинело така ,она се прави да ми помогне јас не сум ценела пази ,ниту пак сум гледала дете некогаш па да знам. Е не сум ама ќе научам се што треба.
Никој не се родил учен па се да знае. И не знам зошто сите тоа капење на бебе го сфаќаат ко научна фантастика. Ти си мајка и имаш инстинкт да се грижиш за твоето дете како никој друг. Ич ама ич да не се замараш шо ќе речела. Искрено многу ми е жал за сите шо немаат поддршка од мажите. И секогаш од тука почнува проблемот, после со неговите зошто кога тие гледаат дека тој не се залага за своето семејство си земаат слобода да се мешаат во сѐ. Мојата свекрва на почеток беше супер, не е лоша жена, ама сака да е по нејзино, до толку шо кажуваше и лебот како да се сечел. Проба да ми наметнува мислења и да ми кажува како било правилно. Ко виде дека ги игнорирам нејзините правила почна преку мм да ми кажува. Јас одма знаев дека то е нејзин "совет" и ќе го прашав "мајка ти така ти рече?". На почетокот ко му велев на маж да живееме одделно почна со муабетите дека ми сметале неговите, не сум ги сакала. Па ми дојде преку глава и го прашав дали му е поважно жена му и децата да се среќни или не. Не беше лесно, ама сам сфати на крај. Еднаш го прашав "не ти е срам на 32 год да живејш со родителите и за сѐ да им бараш дозвола?" Треба многу зборување, помалку карање, па ако има во главата сам ќе сфати и ќе се тргне со време, ако не сака да остане сам со мама.