додека не соберете храброст и средства да се одвоите со маж ви, она си е дома и може да прави што и душа сака. те молам немој да ме сватишпогрешно ама ме изиритира твојот коментар и неможам да свтам. на оние кои им прават ручек се лутат што им се мешале на оние што ги оставаат сами да си работат па и тоа не чини епа ако не сакате во ништо да ви се мешаат тогаш не ни очекувајте ништо од нив.
Секоја чест за болдираново!!! Дошла снаа сака да избрка од дома све ! Е не може бе така. Ако сакаш брак имај храброст па створи си сам, а ако не можеш тогаш адаптирај се на условите кои си ги затекол. А не, ај ќе се земеме, ама нема кај да живееме, е добро де кај моите . И ете ти проблеми. А нема реални проблеми. Свекрвите си прават исто како што си правеле порано, само сега ги гледате секој ден а поранокога сте доаѓале како девојка на синот, ќе стане ќе се дотера ќе изглуми како пред секој гостин. Сега не сте гостинки, па адаптирајте се на животот во таа куќа а дали золвата ќе лежи или не тоа не е ваш проблем. Снаи сте не сте царици ни султанки па да ви се клањаат.
nena2010 дај боже да имаш нормална свекрва и се да ти биди погодено......а никој не рече дека снаите се султанки и царици и дека бараат свкрвите да им се клањаат....тие бараат само малку почит!! и да нема лицемерие од страна на свекрвите,ма да шо на денешно време то реткост е! поздрав
Од еден ѓавол раскинав врска пред брак па сега и на ладно дувам верувај ми. Ама кога ги читам поплакиве од снаите ми се крева коса зашто не знаат што е вистинка мака од свекрва. Камо среќа мене да ми беа проблемите од типот на ручек, лежење, и остале глупости. Кај мене жената сакаше да си се усели во мој стан и ред други работи кои не би сакала да ги повторувам.
ауууу......твојата ептен била Џеврие абе секој со својата мака......како ќе налепиш.биди ми поздравена да се надоврзам морам - свекрвите биле за да ги чуваш во фрижидер и само по потреба да ги одмрзнуваш го имав и во некоја друга тема ова истото напишано ама ако....мораше мало потсетување
Знаеш не се само свекрвите криви ако синот и стави до знаење кај и е местото таа ќе си седи и ќе си слуша и нема да се меша,ама се додека синот си ја бира неговата мајка а заборава на жената и децата секогаш ќе ни се свекрвите виновни,тоа го осетив на сопствена кожа,значи мислам дека колку е вината во свекрвата уште поголема е во нашите мажи а нивни синови
Точно Eleonorastrumica не се само свекрвите виновни таа работа е на мажот бидејки свекрвата сака да доминира, без разлика дали е заедница или посебно ако мажот не стави линија ништо нема од сето тоа тој ке вели: "секаде има расправија"... "сите свекрви и снаи се исти" или "што сакате правите"', а со самото тоа "што сакате правите" свекрвата си зима за право дека има зелено светло од синот и сигурна дека тој не ја почитува доволно жената своја и таа прави бура ниту една свеки нема кривица толку голема што најголема кривица има мажот тој не сака ни да се расправа со мајкаму ни со женаму а снаите додека не ѓи испоразболат не им иде памет и прашање дали ке им дојде памет на мажите и нивните мамички
Бети Буп Разбирам дека си позитивно возбудена што стапуваш во брак, почнуваш нов живот и сакаш се да ти е подредено, чисто, на место...имаш енергија и полетност, претстава за тоа каква сакаш да е атмосферата во домот, а една мрзлива жена само ти руши просек Ама треба да сфатиш (што порано тоа подобро) дека е нормално тоа што некои од постарите не го делат истиот ентузијазам како помладите и веројатно не им смета ако куќата не е секогаш исчистена а ручекот на маса. Ако ти сакаш една убава, позитивна атмосфера дома а гледаш дека свекрвата не придонесува за тоа, не можеш да збеснуваш и да се лутиш како мало дете туку сама да се потрудиш да ја створиш-за тебе и маж ти... Ти биди таа што ќе го светне секое ќоше од куќата, што ќе готви тоа што сакаш да се готви (барем ти дава одврзани раце за разлика од некои), а на кој му е до лежење остави го нека лежи, колку може да ти наштети со лежење?? Тоа што одиш на работа нека не ти биде оправдување, што ако бевте сами и плус имавте деца? Остави кој сака така нека си живее, таа до прва нема да се смени, а ти помири се дека немаш свекрва која чисти, готви, е секогаш насмеана и расположена, и превземи ги работите во свои раце...
Е тоа да тотално си во право,и посебно живееме и пак мама мама,абе не знам што толку мама,кога ни лошо сум и рекла ни неа ни на золва ми,иако ми направија милиони проблеми што не се за погледнување,е сега му пречело што сум одела кај моите демек ,зошто секој ден се јавувам,па викам јас не се кријам и не одам кај мама скришно,па после кога ќе си дојдам дома надзивкана да сум,па по тоа го познавам оти е бил кај мама,јас ти кажувам оти одам мајка ми е болна и ќе одам ќе си ја видам ми е мајка ,али не знам што да кажам имам син и дефинитивно уште сега кажувам дека не сакам да сме заедно ни една секунда кога ќе реши да си формира фамилија,не сакам ама воопшто да им се мешам,дали оти мајка ми немала свекрва ниту пак мојата снаа не живееше со мајка ми такви проблеми сме немале,додека тука сите бевме на куп тоа стана лудница ,абе секој си зема за право да ти наредува и што да си купиш,и ден денеска покушуват од далеку да кажат ама нели не се до мене па не ги рецкам,ни за гледање на син ми ни за ништо,јас имам право да си го живеам животот како јас сакам,само мојот маж уште се договара со нив за се и сешто иако се далеку од нас е тоа ме страшно нервозира ,па и не знам па какви се и они како мајки одалеку да го средуваат животот на син им ,ама ајде се надевам оти со тек на време ќе се среди,оти пак за се има решение ,кога нема договор помеѓу маж и жена,па нема зошто и да се заедно,кога некој нон стоп од надвор соли памет
Штом старите доброволно прифатиле да живеат со младите во заедница а исто и тие адаптирањето во заедничкиот живот треба да биде двонасочно.И девете страни треба да се прифатат такви какви што се ,со сите свои општи и индивидуални карактеристики.Сето ова вака кажано звучи убаво но ,во пракса е нешто друго.А ако не можат тогаш се знае знае секој одделно и чиста сметка. Конкретно за мене.Јас кога стапив во брак на целата ситуација наивно гледав со розеви очила.Очекував добро да се сложувам со свекорот и свекрвата а, пред се со сопругот,но не испадна така.Очекував штом сме во заедница заеднички да бидат и правата и обврските ,заедно да си помагаме кој колку може еден на друг.Само очигледно различно сме го сфаќале поимот живот во заедница.Уште од првиот ден целиот товар околу домаќинството падна на мој грб,значи буквално се готвење,чистење,(за сите не само за сопругот и за мене) вардење на децата од јатрвата.(свекрвава по цели денови си гледа репризи на турски серии и портари по комшиските дворови)Добро си велев и онака на почетокот не одев на работа па што ќе правам друго. Тргнав на работа со надеж дека ќе се подобрат работите.Не бре брате!!!! абер си нема!!!Наместо тоа ситуацијата стана уште полоша.Почна да и смета тоа зошто со превоз сум одела на работа,пари сум трошела.Зошто после работа сум одмарала,не требало да ја спуштам ролетната ќе се смееле комшиите и ред други глупости.За јадење не смеев да готвам јас тоа што сакам туку само таа што ќе речеше и да готвам исто како неа,мене мајка ми ништо не ме научила и затоа мора таа да ми кажува како се готви зошто никоја не е поголема домаќинка од нејзе.Свекорот неговите плати си ги чуваше во џеб,син и неговите пари и ги даваше нејзе а, не мене (отсекогаш така правел)а сметките ги плаќав јас.Не смеев ниту сама да излезам некаде ниту со колешка,ниту со роднини да бидам само дома и да си ја бркам службата како што ми беше викано. Од ден на ден јас се повеќе тонев психички и физички, колку повеќе им угодував јас пак нечинев.Почнав да ги барам своите права ми беше речено дека немам никакви права .Куќата била нивна и како што ќе ми кажеле тие така требало да правам.Ако ми чинело да седам ако,не да си одам.Сопругот секогаш беше на нивна страна .Јас бев сама наспроти нив.Несакал тој да се дели од мајка му Е сега кажете ми некоја нормална дали би успеала да се адаптира во ваква средина????
Целиот текст а особено болдираното ми дава за право да ти кажам дека ја би си отишла, гз преку глава и не би се свртела . Па нека си седи он со мама и тато.
Богами и јас! Ама не би ми било јасно што мајка барам во тој брак? Заради мажот? Ради чива љубов? Јас сум фина, фина, трпам, трпам, ама кога ќе ми прекипе знам да изненадам со мојата иницијатива и храброст. Е тоа е проблем (ситуацијата на SweetDream), а не ручекот и ситни зајадливи зборови на маса на кои секој може да возврати...културно, многу јасно. Шо се тиче домашните работи и слични ситници, јас еден период работев пола-пола од домашните работи со свекрва ми, ама после еден период, откако видов дека таа сака свој ред и најудобно се чувствува така, јас си кренав раце. Па подобро за мене бе...немав други зафрканции во животов па и на тоа да мислам. И кај нас имало ситни конфликти, ама бар овие разбрани луѓе, едниов секогаш му укажуваше на другиот и после гледаа да се искупат со некој ситен гест. Инаку во целина убаво си се согласувавме. Aма тоа не значи дека нема компромиси правење и некогаш подголтнување на кнедли (не многу големи, се разбира). Нема мир и слога без компромис ни во куќата на нашите родители, а не пак во таа на мажот... Важно мажот да не е муле кое уште е манипулирано во зависност од тоа каква гримаса ќе направи мама и да е свесен на чија страна треба да биде кога има проблем а жената не е крива.
Така и направив.Да останев уште малце ќе завршев во лудница.Подобро сама,отколку живот во илузија дека сум во брак кој фактички освен на хартија во реалноста не постои.Тој си беше во брак со татко му и мајка му а поимот сопруга и снаа најверојатно за нив има значење на куќен роб и последна дупка на свиралото.Епа така не можи!!Се си има граница!!Секој треба да си има свое место и улога.
Со тек на време сфатив дека тука не постои љубов.Дека тој се оженил со мене само за мајка му да има домашна помошничка и на кого да ги лечи нејзините комплекси(и нејзе свекрва и и правела така)дури и пред него ми има речено дека животот ќе ми биде тежок,тешко било да си снаа а, тој ништо не и рече.Пеколот низ кој што поминав дури ни на душманот не му го посакувам.Не верував дека можат да постојат толку расипани луѓе.(себични,бездушни,циции и искористувачи,нечесни и лицемерни,луѓе без срам) И јас трпев ,трпев и еден ден ми пукна филмот...па што сакав нека биди си реков.Ова повеќе не се издржува.Со овие човек не може да се разбере.Па не сум јас робот без чувства.Тие дури не сакаа ни да разговараме како луѓе а, не пак да се постигне компромис(ако воопшто и знаат што е тоа)Цврсто се убедени дека тие се во право а,јас сум лошата во приказнава.Мајка му негова имала повеќе заслужено.Па нека си седи сега со мајка му!Не ми треба таков дебил за сопруг а уште помалку на некој таков да му родам дете.Се разведов и го решив проблемот
Секоја чест ..не секој има храброст да замине а и пак најчесто нема кај да оди. Јас со сопругот чекав прво да створиме па потоа се зедовме и живееме сами. Не дај боже возаедница. Искрено мојата и не е толку лоша, жената е вредна работлива и си преќутува,,АМА еден свекор што го имаааам леле како за три жени е. Не е лош ама и ужасно досаден, се го интересира, абе три жени не му се рамни. Чудо нешто.... од еден муабет со него знае нервата да ти се крене. ужас.
Добро а ќе ми ја дефинира некој оваа снаа?? Да се седи дома (во двособен стан) цело време кога си слободен, а дома се и старите, цело време да се чисти, средува, пере, готви значи ко слугинка да е ... итн. Значи, и кога мажот секое слободно време го користи по кафани да седи. И децата се на неа да се, освен кога е смена на работа па ги чува свекрвата, па и кога е дома да не се мрдне нигде да се прошета?? Значи секој ден да седиш да се гледаш со свекрвата, која инаку воопшто не се помера од дома. Што снаа е оваа?! И тоа живее со луѓе ограничени, циции, не разбрани, нервозни, проклети ... мислам, им фали жичка. Значи и неа и фали кога се нафатила да влезе таму.А релативно млада е. И се чудам значи.
~ Нема дефиниција, туку едноставно некои се неизживеани и не го разбираат бракот. Баш тие такви подоцна збеснуваат (им лудуваат хормони и прават големи грешки) кога веќе им поминал пола живот и се освестуваат, а можеби и не, незнам.
Па ја и тоа викам ограничена е, веројатно иста ... затоа и дошла кај нив и така живее. Јас тоа не го разбирам. Ама не верувам дека ќе може да издржи долго. Сакав да кажам дека има и снаи кои се во брак само поради тоа што така требало да се омажи, роди и гледа куќа со се свекор и свекрва. А не сфаќаат дека 21 век е и работите се поместија од мртва точка.