Инаку не дочека понеделник ,се нацрта уште денес... Јас спремам алиштенца таа наполнила коритото со вода. И пак за да не се карам покутив.... И сега се карам сама со себе ,дај некој нека ме истепа!! @Marmarin не е научна фантастика ако некој земе ти објасни и без да се меша или те брза ти асистира по малку,или ни тоа не мора само првиот пат да објасни . А не како мојава јас уште не земено се таа вода ставила па брзоо ќе се изладии ,и ти од брзо си заборавила нешто важно пример бањарка па трчај отворај врати во ладно да земеш бањарката итн ... И денес истото го направи ,со тоа што денес син и не беше дома ама можеше да се врати кој било момент и ќе бев јас лоша. Ама ќе ја седнам ,ова вака не оди.
Епа што да ти кажам, другиот пат биди похрабра. Инаку што повеќе и дпзволуваш тоа поголема контрола ќе си превземе. Сакаш еден ден да ти порасне детето, да се свртиш наназад и да речеш Ношто не видов јас од бебе? Ниногаш нема да е толку мало и слатко. Повеќе сакаш да не се караш или да си уживаш во бебето?
Не ме сфати, таа мисли дека ти не можиш сама да го капиш, ко да е нешто невозможно па мора да е тука да ти "помага" ко небаре ти ќе го удавиш. исто и мене ми правеше, ама и реков, фала можам сама ми е полесно. И вистина ќе ти е полесно, ќе си фатиш ред и ќе си го капиш кога сакаш ти. Или следен пат само шо ќе излезе таа одма искапи го и ко ќе се врати кажи и дека веќе си го искапи сама,. Мораш со време да пресечиш, да им докажиш дека си способна сама да си го гледаш. И друго, јас си го капев во спална, се ми беше тука на дофат и немаше потреба да трчам по соби ако заборавев нешто, пробај и така. Со лесно
Ова со лесно ќе ми треба.. Извини што не сум те сфатила убаво. Не можам од неа значи она ми преместува корито како да е свртено дури а не само кај да е ,ама јас сум виновна и дозволив да се чувствувам како странец дома ,ај нејзина ќука ама и јас вложувам за на крај она да ми диктира како ќе ми поминува денот
Знам како ти е, треба челични нерви и трпение дур се објасниш. Ама убо ти рече членката погоре, додека се нервираш за неа, тоа време насочи си го кон бебето, само сега е толку мало. Тоа е и твоја куќа колку и нејзина, не си таму на гости. Па ако те смета за гостинка, така и понашај се. Само тактика со таквите. И прво и најважно мора мажот да застане на твоја страна и да и рече, инаку тешко ќе се справиш сама со неа, ти секогаш ќе си крива дека не си ја послушала.
А моево додека беше бебче, кога ја бањав ако имаше некоја баба околу нас се убиваше од плачење. Кога ја бањавме сами со мм, уживаше. Можеби ме чуствуваше мене напната, па затоа. И после трето бањање и реков на свекрва ми, извини сама ќе ја бањам гледаш со други е нервозна. И си се повлече.
Исто, првите неколку пати стоеше до мене демек за помош и бебе многу плачеше па уште се чудеше зошто плачело . Еднаш сама го зедов, се изнаужива се смееше и намерно пред сите реков "леле денес се изнаужива бебе во вода, глас не пушти". Сама престана да прашува " кога ќе го капиме".
Биди поитра од неа, среди си ја ти претходно и во твојот дел, во соба. Делени сте со спратови? Ако ти виси на врата и ако ти ѕвони, прави се како да не слушаш. За се што ќе те обвинува, прави се наудрена, како што таа прави.
Прочитај ја темава од почеток до крај и можеби на некоја страница ќе собереш храброст. Тешко е само првиот пат да пресечеш, после лесно е. Требало како го наполнила коритото со вода така ти да го истуриш. Молчејќи. Животот поминува со брзина на светлината. Додека трепнеш детето ќе ти наполни 6 години, а свекрва ти ќе му бира комплет и ранче за првиот ден во школо. А ти? Шест години како си ги поминала? Пресечи еднаш засекогаш. Полуди. Направи ги сите лом. И во меѓувреме пази да не ти стави хелекс во кафето и лажица и шеќер под перница. Ајде знам дека можеш ти. Сите ние можеме. Среќата ги следи храбрите. Животот е краток. Бебе е само еднаш во животот. Маж ти провери го уште еднаш и види дали е нормален или ќе си ги собираш куферите и ќе тргнеш во потрага по среќата. Среќа мојата несреќа кратко траеше, само 3-4 пеколни месеци. Затоа што имав целосна подршка од маж ми. Да немав ќе барав помош од фемина за престој и работа и подобро утре. Веќе знаете или да ви повторам дека додека бев бремена живееме со мм во друг град, а свекор и свекрва викаа дека е срамота јас бремена да не живеам со нив. Као демек со швалерот живеев ја.
@Fleur-De-Lis камо да бевме по спратови лесно правев клучна врата и не да ѕвони нека се откорне. Ама не ,3 соби се едната целосно ја ослободивме за неа (поточно доградувавме спална за нас а таа кај што седевме и ја отстапивме ,за доградбата ни даде 200 € ) таа беше таа што бараше ,за да не ни се мешала... И на крајот пак се меша @Marmarin кај мене не е кога ќе ја Капоне туку чука на вратата во спална и вика ајде капењеее не дремчете таму ладно е @gjoker4e таа па ептен нездрава ,како бе срамота да живееш со мт ? Денес се понаша ко ништо да не било бе не ја разбирам навистина јас некој да ми каже не ми се мешај ќе го избегнувам засекогаш бре ,не баба ми и дедо ми дојдоа денес ,остај што се нацрта на маса туку ќе ми кажува јас кога да правам кафе или на баба ми ќе и го земеше тањирчето затоа што мислела дека го чисти кромидот а жената го собираше во виљушка за да го изеде... не ја можам веќе. Само што заминаа грабна да мие ,инаку јас ако измијам ќе фрлам остатоци во мивалник. Да како гостин се понашам ама не ми е убаво така ,сакам јас семејството да си го гледам а не некој да ми диктира зарем е лошо тоа ?
Читам и се нервирам за тебе жено. Не можам, не можам да го разберам менталниот склоп на женава и таквите како неа. Колку години сте со маж ти? Мислам не дека е битно кога веќе сте се зеле и имате дете вие сте фамилија и крај. Мајка ми била у таква ситуација со баба ми, нервози и нервози без крај, тежела 40кг од нервози, немала млеко, татко ми иако бил на нејзина страна и постојано се карал со баба ми она е една таква злоба што и да ја истепал пак така ќе терала, на крај мајка ми и пукна филмот и тоа после 10 год, се сеќавам како вчера на денот кога и се издра на баба ми за се и сешто и не зеде мене и брат ми и отидовме кај нејзините со татко ми секако. Два месеци таму и дедо ми од кај татко кој беше душа човек и секогаш беше од кај мајка ми не ја стави во ред и рече дојдете си снао дома ние ќе де селиме на село, вие сте фамилија и треба раат да сте. Не думаше со нас со години, погоди сега кој ја гледа кога го умре дедо ми. Поентата ми е дека мајка ми се кае многу многу што и дозволила да ја гази така и ми вели не дозволовај да те газат никако, било кој. Млада си сега треба да уживаш во живот со детето, собери сила, биди храбра, стави ја каде и е местото, ако маж ти не те подржува стави го и него каде му е местото. Собери сила еднаш кога ќе пуштиш глас ќе видиш после како се ќе ти е полесно. И не се потпирај на тактики, со таквите треба директно, ништо не забиколувај, лепај и у фаца и ич да не те боли онаа што ќе мисли, што може да направи да те испади од куќата? Па и услуга ќе ти направи. Ќе се нервираш многу во животот. Само еднаш кога ќе рече кога ќе се бањаме, речи и ние ќе се бањаме сега, ти можеш после нас или пред нас како сакаш. Само храбро.
Ова прв внук и е ли? Дај бе опушти се, што дека ќе го искапи, можеби се плаши да не го шивнеш во вратот. Ако до толку си запнала за тоа капење ете горе ти пиша некој искапи го кога таа не е тука и кога ќе дојде речи и дека си го искапила и готово. Мене кога ми кажа мајка ми дека баба ми ме капела се шокирав, а трето дете сум. Нит сум памтела кој ме капел како бебе нит кој ме преслекувал. Памтам кога мајка ми капеше кога бев 5 години. Има цел живот да бидеш мајка, ќе го бањаш дури и ќе ти се смачи. Отвори го срцето, и смали ја нервозата жено, ако доиш ќе си го изгубиш млекото за глупости.
Не и е прва ,од син и да а од ќерка и има уште 3. Не не е проблем капењето, проблем е понашањето. Проблем е што кога ја облекувам јас панталони таа блуза за да не замрзнала на 30 степени,ете тогаш може да ја шиниме а не додека јас ја бањам. И не е дали ќерка ми ќе памти ,туку е што јас нема да заборавам. Ниту пак целиот проблем е тоа. Поголем проблем е што постојано ми вика сакаш да и се случи нешто,а ако ме читаш цело време ќе видиш дека беше во болница и дека имам страв на некој начин од тогаш,и веднаш помислувам на најлошото да не речам .
Како бе глупости, ако она сака да си го бања нејзино право е и точка. Мајка е. Не е битно детето дали ќе се сеќава, тоа се спомени кои ќе и останат нс мајката и нема право никој да и ги одзема. Ќе и го шинала вратот пази боже, свекрвата со старите раце нема да и го шине. Глупости, не е само за капењето проблемот, жената очигледно сака да ја потчине снаата и нема тука место за оставање, има да ја стави во ред или ќе си алува цел живот.
На неа може прво внуче и е ама на жената и е прво дете. Треба свекрвата да го отвори срцето и да ја остави да и се нижат спомени од бањање, цицање, плачење, смеење, јадење и сл. Да, доколку не сака да ги прави овие ствари околу бебето нека ја остави свекрвата. Во случајов, жената си сака целосна контрола и организација за своето дете и свеки треба да се повлече. Јас кај мајка ми порано кога идев вака ми правеше. Ајде мама му се цица, ајде мама му се спие, ајде време е за бањање. А јас дома веќе си имам рутина и кај неа она се ми пореметуваше, цело време имав чувство дека заборавам нешто. Си го доби неколку пати и од тогаш прво ме прашува.
Јас колку што сфатив и двете го бањале бебчето, тоа е голема помош бар јас така мислам. Бебето не може никој да и го земе тоа е нејзино. Ама ако женава сака сама да си го бања нека си го бања искрено ете некој и пиша ако не може поинаку, нека го избањања додека таа не е тука. Само ако дои нека не се секира да не си го изгуби млекото.
Може ти си поразлична особа, колку што знам трудна си, здравје кога ќе се породиш ќе видиш како ќе се смениш Јас бев прељубоморна, само на мм не бев ама и него го рендав ако плаче бебето, а не он го зема или во друга ситуација. Абе се претвараш во нешто друго, го сакаш бебето само за себе, 24/7 си со него и малку ти е. Не знам како да ти објаснам. Ајде што имав страв од се, се сомневав во себе, хормони вријат, мислиш сите други се подобри мајки од тебе, црни мисли и се трудиш и трудиш, и ти доаѓа свеки и ти вика дека ти нешто ќе му направиш на детето, ти прави распоред на бањање и сл, па не да полудам... Ќе и скокнам некој ден.
Па тоа е мајчинството ти се буди во тебе, ете и мачките и кокошките кога ќе се породат па ако им се доближиш одма ќе скокнат ќе те нападнат. Знам дека ќе се сменам и јас, да не ме читате и мене за два месеци тука. Ама мојата оди на работа 12 сати работи, па може поинаку ќе биде. За капење сакам јас самата двете да го капиме, знам дека се скоро 4 кила кога ќе се родат па ќе ми биде страв. А за ова и мајка ми, ми има кажувано, дека свекрива нејзина кога ние ќе сме заплакал и одма влагала во соба кај неа "што му направи сега", па вика мајка ми што можам да му направам на дете мое можам ли нешто лошо да му направам? Ги има секакви знам. Само иако хормоните ви работат пробајте да мислите рационално, па кога јас ќе се нацртам на темава за два месеци ве молам да ме смирувате.
Само ова ќе ти кажам. Немој уште сега да и бараш помош за бањање за да не влезе во филм на супер бабичка. Породи се здравје, па ако маж ти не може да помага (а може) тогаш барај помош од неа. Немој да ја направиш ситуацијата како да е нормално дека таа ќе ти помага. Можеш да и кажеш 'покажи ми како да го/ја бањам'. Верувај ако си дозволиш после нема назад и плус на првата кавга ќе ти плесне. Биди одмерена. Додека падне папочето е тешко зашто треба да го држиш во раце, после тоа си го ставаш во корито и си го бањаш, јас моево сама го бањам со месеци.
Луѓе, верувајте ми можете сами да го бањате. Да и речам свесно Покажи ми и да се вознесе во ѕвезди, ааа не, не фала. Значи верувајте ми не е филозофија. Гледајте видеа, прво со мажот неколку пати, после ќе можете сами. Подобро ако момете викнете мајка одколку свекрва.