Да за на почетокот викам, бебе од 3кгнемам фатено со рацете никогаш п,осле тоа здравје кога ќе има 3 месеци сама ќе си го бањам. Маж ми работи исто 12 сати, па не сакам да го мачам. За второто бебе здравје ќе знам самата и не ми треба помош.
Абе реално може, и јас сега сфаќам дека сум можела од старт сама (да не бев царски и да се родеше помал) ама прво дете, немаш искуство, се плашиш. Дефинитивно со маж е најдобра опција, не ти треба никој друг ама ако од некои причини мажот не може, си треба помош на почеток.
Тоа е проблем што мајка ми не е тука, ама јас ќе видам еднаш два пати како треба и ако можам после сама ќе си го капам пошо и таа работи многу сати па не ќе ја чекам неа да го капам. Можеби џабе се плашам, ќе видиме тогаш.
Аман бе луѓе, секој ден после секое какање миев дете сама, во лавабо во купатило... И не не е мачење на таткото ако помогне за бањање, татко е!! Сите имаме прво дете, сите не сме знаеле.. Ете мене никој не ми ни покажал.. Работата е со бабите што не е баш така, 1 колку да ви покажат. И мојата сакаше, цвет, ако ти е страв дај бабичка.. Не не ми е, јас ја родив... јас сакав. Чувале пред 30+ години, у меѓу време новороденче не фатиле, раце им се тресат, ама они боље ќе избањаат?? Епа се дур не се научат кај им е местото нема ни набљудувачи да бидат. Плаче ладно и е, не, плаче сака цицка, ти ми висиш над глава и ми сметаш и ме деконцентрираш. Ама реално болката е што не можат да прифатат дека уствари знаеш и можеш, дека можеш без нив. Па као ај ја ти помагам уствари, од љубов тоа. Не дека сакам да шефувам. До 40 дена ја не ги пуштам да излезат, абе ќе си ја прашам. Сонце пука, ете ме на врата, каде, у парк викам. Е да видиш како нема не може... Ама ако послушав за се ќе беше така. Е едино шо не можев да ја убедам е дека дете не се дави, туку она сака да ја држи у раце па така кориати прилика, ама свекор ми секој пат ја издаваше. Доста бе веќе вика доста паничиш спие дете!! И така... си има милион ситуации, се зависи само од нас.
Те читам и се потсетувам колку е оваа слична со "онаа мојана". И сметаше што дошле моите да ме видат, па не ова па не она, па имало вируси и не знам уште што неа главен проблем и беше според мене тоа што сами ќе заклучат каков подлец од човек е зошто претходно глумеше светица и ред други современи работи. После тоа ми префрлаше ред коментари, се разбира негативни, а да не зборам за тоа што највеќе од се ми сметаше и го повторувам тука што МОЕТО излегување до некаде морав да го ПРАВДАМ. Замислете, кога јадев трчаше по мене да види колку и што јадам, за огромен жаллл оваа не одеше на работа а не е стара многу 55год. 24/7 беше дома и во се ме надгледуваше дури и со кого разговарам на тел,кога си седев со сопругот си влегуваше во кујна да не седиме насамо со некој изговор вода сакала и се јадело и незнам уште што, па кога не сум дома ми влегуваше во МОЈАТА спална и вршеше проверка дури еднаш ја затекнав и полудев па ме набеди дека ја сум кривецот кај мажот и (кој исто беше бетер жена).. абе можам цел роман да напишам што се издржав, до душа јас не попуштиав се карав и си терав по свое ама со таков човек во иста куќа тешко дека некој може да излезе на крај и притоа да биде нормален... Еве сега 2 ден си живеам на раат кај моите, а оваа ми звони не знам кој пат не и дигам воопшто еднаш се јавив ќе пукне срам ми вика .. Замислетеее таа знаела за срам, ама веќе во тој пекол не се враќам или нека си размисли и мојот маж или нека си живее како сака... Јас не сум ничиј роб.
Тешко е со свекор и свекрва во иста куќа, посебно на ист спрат, како во мојов случај. А моиве тандем се, исти двајцата. Чекаат да легнеме да се изназборуваат, да оговараат. Некогаш не ми се верува дека постојат толку злобни луѓе. Сигурно ќе беа посреќни ако синчињата им останеа сами, не женети. Наместо да се среќни што оформиле семејство, што имаат жена, деца тие мани наоѓаат. Ај да се најдобри на свет ама не се. Моиве се такви што се мешаат во се'. Од деца, до маж, до излегување, буквално за се. И на се наоѓаат замерки. Маж ми си е навикнат, па не му смета, ама јас нерви немам веќе. Посебно сега дека бремена уште повеќе се нервирам. Пример, вечерва маж ми донесе пица за вечера и стариве ја зеле пицата со врат, а знаат дека таа е за мене, а мене ми ја оставиле со шунка. И ок ај. И старава му вика на маж ми сакаш ти од оваа пица, а мене не ме ни регистрира демек небитна си. Друго што ме изнервира денес и вика на ќерка ми оди легни си и спиј греота е татко ти да спие треба и погали го пред спиење малку. А тој денес ни 2 секунди ја нема видено ќерка му. Цел ден сум сама со неа, плус трудна, плус стомак цел ден ме сече што од нервози, што од што не сум цел ден седната и уште таа ми фали со коментари. Секако дека само синчето си го гледа, јас не аум битна. Тоа за инат мој. Демек пукни си. Не знам дали вреди да се нервирам за ова или од бременоста сум уште поосетлива и се нервирам за се. Пробано имам со игнорирање ама кога некој цел ден ти е пред очи и кога цело време слушаш коментари не може а да не се изнервираш.
Е зошто де? Зошто на син им не му смета ништо од тоа. Не знам како да објаснам има некој страв од нив двајца, цело време пази да им угоди да не се налутат господата, па некогаш дури и се плаши да им пререче нешто или да им се спротивстави. Ја ваков страв од свој родител не сум имала и за мене ова е нездрава работа. Еднаш дојде до ситуација кога и нему му препукна, рече ќе се селиме, и му помина желбата за 2 дена. А да трубам секој ден едно те исто дека не можам да трпам и дека сакам да се одделиме, а некој да ме игнорира не можам, зошто секогаш завршува со караница. Оставам некое време сам да сфати до каде е дојдена работава, ако не знам што треба да направам.
Леле истото да и кај мене беше сине земи јади цел ден си на работа, изморен си легни спиј, буквално и јас како и ти бев небитна тие мислеа што од срам што од жал ќе трпам и траам ама не мене ми пукна филмот, само што јас сум бремена со прво бебе, а исто и мојот има брат и жена и 2 деца. И им кажав штом се правите толку способни и недостижни зошто не мислевте да создадете услови туку гледате само за себе, па пак ја излегов лошата не сум мислела што кажувам.... абе хаотично беше И оваа потполна иста ситуација ја преживеав, иста значи полуде тој виде какви се и во кола да заминеме мајка му глуми демек е пред смрт и ајде ништо се смири овој заради мене се било .. И овој им се плаши ли, ги почитува ли секогаш избегнуваше да збори за селење дури сакаше куќата само да ја попушти.. епа сега слободно нека си седи со мама и тато. Доста е
Мојава е демек не се мешам во ништо, дури и кога свекор ми ќе прокоментира нешто му вика ти ќути, а од друга страна ќе ти плесне еве ко денес вака уз муабет за да те изнервира и ќе зборува зад грб. Лута ми е дека му се развикав на детето од јатрва ми дека ја удри ќерка ми по глава ( не е прв пат да ја удри, кој ме читал знае) и ми препукна. А јатрва ми наместо да го искара ми се пушти мене да се кара, а свекрва ми прокоментира деца се, демек немало потреба јас да се мешам. За дете свое и те како ќе се мешам. И од тогаш намерно ме нервира со коментари од страна, а јас сум навредена зошто ќерка ми да постапи така ќе.има жалење на велико и цел комшилук ќе разбере дека ќерка ми го удрила саканото внуче на баба. Е затоа ми препукна.
Ах, јас те разбирам значи ко близначка со оваа исто не се мешам во ништо а се мешаше во се. Нонстоп нешто коментираше позади мој грб, нонстоп другата и беше добра зошто не и кажуваше ни а ни б туку се ја слушаше , и да тие внуци и беа омилени, сакани од се допуштени..
Не се криви вашите свекрви, криви се вашите мажи. За се имаат уста да си кажат, ама да кажат нешто на мајка му и татко му немаат? Јас незнам зошто ги кривите вашите свекор и свекрва, кога тој што спие со Вас е најмногу крив? И јас сум мажена, имам 23 години, на 22 години родив. Се породив и живеев до скоро во заедница. Мојата мајка нит ме побара додека бев бремена, нит па знаеше дека се пораѓам, сето тоа мајка му на мм ми го надомести. Кога се породив јас бебе незнаев да облечам, незнаев да го дојам а не па да ја бањам, бев во тотален хаос, не па ручек да правам. Цело време беше свекрва тука, арно ама мм кога ќе кажеше нешто, дали во врска со мене дали во врска со бебето тоа се почитуваше. Арно ама, такви ситуации што за мене се безвезални таа ја земала пицата со врат, мене другата ми ја даде да ја јадам, јас стварно немам коментар, wtf Јас не кажувам дека ми е идеално, реално со мм си правиме муабет и му кажав аман што јас ја преовеличувам работата, јас седам дома, јас треба да го гледам детето.
Вакви проблеми секако дека ќе има штом сте во заедница. Многу сум против растење на деца од двајца браќа, сестри под ист покрив што се вели. Не викам дека не треба да си поиграат, но живеење заедно НЕ. Затоа предвреме се решаваат вакви работи.
Јатрва ми е крива што го брани. Значи кога и да појде ќерка ми кај нив со плачење се враќа и кажува дека братучед и ја мавнал, а таа се прави наудрена, не видела, не слушнала, а ми ја враќа дома со глупи изговори, плаче по тебе, и се спиело... И реков кај беше ти зошто ги оставаш сами и ми мумла не знае да одговори, зошто знам дека е тука ама не сака да си го искара синот. Затоа е такво детето. А свекрва ми е крива затоа што секогаш е на нивна страна. Еднаш ќерка ми играчка не му давааше, значи не го удри, туку не му даваше играчка и таа го зеде детето за рака да го носи кај мајка му и и се развика на ќерка ми (дете од 2 години) до тој степен што ќерка ми почна да плаче. Плус се пожалила одма кај јатрва ми дека не му давала играчка на кутрото детенце кое е научено се да биде по негово затоа што така го воспитаа мама, тато и баба.
Ти си била во поинаква ситуација од мене, јас бев во контакт со мајка ми што на оваа и пречеше до немај каде и одеше и збореше по луѓе како само јас да сум имала мајка и фамилија...а впрочем која е таа да ми кажува што смеам и со кого смеам да зборам.., мене дури и за јадењето ми наговори а не друго, ама тоа е секој со својата приказна
Зошто па маж ти кога зборува со неа, не ги обраќаш очите како бинго, само он ли има мајка и семејство. Па он да се праша оти такви фаци праваш. Јас да сум на твое место, ако нешто ми преговори, пред маж ти и мајка му ќе му кажам: абе мајка ти така и така ми кажа/тоа и тоа го мисли, ти што мислаш на таа тема?
Само маж ти може да ја среди работава ако сака, настрана да се одделите или барем за почеток да почне да им се спротиставува. Ако не, тоа е, со ова ќе се нервираш постојано. Неможеш ништо да направиш? Не можеш да му кажеш дека под итно сакаш да се иселите? Дека се нервираш секојден и да сфати дека и вашиот брак страда поради ова?
Најјаки ми се овие како @Neda997 на кои им е безвезе да читаат вакви коментари ко мојот за пицата, а уствари да и било неа толку убаво со свекрва и ќе си седеше со неа и немаше да се оддели. Ехее јас да бев сама без свекрва колку пд проблемиве овде ќе ми беа смешни, ама сум доживеала, знам како е и не солам памет.
Да и тоа пред сите го реков а ти што се правиш толкава мајка кога немаш ни м од мајчинство.. Јас не го бранам маж ми напротив тој е виновен што дојде до ова јас му потенцирав и него и нив ама тој не сакаше да разбере не сакаше да зазема страна е сега нека си уживаат, јас ќе си продолжам по мое.