@Skorpija25 нит солам памет, не ни пробувам не ме личи на годините шо ги имам. Како прво живеам спроти родителите на мм, и секој ден се гледаме, а како второ кај нас ги нема тие работи, во типот на рекла казла, ти тоа изеде тоа беше мое, зошто не го сакаш моето дете како другите внучиња итн итн. Посеизгледа имам многу среќа од таа страна, за современи свекор и свекрва. И пак ќе кажам, цело време не ми е идеално и мене, АМА кога сум имала проблем преку мм се решавал.
Епа немаат сите среќа како тебе. За жал. И јас сум растена со родители кај кои немаше замерки за ништо, ама овде има, па ским си такав си.
Па преземи нешто де ако се толку неподносливи. Ти ем се жалиш тука, ем не преземаш ништо. И маж ти е највиновен. Кога не знаел да постави граница, ќе се зафркаваат со вас.
Темава е за жалење. Ако ти смета не читај. Еве сега станувам од кревет и си заминувам од тука. Толку лесно и едноставно е.
@Skorpija25 еве ти пример. Јас се пораѓам, добро помина тоа, си отидоа дома сите, и свекрва им кажала ајде сега на 3та вечер ќе месам/кршам погача, кога ја подберале мм и девер, нит погача нит ништо. Едноставно мораш да зборуваш со мм, тоа така не оди, на крај краева кое е неговото семејство, ти со децата(незнам дали имате) или они.
Темава е и да ти се каже што треба да се направи. Тебе изгледа ти одговара таква тортура. Трпи си тогаш.
Еве ми кажа ти што треба и сега веднаш да ги превземам работите во свои раце и да не кукам? Не пишувам со месеци тука за едно те исто та што ти засмета што сум се жалела а не сум превземала ништо. Многу ми сте интересни со вакви коментари. Еднаш ќе пише некој за совет и одма нај паметните и оние кои не поминале низ нешто ни приближно слично, се јавуваат со коментари оди си, разведи се, не кукај, превземи нешто. Може досега супер сум живеела со нив па сега ми почнале проблемите. Ама ти веднаш заклучи дека уживам да трпам ваква тортура.
Ти се читаш или не? Пишуваш дека озборуваат, дека се злобни. И што доби совет? Да преземеш нешто и да се тргнете од таму. И да, дека маж ти е највиновен. И пред некое време пишуваше за нив нели во темава. Или грешка сум?
Од страна гледано изгледа лесно, но според мене е се пропуст на мажот, ако тој е на твоја (читај наша) страна тогаш е се решено ама за жалл не секогаш е така, а за решение има решение ама мора да имаш нечија подршка од родители, брат, фамилија мора на некој да се потпреш одредено време без да бидеш товар.. Во секој случај подобро да се реши отколку да се трпат нечии напади без ничија одбрана.
Во право си, пишав. Јас знам дека тие нема да се сменат, ама еве на пример од тогаш, до денес, кога го пишав мислењето јас го сменив односот кон нив. Ем ги слушав што зборуваат, ем не им се замарав и им правев лице, само за да си олеснам самата себе си и да не си стварам дополнителни нервози. Знам дека тоа не е решение, ама немам друг избор додека мм не сфати сам дека не можеме да живееме вака. И еве од тогаш до сега се беше во ред, ама денес ми препукна и пишав пак. Да е до мене верувај уште сега се пакувам и се селиме, ама не е. Со мм веќе е разговарано на таа тема и чекам да се свести. Што друго да превземам? Да го уништам бракот? И до тоа може ќе дојде не викам не, ама не сега.
Не Значи иста беше мојата ситуација, само што јас лом ја направив. Цело време ми го туткаше бебето, ќе го земе да го подржи и ќе ми го врати испотено...ако ика ладно му е, ако плаче ладно му е...детево ми има жолтица едвај го будам, не може да цица, она само го тутка и ми кажува бабини деветини. Го спобудале и маж ми и тој ме нападна дека сум се однесувала идиотски со мајка му, она сакала само да помогне Го фатив за рака маж ми и правец во Систина да видиме што му е на детево. Првото прашање на докторката беше - да не го облекувате премногу? Е баш ми беше мило да слушне. Се искарав со неа, лом ја направив, може претерав не викам не, ама со деневи не бев спиена и јадена како што треба уште она ми требаше. Си отиде со плачење. Нема да дозволам свекрва ми да му изиграва мајка на моето дете. Да напоменам дека до сега имала некои испади ама вака не. Ја направив лом и нема назад, односот никогаш повеќе нема да ни биде ист, ама кога е моето дете во прашање нема никој да ми се меша, па макар и да не збориме повеќе. Мораш да ставиш граница, инаку цел живот ќе се нервираш за истото
Исто мислам подобро ќе платам жена неголи да ја трпам мајка ми да ми се прави големата домаќинка по куќи и да ме вреѓа пред маж ми. Нормално ли е тоа да пред пороѓај ми зборува дека ќе ми го украдат бебето од болница, до каде оди нејзината злоба а пред баба и дедо глуми жртва.
@1209 две години сум тука една и пол во брак ,со тоа што првиот месец беше странство и функциониравме супер со мм . Откако се врати се правеше многу фина а јас кутрата ја жалев зошто син и ја има исклучено од се ,таа тоа го заслужува. Денес ме најде како ја капам сама ,и почна да вика дека инаетот ми бил појак од се ,дека не сум имала доволно години за инает да терам ,од инает којзнае што ќе сум му направила на детето (пак ). Таа одела по мене 2 години ко гостинка сум била итн... И кажав само не е инает мерак е ,и да ме остави раат да си го докапам детето. Ама бидејќи продолжи да збори и враќав... понатаму незнам како ќе биде ќе видиме И да ќе се вознесе а ќе дојде момент кога ќе ти префрли тоа се како мојава @BeLLaDona23 кога бевме на контрола на педијатар (со најмалку 30г. искуство) ми исфрли се и широк повој и чорапи па дури и капчето пред мм ,за кога си дојдовме пак да ја натутка госпоѓата пошто докторите ништо не знаат ,таа знае!
На жената и фали нешто у главата дефинитивно. Само продолжи така, нека збори колку и душа сака.Кажи и јас не дум гостинка јас живеам тука и така ќе се понашаш со мене, доста ми е од оваа тортура, јас имам доволно години за да бидам мајка и жена и нема тебе да ти се правдам зошѕо го бањам детето, зошто и како го облекувам и толку, ако не ѕи одговара имаш соба која ја направивме да не се мешаш па оди во неа и не се мешај. Јас вака дрско би постапила, ако се лути и акос е жали на синот и нему би му кажала што мисла. и како мислам, ако е маж нека биде маж не тука да цимоли пред мајка му. Ако знаел да ти направи дете и да те ожени, сметал дека си доволно возрасна за се, нека преземе одговорност, ако смета дека мајка му е попаметна и повеќе знае да чува деца нека и посвои едно па нека си го чува.
Скорпија, ржи. Значи ржи и не давај никој да те гази. Вклучително и мажот. За многу, многу поминорна работа во рок од 2 саати се спакувавме и си отидовме од кај што живеевме (а не ни бевме во никаква заедница) ама може многу работи да не му се јасни на мим, едно му е јасно - не трпам ничии срања, ни на родена мајка, ни на свекрва, ни негови. Еднаш попушташ и цел живот те газат. Според мене - батали ги нив. Дур на нив се фокусираш никогаш проблем нема да решиш. Мене свекрвата не ми е никој и ништо, нит ми должи, нит и' должам. Ама заедницата со тој што спие до мене, и те како е подложна на "ми должи" и "му должам" и и те како не е безусловна. Ти фати со него да го решаваш проблемот, а дали тоа ќе биде така што ќе се иселите или тој ќе стави ред малце, веќе е друго. Ама заржи му и нека се освести дека без жена и деца ќе остане. Никој нема 2 животи па еден на дебили да го потроши.
Мора да разговараш со маж ти, сигурно и тој е растргнат и збунет. Потполно те разбирам. Мојава му збореше дека ете него го одгледала здрав и прав, она знае најдобро. Ама јас не и попуштив и кажав твоето време е завршено одамна, сега се други времиња, педијатарот сигурно знае подобро од тебе и точка.
Маж ми за вчера не знае ,јас не му кажав чекав да видам она што ќе направи ,и бидејќи и таа не кажа денес ја седнав, и кажав дека не сакам да трча ни по мене ни по дете ,дека целото нејзино понашање е насилно и јас не можам така ,а бидејќи сме заедница не ја бива намќорки да се гледаме една со друга ама мора да има граници. Таа е баба јас сум мајка крај ,ако за нешто ми треба совет ќе прашам ама тоа што го правам да ми кажуваш упорно дека е грешно не сакам. Исто и и кажав кај мене какви чувства буди реченицата "ќе и се деси нешто". Се надевам ќе ме разбере. Рече дека ќе се смени па да видиме сега до кога. Ама сепак кога и кажав ортопедот дека ми рече да ја изнесувам надвор ,почна да да ама не на улица ете сврти од позади излези од напред влези....тоа е еднаа минута бре. Ама мала била за повеќе. Е тука ќе настапи татко и ,изгледа ќе мора.
Неколку дена те читам и неможам да издржам, а да не пишам. Добро бре колку злоба и манипулаторство е собрано во свекрвиве, та мислат дека све знаат, ние сме неспособни, незнам. Добро како не осеќа дека е наметлива и како не осеќа дека работите што ги превзема не се нејзина работа? Која е она да кажува кога ќе се бања дете или било што друго. И мојава беше иста на почетокот. Значи јас незнам и неможам да разберам како немаат срам и осет да увидат до кај смеат да одат, сами да си имаат бре некоја граница. Да, баби се, да, си ги сакаат внучињата, ама не е нивна обврска бањање на дете, облекување, менување пелени и што све не, освен ако не побараш од нив услуга. Незнам вистина што им се врти во главата кога ќе се роди внуче, што филмови си прават. Мое е да ти кажам, дека во добар правец си тргнала и само зборење за се што не ти чини, а мт се надевам еден ден ќе се освести и мојот на почетокот беше попустлив, ама после со тек на време сам си виде, така се надевсм дека ќе е и со мт и со мажите на сите членки на темава. Несмееш да ќутиш за ништо, на никого. Дур не покажеш заби, она ќе мисли дека е мајка, ти баба. Незнам што толку ги тера да се опседнати со внуците, ама знам дека ние сме тие што треба да ставиме граница до каде ќе оди тоа, кога сами немаат осет. Со среќа, уживај си во секој момент до бебчето, овие моменти не се враќаат назад, стварај си убави спомени, а не негативни.
Според мене нема тоа врска со внуците, колку што имаат желба да бидат "послушани" а внуците им се најлесен "канал" преку кој можат да изиграваат дека се попаметни, поискусни итн.
Фала ти ,ти знаеш и нешто што се случи со неа а тука не е пишано ,ако се сеќаваш. Ама паметно изигра тогаш мене ништо што не ми рече ,а таква услуга ќе ми направеше... Ете пак да не сум лоша ама иста ќе си е знам. Пример еден час подоцна излегов надвор со детето , доаѓа ајдее доста беше утре пак... Стварно не знам како треба со неа. Само реков и мислев дека се разбравме преѓе и заќути. @CameliaMiller апсолутно си во право ,сама ми рече некни во афект дека за ништо не сум ја прашала откако сум тука!