Да, знам, убаво се сеќавам. Епа друг пат така кога ќе ти рече " доста е, утре пак", ти изнасмеј и се и "речи и ај важи, еве идеме одма" и седи си колку што ти душа сака, ќе си сфати. Во такви ситуации, си враќам без влакна на јазик и си терам по свое. Мене мајка ми од 18 години совет ни мислење не ми дала без да побарам, неа ќе ја прашам за нешто.
Да, зошто се сезнајки и за себе и други. Само се надевам и ќе се трудам, кога ќе дојдам на нивни години да не сум таква, зошто ако сум, ќе си се фрлам од мост. Оди таму уживај во староста, не туку соли памет, бог да чува, мислам дека од 12 месеци, 6 ќе сакам на море да сум.
Веројатно уште како девојка на мт си се трудела ќеифи да и' тераш, па сега од глава ти се одбива. Тој воз за "сечење" поминал, ама уште не ти е касно. Сериозно скарај се, ама скарај се, ако не се разбира од збор. Нема што она да ти кажува како да чуваш ТВОЕ дете. Кажи и' и дека ако не престане ќе и' забраниш да го гледа детето и на маж ти истово ќе му го кажеш. Не може да те тормози цело време, ајде ќе сфатам да не разбрала меѓу редови, ама директно кажано и да не разбира, за жал ќе мора посурово и побезобразно.
Како девојка на мм многу контакт со неа немав , дека од друг град кога ќе дојдев тука спиев кај баба ми и дедо ми ,се гледавме на друго место ,дома кај него еднаш два пати сум била ,тогаш само здраво и толку. Ама откако ме побара и почнав да живеам тука ќутев доста зошто таква сум по природа не сакам да се карам ,со сите не само со неа. И она тоа го користи очигледно. Ќе видиме ако и утре така направи ќе му кажам на син и да и објасни чим мене не ме разбира. @kukla21 Епа ние сме глупи ,со ладна вода ги бањаме за да фатат бронхитис,плус не знаеме да ги држиме па ќе ги исчашиме. Ете тоа е ....
@kukla21 Ааа не верувам дека е само бањањето. Јас оној феномен не го сфаќам, кога се тепаат свекрвите они да го изнесат бебето од болница. Мојава за првото раце и нозе искрши она да го земела прва од сестрата.
Ова со бањањево не можам да го сфатам, дали е до свекрвите или до снаите. Лично во фамилија имам каде што свекрвата го бањаше внучето до 40 дена. Тоа ми личи на атер правење . Кеф да и се направи на свекрвата. Глупости.
И мојата ќе се истепаше да дојде, па кога виде дека сме сериозни дека само мм ќе доаѓа по нас ни мекици замеси, се јави само да ми честита и со недели ја немаше. Ѕвонеше на син и (како што и треба да биде) и само прашуваше 'А го мачкате со јекодерм по телото, а го бришете со влажни, а памперс му ставате, силиконските ги тргна, на молитва бевте...? '. Инаку, голем противник на памперс и милион пати ми повтори да купам минимум 30 тетри зашто ќе кака многу на почеток и ќе треба да перам секој ден на рака и тоа И само и климав со глава и веќе ме виде дека влегов во 9ти и не ја слушам, почна да ме прашува колку тетри да ми купи Леле, се ежам од помислата колку ли ќе пишував тука ако не пресечевме на време. Бррр
Лелее ,не се здрави,за тоа не и ни текна ,ќе ја утепаше син и . @Jana06 ама не живеете заедно така? Јас да не сме заедно еднаш неделно би и кревала само ,би се оправдувања со цицаше ,спиеше на сајлент ми беше тел итн . @Black girl да беше до 40 дена и само бањање ќе издржев може некако туку 2 месеци има... И уште се продолжува ,колку да е облечена,колку да е надвор ,да не ја носам по улица итн значи а зинам има одма што да врати .
Моја сега има внуче од ќерка и, ама во странство се и секако јетрва ми(не знам дали ми е јетрава или золва вечити прашалник) пресече и рече нема да доаѓате никој сега во вакви услови. И се нервираше ама во право се. Рече го имам маж ми и ќе се снајдеме, па на почетокот жената нервозна дека ја болеа градите, хормони, на внуката некој чир и излегол, неспиена, свекрва ми и кажува на тел што и како да правела, таа вика мамо знам ќе ме слушнеш или ќе ми солиш памет и толку беше, па еднаш ми вика јас мислев нема да се снајдат сакав да идам во ред да ги ставам ама они се снаоѓаат, па јас и реков доволно се они возрасни сами да си се стават у ред и така. А и реков, тебе свекрва ти нели кажуваш колку те нервирала со се околу бебето, па затоа и си си отишла од таму, што ако била со тебе кога повеќе хаос ти правела од ред, па се замисли и мислам дека упали тоа, грев ме беше да ја живцира ќерка и. Се надевам дека и за мене нема да има многу мудри мисли. Може само да ги потсетете како им било со нивните свекрви.
Ааа не не Ни мајка, ни свекрва можам да трпам. Со маж ми веќе живеевме заедно под кирија уште во врска и падна муабет кога забременив да одиме кај нив за да не плаќаме кирија, искрено за малку да паднам во искушение ама среќа се опаметив. И да не живеете заедно ако си ќутиш ќе ти дојде со куферот. Ехеее, колку мајки се жалеле тука дека им се преселуваат дома свекрвите кога ќе се породат. Јас илјада пати морав да повторам пред да одам во болница дека сами ќе го чуваме и не сакам никој дома. @Nevenche26 Да бидам искрена, прашував на форумов дали користи некоја јекодерм за бебето и за тетрите, си реков ај прв пат мајка да не се правам паметна. И ок, јекодерм многу користат ама по потреба, а оваа ме тераше цело тело секој ден да му го мачкам многу нежна ќе му била кожата. За тетрите исто прашав и кога ми опишаа мајките како изгледа со новороденче дома првите денови, перење гомца на рака, пеглање и се друго по ред.... Среќа не послушав, 21 век сме не знам како си дозволив да ме замисли Сега се смеам кога ќе ми текне на што бев спремна, а завршив со царски. Една мајка тука ми рече 'Абе да, можеш само тетри да ставаш без памперс ама ако доаѓа таа да ти ги пере.' И така и реков, истото. И додадов, 'Штета што те болат грбот и рацете, не е еден ден, секој ден ќе се перат, не сакам никој да мачам, плус корона нема да примаме гости'. Ех, таа короната од колку незгодни ситуации ме извади
Золва злато Е да ама на мојава , свекрва и паметна била си заминала на 3 тиот ден откако се породила во село и се вратила после 3-4 месеци. Ама неа не и чинело така,и мисли дека и мене не ми чини.
И јас имав со кремот иста ситуација. Сум требала детето после секое бањање да го шлапам со крем, абе бело да било по целото тело, за да имало убава мека кожа, ако ја послушав, 3 кутии бекутан од големите немаше да ме крпат во месецот, ама јас ги послушав германските педијатри, дека еднаш неделно се мачка бебе со крем, и еднаш дневно пеленска регија, ама што ми бил мене проблемот, кожата на детето ќе сум ја уништела а со тетрите, ми се фалеше колкава гордост било да ги обесиш во двор сите чисти бели, секој ден, та комшиките да викале "браво, колку се чисти".
Леле леле колку проститулук се изначитав... Граница се поставува на време, ако им дозволите да мудрува од почеток, после маф ви е работа. Како бе така можете да оќутите? Мене да ми рече ајде влезете доста ви е, одма враќам дека никој не ја праша за мислење и не сум дете мало за она да ме испраќа внатре. На секое мудрување, се враќа дирекно и без влакна на јазик. Па нека смее мм да ми пререче и он ќе оди во пм. Јас вака функционирам, имам поддршка од мм, а богами и мир си имам. Свекрва ми размислува 3 пати, пред да ми каже нешто. Јас мислам дека повеќе имате проблем со мажите. Очигледно не се свесни дека дома донеле возрасни жени, а не дете на кое мајка му треба да лечи комплекси.
Пуштете ги свекрвите ваши моиве двајца бандити да ги искапат, ќе избегаат ко попарени, нема да им текне веќе до када да се доберат Па големата кога ќе рикне: НЕЈЌАМ В ОЧИИИИИИИИ, па малиот кога нема да остава косата да му ја измиеш, ќе јачи на цел глас, па кога ќе дадат да шлакаат да прскаат, да пиштат. Само кај мене пуштете ги слободно, моите помошници лечат такви баби. Шала на страна, во право сте, знам колку е важно да си го капиш своето бебенце, многу убав и емотивен момент. За второто, пак, си го капевме со ќерката, таа демек ми помагаше (читај одмагаше, хехе), ама убави спомени се. Во ред е од време на време и бабите кејф да направат, ама да не се претерува.