После скоро четири месеци од раѓањето на бебето си дојдовме во Македонија. Поминавме 19 часа пат и стигнавме накај 12 вечерта. Дојдовме прво дома (кај неговите каде што си спремивме спрат и живеевме пред да се иселиме). Јас реков, колку и да е касно, кога ќе си дојдеме ќе идеме и кај моите, затоа што и тие се и баба и дедо и исто така со нетрпение чекаат да го видат детето. Се видовме со нив на кратко и отидовме кај моите. И дали дека беше бебето веќе преморено, или посака да цица а јас мислев дека не е гладна бидејќи скоро ја имав надоено по пат, се вознемири многу и почна да плаче. Не можев таму да ја смирам а по пат накај дома почна и да се зајдува плачејќи. Моравме да застанеме за малку да ја смириме но без некој голем успех. Стигнавме дома и јас одма се качив горе, бебето врескаше како никогаш досега. Никогаш не ми се имаше случено да не можам толку време да ја смирам. Ја расоблеков неа само на боди и од паника и незнаење што веќе да направам ја соблеков блузата и само по градник ја гушнав. После 15-20 мин. кружење низ собите малку се смири и фати да цица. Кога помина се, си размислувам сама во себе, какво чудо се случи свекрвица да не се качи. И без да го прашам, мм ми кажа дека таа тргнала да се качува нагоре и тој ја пресретнал. И и' рекол, нема потреба да се качуваш, хх е по прслук и знае што треба да направи. Ако ни затреба помош од тебе ќе те викнеме. И си свила опашката и се вратила назад. Исто така, откако сме дојдени цело време викаше, ајде утре ќе го бањаме бебетоо, ќе го бањамее. И јас очекував двете да го бањаме, си викам ајде нека и биде ќефот. После некое време престана да го спомнува тоа. Зема мм да ја спрема водата како и секогаш кога сме сами, и јас се зачудив, викам нели мајка ти сакаше да ја бања. Тој ми вика, нема потреба, ако сме можеле ние четири месеци да си фатиме ред и сами да ја бањаме, зошто сега да правиме исклучоци. Се извинувам за долгиот пост, сакам само да ви кажам дека не се виновни свекрвите туку мажите ваши. Ако тие не им покажат до каде им се границите, вие не можете со нив да излезете на крај. Мојот да покажеше само малку слабост и незаинтересираност, мојата не ќе можеше никој и ништо да ја сопре, а вака пази каде гази.
@mKdevojce скроз си во право. Јас не можам уште една година да издржам да седам со неа, се и смета на женава, сака да шефува за се и сфашта да се праи паметна, ама јас не сум и дозволила, и враќам на убав начин, и си терам по мое, ММ е скаран со неа ради мене, не збори 2 месеци веќе, она преку мене сака да стигне до него, ама јас кажав не се мешам што имаш со него реши си. Уште од сега вика, ќе бањала дете, ќе чувала, 50% детето на неа припаѓало, хахахахах, викам тоа дете припаѓа 100% на мајка му и татко му, на никој друг. После со маски немало да влегуваат во соба, викам пак, кај мене во соба со маска се влага, или дете нема да види никој! Пред некој ден си пуштам машина, ете ја таа "што си пуштила на скапа струја машина?" Кога ја слушна ММ, кога почна да и вика, доста шефуваш, престани, кога сакаме тогаш ќе се бањаме, и ќе переме, утре со дете да не треба да чекам 14ч или 22ч за да го бањам, оваа како попарена ќути. А најтрагично е што ние плаќаме 80% од сметките, па никогаш не сум рекла ништо. Јас сама си правам јадење за нас, сама си перам, сама си чистам, секако со помош од ММ, дека сум трудна, не сакам ништо да ми фати, лажица не сакам да ми крене, еднаш напраи ручек и пружи алишта, кога не ми беше добро на почеток, и почна да ме озборува, ја слушнав со нејзина пријателка, се и сфашта изнакажа за мене, со навреди со се, одма и кажав дека знам се, и дека е срамота, немаше што да ми каже, ниту ми се извини, ниту ништо. Од тогаш ја гледам со други очи, и за мене никогаш нема да биде исто. Затоа од тогаш реков, ако треба мајка ми би ја викнала за некаква помош, од неа не барам ништо повеќе. Кога ќе се роди бебе, здравје боже, ќе има проблем, знам, ама како што ќе ми бидат хормоните 300, има се да отерам кај што не треба! Дете пред неа да дојам, шанса нема! Ќе си излезе од соба, само од старт си кажувам јас, не знам да ќутам, не знам да глумам, и да се праам фина и добра, она пред други сака да се покаже дека сме супер, ама јас не ја рецкам ни тогаш, ако дома не сме супер, никаде и пред никого нема да сме и готово. Само знам, и имам кажано, ако ми треба помош ќе барам од било кого, ако не нема потреба, се ќе си извршуваме сами со ММ, тоа ќе биде и негово дете, секако пред тоа бил свесен до некаде, дека со дете се се мења, и тоа ти е приоритет.
Ќути, свекрва ми за од ќерка и внукот, одеше секоја вечер таму до 40 дена и двете баби го бањаа. Еднаш се погодивме таму, тоа беа ритуали
Да сум со овој ум сега, и мене нема да ми смета да ми ги бањале, барем ќе си одморев Ама тогаш за првото не мислев така, ваљда емоциите се други во тие моменти. За второто не се ни понуди некој, не им се интересни вторите.
Јас си имам повеќе проблем со свекорот одколки со свекрвата обратен случај сум треба и таква страна да се отвори ама ретко кој има свекор кој во се се меша
Е добро е не сум сама мислев само јас имам свекор апла свекрва. Значи секаде не се лоши свекрвите имаат и замена
Што да раскажам има многу треба многу да читате Еден ден ми вика земи напрај му ручек на маж ти не само ми шеташ по кафиња. А ние често знаеме да си ручаме во ресторан. И јас ништо останав без коментар не планирам да се расправам
На кратко човекот има опсесивно комплусивно растројство, плус мисли дека секогаш е во право, има замисла како сите треба да се понашаат и ако некој отстапува од тоа се лути, мисли дека маж ми е уште дете и буквално така се понаша со него и не зборат со недели некогаш, мене никогаш не ми преречува ништо ама едноставно ептен тресене карактер е, научен сите да го слушаат него, никој да не му преречува и си има замисла дека е глава на куќата и него треба да го слушаат и така.
Тоа во некој минат век, може да си мисли дека е глава на куќата, и сите мораат да го слушаат и по негово да е. Среќа што тебе не те тормози, и не ти пререкува, во принцип мажите не се замараат многу, повеќе си ќутат, свекрвите зборат и за нив.