Се согласувам целосно дека мажот е тој што треба да им покаже до кај им се границите. Кога веќе самите не се свесни. Секоја чест на исклучоци. Кај мене досега мм ги решаваше сите проблеми со приватноста. Мислеа дека им е дозволено во секое време да се качат и ред други работи. Остана уште јадењето што ни е заедничко оти не им одговара да сфатат дека сакаме сами, или не се свесни. Мм на почеток мислеше е добро, што има врска, но сега ми кога виде колку тоа ми пречи, вети дека за кратко ќе им соопшти дека сакаме сами.Можам да им ги замислам лицата, но тоа е. Синчето си има веќе фамилија, а не ќе се држи до некои традиции за да бидат они среќни и задоволни. И за појадок мислеше јас и она треба да си појадуваме, исто како кога немавме кујна. Но, јас си појадувам сама и одма се пожали на мм дека не ја дружам. А он и рече дека јас отварам очи и одма јадам (што е точно). Зборот ми е дека ако мм не ги поставеше границите или ќе живеев цел живот во нервози, но помирена, или ќе си одевме макар и под кирија. За второво не знам колку мажи би се нафатиле, јер поврзани се со папочна врвца се уште. Но никогаш не се знае, може нема да останеме тука засекогаш, оти колку и да е во ред, некогаш си сакате поголема приватност. Исто и за дете ако има многу мешање, тогаш не знам ни дали на маж ќе оставам да реши или нема да се двоумам сама да им покажам.
Колку многу имам да кажувам за темава... Еден од проблемите е што јас и мм не можеме да излезиме некаде или да одиме на неколку дена надвор од градот, а свеки да не испофаќа во секое наше ќоше и катче. Еве кажете дали имате ваков случај некоја. Делени сме со спрат си имаме секој апсолутно се, посебна кујна, посебно купатило, спални соби, екстра соби за гости кај нив екстра соби за гости кај нас, детски соби...значи се што имаме ние горе тие имаат долу. Живеевме во заедница пола година дури го средувавме нашиот спрат, кој буквално сами јас и мм со наши пари го средивме. Од проблеми еве дел: ни ги зема нашите алишта за перење без прашање ги пушта со нивните, се качува горе и влегува без да тропни, договара средби со нејзини роднини во наше име па дури и за време и место им кажува без да не праша, кога не сме дома се качува горе и отвара по фиоки, во фрижидер, во КОРПАТА ЗА ВАЛКАНИ АЛИШТА да ги земи за перење (на сред перење ја запира машината без прашок повлечен и пак си ги преперувам читај уништувам на секое), по фиоки и во фрижидер се нешто остава демек со добра намера е тоа што чепка а остава работи што не треба да ги јадиме со мм на здрава исхрана сме, си се качува горе кога не сме ние да си гледа тв без да праша ниту па да каже дека се качила, 2 пати се дрзна и во плакар да ни отвара и да чепка... Едноставно речено ужас невиден, не го очекував ова ни во лудило од ТОЛКУ МНОГУ ОБРАЗОВАНА ЖЕНА. Ова не ми смета само мене, му смета ужасно многу и на мм, и едно 10 пати до сега и има кажано на сите начини да прекини и со убаво и со повиок тон, ама без резултат, си тера по свое. И на крај јас и мм решивме овој викенд да седниме заедно да и речиме за последен пат бидејќи не запира па да не се усрами од мене и да запри. Планираме смирено да и објасниме да прекини да се меша во се, дека сме возрасни и сами своја фамилија. Ако после тој разговор навистина не прекини со овие банални работи, ни останува единствено да одиме под кирија, на кое мм се согласи фала Богу, бидејќи и него му пречи однесувањето на мајка му, двајцата сме постојано под стрес. (никогаш претходно не била ваква вели мм). Да напоменам цела куќа и нивниот дел го чистиме јас и мм бидејќи ако оставиме на неа за нивниот спрат никогаш нема да биде исчистен. Ни динар пари не бараме ниту па ни даваат, ете што му го направиле спратот на мм нас ни е доволно, тоа е огромна помош но за џабе кога не ни дава да се чувствуваме како тоа да е наше и покрај што се уредивме со наши пари. И на крај покрај толку голема куќа и се средено со љубов од мене и мм ние ќе си одиме на цел влог што го направивме и ќе живееме по туѓи куќи. Јас не мислам дека ќе застане. Јас мислам жената дека чувствува грижа на совест дека го оставила единиот син да расти без неа оти таа градела кариера, но ова не е начин тој е навикнат сам да функционира, исто и јас без мешање од никој. Мој совет до идните невести никако во иста куќа, ни различен спрат не е решение освен ако со надворешни скали и посебен влез, можеби тогаш само во иста куќа, ах да и нема врска образована или не! Мојава со докторат е А мајка ми е со средно па со татко ми заминаа в село за брат ми и снаа ми да живеат сами во станот, и тоа од секогаш го велеле дека така ќе направат бидејќи станот е мал само за едно семејство.
И моено свекрвиште исто правеше иако сме различен спрат со два влеза и скалила надвор. Знаеше да ми влезе во спална што јас најмногу мразам некој да ми влегува без јас да знам и да ми чепка, со глупи луѓе нема разбирачка па затоа кога одиме некаде безразлика колку време клуч на врата, а ако одиме на подолго време и им оставиме клуч за секој случај посебно ја заклучувам спалната.
Не ми помага да заклучам сите врати во куќата се исти и може со било кој клуч да ја отвори вратата...единствено да сменам брави горе на сите врати...
Со тоа чепкање во шкав брее. Јас избегав од кај нејзе фала богу, ама знаеше да ми брца постелнини да ми пере самата.. Па кога се вратив од пораѓај фрлен ми беше јорганот што сум се покривала, мрсен бил од павловичева што сум го мачкала стомакот. Абре што те боли за мои работи. Луда работа. Јас нејзе да и брцав и да и фрлав работи како ќе реагираше.. И замислете не и префрлив ниеднаш за ова. Пак на крај излегов јас најлоша, таа драма не е ни за кажување, ама се гордеам со себе што не ја отерав у пичку матер 1001 пат иако заслужи, јас не сум невоспитана како нејзе.
И кај мене се сите врати исти ама не може со еден клуч сите да се отворат, така се направени. Видете разговарајте може ќе се промени...
Другарка моја го има истиот проблем. Цело време е нервозна и згора на се од тоа и млекото го изгуби. Последно знам дека излегла да пазари нешто за на гости да одат и кога се вратила ја видела свекрва и со бомбониера во рака и другаркава ја прашала "од кај е бомбониерата, нели немаше дома па морав да одам да купам?" А свекрва и и рекла "ам влегов кај вас да побарам дали има останато некоја од хх кога се роди, да не даваме пари за џабе". Катастрофа, јас се шокирав до кој степен стигнала ама се среди откако почна постојано се да заклучува, буквално цел спрат и изгледа и се здосади на госпожата.
Ќе му предложам на мм да смениме брави да не се исти со нивните за да не ни отвара, ајде се надевам дека ќе се усрами ако и од мене слушни дека не сакам да чепка.
Или па ако имаш можност ставете си врата на крајот од скалите, најгоре, пред вашиот спрат. Нешто како главна влезна врата за да можеш само таја да ја заклучиш, а не сите со ред. Чим неа сега не и е срам и незгодно да рошка чисто сумјам дека разговорот кога ќе си ти присутна ќе смени нешто.
Леле, мојава ме замара со кој прашок алишта да сум перела, и да не сум ставала омекшивач, како да сум ги пружирала, сто пати и имам вратено дека не е нејзина работа, ама не, она секок шат е упорна. И мене ми влегуваше и ми земаше и чисти алишта за да ги става за перење, отвараше плакар и прередуваше, леле кога сум ја подбрала еднаш, јас како сакам ќе диплам и пружувам, мои работи да не си чепнала, кога сакам ќе ги перам! Ајде некако не влегува во соба веќе, сега ми пушта машина со наши алишта, и ми става од нејзин прашок, што мене не ми се сфиѓа, еве и денес и кажав да не ми прави така, дека сама ќе си пуштам машина со мојот прашок! Она пак по нејзино, нареден пат на големо ќе се скарам, да се немало разбирачка со ова жениве стари, страшна работа.
никогаш не и влегувам спална ни во другата соба до спалната бидејќи си чува приватни работи. Никаде не и отварам ни во кујна ни во дневна..единствено што го метиме нивниот спрат и бришиме прашина на масите. Не сака да чисти а не сака ни жена да викни да и исчисти и со мм се делиме јас нашиот дел го чистам тој нивниот. Ова го правиме бидејќи цела прашина нагоре ни ја носат ако не средиме и кај нив. И ова е по желба на мм бидејќи се нервира дека кај нив ке остани така ако не среди тој.
Зошто да не ставаш омекшивач? Ништо пуштај сама и ставај омекшивач, алишта и постелнина без омекшивач на ништо не личат.
https://nayeheadline.com/2020/10/20/мојата-свекрва-е-млада-но-ја-мразам-од/ Сакам Ана да ми е свекрва
Мислам дека не е до омекнувачот или перењето и општо до било која работа како таква туку желба да се покаже контрола и која жена е "главна". Јас не сум мажена ама од сите околу мене што ги имам мислам дека свекрвите на некој начин сакаат да им покажат доминација, дека тие се главни, дека се мора да се прави по нивно и никако да прифатат дека има нова жена во домот која фактички сега е пред неа т.е таа не е повеќе на прво место кај синот. Можда ова нема врска но јас така јас го доживувам
Лелееее и јас а мојава и баш треба како Ана да се однесува, образована жена со предобра позиција и еден куп пари, нека оди нека шета нека ужива...Не ни требаат пари, па ни подароци, доволно е спрат што направиле за синот, ама за што да се чувствуваме како гости...
Jas pa sakam da ja nemam ic taa mojata vesterka vesterka I vikam oti pred nekojden ja fativ kako gi kine na kerka mi bodinjata I I prave magii sega nemam uslovi da si odam oti ostanav od prvi oktomvri bez rab I si baram nova rab da najdam I ke si odam od kaj nea
Господииии.... Се да и се врати дај боже. Пс. Оваа модерна е само шета и гајле и е и за деца и за внуци ,поубаво од тоа за мене нема