Точно така мирот нема цена, мене воопшто не ми пречи да седам во 35м2 само да ни се намали стресот со мм. Сум растела во стан колку сега дневната и трпезаријата што ни се па сме биле пресреќни бидејќи моите биле среќни и сами на своето.
Твојот случај е за различен спрат, мојов е за два различни домови во два различни градови, па истото ми се случуваше. Уште како девојка му помагав на дотичниот да го среди домот, се веривме и како што ја планирав свадбата, така напоредно и го чистев станот во кој требаше да живееме, каде дотогаш живееше сам. Свекрва ми немаше фатено ништо, впрочем тие не се ни гледаа со мм, го беа заборавиле, не доаѓаа ниту пак тој одеше кај нив, ама им стана интересен откако се веривме. Елементите во кујната не беа исчистени откако биле направени (се уште имаше траги од молив како обележувале мајсторите на внатрешната страна, како и струготини од бушење), венецијанери црни во непушачки дом, но ете, нејзина работа, никој не искоментира нешто за тоа, ама она што следеше од нејзина страна беше предрско. Доаѓаат еден ден и оваа од нигде никаде си влага во шпајз и зела рандом крпи што ѝ се виделе убави и парадира пред мене и мм, а ние седнати да гледаме тв (јас бремена). Кога ги видов крпите кои ни беа наменети за бришење вц конкретно тие што ги зела, ја загледав и тука син и ѝ вика: мамо, кај си тргнала со тие крпи? Да зачистела шпорет. И ѝ вика -остави, јас ќе средам. И тука кога му влезе... немало тој што да каже, 6 месеци, 1 година во брак... ај, ај. Жената заборави колку време сме во брак. "Ти сега си се оженил, сега ти на мене ќе ми кажеш како се чисти шпорет". Аууу ми зовре котлето. Не сакаше да попушти, но ајде, некако ја наканија и ги остави крпите. Што не чистела толку кога бил дечко, но сега да се покаже жената, пред снаата што со ризична бременост не смееше да фаќа ништо. Друга работа. Ќе дојдат демек на гости и ние станувавме гости. Ние млад брачен пар, тие седат со денови. Свекор ми се оптегнал на гарнитурата, итоа со раширени нозе, доаѓам од работа немам кај да седнам, не се ни прибира. Одам во соба, испаѓа бегам од нив. Го окупираат дневниот простор во текот на целиот ден затоа што филмски маратони си прават, нема шанси да пробаш да гледаш нешто друго, ако не се филмови -спорт е. Ако предложиш нешто друго, обавезно не им се свиѓа. Свеки кај што чепнала траг оставила, до турпијата за педикир стигнала во мојот несесер, итоа ја оставила извадена и мокра, користена. Кога ја видов веднаш ја фрлив во канта, само што ја бев купила. Како и за се друго и ова му го посочив на мм и тој ја прашува зошто е чепкано, оваа се прави луда. Понатаму, мм ми отстапи цел плакар, кога гледам претурано низ облеката. Почнав да оставам нешто закачено на рачките за да видам дали чепка пак. Па забележала и му кажала на мм и тој па уште ми се сврте мене зошто сум го правела тоа и му велам, а како забележала ако не чепкала, што барала да влага во затворена соба?? Ќе седат цела недела и на крај пред да си одат земаше да си чисти додека ние сме на работа. Се враќам јас и мм вика чистено е, мајка ми фатила. И јас вадам правосмукалката и полнам вода за да џогирам после. А бе, чистеше ти велам, што е сега? И јас си бркам работа. Кога завршив, водата црна. Еве, велам, колку е фатено. Значи, по мои стандарди си чистам, не како мачката со опашот, така да немаш што да ми "фаќаш". Магнетите наредени на фрижидер таа ги прередува по нејзина желба. Исто така ќе земеше да пушта машини. Ајде, ќе ја пушти постелнината на која спиеле, во ред, ама и облеката на мм. "Додека сум јас тука, да не се секираш" уште му вика, пред мене. Јас не сакав ни под разно да ми фаќа моја нечиста долна облека, а камо ли друго и затоа, замислете, во сопствениот чист плакар имав дел каде што чував нечисти алишта, само за да не дојде свекрва ми случајно и да и текне да пушта машина. Уморни со мм, сме легнале на кревет и се гушкаме, влага свекрва ми без прашање, без тропање и ми вели Добра си?? Добра си?? ДА, велам, добра сум! И си искача. Вади тенџериња, а бе шерпи и прави некои чаеви, мириса цел стан, некои мирудии, баба Рада не ѝ е рамна. Доаѓам и проветрувам веднаш... Аууу мене ми е ладно -и си затвора без да праша. Згора на се, золва ми доаѓа со семејството, двете деца ги храни со смоки и помфрит цел живот... Наутро станува и отвара фрижидер- одма коментари како немало ништо за јадење, а ние исто така на здрава исхрана повеќе, па зошто имало само интегрален леб. Зема да се расправа дури. Зема мм им намачка на внуците нутела на истиот тој леб и си ги лапнаа кришките со сласт. Ај сега. Со золва ми бевме со воени секири и ме немаше видено бремена, ќе пукнеше од радозналост, а јас слики не објавував. И доаѓаат еден ден и свекрва ми уште од врата му вика на мм дека ВНУКА И сакала слика од мене хаха! Луѓе, I shit you not, искачаме, плаќам на каса со мм застаната и се вртам, свекор ми застанал од страна и ме слика! Го фатив на дело и се сецна, престана. Па после демек ај да ве сликам и јас се завртев стомакот да не се гледа. Ај преќутев на тоа, доаѓаат по некој месец, шетаме во парк и пак ми го прави истото, ама овој пат не се затскрива, туку АПЛА застанал пред мене, небаре папарацо. И јас повлекување раката на мм и го тргнав пред мене да застане и тука конечно еднаш изреагира и го искара и овој ко мало дете цел пат одеше лут. Верувај и овие ги сметав за учени, шетани и што не, преселувани низ цел свет, ама џабе. На моите коментари за сите овие работи одговор од мм имав "па што ако така правеле". Кога прашав зошто не ја направиме собата детска за бебето кое е на пат, имав одговор- пошо на неговите кога ќе дојделе им требала приватност и комфор. Сум била неблагодарна за тоа што го оставиле станот?! На мојот коментар да викнеме жена да чисти затоа што јас не смеев поради бременоста, не никако, тој ќе чистел, за потоа да ме направи недомаќинка, тој жена не видел цел наш брак. Затоа што си го замолила да пушти сецко за два моркови и еден кромид, да помогне со ручек. Епа да си пукне човек. За под кирија одење не сакаше да чуе. Дури и на моја сопствена мајка со цел памет ѝ збореше дека поради моето однесување со неговите ќе го изгубел станот од татета. И со кого да градиш заеднички живот тука? Затоа ќе биде сега бивш сопруг. Пак ќе кажам по илјадити пат, се додека мажите ве поддржуваат, среќни сте. Затоа што свекрви и свекори ќе бидат свекрви и свекори секогаш.
So gakjite ...istoto i mene mi se ima sluceno bev taze porodena i gi trgav na strana gakjite koi bea so krv a bidejki sme na dve nivoa nesmeev mnogu dase kacuvam po skalo pa ke gi soberev 2 3 para denta vecerta koga kese kacam da gi isperam...nitu prasala nitu nisto gi zela da mi gi pere..mi bese krajno neprijatno i odvratno..kako li mozela sto i bila mislata...
Штета што многу луѓе не ја знаат ова реченица: “Поради тоа човекот ќе го остави татка си и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат една плот“ (Ефесјаните 5:31). Без разлика на религија, во ова има многу мудрост!!!
Здраво женскии,не знам дали памтите дека имам пишувано на темава за проблемите што ги имав со свекор и свекрва . Се деси пресврт на настаните Прво бев кај золва ми на гости со мм ,и онака уз муабет и кажав што и како се дешава низ дома,иако она е за се информирана нели преку свеки ,ама добив подршка од неа затоа што и она си има една таква дома па одма и стана јасно кој е у право а кој не. Е се деси еднаш,се јавила на свеки да одиме ја и мм да ја земеме од дома,зашто се скарала со свекрва и. И отидовме ние таму,си напраивме муабет ,шо како и праела свекрва и и за што се карале, и после тоа му викам на мм : "е сега за свое боли нели?" И изгледа золва ми им има убаво објаснето дека не е убаво така да се понашаат и да се мешаат кај што не им е место,бидејќи и нејзе не и е убаво што така и праи нејзината свекрва. Од тогаш како други луѓе да има дома, ни а ни б ,ни зашто ни како, дури и ме прашува дали сакам кафе, два пати дури и ручек направила за нас,доаѓа нешто муабет ми праи... Колку толку сега помирно се живее, па вака ќе можам да издржам уште година дена додека се преселиме
Боли глава од свекрви! Можеби не се сите исти, ама толку се напорни , нападни и се они знаат. Мојава е експерт во „се“. Опсесивна е со син и, ама среќа е разумен па не и ќути. Она мисли мали деца сме па може да не контролира. Колку е само замислена и со главата нагоре (заради тоа што и е главата крената па се сопнува или паѓа често). Цела година сме нервозни ради нив. Ни ја скратија желбата за свадба и се понатака. Многу е напорна а со климаксов бетер! Цело време што и да направиме ни контрира и на мене и на вереникот. Се почна откако се веривме и каде ќе живееме. Почна да се распрашува за шминки и фризури за невести, па фустан, каде/како ќе живееме, па мрчење за сведоци кои ќе ни биле (дошла со ситуација да му вика на вереникот па после дрска беше кон нас, иако по наше пак испадна), отиде со вереникот со бендот и она да се договара случајно да не испадне само забавна музика, храната не и се допаѓа што сме ја јаделе, па на саем на венчаници сакаше да дојде ама јас реков ако доаѓа јас не доаѓам - сами нека си одат итн... Често имаме караници иако не живееме заедно. Јас му реков и на вереникот дека нема да молчам и ќе и кажам се што ми пречи кога ќе почне да се занесува па ако сака нека ми се лути. Не ми е гајле веќе толку. Monster in law
Ah bree I jas mojata veke nemozam da ja trpam ic ama sega oti sum bez rab I nemam uslovi da si odam moram da ja trpam luge vo se se mesa nepodnosliva e veke a ubavo vikase tatko mi za zivot so stari luge ni stari sakam ni pari sakam od niv. za baba mi I dedo mi koga nemase koj da gi gleda oti ne ni pomagaa voopsto
Нема разбирачка, сега се болни од грип ваљда, и им викам не ми влегувајте во соба, ми е страв да не се заразам, не бе они немаат гајле, нит офат на лекар нит ништо, кај моите не сум била 2 недели затоа што сите по ред се настинаа, како се нервирам не можам да поднеаам више, од збор да не се разбирало. Толку сум огорчена од неа што мисла дека само би помогнала ако не дај боже легне болна, од нешто! За друго ништо!
Јас сега сум во ок односи со мојата,немам никаква мака ама па не ја ни гледам сега со коронава за да имам некаков проблем. Ама кога ќе падне на постела јас немам што да помагам,си има син и ќерка они нека си се грижат. Некои работи до крајот на животот не се забораваат.
Во право си комплетно и браво за храброста да пресечеш. Јас исто имав проблем со свекрвата, односно со МАЖ МИ. Зошто свекрвата не ти е никој и ништо и нормално дека ќе проба да ти скока на глава ако нема кој да те заштити и да ѝ покаже каде ѝ е местото. Сега сме на страна, немам јас контакт со нејзе, но очекувам да пукне кај и да е и пак да почне да му ја полни главата на маженцево мое. Најважно е да си се имате со мажот. И тој да не се плаши од своите родители. А не да живее само за да им удоволува. И да игра како што му свират. Но за жал, полнета им е главата од мали и тешко да се свестат, ако тоа не го направиле со време додека растеле.
А зошто не сте се одвоиле порано? Не можам да разберам, толку години во брак, а со старите во заедница.
Па не можам, не сум таква да оставам некој без јадење а да не може сам да е способен, за мене не е човечки, иако таа за својата свекрва збори како се и сфашта и приредувала, ама ете Господ гледа, и се се враќа, карма.
Ne bea dotolku problematicni nemav tolku problemi so niv zatoa I mi pomagaa mnogu za se sega se smenija otkako ostanav doma
Кај мене ништо ново знам дека џабе беше разговорот по фацата и се гледаше дека полошо планира, како ме гледаше... Ама не знае дека ќе си одиме си мисли вложија нема кај да бегаат се ќе откорнам од корен ништо нема да оставам ќе си бараме празен стан под кирија и чао. Ништо не рече ни добро ни лошо, леле луѓе едвај чекам да се тргнам од тука. И уште се праеше наивна таа ни помагала во фиоки не чепкалка... и на крај и реков помош ќе ни е ако твојот спрат сама си го средуваш, таа кај неа не средува мене ми помагала Боже Господе дај ми трпение! И пред мм ме направи дека филмови правам не чепкалка по фиоки еее ама Господ Голем е како се издаде сама... Една вазна за цвеќиња ја барав не можев да ја најдам, и му реков на мм да ја праша да не е кај неа и таа како од пушка: во бифето е кај вас. Ееееее и тогаш на мм му реков мене ми се причинува дека сами се поместуваат работите,а таа знае се кај ни е!!! Шанса сакаше да и дај мм да види дали ќе чепка... Ах бе ова маживе за нигде се!!! Ако сака да остани нека си остани јас нерви немам повеќе со оваа да се расправам!!!
Мене мојава ме нервира што е ептен ангажирана за бебето што треба наскоро да се роди. Планира се од земање од болница, па дома која постелнина ќе сме му ја ставеле, дека требало одма првиот ден да си фати ред со се оти инаку немало дисциплина да има.Кои глупости се тоа, јас лично не познавам некој уште од прв ден со се да му е како подмачкано со мало бебе дома. Само ми потенцира цело време дека кујната треба да ми била чиста,а чиста е што све не користам за да ја исчистам таа ниеднаш се нема качено да ме праша дали да ја исчисти дали можам и сл.Среќа лесна бременост си имав и се сама си чистев освен мајка ми што дојде 2 пати по нејзино барање. За дома не сме многу по чистењето ама затоа за бебево ме напнува скроз уште неродено. Ќе се прави пред мм многу искусна пошто таа 2 деца има изгледано, единстврната на светов. Јас искрено планирам да и речам во иднина дека тоа е мое дете и јас одлучувам што и како ќе правам, таа го поминала своето. Мора да ја разбери улогата баба. Пред некој ден имавме гости блиска особа со мало бебе и почна да плаче бебево. Оваа нашава одма и го грабна бебето од раце на мајката јас ваква бев . Мајкава по 2 минути и вели дај ми го ќе се смири (валјда си го знае детето) оваа не нее јас ќе го смирам. Мораше буквално да и го извади од раце за да си го земи крај себе. Ете тоа го направи со луѓе што се надвор од домов наш можам да замислам што ме чека мене ако не реагирам навреме. И на мојов ќе му се кажат некои работи па сакал ме слуша сакал не јас моето ќе го истерам до крај за мое дете нема никој да ми кажува.
Жал ми е што си во таква ситуација, ама не дозволувај и со твоето бебе да прави што сака. И кога ќе го земаш да го доиш бебето, значи да не те интересира дали куњата или вцто е чисто, ако ти вика нешто, ич да не ја слушаш и малку да се концентрираш на бебето да не го задушеш со цицката, значи воопшто да не те интересира ништо, ако госпоѓа сака да е чисто сама нека ги запрегне рацете ти ќе си имаш друга работа. Нека не те малтретира сега пред пораѓај со чистење онолкав ти е стомакот. Ги има бе секакви... Ти пробај да зборуваш со маж ти на убав начин и објасни му како се чувствуваш.
Пред да останам бремена не беше ваква, многу не се мешаше ама со доаѓање на бебе се менуваат. Подобра сум со самоконтролата од порано не давам лесно да ме изнервира. Таман работа ако и се нервирам за секоја глупост кај ми е крајот.Кога ќе се роди тоа дете треба да има среќна мајка а не исфрустрирана. Познавам мал милион мајки на кои им секна млеко од нервози со свекрви. Водена од нивно искуство нема да дозволам такво нешто да ми се случи,за негова љубов. Иначе мене чистење најмал проблем ми е некогаш ко терапија ми иде.Маж ми ми помага со се, ми е жал да го тормозам со некои работи не е застанат, на работа е од 8 до 8. И тој е човек кога ќе си дојди дома да се одмори уште јас фалам.Јас ваквите ко неа знам како дишат е сега малце незгодна ситуација ќе е кога ќе ставам граница.
@firequeenn Јас уште од сега би ја пресекла да не си прави филмови, би и кажала дека јас ќе си одлучам и за постелнина и за кујна и се друго. Не ги оставајте да се филмаат. Кога ќе дојде бебето ќе е веќе доцна,уште од корен на проблемот треба да се даде до знаење до каде може да оди бабата
Ќе напишам тука, може не е баш најсоодветна тема, но е поврзана, па би сакала совет од поискусни. Не сме во брак, но сме во долга врска и сите планови одат(одеа) кон тоа. Се имам изјаснето дека не сакам живот во заедница, не сакал ни он, но сме немале др избор. Да нагласам дека има брат, кој е женет во странство, па покрај немањето услови за делба, не му се оставаат ни родителите,бидејќи нели он останува да се грижи за нив. Читајќи ве вас, а и од мое лично искуство ( имам пораснато со баба, дедо) свесна сум што можам да очекувам. Некако и неговите досегашни постапки ми кажуваат дека ќе погрешам. Обично им реагира на неговите за глупости, а кога стварно требало да изреагира и да застане позади мене, преќутел. Е сега, брат му му дал "совршена идеја". Да го подели станот на пола, околу 70м2 (не сум баш сигурна колку) и неговите да имаат две соби и купатило, исто и ние и да функционираме посебно. На прва реков ај ок не е лоша идејава, но кога размислив, сфатив дека не е решение. Прво, за да го опремиме просторот комплет ќе ни требаат доста пари, добиваме две соби од кои една спална и една кујна и дневна заедно, а утре тој стан ќе треба да го дели со брат му. Згора на се, ми вика има еден проблем... Кога ќе дојдат брат ми и снаата нема смисла да спијат во дневна, нека спијат кај нас во спална. Тука ептен ме пресече,му кажав дека не сакам да спијат во нашата спална, и јас сум најлошата и најсебичната особа, ама тоа нема да го дозволам. Мојот предлог е да земеме станбен кредит, и здравје утре кога ќе го продадат станот со брат му, парите по пола.. Исто и јас од моите што ќе добијам таман да си го исплатиме кредитот порано и сите среќни и задоволни. Е сега, јас сум материјалист, се налути господинот, сум бирала стан место него и сл навреди. Дури и ми рече да не сум го барала, он ќе си живеел и во подрум ако треба. Совети, мислења критики се добредојдени. Се работи за долга врска.