Не си материјалист затоа што не сакаш да живеете во 70 квадрати 4ца луѓе, па утре и деца ако имате, во 2 собчиња сите заедно затоа што него не му се оставаат родителите и згора на тоа да спиел брат му со снаата кај вас на спална. Боже сачувај. Јас не би се согласила на ваква опција. Што значи тоа "да ги гледа родителите"? Родителите му се врзани в кревет па им треба 24 часовна грижа на двајцата? Или само не може да се оддели од мајка, а се направил маж за женење?
Ne popustaj sega e momentot tvoj sudbinski da odlucis dali za 2 3 10 god ke poluduvas od nervozi ili ne
Не сметам дека сум компетентна да дадам мислење, зашто не сум ни блиску до мажење. Али не сметам дека он ја гледа твојата страна. Он е навикнат да живее со неговите, навикнат е на нивното темпо. Сметам дека и да живеете во куќа на различни спрата, и стан да поделите, сепак не сте далеку. Не сте воопшто одделени. Вие ќе си оформите ваше семејство, со ваши вредности и куќни правила, во кои не сметам дека треба да се мешаат свекорот и свекрвата. Јас би ја одбрала опцијата со кредитов искрено, би ме спасило од стрес и нервози. Од тоа само болештии произлегуваат. Колку се стари неговите родители, па он да треба да се грижи за нив? Неподвижни се? Хронично болни ли? Голема одлука е ова, не попуштај во никој случај. Зашто сметам дека после се е домино ефект.
Убаво ти рекол човекот, да не го бараш веќе, те поштедил од живот преполн со проблеми. Според ова што си го пишала мама, тате и бате секогаш ќе бидат на прво место, а ти ќе се нервираш и ќе мизеруваш. Не сте ни во брак, мој совет ти е спаси се од таа врска со време, без разлика колку долго сте заедно. И уште ова. Баш ме интересира зошто заминал странство брат му, што не си го делел тој станот на пола со неговите, што не си ја донел жената тука?
Колку и да ти изгледа тешко најубаво да расчистиш со него додека се уште не ти е касно. И јас бев во слична состојба го направив погрешниот избор и уште жалам за тоа.
Како ќе се гужвате во тој стан толку луѓе? Немој да си правиш ваква беља.. Никаква приватност. Со извинување ама ѕид до ѕид да не можеш ни на раат секс да имаш. Убаво размислуваш, ако тој не размислува за вашата иднина и вашето семејство подобро да прекинете со време.
Ако не се согласува со твојата идеја, фино лепо измарширај све и стави крај, пред да направиш фатална грешка. А он нека си живее у подрум.
Катастофа бе , раат да неможеш да се скараш со сопругот ... никако немој да прифаќаш ваков чекор немој да бидиш наивна и да веруваш дека ќе се смени во брак или да те залажува на почеток таму па потоа ќе си барате чаре ..тоа се прави сегс од почеток да пресечиш и јасно кажиш како сакаш ти а ако не сака нека повели во подрум..тешко е да долга врска наеднаш да пропадни но потешко ќе ти биди во бракот верувај ...
Ако сите размислуваа како тебе пред да стапат во брак, темава немаше да постои. Без разлика на должината на врската, стој си на твојот став. Ако поминеш преку ова и сега не го убедиш да си купите стан, никогаш нема. Само што нареден пат ти нема да бидеш само материјалист, туку злобна, таа лошата што не ги сака и почитува неговите.
Mila kako covek koj zivee vo ist stan so svekor i svekrva bi ti rekla da ne otstapuvas od tvoite baranja a na tvojot decko kazi mu on ako saka I gore na planinata neka zivee ti ne stoj si cvrsto na toj stav
Чим уште сега е вака, понатаму очекувај само полошо да стане. Јас не би прифатила, ниту пари да затварам во 35м2 кои реално нема да се посебен имот, на негово/ваше име, ниту пак живци да кинам искрено. Колку е долга врската не е важно, ама важно е да играте со отворени карти и да сте на чисто еден со друг. Мој совет - не прифаќај вакви глупи идеи, допрва нервози ќе имаш.
Физичка делба постои и за станови. Пример, четирисобен стан, може да се направат два различни влеза, сосема е деливо. @Zumbula , не си ја прави грешката да заглавуваш во кредити со некој со кој не ти е сигурна иднината. Станот тие ќе си го средат, а потоа ти ќе треба да одиш да се докажуваш по судови дека си вложувала, не знам зошто ти се такви нервози. Ако си одлучна да земате кредит, тогаш зошто да не е за нов, само ваш стан? Пак нека си ги "чува" неговите и од страна.
Се дели, јас имам видено повеќе од еден, посебно постарите, поголеми станови. Прават 2м2 претсобје, и две влезни врати ембашка. Сега, тоа и понатаму е еден стан, една е сметката за струја, за вода, за парно, секаде е еден стан освен за тие што живеат во него
Ова не сум го знаела Дека стварно може од еден - два да станат. Со два имотни листа итн. А веројатно и не е ефтино, ај физичка делба, ами посебен "приклучок" ЕВН и сите останати, кој знае колку ќе ги ошурат само за тоа.
Ех мила сестро, како јас да сум пишувала... Само мојот не се расправа нит со мене нит со неговите, остава јас да средувам Ние немаме стан, туку спрат од куќа. Отидов да живеам со него, не во брак, пред некои 5 години. Од тогаш почнав да молам за сопствено катче, зошто почнавме да живееме во заедница, и единствена соба беше неговата. Како што кажав мојот не се замара, ако има покрив над глава, топол оброк, и чисти алишта ко се да има. Но јас и после 5 години се чувствував како на гости. Нит можам кујна да користам, нит на раат во бања, за гости пак не станува збор, срам ми беше мајка ми да си ја викнам. И почнав да што се вика „лелекам“ на дневно ниво да се делиме со старите. Ги поминавме сите можни опции, од стан, до под кирија и на крај се одлучивме, да им реновираме сутеренот 1виот кат од куќата (кој всушност беше карабина), а тој кај што моментално живееме ние да си го реновираме за нас(можеше и поефтино да поминеме, сутеренот за нас да си го реновираме, зошто излезе иста квадратура а и на новичко ќе си бевме ама старите не дозволија, они ќе биле доле) Е сега сакаа да го земам кредитот на мое име, без да сме во брак, на што јас се спротиставив, а маж ми застана на страна на мајка му. Но ни под разно не прифатив кредит, а да не сме во брак. И после многу многу зборење за бенефитите на бракот, се земавме, се да си биде легално. Иако јас се распрашав низ адвокати, во Македонија важат истите закони како и да си во брак ако си во вонбрачна заедница, само да имаш сведок како мајстори или фактури кои ќе докажат дека ти си дала пари за реновирање или купување. Сите ме советуваа да излеземе во стан, да се тргнеме, да го оставам ( имавме еден лош период кога поради конфликт на интереси со неговите јас бев постојано виновна), но јас си останав доследна на мојот избор во животот зошто го знам доволно добро и знам дека не може да избира помеѓу мене и неговите туку сака да погоди на сите. И кај мене имаше период дека само за пари гледам, ама повеќе беше недоразбирање отколку навреда. Објаснив дека никогаш не сум гледала за пари, ама мора да си направиме план за на сите да ни биде убаво а и да имаме некој денар за нормален живот. Си кажав искрено зошто сакам да сме сами, зошто сакам да сме поделени, што ми пречи (но внимавав како му зборев за неговите, зошто замислив како е он да збори така за моите) И на крај се разбравме. За стан требаше да дадеме мин. 60 000 евра, додека двата спрата реновирање ќе ни коштат некои 30 000 евра. Ако отидеме во стан, старите ќе нема кој да ги гледа, поради Коронава и двајцата изгубија работа и буквално зависат од нас, значи картичката на маж ми ќе треба ним да им ја дадеме. Секое семејство е посебно, но разговарајте најискрено со партнерот, за да најдете компромис. Кажи му зошто мислиш дека ако си земете стан ќе би биде поубаво, ама размисли и од негова гледна точка дали ќе може да издржите да купете нов стан. Можеби и нема да ви биде лошо и да ги поделите собите ако имате услови за живот.И колку би ве коштало реновирање 10000 евра? Е сега замисли под 60000 нема да може поголемо станче да земете. Мене искрено да ми понудеа да си поделиме собите со двете раце потпишував. Јас си знам како чекам секој ден свекорот да излезе од вц за јас да влезам.
Исто човече ,само од добиено ,работев во маркет сум добила вечерта касно пред да си дојдам од работа а не сум сетила и ги ставив во вода да откиснат за сабајлето да си ги исперам ,фатила ги испрска ,па уште и се налути зашто сум и рекла дека не сакам да ми пере така... Мајка ми ми нема перено гаќи од ко добив за прв пат.
Фала ви мн на сите за советите. Јас си останувам на своето секако, виде дека сум мн сериозна, а и реално дека нема опции за сите. Му кажав дека каде и да живееме, неговите секогаш ќе имаат наша помош, но на крајот на денот сакам да си одам во нашиот стан. Ако се реши да градиме фамилија ќе мора да сфати дека јас и децата утре ќе бидеме на прво место. Имаме уште некои теми да разработиме, па ќе видиме како ќе биде. Само дефинитивно сум за картите на маса пред брак.
Браво. Предобро размислуваш. Не е само земи го за маж, роди му дете, тоа е најлесно. Прво условите за живеење треба да се на место а потоа се' друго.
мене не ми е јасно како тоа влагаат свекорите кај вас дома. зошто побогу им давате клучеви??? и јас сум на различен спрат со надворешен влез, никој нема клуч освен мене и маж, никогаш не ми влегле дома без мое знаење и ако им треба нешто или сакаат да се качат -ѕвонат на ѕвонче и чекаат да отвориме. ефтино е брава да се смени, менувајте одма, не знам зошто трпите вакви работи...за некои работи сте стварно сами криви.