Се согласувам. Не си ги поставуваат границите со време. Тешко им е да кажат што им смета и старите нормално си земаат замав.
А на некои и да им нацрташ со различни бои нема да те разберат. Џабе и разговор и све ако немаат во главата и ако немаат осет.
Е со таквите треба дрзок однос и спуштање на нивно ниво. Потоа следи игнор и воздух систем и си тераш животот раат.
Не мора да разберат, клуч на врата и со здравје. Е, ако мажот не сака клуч на врата, тогаш посериозен е проблемот од на свекрвата шетање по ваш спрат.
А најчесто и до нив е проблемот. Како да и кажат на мамичка дека им трба приватност? Греота ќе се увреди.
Не мора да значи ,еве мојава еден куп пати е "карана " од син и ама пак си тера по свое. Нема да ни прави воопшто муабет два дена -третиот по старо. А во заедница сме нема како да и заклучам . Плус што пред нив некогаш си знаат многу фини да се прават.
На почетокот ми беше непријатно и срам да реагирам, само еднаш му спомнав на сопругот "а што ако влезат додека сме интимни"...се потпирав и на тоа што е"common sense" си велев до толку не се без грам чувство за туѓата приватност. Но се покажа спротивното, почнаа да влегуваат нонстоп свекрвата дури о од прозорот од тераса упаѓаше" за да ни даде овошје",на врата еднаш се појави и тоа беше врв " зада ни чистела" тогаш мислам притисокот 100ка ми се качи но незнаев дека тоа е само 1виот пат од 1000те што следуваат. Пред да забременам самошто земени не поучуваше да сме "имале секс и на добиено" за да зачнам,јас се чудев но игнорирав...но лошо беше што и сопругот ќутеше ајде јас од култура но тој...влегуваа кога ќе им текне свекрвата по 10 пати на ден ова да донела тоа да кажела...свекорот влегуваше исто но ако ептен нешто му требаше но и тпј не ѕвонеше. Се породив...стана бетер доаѓаше неповикана секоја ноќ во 8 нацртана да го бањала иако јасно давав до ЗНАЕЊЕ дека сакам сама со сопругот да го правам тоа она пак...се посомневав да не е ретардирана еднаш др пат си велам она ова намерно неможе да не сфаќа и да не гледа дека се нервирам од петни жили. Многу убави моменти пукав од нервоза поради неа 5 пати и викаш немој она истото...но сопругот ќутеше секој пат немав поддршка апсолутно никаква да дојдеме до страшни караници и дури мислам дека бракот е умрен веќе се поради мешањето од неговите. Уште мал милион ситуации но да не должам-по две скоро три години " успеав" барем да се заѕвони на врата пред да се влезе напоменувам дека по ѕвончето веднаш се фаќаат за квака,да, заклучувам но сепак нема ден да не дојде свекрвата макар измислила причина. Секое излегување или кој и да ми доаѓа мора да пројде покрај нив о таа задолжителнп озлегува да види кој со оди кој доаѓа како загар е во куќава...сакав да кажам почнаа елементарна култура да покажуваат откако видоа дека сме молиметарм од развод а ние уште неможеме да се оправоме заштп вп тие караници многу се кажаа лоши нешта а и се направија...такада имам работа со луѓе кои не ми мислат лошо но еднпставно имаат поинаква култура ниво и начин на размислување и не ппмагаше мојот став зошто пни се однесуваа надвор од елементарни принципи на политување туѓа приватност и др. Затоа берете гајле отворете очи каде и со кој одите не бидете слепи какп мене па ме тресна по глава она од кое сум се ежела...делете се само така ќе имате живот макар најдобри биле старите еднпставно не е природно да сте заедно
Значи, значи. За нив најголем страв е да не го изгубат синот. Ако им даде на знаење дека стварно ќе го изгубат, ќе се повлечат. А ако ни тогаш не се повлечат, пак е до синот да пресече, да собере жена и да си замине. Ама, тие се растени во тоа семејство, нормално им е. Како што глупите навики на нашите родители нас ни' се нормални, затоа што цел живот со нив сме живееле.
Нареден пат остај ја нека ѕвони и не отварај врата. Ако претера со ѕвонење, излези по гаќи и кажи имаме секс шо треба. Толку безобразно понашање. Се изнервирав.
Пак е до маж ти. Знаеш како. Јас израснав во куќа со баба, ама и на втор кат, чичко, стрина, нивни деца, доле бабата, татко ми, мајка ми и јас. Баба ми си беше и лошичка, ама и простичка. Башка она ден со свекрва нема живеено, дедо ми уште како ерген свој стан имал, после земјотресот, станот заменет со барака, ама како и да е, баба ми дошла во лично негов стан, ни свекрва, ни јатрва. Е она па, не отвараше фиоки, ама ептен сакаше да си збори колку се моите недомаќини, мајка ми дете ништо не знаела (а не била баш дете, на 23-24-25) итн, за стрина ми исто, растурикуќа, не ни памтам се' што има зборено, пошто јас ептен мала тогаш сум била. Е ама, ја седнал татко ми еден ден и и' рекол - мајко, оваа куќа јас со мои пари ја правев (барака било уште дедо ми кога починал, татко ми и чичко ми куќа правеле), ама еве ќе ти ја оставам и ќе си одам, да си се шириш колку сакаш, ич нас да не не' трпиш, да не ти сметаме. Ако жена ми ти е лоша, еве нема проблем, еве сега ќе спакуваме куферите, уште вечерва раат да спиеш. Еее после тоа, имало уште еднаш така момент, кога татко ми сериозно спакувал куфери, пошто му рекла дека си нашол жена од големо добро утро Мајка ми тогаш го премолела да не прави циркузи и така останале. Ама па, после тоа баба ми, што и да мислела, си ќутеше. За мајка ми само злато од уста и' течеше. Затоа па, на истиве муабети, чичко ми ја правдаше мајка му, а со жена му се караше. На крајот, се разведе со жена му, а најде нова жена, која баба ми не ја признаваше за снаа, единствено првата (разведената) снаа ја признавала онаа истата најлоша на свет што беше нели. И тоа, чичко ми си беа посебно семејство, ние со бабава заедница. Поука ми е, ако мажот нема свој мозок и не е свесен дека жена му и децата се на прво место, џабе и најдобра да е свекрвата, ќе најде тој начин да ја уплеска некаде.
Lelee zatoa nezvonenje na vrata ednas na mm tetka mu ja oterav u pm ostaj sto sekoj bozji den ni kisnese na gosti pa I ne zvonese ja oterav u pm I sega retko doaga na gosti I ne sede po cel saat kako togas sto sedese
Da da toa celata sustuna vo istava kuka i brat mu e so jatrva i toj vednas reagira zastanuva zad zena mu sto ne e slucaj kaj mene no i za volja na vistinata taa e "popriemciva"od mene i im dozvoluva mnigu a zgora na toa i kuti...stoznam, zatoa velam koj se naoga pred takiv tip na odluka da treba da se vseluva da vednas odbie vakva varijanta brakot i onaka e nesto za sto treba da se trudis da go odrzis a vaka sansite se od start za 50%namaleni...
Си требала од старт да реагираш. Не мора да и кажеш во лице ама ќе дадеш до знаење со постапки. Клуч на врата и не ни отварај. Не е доцна да се сменат работите само мора да си упорна. Ние додека го уредувавме станот, клучот некогаш го остававме доле кај нив, зошто некогаш знаеа да дојдат мајстори кога сме на работа. Еднаш бев горе нешто средував и отидов на раб и клучот со мене го земав. Ми се јавува свекрва ми и ми вика Каде е клучот?!? Викам, Мојот клуч е со мене, што ти треба? Па да ѕирнам горе што има ново што сте направиле деновиве. И јас и викам не е проблем, ќе ѕирнеш кога ние ќе бидеме таму. Ја осетив дека го крена носот. И нема ништо лошо во тоа што сака да види, тогаш баш се кречеше , немаше наши работи ама морав така да постапам. И од таа ситуација мислам дека си сфати дека не сакаме да се влага кога не сме таму,дури и кога уште не бевме вселени, а не па кога ќе живеевме. И стварно, не се качува воопшто кај нас, некогаш се случува и месец дена да не ги видам, а под мене се.
Ако ми беше одделен спратот со надворешни скали, посебен влез, никогаш клуч немаше да оставам кај нив... Е арно ама има еден влез и внатрешни скали, и денес знаете што ми се случи од работа си идам заклучена вратата, пробувам да отворам, клуч на врата оставен и си чекав да ми се отвори, мм не беше уште дојден, и си чекав така јас пред врата... Ми отвара свекор ми влегувам и коментирам ајде што е заклучено во ред ама барем клучот да се вади, и тој свекрва ти заклучила и си легна и добро и гледам МОИТЕ Влечки за низ дома пред нејзината спална. Ете така знаев дека полошо иди... Морам да напоменам дека женава е со Докторат..повелете заклучете кога ве третираат како гостин...јас бев заклучената.
Ајдее Добро ти си била негде ,мене во двор ме има заклучено неколку пати. Летно време сум излегла она од 8 саат клучот. А таква е вратата ако заклучиш од внатре не може да отклучиш од надвор... Ама не видела де дека ме нема. А да еднаш и со мм бевме во комшии на слава ,си доаѓаме заклучено. Али јбг ние растури куќи сакаме распердашено да оставаме ,па не заклучуваме мора таа да заклучи.
Кристи а имаш влезна врата за твојот спрат или отворени се спратовите и поврзани со внатрешни скали? Ако имаш врата не гледам како е проблем да си го заклучиш само твојот дел. Со преќутување и собирање во себе нема да се реши проблемот.
Имате можност да заградите? Не е некоја голема инвестиција, гипс картон и една врата. На тој начин ќе си имате и приватност поголема и ќе си заклучувате секогаш кога нема да сте дома.
Има една опција едната тераса кај трпезаријата што ни е да ја направиме како ходник и од надвор скали и посебен влез да си направиме, а внатре да си соѕидаме ѕид, ама сепак тоа е нивна куќа таа ако не ни дава право горе сами да си имаме приватност не ќе ни дозволи така да ја поделиме куќата. Фала сепак на советите, тоа е тоа кога не сум мислела пред време... Само што не ни очекував дека вака ќе се однесува.