Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Не се биле различни мислам само ние сме биле слепи и не сме го гледале тоа што било оклу нас,барем јас така веќе гледам на цела ситуација,зошто се се одвивало пред наши очи па нели ние,,деца ,,заслепени од љубов,е сега да се врати време со истиот тој акл и со сетоа тоа проживеано ќе се запитам дали ќе ми биде дечко ,а не пак да ми стане маж
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sundream

    Sundream Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47

    Знаеш како викаат, секој со својот ум и со својата среќа. Никој со сила не ја држи таму...или пак нема каде да оди. Затоа треба очи отварање пред мажење. Го сакам- не е доволно.
     
  3. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    Скраја да е да сум иста ко нив.Меѓу нив и мене има разлика како меѓу месечината и сонцето....различни светови.Јас точно знам во кој век живеам но,некако нив тешко човек може да им објасни.Не сфаќаат.
    Многу добро знам која е суштината на современиот брак така да ставив точка на се и продолжив со животов без нив.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    когA гледаш дека не бива- не бива...........јас и со дете си отидов......никогаш не ги сакав разводите- но само тоа ми преостана......цел живот ли со неурамнотежени луѓе да се нервирам...........само греота за детето со такви роднини............

    не за џабе рекле : и куче се зема од фамилија(со педигре) не пак маж/жена........
     
    На Anyshka, BettyBoop25 и SweetDream им се допаѓа ова.
  5. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Ок тоа е така но, сте се запрашале дали некои имаат средства за да живеат САМИ ?! Од кај знаете дали има некој финансиски средтсва за да се осамостојат. Јас со мм седам бидејќи спрат си правиме горе да се одделиме ова е прекувремено што седам со свекор и свекрва скоро 7 месеци (ќе издржам уште малку не е тоа проблемот). Но, некои работи ме иритираат. Некои може немаат средства да се одделат. Јас не барам да ме сакаат и да ме третираат како принцеза јас барам само почит ништо друго. Не е мој проблем дали золва ми ќе лежи или не, што сака нека прави тој е нејзин живот, но, јас да и бидам нејзе слугинка, а таа да си лежи, да шета, и на секој чекор да ме "мава по уста", да коментира за се и сешто, НИШТО да не зачисти, да најдува за се и сешто замерки, да ја подбуцнува свекрва ми да вика вака прави онака прави, да глуми лудило, е тоа не е убаво, ама кога и се може тоа е. Ќе ја видам неа кога ќе се омажи АКО СЕ ОМАЖИ. А свекрва ми никој не ја тера да се смени каква си е таква си е, мајка на мм му е. Но, треба да имаат малку почит спрема снаите, не бараме ние да не третираат како султанки, царици... ние бараме само ПОЧИТ. Тој што не осетил на своја кожа КАКО Е, може до утре да си пишува КАКВИ СМЕ БИЛЕ НИЕ СНАИТЕ.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    бети она што јас сакав да го кажам е дека неможе да се има се во животот. ти твојот проблем го изнесе на малку дрзок начин (спред мене) и навистина иритира кога се чита од страна. јас верувам дека не е сеедно да се гледа сето тоа но мора да се трпи. ти во твојот прв пост напиша дека готвиш и чистиш само за тебе и маж ти а сега велиш дека не сакаш да им бидеш слугинка....

    втора работа и со посебен спрат пак сте во иста куќа и кога веќе сте одлучиле така да живеете мора и да прифатиш некои работи. јас не ви водам сметка за финансиските средства кој колку може да се осамостои но сепак е помош да не се купува плац и ред други работи. а ако сакате сами тогаш штедење живеење под кирија неколку години па купување на свој стан.

    извини значи без никаква лоша намера морам да искоментирам дека често те има во темата модни критики и секогаш изгледаш прекрасно со прекрасна облека, ташни чизми. одкажи се од сето тоа ставете пари на страна и заштедете за свој стан тогаш никој ништо не ви може. се е ствар на избор, неможе се да се има, ние на пример одлучивме наместо нова облека и слични работи да плаќаме кирија секој месец ама да си бидеме сами и независни.

    како што кажаа и другите феминки најбитно е мажот да те заштити од нив ако се однесуваат лудо ако тој пресече никој нишшто не ти можи.

    и на крај ќе ти кажам точно е да незнам како е не сум осетила на своја кожа бидејќи сите избори во животот што сум ги направила си ги прифаќам со цела одговорност и не го обвинувам никој за мојата среќа или несреќа. мојот избор во оваа гледна точка е самостоен а поскромен живот. се си има цена...
     
    На ljubam, An-na, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Вака сега, јас пишав ДА дека готвам и чистам ЗА МЕНЕ И ММ значи сакам да чистам и готвам за мене лично и за мм, не ме разбра изгледа ти кога пишав за зовла ми, не сакам неа да и бидам слугинка тоа е тоа. Јас убаво те разбирам се, тоа е мојот став и сакав да си го произнесам. А од мм имам поддршка за СЕ не можам да се пожалам навистина. Живеев под кирија 5 години во Скопје, јас, брат ми и сестра ми значи три деца моите школувале и знам како е да се штеди да седиш под кирии и слично. Не барам јас да бидам како принцеза третирана, не барам да живеам во кралство, барам само почит, компромис и разбирање. Тоа што се ОБЛЕКУВАМ секогаш од моја страна било скромно купено, и искрено ќе ти кажам никогаш во животот не сум купила оригинал нешто. Тоа што го гледаш од алиштата ми ги праќа сестра ми од Германија, јас си купувам од пазарче од бутици кога имам кога можам поефтино, гледам да е скромно тоа што го купувам и да го комбинирам убаво. Не е секогаш СЕ во парите и начинот на облекување. Некои имаат еден ТОН пари но, не знаат да се облечат. Еве, искрено си кажав јас секогаш сум била скромна во однос на тоа но ете, Господ ми дал дарба за облека и комбинација имам сенс. Доволно е некогаш да го имаш тој сенс. Јас убаво те разбрав и знам дека со убава намера ова го напиша во ред е не се лутам прифаќам секаков совет добронамерен.
     
    На Anyshka и joelle им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.505
    Допаѓања:
    115.001
    Пол:
    Женски
    За првиот болд: Ти значи немаш проблем со свекрвата имаш со золвата. И пак ќе ти кажам не си во право. Таа си е нејзина куќа. И малку реалност да ти сервирам, ама ако не му е препишан спратот на маж ти од сега кога старите ќе ги инема она ќе има право и на тој дел. Така да, си се оденсува онака како што сака. Може ти нешто неа ја иритираш па затоа така се однесува? Си седнала муабет да направаиш? Што си дозволила до таму да дојде? За се што ќе не снајде, сами сме си одговорни. Како што рече Joelle,
    . Си требала од старт да завземеш став, да не им се даваш на изволте на послужавник.

    Вториот болд: Да не се повторувам, побарај нананзад мои мислења ќе сватиш зашто давам совети на оваа тема. Секако ако не се избришани.

    За финансиите, што сте брзале да се земете ако немате финансии? И тоа што правиш спрат од куќа не те дели од свекрва ти, золвата ќе си оди од куќата кога ќе се омажи, ако не си донесе домазет, и после што мислиш кој ќе ја гледа свекрва ти? М? Затоа малку од сега гледај даси ги средиш и поставиш работите, зашто ако сте под ист покрив па и на 6 спрата раздалечени, вие сте заедно.
     
    На tessie, BettyBoop25 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Јас лично не сакам пцуење, вреѓање...ама во ова што ја нападнавте девојкава...Зошто помисливте дека таа реално ќе ја истера од куќата? |(

    Онака, се гледа дека нервозна, мисли лом да ја направи, ама секако со реченицава не мислеше дека со куферите на студов ќе ја испрати на улица. :^)

    И зошто на некои феминки одма и давате најубави совети, а на Бети ја нападнавте.. Не гледајте други примери, имало вакви, такви, дај одговорете конкретно на овој проблем. ;)

    Бети, мојата поранешна свекрва беше иста, како јас да го имам ова пишувано. И чистев, и слугинка бев, и никогаш фала не добив, ни почитување. Таа никогаш не се промена и нема да се промени.
    Толку труд вложив, ама не се исплатеше за ништо. На крај се разделивме со детето.
    Ама да бев сега таму, немаше да се нервирам како ти сега. Зошто гледам колку за џабе се нервирав. Немаше ништо да си земам при срце, ќе си правев како сакав, кон неа ќе имав само почит и немаше да дозволам да ми се качува на глава. Ќе си ставев граници однапред до каде смее да ми се меша.

    Затоа, не се нервирај, работи колку можиш, гледај со дечкото сложувај си се, а таа тешко дека ќе се промени, затоа не земај при срце, чувај си ги нервите.
     
    На Anyshka, Sherryl и BettyBoop25 им се допаѓа ова.
  10. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107

    Фала ти мила на разбирањето. Јас не дека кубам коси, и дека од оваа ситуација нема излез или правам од мравка-слон, него едноставно ете сакав на темава да си ја кажам маката (каква и да е моја си е) очигледно згрешив. Некои мислат дека сум размазена или не знам каква небитно, но јас само сакав да си ја олеснам душата да си пишам тука. Гледам некои се трудат да ми дадат совет и тоа е ок. Онака чисто, ако има некој совет да ми даде во ред, не барам јас да ме гледаат како принцеза пак ќе пишам не знам по кој пат, барам само почит. Ете тоа е тоа просто и едноставно. Гледам дека и ЧИТАМ и ја ПРАТАМ темава дека има се и сешто во споредба со моето, моето не е ништо, но, ете за мене е нешто ако не е за некој. Значи само сакав да си ја олеснам на некој начин душата, може и јас погрешно и неубаво се изразив и погрешно бев сфатена... ајде, тоа е тоа сега не знам што да речам навистина. Како што е Господ никој не е. Уште еднаш поздрав до тебе girl.23 :hai: :$
     
    На Anyshka, girl.23 и enca.69 им се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ако Бети ги прочита моите постови ќе види и самата дека и јас пред една год. се жалев на истиве работи.
    Проблемот го решив така што расчистив со свекрва ми преку мм некои работи и почнав многу многу да игнорирам и да бројам до 10.
    И јас бев слугинка, само чистев, и чистев и чистев крај немаше, готвев за сите, раскревав по сите, а свеки ја злоупотребуваше мојата педантерија.
    Еден ден ми пукна филмот и кренав раце....сега чистам само во нашите соби, готвам само за нас и не се замарам дали и колку е прљаво...ако таа може да ја игнорира нечистотијата, можам и јас. Толку.

    Бети не вреди, најозбилно, не си ги губи живците, сите сме поминале низ тоа...ако имаш своја соба, кога ќе дојдеш од работа повлечи се, одмори се, ако Ви се шета шетајте, а за тоа што прават тие две, дали и колку те оговараат ич да не ти е гајле. Јас сум нон стоп оговарана, па баш ми е гајле :emo: , си гледам да ми е мене добро и на моето семејство (мм и децата).
    Имам и јас золва, среќа се омажи :clap: , јас и мм знаеме како поминувавме и што се трпевме од неа додека живееше со нас (8 месеци терор), и јас цело време плачев и бегав кај мајка ми, ама ете помина, се омажи. Правеше сплетки и кога ќе дојдеше, сега малку е посмирена...ама и јас и мм не се замараме веќе со неа, отрпнавме, знаеме каква е, каква беше и сега сме сите фини како од Финска со лицемерие и хипокризам, со лажни насмевки...да ти се згади да не` гледаш колку сме само фиииниии една со друга. :puke: :lol:
    Така што Бети само игнооооор му е спасот. :!:

    Со Нена се согласувам дека золвата може да прави што сака затоа што тоа е нејзина куќа и за жал има право да бара дел и од спратот доколку тоа не е препишано на име на сопругот.
    Затоа Бети преземете си мерки, ако не Ви го препишуваат спратот, тогаш барем собирајте ги и чувајте ги сите сметки со кои еден ден би можеле да докажете дека Вие со Ваши средства сте инвестирале. Подобро да имате било каков доказ за инвестирањето ако тре задутре се случи золвата да бара дел би можеле на пр. да и` понудите да купите нејзиниот дел и од тој дел да ги пребиете направените трошоци...(ова се само предлози, искрено не знам дали би можело на дело да бидат валидно спроведени). Сепак имајте некаков доказ.
    Ова се инаку идеи на мм кој инвестира и реновира во куќава каде моментално живееме со наши пари, доколку сестра му се одлучи да бара дел. Инаку куќава не е делена, ниту препишана ни на мм, ни на сестра му.

    Бети чил аут срцка, прчи се, фрцкај се, дотерај се, биди ми насмеана и расположена и не покажувај дека се нервираш...уште повеќе ќе ти тераат инает и уште повеќе ќе цркаваш, а за џабе, траст ми :!: Бев таму, видов, поминав, преживеав. :muscle: :muscle:
    Со среќа. :* :*
     
    На Anyshka, girl.23, pufi-cufi и 3 други им се допаѓа ова.
  12. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Фала ти lolyta777 на поддршката ми значи ова што ми го кажа многу. Фала Ви уште еднаш и на оние кои ми дадоа совет, да размислам и јас да не брзам со моите постапки, и како што викам јас да си го запрам јазичето малку (три пати мери еднаш сечи) Поздрав :hai: :)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Да не ја повторувам Лолита, се согласувам со се што пишала. Бети, низ едно нека влезе а низ другото уво нека излезе. Ич да не ти чуе онаа. Гледај со мт да ти е добро ;)
     
    На BettyBoop25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Бети како што кажа и самата твојот не е некој огромен проблем за разлика од некои кои што имаат и тоа како поголеми проблеми,но сепак е проблем и со право се нервираш.Но,како што ти кажаа и Лолита и Блонд колку што можиш повеќе игнорирај ги и не им обрнувај внимание. Тие така,ти аха така и напрај се на три и пол,излези од собата или доколку си во можност излезете со својот сопруг или оди кај некоја пријателка.Знам дека вака од страна е лесно ние да си кажуваме,јас сеуште не сум во брак,допрва ќе видиме како ќе ми биди со свеки и сум најмалку компетентна за да кажувам.Стрпи се додека не го направите спратот,а потоа секој на своја страна и ќе ви биди малку полесно,па доколку сте во можност и самите инвестирајте во него без помош од свеки за потоа да нема можност да ви префрла.Што помалку имаш контакт со нив,толку помирна ќе ти биде главата ;) .
     
    На BettyBoop25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Ви благодарам девојки за советите, навистина многу ми значат. Ние со мм сами инвестираме во спратот, СЕ сами. Си зедовме двајцата кредити колку можеме толку. Стасани сме до пола, бидејќи е ладно сега не може да се работи, па малку ни закочи работата. Сега гледаме и парите да ги распоредиме за се што треба. Моите ми рекоа дека ќе ни купат спална, плакар, и ми дадоа пари за плочки, што е од голема помош. А неговите ни А не рекоа да ни помогнат да ни дадат еден денар барем за нешто. НИШТО !!! И викаат "ете ви куќа имате" ма која куќа горе спратот НИШТО немаше ајде да беше покриено, ајде да имаше соби да беше малтарено АЈДЕ ДЕ, ама ништо немаше. Не барам јас палата ниту па на готово да појдам. Мајка ми кога пошла кај татко ми живееле во една соба со сестра ми 4 години исто со нив седеле во иста куќа во 3 соби , со свекор, свекрва, две золви, јатрва и девер, баба и дедо на татко ми, толку многу луѓе па издржале. Ајде здравје ќе издржам и јас. Барем да си признаат да речат еве ви помош некој денар. И ајде еве ме скоро 7 месеци седам со нив, уште толку и ќе издржам и после раат ќе си бидам. Тоа е тоа. Девојки немојте да ме осудувате не барам јас да бидам третирана како принцеза ниту како кралица, доволно е што има покрив над главата за тоа им сум БЛАГОДАРНА не викам НЕ, барам само почит да имаат, ништо друго. Поздрав и Ви посакувам на сите убав викенд. :hai:
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    бети ти си сакаш почит ама очигледно од нив нема да ја добиеш а од која причина незнам јас затоа повлечи си се на страна минимален контакт со нив и игнор по потреба
    друго ке кажам биди благодарна од тоа што го имаат направено цигли-цигли а да требало со тиа пари од двата кредити да купуваш плац и комуналии да плакаш ке си била у старт 3-5 години уназад па тек тогаш нов кредит за да градиш па додека изградиш исплатиш рачунај отишле 10-15 години од бракот
    значи игнорирај и гледај што поскоро да си седиш на ново на чисто и убаво и минимален контакт со нив уживај си со мажот здравје бозе утре и со бебенце а со нив не се расправај и не ги факај на инат оти може да правиш правиш и на крај да те избрка како куче од таму пример сум ти јас после7 години не изпуца со се маж ми и децата а сега ми изиграва дева марија и ми се тресе и лигаве ама габе е после е*ење нема каење така да совет од мене кулирај си и ближи се кон целта
     
    На BettyBoop25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Бети срцка ќе ти кажам нешто, незнам дали ќе фати место, еве поискусните т.е со подолг живот во заедница ќе кажат дали е така или не. Тоа што си градите спрат е многу убаво и да си ја терате работата, полека полека, ако ќе биде. Некој парови немале можност никогаш ништо да направат. Но внимавај добро, никогаш нема да бидеш скроз одвоена, ако е различен спратот тука сте пак. Старите пак и тоа ќе си го осеќаат како нивно, па ќе си влагаат, па ќе си роварат, па ќе се мешаат за воспитување деца, трошење, шетање и се по ред. тоа не е во ред, но од искуства на мои блиски старите така си прават (секоја чест на исклучоци). Затоа уште од самиот почеток некако дистанцирајсе, ќе си заклучуваш си кога не си дома, да неможат туку така да влагаат. А НАЈВАЖНО ТИ Е ДА СИ ГИ СРЕДИШ ДОКУМЕНТИТЕ УШТЕ ОД ПОЧЕТОКОТ, ДА МУ ПРЕПИШАТ НА МАЖ ТИ, ЗА ДА НЕМОРАШ ПОКАСНО ДА СЕ МОЉАКАШ.
     
    На girl.23, BettyBoop25, Eleonorastrumica и 2 други им се допаѓа ова.
  18. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Jas nemam problem so svekrva mi,no zatoa pak tuka e svekorot.Beter zena e luge moi! Svekrva mi e neviden flegmatik,ne odi na rabota,nema nikakvi primanja,a ne raboti ni po doma.Nisto zivo ne ja interesira,samo da skita po kukite i da tracari.Svekorot ja trpi i ja prezel ulogata na ocajna domakinka.Jas so mazot ziveeme vo eden vid poluzaednica so niv,oti se uste ne sme finansiski mokni celosno da se oddelime.Ima momenti koga svekor mi zabeguva i pocnuva da mi drzi kurs po domakinstvo,vaka trebalo,taka trebalo...bla,bla,bla :@ Togas osekam kako pritisokot mi se kacuva i ja napustam sobata.Sreka sto imam poddrska od mm,pa mn.ne se zamaram so niv :)
     
  19. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Ах девојки да ви кажам денеска што се случи капка по капка чашата се прелеј. Морам во спојлер да го ставам ова зошто е долг постот.
    И така лепо и фино си станав накај 10 часот си се измив ајде реков да направам кафе и за мене и мм тој нешто работеше на спратот и кога одам во дневна и во кунја свекрва ми и викам добро утро таа ни добро ни ништо. Почнав да си правам кафе и и реков сакаш кафе таа ништо не ми рече ОК си реков ајде да не препрашувам пак. Видов нешто зема да растрчува налево надесно, и и викам ајде овие работиве што се овде да испијам кафе ќе ги испеглам (имаше оставено работи ги собрала на маса што стоеле и завеси) и пазете ви се молам ми вика ис чиста мира "Јас од тебе ништо не сакам повеќе фала ти многу" !!! Се згранав кога ми рече така реков што направив сега што и стана. И викам што ти е што е работата да не реков нешто што не треба кажи ми ако треба ќе се извинам, зошто така се однесуваш што е работата. И не ми прави муабет женава ќути. Пак јас ајде викам што е работата кажи ми да си знам, не ќути кажи ако имам нешто направено да си знам (и пак јас во мене вината ја барам). И ми вика замислете после некои 2-3 минути "Јас на вас на што ви личам, како на стока да и викате" !!! Реков што и стана сега, нит сум рекла нешто колку што знам, нит сум направила нешто. И викам што е работата, и вика вака "ти си го натерала син ми да ми вика" Јас целата прашалници, апсолутно ништо на мм не сум му рекла верувајте. И баш во тој момент дојде мм и вика што е работата викам ајде еве го син ти кажи што е работата пред него што сум рекла јас, и оваа почна ти ваква си ти таква си не ме слушаш ништо кога ти зборувам, печката ја пушташ без да прашаш (а јас кутрата два месеци болна сум ајде да штедиме да не ја пуштам печката во соба кај нас бидејќи се грее во дневна и ајде да штедиме) и веќе не можев да издржам па и викам поарно за струја ќе дадам пари него за апчиња два месеци не сум се излечила си идам од работа во ладно се соблекувам се облекувам на -15 срамота е за тоа да се расправаме, јас ако треба ќе си платам се што треба и мм и вика во право е, и оваа почна ти ваква си ти таква си пак и на мм да му вика ти ваков си ист како неа си станал, и мм веќе не издржа и вика се пакуваме ние и си одиме. И ајде по некое време се смири топката јас во соба си се повлеков. Ве мооолам да ми дадете совет како да го натерам да одиме барем некој месец под кирија да седиме не можам вака да издржам ис чиста мира навистина ништо не му реков не му направив ми вика ти ваква си ти таква си, барем да направев нешто. Јадење правам ручеци спремам, чистам СЕ што треба да се прави нормално. И почна после да се жали јас перам јас чистам јас вака така реков сите правиме тоа што ние работа да го направиме. И пак мене топката ми ја префрли и пред свекор ми почна да ме руга. И свекор ми само ми рече тој што има да си работи работа ќе си работи остави го девојчето. И почна свеки од типот "вие само на копјутери сте, излезени сте на телефони само, не ни седите со нас друштво да ни правите..." ееее реков јас и веќе не можев да издржам и и викам слушај реков да ти кажам ние што сакаме ќе правиме и кај сакаме ќе одиме, млади сме и ќе се дружиме ќе шетаме, а тоа што кој прави не е твоја работа. И замре ништо не рече и мм и вика во право е. Оооо Господе ќе се шекнам веееее МОЛАМ за помош јас сакам да заминеме од тука барем на неколку месеци дур се направи спратот. Ве мооолам кажете ми што да правам. И на игнор ги ставам како што ми рековте пак ме јадат, пак најдуваат рачки и индирекно по уста да ме маваат свекрва ми и зовла ми. Се правам си ќутам ајде да не се караме ама пак НИШТО. Ќе ве молам за помош како да направам да му речам на мм да си одиме барем на некој месец од тука под кирија, зошто тој не ни ваму ни таму. Поздрав девојки и извините за толку долгиот пост.
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Бети те читам и ќе ти кажам, е ова кога се живее во заедница. Нема разбирачка тука, нема слога ни мир, секогаш ќе има сопки, префрлување вина, непочитување ... Едноставно две жени, еве кај тебе дури три во една куќа не можат да функционираат нормално. Вие ако сте можеле да одите под ќирија сте требале уште одма да го сторите тоа. Жената нормално те чувствува како конкуренција затоа што синчето веќе не е под нејзина контрола. Не сфаќа дека тој е самостоен човек, го родила но не може да го поседува. Плус, колку повеќе се покажеш како фер, вреден итн. толку повеќе ќе ти наоѓаат закачки. Никој денес не цени она што го правиш за него.
    Уште денес седни си и фино директно ќе разговараш со него за идејата. Ако треба нека помогнат и твоите. Поубаво е секој на свое да е, нема да има ни кавги ни нервози. А денес богами мирот и хармонијата се најскапоцени и најретки за жал.
     
    На anule88 и BettyBoop25 им се допаѓа ова.