Ако сте си го граделе спратот вие извадете си имотен лист.... Нас се ни е поделено, ние си градевме, на наше име е , посебен имотен лист имаме, посебен водовод, посебен саат за мерење струја... буквално како одделен стан. Разговарај со маж ти, се се средува, на крај краева откупете го делот од нив и правете си како сакате вие, или отселете се. Не вреди животот да го поминеш во нервоза
Да не го имаме истиот свекор???Човече во заедница сме мисли дека е глава на куќа,во се се меша,а не е по негово се мршти се кара...ох се има на светот
Tatko mi da ne vi e svekor..bas istiot karakter...badijala mu e sto ima dobra dusa,koga e tersene karakter..
Здраво девојки, ми треба совет од вас Ќе се обидам да бидам што пократка а да ви ја доловам ситуацијата. Со сопругот сме долго заедно над 10 год врска и веќе околу две години брак. За време на долгата врска од ист град сме инаку, неговите ниту ме сакаа ниту не ме сакаа едноставно држеа ладни односи а реално мислам дека не ме сакаа но јас млада или наивна како да не го приметував сето тоа. (Ние заедно од наши 16, мене тој прв дечко, заедно во цело средно, факс, посдипломски и на крај брак). Он се запиша на постдипломски во странство и кога јас отидов летото кај него за време на врската уште, татко му цело лето не му се јави ниту еднаш за да после долги години дознав дека не сакал што сум била јас отидена (инаку мене ко ќе ме стетнеа онака муабет ладно ептен!) Инаку се луѓе што жувеат на висока нога и ние моравме сами да купиме стан, да го опремиме (не се понудија за никаква помош ниту донесоа било што симболчно барем) Сега ми глумат дека ме сакаат (откоа видоа дека остануваме заедно) и пред мене као се супер, ме гушкаат при поздрав, јас им збогам најминимално а они као ненормални иако приметуваат ми праат муабет (јас не сакам да ме гушкаат никако!) Згора на се, требаше свекорот и татко ми да дојдат кај нас ама иако договорени не му се јавиле на татко ми туку директно он и свекрвата доаѓаат (моите цело време ги погазуваат и тоа најмногу ме иритира сакам да им покажам дека повеќе така нема) Плус да не заборавам, цело време нешто као им треба да им се купи и маж ми им купува а пари не даваат никогаш за нарачаното.. Секогаш кога можат да направат нешто подмукло го прават а пред мене глумат наивни.. Не можам повеќе! Со сопругот сум разговарала повеќе пати вика ако им кажам нема да треба да имам родители и тоа не го сакам. Ме советува не живееш до нив, игнорирај ги ама не можам се тресам понекогаш од нивните подли нешта (не сакам фа раскажувам во детали да не должам уште повеќе). Сакам совет како да им покажам дека ги знам какви се и да се решат работите они пред мене не зборат ништо и затоа нема како да им кажам а не сакам јас да започнувам кавга, само сакам да ги прекинам односите со нив. Извинете на долгиот пост. Ваш совет!??
Не прочитав НИШТО лошо дека направиле луѓето освен дека се НЕНОРМАЛНИ оти многу те гушкале, а ти не си го сакала тоа. И она дека кога сте им пазарувале нешто , не давале пари за истото. Тоа ќе си разговараш со сопругот, не ве знам како функционирате на финансиски план. А на нив слободно кажи им дека не сакаш да се гушкате. Плус па и корона има сега.
Јас мислам дека се ти е собрано затоа ти сметаат. Ама и мт е во право... Не им се замарај ,не ги гледаш секој ден ,можеш и да ги избегнуваш дури. Исто заеднички планови не прави со нив и твоите и толку. Еве и свекрва ми беше во мојот град кај моите не сакаше да оди...ок ама па и ние кога одиме веќе никогаш не сме ја земале...
Си бараш проблем кај шо го нема. Не ни можам да сфатам за шо бараш совет. Туку друго сакав да кажам многу често читам моравме сами да си купиме стан, не ни дадоа ништо и ред други вакви примери. По типично балканско размислување од овоа нема.
Да да моравме сами да си купиме! Фала му на Бога што си купивме.. Тоа не значи дека викам дека нивна била должноста ама утре здравје мои деца ко ќе купат ќе им однесам нешто и ќе споделам радост со нив ( ако не дај Боже не можам да им помогнам) а не згора на тоа да се караат дека не ни треба нас можеме со нив (во двете соби нивни) и да се закануваат на син им само ако купиш и затоа пак ќе кажам се сами правиме, фала му на Бога.
Ај само ако купиш...ете купил и сега што ? Море имаш среќа ,еве мм не сака да се пресели пошто многу му е блиску работата од тука. А тука не се продава ништо. Па затоа вложуваме тука ,и си ја слушам од сабајле до вечер ,како еднаш нешто позитивно не кажа. Се нешто неа не и чини. Уживајте си ,свои на своето што сте. Патем ако сме во основа на двете соби што и таа ги "нашла " тука ,јас во 2 години имам вложено повеќе од неа во претходните 15 ( откако починал татко му на мм ) и не ,не биле малолетни мм и золва ми па да и оделе парите по нив. И да не се разбереме погрешно не се жалам што вложувам ,само сакам да кажам дека и покрај тоа понекогаш немаме раат ,а замисли да сме некои само дотерај се и излези а чекај на готово за било што...
"Станот сами го уредивме". А кој да ти го уреди станот во кој ти ќе живееш? Ако сакаш ти на твоите деца купувај им. А вас нема обврска никој да ви купува кога сте дошле двајцата за женење и мажење, сте завршиле факултети, маж ти на магистратура во странство и уште чекаш да ти купи некој вазна за дневната? Или нејќам да се гледаме ама да ми дадат пари за станчево? И ако не ви даваат пари за работите кои ви ги нарачуваат да им ги купите, едноставно не им купувајте. Возрасни луѓе сте, не можете да им кажете НЕ? Одбијте ги или побарајте им ги парите што сте ги потрошиле за работите што ви ги нарачале. Просто и едноставно. Не знам кој е проблемот што сакаш да го решиш, не сфатив искрено...
Баш ми ја сфати поентата сега.. Фала му на Господ пак ќе кажам не чекаме од никој ништо но трудот што го вложуваш ако не др барем некој да покаже човечност а не да мрчи и да ствара проблеми позади грб.. Со среќа и тебе
Гледам збориш од чиста некоја љубомора и завист па можам само да ти се насмеам... Никад не сум чекала денар од нив, ниту било што мојот муабет беше нивниот однос, така да рекла казала муабети кој шо чекал не ме интересираат..
Ја не видов никаква љубомора кај @Mantub , изгледа кај тебе е проблемот што на се наоѓааш маани па затоа може и ти сметаат свекрвата и свекорот...
Зошто бе ви смета коа ке ви плеснат нешто у фаца и давате коментари шо немаат врска од тоа шо сакаат да ви го кажат?
Да, пукам од љубомора сонот на секоја жена е сопругот кој се сторил толкав маж за женење, да и рече - не можам да им се спротиставам на родителите пошо ќе ни се налутат. Тој твојот не е маж туку мажиште со цврст карактер мислам дека секоја на форумов што те чита ти љубомори, не само јас
Никако да сконтам каков е тоа тој нивен однос према тебе? Дур сте биле дечко и девојка не биле баш блиски со тебе ( така имаш напишано). Замерка најде на тоа. Од кога сте се земале, кажуваш дека нон стоп те гушкале , муабетеле и покажале наклонетост према тебе. Сега и тоа не ти одговара. Испаѓа дека нит се тераш нит се водиш Сакаш маж ти воопшто да не ги погледнува? Навистина не можам да ти го согледам проблемот со нив. Ти комотно можеш ни добар ден да не им кажуваш ( ако толку те иритираат). Ама да бараш од мт да не ги погледнува само заради тоа што ти си дошла до заклучок дека ти прават лице као те 'сакаат' е баш безобразно од твоја страна.
Луѓе значи вечерва сум натемпирана бомба, колку повеќе им попушташ толку повеќе на глава ќе ти се качат. Свеки со телефон во рака нашла количка поефтина на интернет за 100евра и ај сега таа да сме ја купеле, викам јас додека не ја видам во живо не купувам. Тоа продавницата во Германија, јас моментално во Германија не можам да префрлам преку граница (поради документите) и вика жена, па шо и јас се разбирам во колички, ќе ти праќам слики ти ќе бираш, ништо не и реков, мажот ми беше во куња да пуши и ја слушна се, таа замина вц и му викам него. Јас количка со рака не фаќам ако сама не ја изберам, знам рече уживај. Ко излезе свеки одма тој и рече, аман шо е ова како кола да купуваме, таа ќе ја турка количката и таа ќе ја бира никој други. Се заќути жена и ништо не рече. Фала му викам што си таков, јасно ми е се рече уживај ти. Ама готово еве главата почна да ме боли ме натемпира вечерва