Moree fala bogu vo pon ke trgnam pak na rab tamu kade sto rabotev prethodno I nema da ja gledam sveki dodeka sum na tab deneska me izvikaa pak na rab da odam sefovite
Тоа што ниту те сакале, ниту не те сакале на почеток е супер, така и треба да биде односот кога си во врска со некој, скроз формален. Ги има тука членки што сум ги читала во врска чистеле дома кај партнерот, готвеле, пазарувале... Си имаш супер сопруг според напишаното, сте постигнале некој успех и двајцата, сте си купиле стан, нешто што е многу тешко да го постигнеш денеска без помош. Сте стигнале до таму, живеете сами и ти се замараш дека свекор и свекрва се фини со тебе ама потајно имаат нешто против? Правиш проблем кај што го нема. Додека не те нападнат директно мислам дека не треба да придаваш значење. Убаво ти кажува сопругот, секако претпоставувам се гледате само на некој ручек, ти гледај ги твоите родители, тој неговите и нема потреба од ништо повеќе. Ако продолжиш со ова само ќе се оддалечиш од партнерот. Стави се на негово место тој да ти збори против твоите. Опушти се малку и не давај значење на луѓе со кои немаш близок контакт, истрпи ги тие неколку саати кога сте заедно и едноставно мораш да ги почитуваш зашто се родители на твојот сопруг и ништо не ти згрешиле.
Зарем би и ја оставила да ја чува? Не можам да ги разбирам ваквите. Не се поднесуваат со свекрвите, ама за чување дете е добра. Епа ќе си ја трпи тогаш. И ќе се меша секако оти е зависна од неа.
Не само што ќе и ја чува. И ручек прави свекрвата за сите ( така има пишувано). И во нејзин стан живеат синот и снаата. Ама досадна е бре свекрва и'. Нон стоп гости и' иделе, таа сестра и секој ден без најава доаѓала.
Точно така ама јас не бев доволно јасна изгледа они прават проблеми не дека не ми згрешиле, јас цело време ги игнорирам.. ги навредуваат моите позади мој грб, едно се договараме со нив (кога мора за нешто) они го прават токму спротивното, јас го слушнав на телефон како му вика на мм шо ќе правел он со мене кј моите за да утредента му се налути дека бил кај моите и да се скара со него по телефон и се разбира мм им кажува и не збори до нив некое време но родители се ќе му се јават и пак ќе стигнат као ништо да не било епа тоа мене ми се родители и не можам да бидам лицемерка и кафе со нив да пијам кога некој моите ги навредува и тоа без никаква причина, моите се луѓе што цело време се за мир и едноставно држат дистанца со нив а никад не се скарале ниту па навредиле ни него ни неа..
Најважно е што маж ти ги игнорира нивните злобни муабети и си ги сака и почитува твоите, дури и се кара со неговите за твоите. За нив, ич нека не ти е гајле, не мора да ги сакаат, општа култура е да ги почитуваш родителите на снаата/зетот. Ти не мора ни да одиш кај нив, ни да ги слушаш, ни да ги гледаш, ама заради сопругот, ти не смееш ни да помислиш да го скараш со неговите. Тоа дали го користат или не, дали го злоупотребаваат или не, е меѓу него и нив, сѐ додека вашето семејство не е некако оштетено се разбира. А ако не ги сакаат твоите, не мора да договарате заеднички средби за да не се доведуваш себеси и нив во непријатна ситуација. За некои поводи кога мора да ги поканите и едните и другите, ќе ги викате во различен ден или пак во различен термин и тоа е.
Здраво и од мене и јас да се поплачам малку посоветувајте ме како да постапувам Се омажив во друг град,имам свекор, свекрва, девер и јатрва. Свекорот повеќе е со мене и маж ми, а свекрва ми со девер ми и јатрва ми. Тие живеат одделно јатрва ми си има стан ама машала секој ден куп кај нас на ручек Кажете ми како да се справам ми го сакаат детето не викам не и ми помагаат кога треба. Ама еве кажете ми вие дали јас сум ненормална јатрва ми доаѓа ќе седне муабет си прави со свекрва ми мене едно здраво не ми виказ, понекогаш седиме една до друга и по цел ден ќути кога и се збори збори. Свекрва ми е заљубена во нејзе, ја приметив ние правиме како куќа да кажам му вика на маж ми ќе дупнеш железо ќе свиткаш, а девер ми и јатрва ми кога си го реновираа станот само викаше ако убаво. Мене не ми смета што си правеле луѓето туку не е убаво да двоиш. Цело време вика сакам со нив да живеам демек или да одела кај нив во станот или правило било помалиот син да седел во куќава, а поголемиот да си одел. И јатрва ми еднаш и рече ако сакаш дојди живеј кај нас ама од таму на гробишта ќе си одиш демек јас да не ја чувам викам не ни сакам да ја чувам.Свекрва ми ми помага со детето вака да го причува да одам до вц, продавница, ручек да направам или да се избањам ама да ја оставам да ја чува да одам на работа не доаѓа во предвид, два пати и ја оставив еднаш падна око ќе си извадеше и еднаш и падна од спална не викам може и мене да ми се случи ама вика секунда беше, а она нон стоп е на телефон па тоа дете бара внимание. Со свекор ми кога ја оставам раат сум он ја чува многу ама работи човекот не може нон стоп ама кога е тука ја игра цело време. Денеска се карав со свекрва ми има родители она и секој ден идат јас не им викам да не идат ама детето кога спие сакам тишина зашто така е научено, соба немаме спиеме во дневна, девер ми има соба, живее во стан ама ја држи собата не ја дава да ја користиме еднаш детето беше болно и викам ајде свекрва ми повеќе знае нека спие со нејзе да не качи навечер температура или да не поврати, свекор ми беше на пат маж ми спиеше во дневна викам јас ќе спијам во собата на девер ми 10 дена спиев и еднаш уз муабет јатрва ми и вика на свекрва ми му ја превземаа собата за девер ми јас и реков не превземам соби туку детето дека беше болно ќе се преместам после во дневна пред да си одам ќе ја исчистам собата и ќе ја дезинфицирам да не имам некоја зараза и заќуте ништо не ми кажа и има она тука нејзини плакари сите алишта од детето и моите ги извадив да не и ги превземам. Да се вратам на кавгата со свекрва ми ми вика јас сум газдарица во куќава сите ќе идат викам знам дека си ти нека идат не викам да не идат, и ми вика ти да не имаш направено некоја магија се надоле да оди само кавги да има во куќава и јас ваква и викам јас да знаев да правам магии се до темел ќе сотрев ( а јатрва ми одела по бајачи гатачи свекрва ми ми кажа претходно ) и и викам не сум јас таа која оди по бајачи гатачи. Ми вика ти си најголема сељанка од местото каде што потекнувам и викам извини јас сум од Скопје ми вика што е Скопје викам главен град ( каква улога игра од каде си и дали си од главен град ама морав да се спуштам на нејзино ниво ) дајте ми совет што да правам како да се однесувам
Да се делите од нив. Нејзина работа е дали и кого ќе сака повеќе, а и бидејќи сте во нивна куќа, не можеш да бараш соби.
Ама совети доби Нејсе, се слагам со маж ти дека треба да ги игнорираш, игнорирањето е лек за се. Пиша дека не сакаш да навлегуваш во детали па и не знам што точно е проблемот. Битно маж ти е на твоја страна. Според мене биди и ти формална со нив, според мене нема да ги натераш со сила да ги почитуваат твоите, па тоа ти остава простор и ти да се однесуваш ладно. За тоа дека бараат ствари од маж ти а не нудат пари треба да си зборуваш со маж ти, ако дели од заеднички буџет за нив не е фер. А за средување стан гледам тука многу модерни има, демек сите ини сами купиле и уредиле стан, направиле свадба и се тоа пред 30 години. Ма ајде молим те. Нека ми каже некој како се прави тоа. Ние купивме стан едвај и тоа со помош од двете страни, и за учество и за средување. Овие што не чекаат помош од никого сигурно на 22 ограбиле банка и на 25 купиле стан и не чекале помош од никого...
И јас истото го викам, ама па друго ме интересира, како може двајца стари луѓе да сакаат да се оптегнат во три соби, а двајца млади со едно или две деца, да живеат во една соба? Добро во ред, нивни е станот, ама па нивни е и синот, зошто да си себичен и да сакаш да земеш 70% од станот, а син ти да седи со децата во една соба? Моите на брат ми му викаат ако треба ние одиме под кирија само вие седете тука и бидете среќни! И што фајде, имале стан, па имале наследство од нивните родители овие, не дека сами го запечалиле, која е поентата само не разбирам, да се газдарува и да се шефува, или што? Еве нека седат во стан од 80 квадрати двајцата, ние ќе си одиме, ваљда ќе бидат посреќни и поисполнети сами.
До некаде разбирам што сакаш да доловиш, ама треба да разбереш дека одиш кон тоа да си го загрозиш односот со маж ти. И јас бев во слична ситуација со тебе, исто така моите се држеа настрана, дури и не доаѓаа кај нас за да сфатат свекор ми и свекрва ми дека пречесто ни доаѓаат па да поднамалат (тоа не помогна), исто се нервирав при секое негово слушање со нив бидејќи вршеа контрола на се што се случува, му вршеа притисок зошто доаѓал кај моите и слично, имам и пораки прочитано каде што зборуваат против мене, НО има голема разлика тука... мојот сопруг НИВ ги поддржа и се сврте против мене. Се промени. Треба да си среќна во случајов, пред се затоа што тој тебе те става приоритет и не се замара со НЕГОВИ родители. Навистина не знам зошто негодуваш. Немаш никаква потреба да се оптеретуваш со нив бидејќи не ви влијаат на односот со маж ти, ниту пак на односот со твоите родители. Едноставно игнорирај ги, бидејќи ако целта ти е мт да си ги расипе односите со нив и за навек да ги откачи тоа не е ниту малку фер и е детски. А притоа и невозможно. Стави се на негово место, како би ти било тебе тој да ти инсистира да ги прекинеш односите со твоите да речеме, или да ти рече твоите да не доаѓаат повеќе? Едноставно голтни го тоа нивно однесување, макар било глума.
Не ги оправдувам воопшто, ама нивно е, им се може. Ете, има и такви родители што не им е грижа за синот и неговото семејство. И такви што намерно прават 'буцки' па дури и на далечина да се. И такви што ги делат децата. И такви што прават сѐ за да им погодат, ама на снаите никогаш нема да им е доволно добро. Ама, има работи што можат да се трпат, има работи што и да можат, не смеат. И јас би сакала да го имав овој памет пред 2 и пол години, кога маж ми крена кредит за да купиме заедничка куќа со неговите, ама го немав. Сега ќе си трпам. Ама искрено, во контекст на мислењето од членката дека свекрва ѝ ја сакала јатрвата повеќе и јатрвата идела секој ден на ручек и нејзе не и правела муабет, мене ми е многу детско. Зошто чувале празна соба за деверот кога не живее тука? За тоа треба маж и да разговара со неговите, а не таа да се препукува со јатрвата и да ја дезинфицира собата. И што е тоа, спиеше со свекрва ми бидејќи имаше температура? ама јас не сакам да ја гледам, скраја да е, пу пу пу. Не знам што совет очекува, прави и ти магии, гатање, баење за да те засакаат? Не, тргни се и нема да мораш да гледаш никој, раат ќе си.
Кој им го купи станот? Требало вие да си одите од таму, па нека седи свекрва ти со омилената снаа. Разговарај со твојот маж, мора да се среди тоа кој колку делови има од куќата. Ова помеѓу двајца браќа се расчистува навреме. Наместо тие самите да ја отстапат, па и му ја превземале, демек тој некогаш ќе се врати и ќе спие таму. Како така и секој ден на ручек, а веќе таму има друга фамилија? Не разбирам како луѓето немаат осет дека иако се родители не треба да киснат таму.
На јатрва ми станот е нејзин од мајка и. Абе не викам јас да не дојдат дојди кој ти брани и ти имаш право тука не викам не ама кога знаеш дека сум со мало дете треба да имаш осет не може јас да им правам ручек, стави им на маса, извади ја масата, измиј им садови јас одам ли таму секој ден па да ми мие садови? И кога ќе дојдат по цел ден седат. Јас собата не им ја земам ама каква врска има ако спијам таму кога ќе дојдеш ќе се тргнам не е проблем и тоа кога има потреба инаку не спијам таму додека да си направам свое. Работата беше дека јас спиев таму и свекрва ми рече ако не нека спијат таму со маж ми да спиеме да не спијам во дневна и тогаш јатрва ми рече му ја превземаа собата ( за девер ми ) @Cka работата е тоа што не пишав имав и смртен случај татко ми почина и се ми се собра тогаш плус имам фобија од болници, мајка ми почина во болница, она кога е болна толку се нервирам што не можам да јадам желудник ме боли ете таква сум знам дека не е во ред и моево само побарав совет од вас не осуда. Сепак ви благодарам на сите за одговорите. Без разлика дали ги знаеш или не кога си 24 / 7 ќе им ги видиш сите страни на луѓето не мислев ништо лошо туку сакав да ми дадете совет што да правам и како да се однесувам. Немав мајка да ме воспита доволно извинете уште еднаш сега ми е криво што воопшто пишав Останете ми поздравени
Па правиме куќа одделно ама додека да се направи ќе трпам морам, знам дека е детско ја имам прашано зошто не зборуваш да не имам нешто згрешено речено вика не таква сум? Е како си таква кога со свекрвата збориш мене муабет не ми правиш ќе дојде ќе го игра детето мене не ми збори затоа викам незнам дали е во мене проблемот се чувствувам како да сум вишок, како да сум умрена
Знаеш што? Баш ти е гајле ако не ти прави муабет, ама ичччч да не ти е гајле, поубаво и да не ти прави, нека си тера работа таму, а за ручек, не им прави кога ќе знаеш дека ќе дојдат, направи си само за вас, па свеки нека им мисли, чим толку си ја сака. За муабет ако некој не ми прави, многу ми е гајле, тој што треба да ми прави муабет, со мене спие и се гушка, и е на моја страна, а ако свекрвата и јатрвата не ми правеле муабет, ич не ме ни занима, повеќе од едно здраво, што правиш, не ми ни треба. Поубаво така, отколку да се меша во секоја манџа. Раат да си ако не ти праат муабет.