Не не брзав да се омажам само мислев дека ќе се има осет. Плус кажав дека имав смртен случај во тој период и ми беше многу лошо. Побарав совет не да ме напаѓа некој
Нека бидам лоша, ама не можам да останам рамнодушна. Добро бе, со кој памет своето болно дете го давате на бабата, таа да спие со него, да му диши во лице. Таа знаела подобро. Подобро од мајката никој не знае, самиот инстинкт ви кажува. Тоа е ваше дете, дел од вас. Јас не знам како можете еј вие да спиете мирно додека детето не е покрај вас. Јас мојата кога имам некоја обврска и ја оставам на мајка ми на два саати, па срце ми се кине, плачам тие два саати што се вика, а вие со тт дете на друг го давате. Не, не можам да разберам. Па и затоа ќе ви се меша после оти не сте самостојни сами да се справите. А за тоа што спиете во дневната, извини, ама вие сте си виновни исто тука.
Во туѓа куќа осет? Повеќе од 25 не ти давам,млада си,неискусна. Затоа не е само омажи се и трпи си,се отвора четири очи.
Знам. Ќе биде уште малце ви благодарам на сите за одговорите, останете поздравени Во право си не викам не, ама мислев осет нели да имаш своја соба. Сепак ти благодарам за одговорот
Па доби совети. Порасни и преземи одговорност за својот живот и за животот на детето. Не е нормална ситуација во која живееш, не е нормална ни за тебе, ни за детето, ни за тебе и маж ти кога веќе семејство стварате. И тоа тука веќе не е до свекрвата, снаата, не знам кој, до вас е. Вие не сте смееле да се доведете во оваа ситуација, ама сте се довеле, сега треба тој проблем да го решите, за почеток. Не знам за каков осет зборуваш, очигледно свекрва ти ни на другиот син не му дала живеалиште, ниту простор, живеат во стан од јатрвата, сега вие сте ѝ се сместиле во дневната и тука семејство создавате.
Ќе издржиш. Замисли си дека не ти е дома. Очигледно е дека не ти дозволуваат да го почувствуваш како свој дом. Така и однесувај се. Како да живееш привремено со некои си напорни цимери. Не им приговарај ништо. Игнорирај ги. Излегувај, оди кај твоите кога можеш. Запиши се на нешто, или почни некое хоби кое ќе те вади од дома секој ден, барем по некој саат. Џогирај... не е битно што. И што и да ти речат, одговарај со: “Добро“ А терај си по твое... Ако те прашаат: “Зошто ова вака?“ Кажи им: “Со син ти така се договоривме. Тој така сакаше.“ Па нека се објаснуваат со него. Ене кај е пролетта. Ќе дојде дури да трепнеш.
Па колку е тоа себично! Ако го чува своето внуче, додека сме на работа, каква баба е таа бре? Па во кој век живееме жени, да слушаме секој ден како некој ни помогнал и 3 часа чувал внуче, значи СВОЕ внуче! На братучедка ми и помагав цели 3 години додека бев на факс, и го чував детето, без никакви пари, еве и ден денес сме како сестри! Се чудам како постојат такви себични луѓе, што попрво мислат на себе, него на децата и внуците!!! Не ми треба од нив ништо, се сами да си стекнеме, само да не ми се фали дека ми изгледала дете, само тоа не!
Точно така, си ми ја разбрала поентата сосема за разлика од некои тука кои пишуваат нафурани колку нешто да кажат. А тоа дека треба да ограбиш банка и тоа за жал не помага во Мк. Разликата кај нас, е што мм студираше и работеше во странство па така успеавме, без ничија помош од никој освен што моите ни купија дел од мебелот и тоа е се. Неговите воопшто не ми пречи што не купија ништо, не разбрав само како не им беше радост да купат две шолји за чај колку за честитка но нема везе.. Ме иритира тоа што ние ним им купуваме, моите не бараат ништо никогаш и молчат цело време а овие плус прават проблеми, успеваат да створат нервоза и оддалеку. Моите некој да ги навредува без никаква причина не можам и да бидам лицемерка како нив, па да си глумиѓе идиоти...
Поентата е дека за овој проблем нема решение, освен буквално да игнорираш, кога веќе мт е свесен и не ти ги натура. Колку побрзо сфатиш дека џабе е трудот да ги разбереш, толку побрзо ќе ти олесни. Нит ги планирај заедно со твоите, нит бутур. Мене свекрва ми ме праша што сакам, кажав, и не ми купи И сега што да правам? Нит ја гледам, нит ја слушам, нит со неа живеам, зошто би се замарала зошто побогу не и' е драго, или можеби и' е, па 16та причина има. Не си прави нервози од небитни работи, чим ти е арно со мажот, батали ги, службено кога се мора и тоа е тоа.
Епа себично, несебично тоа е. Ретко каде има добра комуникација. Старите поинаку функционираат ние поинаку. Понекогаш и ние младите не знаеме што сакаме. Некогаш старите нит се тераат нит се водат. Затоа најубаво сам, на страна, па некако ќе се издржи, ќе пораснат и тие деца.
Јас се наежив целата. Болно дете да оставам кај баба да спие Па кога била со тт сум станувала на секој пола саат т. е не сум ни спиела. А сум Била и бетер неа некогаш со температури, стомачни вируси ама кој се гледа себе тогаш. На мм немам мир да ја оставам, не на баба. Вака сами себе се правите некадарни и отварате уста на свекрвата. Ако беа вселени во куќата свекрва ти ќе ја викаше кога ти е болно детето? Не ми се јасни стварно.
Даа, сосема те разбирам. Верувај ги игнорирам, до скоро им премижував одново и одново, подароци им купував и одев да им честитам роденден и сл за на крај да го слушнам да каже (ехх што ќе правиш кај сестра и ти на роденден, она (тоа за мене важеше) на мене од улица ми честиташе) а јас без мм да ме тера ни малку му купив подарок му се јавив кај е за да одам и дали може да слезе долу, му честитав, не ме покани да влезам ни на кафе(нема веза ди викам можда е сам без свекрва ми и му е непријатно само со мене, па така не оддадов внимание) Но сега решив и искрено кога доаѓаат ептен ладно се однесувам, сакам да им покажам дека знам се што прават (и најодвратно од се ми е нивниот однос, ми поставуваат прашања а јас само кратко им одговарам а они глумат дека не примеќаат) А тоа дека не влијаат на односот со мм, директно можда ме поддржува он мене но многу менува, нас односите ни се веќе често тензични и непријатни (он сепак пред нив се понаша ко се да е во ред, знае да посочи и да им каже ко ептен ќе го извадат од такт но и тоа негово кажување е благо и премногу фино за луѓе кои се такви просто-злобни ќе кажам бар за мене, да му глумиш некој дека го сакаш а од др страна да му правиш лошо и секоја прилика да ја користиш да го омаловажиш и поттурнеш...
Замисли, никој не ми помогнал со гледање дете, ни 3 саати во 6 години. Замисли, дали сум јас суперхерој Не постои Свое внуче, само свое дете.