Море знаат да бидат у пм себични, не дали гледале деца, него што се ем шуто, ем боде Само чекаат, е тие мене не ми се за разбирање искрено. И обратно, кога "децата" чекаат. Не знам кој кажа, дали сме ограбиле банка, не, не сме, многу сме штеделе, и пак не сме заштедиле доволно, па дур дојде тој ден, постои кирија, да сме живи и здрави и работоспособни, од никој ништо нит чекам, нит ми треба. И секако, не се ни нудам, таман работа
Не реков така! Себично е што чекаат милион работи од нас, а тешко е да чуваат внуче додека сме на работа, пази на работа кај што не можеме да бираме смени, а не на шетање! И тоа е помош да, како што тие чекаат од нас многу работи! Не реков дека се себични, и не треба на себе да си мислат! Ниту сум чекала нешто од нив, ниту ќе чекам, ама нека не чекаат и тие од мене. Друга работа е што, се праат нај баби пред другите, како чуваат деца, како помагаат, и не знам ти што, а врска нема ништо од тоа, туку ете ајде да се покажеме пред другите демек најдобри сме, и најдобро живееме.
Кога ќе сфатите дека семејството е жената и мажот и идното можно потомство сите проблеми ќе почнете да ги решавате. Што очекувате кога одите во две соби со цела негова фамилија, користите исто вц со свекорот и сакате приватност?! Очекувате вашето дете да го чува друг додека работите?! Ама на тој друг му посакувате се најлошо пошо ви пуштил алишта за перење со неговите?! Незадоволни што некој не ви купил стан, куќа, креветче, шпикозни што и да е. Кога ќе сфатите дека сами треба да создавате и да бирате човек што е веќе осамостоен (без разлика каде живее) а не мамино синче, а пропратно и вие да сте осамостоени и созреани? Да животот би ми бил многу полесен да имав куќа, стан, кола обезбедено од мали нозе ама ете не било и ќе враќаме кредити по 20години како и цел развиен свет. Ако некој има желба да подари нешто бујрум, ама надеж дека ќе ни остави некој нешто и презир зашто не му купиле неговите стан, не.
Мене не ми е јасно посебно последниот период како што гледам по фејзбуко и инста небитно.. запросе ги некој во небо летат како тоа да е нешто којзнае шо, а немат 2 скапани банкии после 2 3 месца се преселат сиромашките кај свекрвите, секако тој штоо сака да живее и даље со мајкаму а е запросил некој а и има у план да граде приватност со неа за мене е мамино синче што уште несака да се одвое од мајчината цицка, и дојдат на темата и се распишуват и кога и кажеш епа одите под кирија ааа не поарно кај свекрвче отколку да плаќам кирии да се стискам цел живот, епа пред да го кажете тоа судбоносно да сетите се дали имате 2 скапани банки у банка и дали ке имате слобода.
Еве јас, скроз се согласувам со тоа што си го напишала! Само мојот конкретен пример е друг, ние со ММ никогаш не сме планирале да живееме со старите заедно, ете помина скоро 1 година како се веривме, и поради супер добри односи кон мене од страна на старите, решивме во периодот додека се гради стан, да седиме заедно со нив, е сега тука почнуваат проблемите кога ќе сфатиш дека не се истите луѓе од претходно и дека ти правеле лице, не очекувам ништо од нив, никаква помош, како што кажав, ама нека не очекуваат и тие од мене! Впрочем, тие и немаат свој имот запечалено, се е од нивните наследно, и станот каде што живеат не го стекнале сами, за да се величат колку нешто постигнале. Ние сами двајцата ќе си постигнеме, колку можеме толку, и во 35 квадрати, само што подалеку од заедница! Па тие слободно нека седат и нека се шират во стан од 80 квадрати, ете, посреќни и поисполнети. Не можете да се ставите во ничија кожа да знаете како е, како сме стигнале до тука, и каков ни бил патот, дали и колку сме имале финансии, и сами сме се снашле до сега, па и од сега. Само сум кажала, колку помош ќе добијам, толку и ќе вратам. Презир спрема никого не чувствувам, а најмалце спрема нив, уште помалце поради материјални работи. Секој со своето.
Ама не е твоја работа каде живеат, кој им го купил станот, колку квадрати им се доволно и дали се среќни во 80 или 180 квадрати. И што ќе решат со нивните пари и имот исто не те засега. Ти се мажиш со човекот не со неговите и нивниот имот и треба да ти е важно што можете вие двајца сами. Едноставно нема зошто да им ги броите парите, квадратите ниту тие на вас. Со тоа што ти им ги броиш им даваш за право утре тие истото да го прават и тука нема лутење. А ако тој е твојот избраник значи некој добро го воспитал и тоа треба да ти е доволно. Нема планиравме сами па поради фино понашање сменивме план. Нема такво фино понашање што ќе направи во еден стан две заедници да се осеќаат комфорно. Просто е нема простор за приватност и нема не мешање. Ама се е до тоа што се стремите да создадете од бракот. Нашите разбраа дека ќе земаме стан откако завршивме со процедурата. Едноставно, наши пари наш проблем. Не барам и не полагам сметки. Што создале тие и како не ме интересира.
И мене не ме интересира, се додека не почнаа да ме маваат по уста за се, и да ги мешаат моите, тука веќе немаше ќутење. Ако некој сака да биде почитуван, треба и да почитува, и тоа е тоа, ниту сме побарале од нив нешто, ниту ме занимаат, само нека не се мешаат каде што не им е местото. Се додека не било посегнато од нивна страна прво, од моја страна ништо негативно не се превземало, ама кога некој ќе почне за се да ти презборува не е баш лесно и едноставно. Ете јас сум верувала дека ќе бидат како што биле и пред брак, ама сум се излажала, и сум се изгорела на нивните лошо коментари, тоа е тоа, лекција за понатаму во животот. Се додека тој што спие со мене и се гушка, е на моја страна, гајле ми е за се останато. Само да не се мешаат луѓето таму каде што не им е место, а од моја страна ништо не би искочило без нивни првични лоши коментари, и намери.
Се согласувам со твоето мислење, ама и ќе додадам дека несакам помош ама не ни нудам. Како што викаш не е нивно да им помогнат/дадат, така не е мое утреден кога ќе неможе да се избања сама свеки јас да сум таа што ќе и помага. Кога на 50+ можат да се прават најпаметни и најспособни, они најдобро чистат, најдобро готват, детето подобро од тебе знаат да ти го чуваат, нека бидат истите и на 70+ оти тоа што си посеел тоа ќе си жнееш. Ако неможат да ја истрпат членката 1 година и да прават некаков компромис, во име на коректниот однос пред заедничкото живеење и после тоа, нека не очекуваат услуги од страна на снаата во иднина. Еден тон ги има такви јаки на уста, ама кога ќе им клекне г*зот им текнува "снаооо" . Епа нема снао, плати жена снајди се, ќерката, синот ако сакаат нека ти помагаат, снаата што незнае внучето да ти го гледа, како би те гледала тебе?
Ете баш така, за се останато "не ме замарајте" а кога ќе треба било што, ММ и јас сме тука, епа од сега нема така, кој како заслужил само, кој како со мене така и јас со него, затоа што кога си добар, на глава ти се качуваат.
Сите вие кои имате поддршка од мажот имате среќа. Јас од "мојот" немав за ништо. Мене воопшто не ме засегаа старите иако ми правеа 300 чуда, оној "мојот" се претвори во чудак а не беше таков (моја грешка што младост ете лудост бев заљубена и не верував на блиските и си направив огромна грешка) и не им одеше контра на ништо што ми правеа. Почна да нема никаков моабет со мене, штом легне заспива, ако идеме негде цело време си трае у кола, ако седиме у соба цело време со тел. И трае а башка имав и јатрва и замислете побитно му беше неа да ја насмее и да го чуе нејзиното мислење (според мене и се восхитуваше) отколку мене. Имав многу проблеми а ниеден не смеев да му кажам нити пак го интересираше добивав само издеравање како јас сум била психички случај. (Не верувам дека сум не знам кој би останал нормален во таква средина). И си трпев поради бременоста ама ми препука и си заминав... е сега пак ме моли како не можел, грешел и што не.. едиствено ова неродено бебе ме спречува да не забранам секаков контакт со него и за огромен жал ќе мора да се слушам со него
Ниедна снаа не е должна да ја бања и чува свекрвата. Синот е тој што си е должен да си се грижи за неговите кога ќе се немоќни, ако тој тоа секако го сака и може. Исто како што зетот нема да ги чува родителите на жената. Мајка ми тоа го правеше за баба ми од љубов, меѓу нив никогаш немало препирки и замерки. Втора мајка и беше. Ама не сите имаат таков однос. Ама, зошто родителите на жената не ги чуваат децата секогаш кога работи? Веќе кога очекуваш дека едната баба ќе ти се наоѓа за помош, срамота е да мрчиш за банални работи. Влегуваш во заедница, не ти доаѓа заедницата тебе. Се супер ако односот е ко што треба, ама понекогаш на темава читам огорчени снаи што се лутат за најмала ситница, а очекуваат дом од тие на кои им замеруваат. Како така?
Јас колку што читам, членкава не е во заедница зошто така решила да живее, туку на определено време дур им го направат станот. Има разлика од тоа да е цел живот со нив и да е привремено. Каде пишува дека само од родителите на мажот се чека да ги чуваат внуците дур е мајката на работа? Познавам еден куп случаи што баш мајките на жените/снаите ги чуваат децата. Јас да сум мајка ми би ми го чувала, меѓутоа мајка ми е далеку, од свекрва помош несакам и немам. А друга работа е тоа дека е смешно да несмее да ти засмета нешто и да не смееш да и го речеш зошто она дете ти чувала 7-8 часа. Ако ми се наоѓа да го почува треба за се да ќутам? Нели они се најбаби? Нели се сезнајки? Кога ќе се роди внучето 70% од свекрвиве влегуваат во филм дека за нив е родено детето и кога ќе треба да го почува наеднаш тоа е голема услуга што ти ја прави? Во право си дека има секакви снаи што све им смета, ама има и свекрви олоши. До човекот е.
Сите овие проблеми ќе ви исчезнат... добро, скоро сите... ако сте во сопствен дом и ако не го споделувате секое пр*ење со старите. Колку повеќе знаат, толку повеќе ќе се мешаат.
Не ми беше кон ниедна членка наменето мислењето. Секако, ако свекрвата прави секакви опструкции и подли работи дека не е океј. И тоа не верувам дека е ради тоа што е свекрва туку ради тоа што е таква жената. Ама погледни објективно и види колку мислења има тука од жени што доаѓаат и бараат совети и мислења за нешто што воопшто не е страшно. Се спомнуваат работи кои си се меѓу мажот и родителите негови, само за да се оцрнат. Ете за членката конкретно, ако веќе одат на дефиниран период да живеат со свекор и свекрва, нека се однесуваат како гости. Иако јас и како гостин не би издржала негде кај што не сум посакувана. Ако имаат поголем раат, нека одат кај нејзините родители.
Ама и тој период, ако е ваква ситуацијата, или не живеј заедно, или живеј во гарсоњера под кирија. Никогаш не е решение да живееш во нечија дневна. Или може и кај невестата дома, ама тоа никој не го зема како опција.
Не се работи за истата членка, за таа што живее во дневна не е воопшто опција привремената заедница, ама тие си знаат. Плус дете со температура да и оставам со неа да спие, ич не е опција.
Најискрено? На памет не ми паѓа никого да бањам. Моите се обезбедија за старост, други не се мој проблем, туку на нивните деца. Ни баба ми била болничар, ни мајка ми, ни па јас помислувам. Поарно ништо нека не даваат, нека си чуваат за тие денови.
Исто. Свекрва ми си ја бањала свекрвата кога била стара, ама ваљда заслужила. Мојава си доби црвен картон за навек од мене за нешто повеќе од "Здраво,како си" не па за нешто повеќе.