Нема врска тоа. И да е најдобра на свет, јас можам само да помогнам финансиски, ако сум во можност, не и болничар да изигравам.
Добро во право си, истата поента ми беше, сакав да кажам дека и од мене истото го очекува свеки, демек вака треба. Мене секако незамисливо ми е. Незнам ни финансиски дали би помогнала зошто до сега доволно направивме. На мм оставам ако толку сака да го направи тоа, нема да му речам ништо, ама ја не би. Еднаш се случи да помогнат, односно сакаа во плаќањето за крштевката да учествуваат, па после на секое слушав "му направив крштевка", додека не згрми мм и затоа знам дека ни денар нема да им се даде од нас. Незнам мене грозно би ми било. Ама се очекува. Е тоа е дебилното. На младост снаава ништо незнае, детето незнае да си го избања, свекрвата знае, на старост снаава треба да знае да ја бања свекрвата. Ај важи.
Дете не ни сакам да ми чува, не се раѓа дете со план да го чува свекрвата, а ако сака син и да ја замоли некогаш да го чува внучето од синот, тие нека се договорат. Јас ако сакам на мајка ми можам да ја замолам, а не на свекрвата. И колку е глупав тој муабет - ви чува дете, затоа треба да ја бањате на старост. Не ми чува мене дете, му чува на син и. Затоа син и ќе се мисли што со нејзе на старост. А мене мајка ми може да ми почува дете, и ако треба некој да се мисли за мајка ми, тоа ќе сум јас, сигурно не маж ми. Ама нели децата се обврска само на мајката, а таткото "помага". Уствари, коренот на проблемите се во ваквите ваши сфаќања. Се додека маж ти "ти помага" за детето, а не е родител исто толку колку што си ти, ќе се очекува од тебе да ја бањаш свекрвата. Ако не сум знаела јас ништо за детето, не знаел ни маж ми. Ако свекрвата покажала нешто како, ни покажала и мене и на маж ми. Ама пошо јас ако не знам ништо, ќе ја прашам мајка ми, а не свекрва ми, за мајка ми јас ќе се грижам на старост. А маж ми ако не знае како да му смени пелена дури тој го чува бебето, а јас сум на работа, нека ја праша мајка му, па после тој нека се грижи за нејзе на старост. Се очекувало. Па нормално дека ќе се очекува со вакви размислувања. И краај краева, немора за ниту една работа да се прашува свекрва. Тое што немаат свекрви, не гледаат деца? Имаш педијатри, имаш интернети, книги, буквално за ништо не мора да прашуваш. Јас и маж ми бевме договорени. За ништо нема да прашуваме и нема да дозволиме да се мешаат. Ако нешто не ни е јасно ќе прашаме педијатар или ќе прочитаме на друго место. А не свекрви ко да се тие ултимативни водичи за родителство.
Абе може да очекува и авион да купам, што ми е мене гајле за туѓи очекувања? Не се замарајте со рекла, очекувала. Тоа не е ваш, нејзин/нивни проблем е
Абе скроз не ме разбра. Делиме исто мислење. Иронично беше пишаното. Јас со неа едвај добар ден имам, не па да се замарам да и барам мислење.
Ми тргна денес со цитирање твои постови.За овој дел, мислам дека мојата свекрва се лути ако не ја прашувам за совети. Немам никакви проблеми со неа, стварно е супер жена, гледа да се меша што е можно помалце, ама гледам дека се лути ако пример ја прашам мајка ми, а не неа. За најобична работа, пример за рецепт, дури и некогаш знае да ме праша, а по кој рецепт го правеше ова. И мислам дека и на мм му има спомнато пошо го гледам и тој во последно ме буцка, а зошо не и се јавиш на мајка ми да ја прашаш. Ок бе, ајде ти јави и се на мајка ми моја следен пат кога ќе пушташ перална и прашај ја дали се мешаат чорапи и долна облека.
Нека се лути до утре. Нема сигурно да и лечам комплекси правејќи ја "најзнајна, најспособна". А и маж ми кога би ми рекол такво нешто, би го подбрала и него. Ама јас со маж ми пред да бидеме во брак, во врска бевме долго време, години, години, така што го запознав скрос. Ако беше таков да не застануваше на моја страна и да не можеше да и пререче на мајка му, мислам дека многу веројатно немаше да бидеме заедно.
Абе види, и ние бевме долго во врска, ама тогаш ги немаше овие работи. Сега знае да ми замери и тој зошто рецептот за тортата сум го зела од мајка ми пример, кога и мајка му правела убави торти. Му реков еднаш, кога ќе правиш ти торта направи ја по рецептот од мајка ти и готово. Вака сеа ако ми прави,за деца кога ќе дојде време кај ќе тераме
Ние и заедно живеевме пред брак. Да тестираме до кај сме Имаше неколку ситуации кај што свеки си проба свекрвинското да си го протне, ама маж ми ја запре уште непочната, без јас да барам. Ама таков беше и пред мене. Не и дозволувал за ништо да му се меша. А ако ти се меша сега, со деца да, уште повеќе. Скрос легитимна причина за мене е да не сум со човек кој што нема скинато врвци со мама.
Половина час се мислам што да одговорам - зошто ја бањав Имавме услови и жена да платиме, мм никогаш не побара такво нешто од мене, свекрва ми , рака на срце не беше некоја 'добрица'...Не ни се мешаше во ништо, ама на почетокот и те како не ме сакаше. Ама ја бањав, и готвев, и зачистував. Можда е до човекот. Јас сум многу греовита, жалостива , можеби затоа и толку ја гледав. Можеби па сакајќи да и се допаднам уште повеќе па све повеќе се трудев да ја добијам нејзината наклонетост, можеби па и заради мм , као ќе ме сака уште појќе ако гледа дека се грижам за мајка му. Ова последново знам дека не е така, но не го исклучувам од опција. Не знам , еве ден денес не знам зошто толку многу се трудев околу неа. Не верував дека волку ќе ми недостига таа моја стара мајче
Ако некоја сака да ја бања или на било кој начин да се грижи за свекрвата, нека се грижи, ама тоа да е од добра воља, а не од обврска. Обврска не сакам ни на мое дете да му сум, ако можам да обезбедам за себе на старост и да се молам на бог да ме држи на нозе, а не па на снаа. И најдобра свекрва да сум, да бидам таква затоа што треба да бидам таква, а не за да чекам улуга за возврат, како што прават многу нажалост.
Е арно си му рекла. Кај мене беше јака свекрва ми, и' се јавува деверот и и' вика - ај бе кажи и на *жена му* како го правиш спанаќот? Она му рече - синко, а да го јадеш ти како ќе ти го направи? Со други зборови, ако фатиш ти спанаќ да правиш, повели ќе ти кажам, ама не не' замарај и мене и жена ти со глупости.
Ама како така кога ко мама никој не го прави Не можам ни да сфатам како наоѓаат жени некои мажи за кои имам читано по темава. Како може да биде некој таков и да постои жена што за него ќе рече Леле, каков маж. Ми се згадува во првите 2 секунди, а не па жена да му бидам и деца да раѓам со таков
Научени мама и тато да даваат па мислат истото ќе е и кај свекорот и свекрвата. Ем не сакаат заедно, а ем очекуваат да имаат некаква корист. Имам другарка и бев кај нејзе на гости и нешто почна да расправа како старите за две места плаќале дрва за огрев, па во тие месеци не ја плаќале градинката на внукот. Таткото на детето, па изненаден зошто не е платена градинката и вика на другарката: Не ја плаќаат градинката? Ти ја плаќаш овие месеци? Сериозно ќе чекам некој на мое дете да плати градинка? Нема да проверам дали е платено или не, ќе дозволам други да носат уплатници за мое дете? Имаа купувано А господниот една сметка за струја му оставија да плаќа и таа не знаел како и каде се плаќа и пак старите им плаќаат. Еј по 34 години се и двајцата. Нашите родители на таа возраст веќе имаа пола стан исплатено или еден спрат од куќа направено.
И јас размислував вака, но тие што имате машки деца, сетете се оти и вас на старост некој нема да сака да ве избања, ќе бидете и вие свекрви, мајка на мажот сепак она е мајка една, а вие сте заменлива.
Тешко тебе ако сметаш дека свекрва ти на маж ти му е на прво место, а ти заменлива па треба да си наведнеш главата и да трпиш.
Ваууууууу Аман ако сум заменлива нека ме смени со време, кутри мои родители син што не си родиле, кој ли ќе ги гледа на старост
Ако ти се осеќаш ко заменлива, јас не се осеќам. Мене маж ми никогаш не ми рекол ниту направил со некоја постапка да се осеќам дека јас сум заменлива, а мамичка е една. Баш напротив, ме прави да се чувствувам како незаменлива секој ден. И спремен е со родители да прекине контакт ако за нешто не се во право. Значи хипотетичка ситуација кажувам, не дека дошло до такво нешто, зборот ми е, да се скарам јас со мајка му до коска, ама јас да сум во право, тој ќе застане на моја страна 100% дури и по цена да нема контакт никогаш повеќе со неа. Ама тоа е кога одбирате мажиња кои уште немаат скинато папочна врвца со мамич. Тоа за мене е немање чувство на самовредност, сама себеси да се понижуваш мажејќи се за таков маж. Ако свекрва ми дојде до момент да треба некој да ја бања, маж ми ќе плати жена, нема шанси мене да ми побара такво нешто затоа што со мене се женел од љубов, а не за да има слугинка по дома. Ти ако си зела таков маж, навистина ми е жал. Ама па ако сама не се цениш, нормално дека со таков ќе завршиш. Или можеби се утешувате дека како што е кај тебе, така е и кај сите. Не е, ама добро, ако ве утешува, тешете се.