Ниедна не ме сфати, јас немам свекрва почината е, зборувам од аспект на идна свекрва, сакам да кажам кругот се врти сега сте јаки ама кога ќе бидете свекрви тоа што сте правеле на свекрвата истото ќе ви се врати, и не верувам дека мажињата ви се до толку независни како што прикажувате овде на форум, сепак ова е балкан , и да секоја од вас е заменлива никој не е незаменлив.
Нека ја бања тој ако толку сака. А ако сака и нека остане до мајка му цел живот штом она е единствена а јас сум заменлива. Јас ќе си најдам некој што ќе мисли дека сум незаменлива. П. С. Твоето дете да разбере некој ден дека си сакала да го родиш некоја недела порано за да ти биде полесно тебе не знам дали би те погледнало а камоли пак да те бања.
Моето дете не го мешај, тоа е за негово добро не за мое, порано родено дете се рачуна испод 36 та недела моево е на време
Не душо, тебе не ти се верува дека мажите ни се баш толку независни колку што ги кажуваме на форум затоа што немаш видено таков маж. А за мене е ептен за нигде уште не ти е ни родено детето, да планираш каква корист ќе извлечеш ти од неговата идна жена ама тоа е. Не мислиш валда дека одсега +25 години кога ќе ти дојде синот за женење, ќе те бања снаата. Тоа сега стануваат жените полиберални, а не па за 25 години или повеќе. Ти гледај дури си млада и на нога ако можеш да заработиш доволно за да можеш сама да се издржуваш, а не да чекаш од друг кој нема никаква обврска кон тебе. Нема снаата попаметна работа, таа нема да работи, нема со децата и со мажот да си ужива, тебе ќе те бања. Детето треба да се сака повеќе од се', да го родиш и да го оставиш да си створи свое семејство, а не да бидеш себична и да го раѓаш само за да има кој да те гледа на старост.
Мајка, а ако син ти и будуча снаа фатат пат по белиот свет, кој ќе те бања? Џизс крајс, што се нема да прочитам.
Ааа ваквите мајки не ги знаеш, тие дури порасне детето милијарда пати ќе му прават чувства на вина, цел живот ја играат улогата на жртва, за тебе работам, за тебе се разболев, за тебе умрев, па кога ќе порасне детето нема да може да мрдне никаде од што му е напикано тоа во главата. Си знаат они, си се обезбедуваат уште дури е мало детето, или ко примеров погоре, малку понапредна, уште ни родено
И после ќе има мамини синчиња на триесет и кусур години, и ќе ги читаме нивните жени по вакви теми.. Жалосно, вакви сфаќања во денешно време, да родиш дете со мисла дека утре тоа и снаа ти се должни газот да ти го бришат. Башка што на нероден петко капа му кројат. Шта речи.
Тоа е, наместо да се запраша што му треба на детето, кои се неговите желби, што посакува детето за да биде среќно, таа гледа нејзе што и треба. Ама многу свекрви што живеат во филм дека исти се работите како пред 50 години се заебале.
Мa немoј, цел живoт дa прaшувa дететo штo сaкa, штo му требa, кaкo дa му пoмoгне...нa крaј нa улицa дa цркнеме гoли и бoси пoштo немa кoј дa не гледa a немaме ни пaри ни имoт пoштo се нa дететo сме дaле. Акo сaкa дa е сaмoстoјнo и дa не се зaмaрa сo стaри луѓе, сoсем oк, aмa дa не бaрa ништo oд стaрите пoштo и тие мoрa некaкo дa се oбезбедaт зa стaри гoдини. Акo немaaт дoвoлнo мoжнoсти ни млaдите ни стaрите, пoмaгaње и близинa е нaјдoбрa oпцијa. Не гледaм тукa прoблем вo бaњaње aкo ти гледaле децa и сметки ти плaќaле. Oбoстрaнa пoмoш. Дoгoвoр.
Никаде не напишав се'на детето да му дадеш. Туку сега заработувај колку што можеш и ако можеш да се обезбедиш за на старост, или тој дел го промаши малце?
Се надевам дека немаш син/ови на кои ќе им го уништуваш животот со Јокастин комплекс- мамичка е еинствена на свет нејзе треба а се сака најмногу, и слични други перверзии.
Не знам од кај толкава омраза спрема мајката на вашите мажиња па мајку му стара она го раѓала лежела испод нож за него,му ги бришела гомната, кога бил болен не спиела по цели ноќи за да ви го израсне и даде вам за после вие да го убедувате дека е она змија лоша и заслужува да умре сама и напуштена на улица, не знам ама некако нечовечно ми е ова размислување
Кој рече да му помагаш на детето? Растење дете дури е малолетно не е помагање туку обврска, а за после тоа ако збориш, никој не напиша такво нешто, и сите што пишале во темава дека свекрвите не им помагаат, сите добиле критика дека нема обврска да им помагаат, ама ако сакаш да измислуваш работи што не се напишани за да добие тежина нештото, терај