Никој не напиша да умре сама и напуштена на улица, се читаш самата што пишуваш или и ти сакаш да додадеш драма пошо погорниов дел не ти пројде? Ако не сакаш да ја бањаш свекрвата не значи дека ја мразиш. Кога бил болен не спиела по цели ноќи за мене да ми го даде? Не спиела пошо бил болен, и пошо му била мајка, а не за мене да ми го дава ко да е играчка.
Кажи му на маж ти , јас имам мајка која ме родила и која 30 години (на пример имаш толку, не знам колку си стара) ја прашувам и е тука за мене и ќе продолжам неа да ја прашувам, ти со твојата консултирај се ако ти треба нешто. многу се нервирам што некои свекори мислат дека ние “невестите” сме дрва без корења или сираци, како да немаме родители или ко да треба да си ги заборавиме родителите кога ќе се омажиме. И мојата свекрва сака да биде уважувана, пресреќна е кога филозофира и кога некој ќе ја праша за совет или мислење. Ама од мене не го добива тоа. Јас сум премногу независна личност и буквално ништо не барам од никој нит услуги нит мислења. Знам дека можеби си мисли дека намерно не ја прашувам ама не е така, стварно немам потреба. Па 21 век сме и да не ми е јасно нешто отварам гугл и учам.
Кај е напишано де дека треба да му помага материјално? Ако е желба на детето да живее во различна држава, ако е желба да не се жени воопшто, ако за да е среќно му треба да живее самостојно настрана од мама, таа не треба да се запрашува ако не ми се жени детето кој ќе ме бања, туку да го остави да прави што сака без да му се меша и гилт трипови да му прави дека напуштена и на улица ќе умрела ко што пиша погоре. Те прашувам кај гледаш да е напишано дека треба да му помага материјално? Или само да се тропне нешто кога ти досадно Пред 2 страници имаше една што напиша дека сами си го уредиле станот, а свекор и свекрва биле богати, па и пишав дека немаат обврска да им го опремуваат станот кога тие се возрасни. Валда не мислиш дека менувам мислење после 2 страници
Па за него тоа го правела не за мене. Тој пораснал и не е веќе бебе, па може сам да се грижи за себе. Ако сака да ја негува, ок. Јас нејзе да ја бањам кога знам дека око не ѝ трепнува за мене? Синчето си го сака, мене ми има убаво дадено до знаење што осеќа за мене, и отворено му ја полни главата со муабети една е мајка жена е заменлива. Епа ти имаш еден син, ќерка немаш и никад нема да имаш. Може заменската жена ќе се нафати. Сељандри тешки. Јас нејзе ќе ја чувам, она на свекрва ѝ очи не сака да и гледа. И не ѝ гледа, што е право.
Не си видела независен маж затоа си скептична. Има и на Балканов такви мажи, само за жал ти немаш налетано на таков и мислиш дека овде некој лаже. Јас еве мислам дека сум незаменлива. Зошто? Затоа што тоа го докажал 100 пати и спремен е да ги направи сите ренде само јас да сум среќна. И да, и јас сум мајка ама на неговите деца и тоа е уште една причина зошто сум незаменлива. Изгледа не си го запамтила оној дел кога се склучува брак дека младите се делат од родителите и се спојуваат за да бидат едно. А не мајката на прво место, а жената кој ја шиша, заменлива е.
Да не раѓаше дете за снаата ти? На темата, никој нормален партнер нема да бара да ги напуштите родителите на старост, ама нормално вие би се грижеле за вашите родители, не некој друг.
Никој не напиша да умре сама и напуштена на улица, се читаш самата што пишуваш или и ти сакаш да додадеш драма пошо погорниов дел не ти пројде? И пази, во сите глупоштини што ги пиша, никаде не напиша дека ти е желба синот да се грижи за тебе на старост, туку неговата жена
Офтопик малку. Кога одев на работа слушав често Петар за појадок и пауза и никогаш нема да заборавам еден муабет. Отприлика: Жена од Холандија си отишла во дом, и и рекле зошто синот не се грижи за вас? Па јас сум му мајка, јас сум поим за стабилна жена, силна, водилка, јас го чував него како дете, му бев пример, нема никогаш да дозволам да ме види ранлива и безпомошна и таква да ме памти. И јас не дај боже да треба да дозволам да ме бања синот или снаата. Никогаш да не ме видат во такво издание. Јас за ова дете сум силна жена и нема да му се пожалам. Знам дека се' носи животот, ама колку што ќе можам ќе направам.
Ај,разбирам да рече снаата да им помогне,во смисла да им зачисти,да им принесе јадење и вода(иако,не е должна ни за ова,ама ај) доколку свекорот и свекрвата не можат сами да си средат.Ама,за бањање,бре... Што ако снаата има болни родители,она сама има некоја болест или има многу обврски околу децата? Каде попрво да потрча?
Сум работела во старечки дом и знам колку "добар" однос имаат и како се грижат, ни на душманот не би посакала такво нешто, јас не напаѓам никој, секој има право на свое мислење, само велам дека фамилијата е тука да помага во најтешките моменти, ако не ти помогне фамилијата никој не ти помага на овој свет, само татко, мајка, дете, баба и дедо може да ги заболи за тебе и обратно, на никој друг не му е гајле верувајте, може само да ти се ситат. Животот е непредвидлив не знаеме што не чека, се разболуваат и стари и млади, сите не чека старост или бар оние појаките.
Е тука е работата, јас не сакам моето дете да го боли за мене, ни на 5 години да ме жали зошто мама ја боли глава ни на 50 зошто мама е неподвижна билка. Кешки да умрам тогаш кога ќе престанам да се грижам за себе. За него/нив да сум мајка херој, таква да ме памти и да си тера во животот. Кога ќе помислат на мене да се насмеат, а не да ме сожалуваат. Тие да се радуваат на животот, на своите деца. Силни луѓе одгледуваат силни карактери. Тоа ми е мене желба. А ако сум стигнала до бањање, сигурно нема да мислам кој ќе се сити и ми е гајле,ама ќе мислам колку моето дете е загрижено, а тоа не го сакам јас.
The fuck?? Како ги претстави, ко само мајките на машките деца да се мајки. Нас женските штркот не донесе пред врата, сами сме си ги бришеле гомната ко бебиња. И уште па она да ви го "даде" мажот. Не знам како можеш да размислуваш вака.
Па не реков такво нешто, темава нели е за свекрвите не за бабите и дедовците од страната на жената А не е психичко пореметување да мислиш дека мајката на мажот ти треба да ја снајде лошо и да го убедуваш мажот ти да ја избегава кога и е најтешко и и треба помош?
Ако свекорот и свекрвата имаат пензии,можат да си дозволат да платат некоја жена да ги бања.Не треба да очекуваат од снаата или зетот,туку од синот или ќерката.
Никој тоа не го напиша не туку пишувај глупости на секоја страна. Уште не ни кажа, зошто очекуваш снаата да те бања, а не син ти? Кај е син ти во прикаскава?
Не реков снаата да ме бања, ниту син ми само реков грев е да не се помага на фамилијата во тешки моменти.