Ту мач хероизам. Ни блиску до реалноста која не заплиснува или може допрва да го стори тоа. Живот е ова ако не па, да не се лажеме. Колку мали дечиња мораат мајките да си ги гледаат без коса од јаките хемотерапии...и што? Таа мајка не е херој оти добила рак??? Кај да се скрие толку месеци, години? Кога би можело така, сите сакаме како тебе. Ама, не може. Никој од никого не сака да зависи ни физички, ни финансиски, ни никако. Барем не никој свесен. Но до се доаѓа. Затоа сме семејство. Кога е само за убаво, човек здрав-прав, може и сам. До крајот на светот и назад ако треба.
Никој без причина не сака да ја снајде лошо мајка му на синот. Од каде тие мислења? Јокастениот комплекс е кога мајката на машко дете се заљубува во него, и најчесто не е активен проблем, туку е во пазадина(доколку нели не ги и сексуално злоставува или малтретира) се додека синот не си најде женска или се ожени. Е тогаш мајките полудуваат бидејќи не се тие први, па снаите им се криви тие сакаат да го оттргнат синчето од нив, итн. Искрено тоа што умот прво ти отиде на тоа како снаите без причина им наметнуваат на своите мажи да ги мразат свекрвите е доволен показател.
Леле абе од кај да почнам..... Ај од првото твое мислење. Она го родила мм, ама баба му го изгледала оти пајазинчињата кај свекор и и свекрва и во спална сакала секој ден да ги чисти. Да, добро читаш САКАЛА. До скоро вцто кај нејзе секој ден го чистеше и на младост го чистела секој ден. Еден куп работи правела, децата на последно место и биле. Е сега, се раѓа моето, она сезнајка е, знае да бања, колку да е покриен итн зошто она изгледала замисли 2 деца, а уствари само за заспивање ја барале, за све друго со баба им. Мислеше ќе замениме улоги сега ние. Мајка му е ама носот да и седи на место, не кај мене во спална, во кујна, во воспитување дете итн. Маж ми изгледа не е од балкан зошто заради нејзината уста што и збори по куќиве, нема со неа повеќе од добар ден. Види "сум му го свртела умот против мама", изгледа јас сум незаменлива. Мислам кое ти е тоа размислување, ти си жена, самопочит имај малку. И јас имам син, ама нема да и чепкам на снаа ми по фиоки, нема да ми е гајле дали пубаво меси кифли од мене или не и дали по мој рецепт се или пона мајка и или по на Трајанка рецептот. Мислам уште од сега се гледа што свекрвиште ќе си, тешко таа снаа, само се надевам синчето ќе ти е како мојов со "небалканси менталитет", па да се шокираш како мојата свекрва, па да си го мериш секој збор по три пати пред да изустиш. А последново ти е апла мислење "drama queen", не испревртувај жити идната снаа.
Абе и мојата очекува доста од син и. Мене ми има речено 100 пати, "колку му имам помагано во животот додека си најде работа, да видиме дали ќе го цени тоа". Јас искрено не се замарам многу, ако сака тој нека го цени, не ми смета да и даде пари на старост син и е, и јас би и дала на мајка ми. Јас ништо не и барав во животот за да очекува од мене да ја бањам.
И јас бев едно од тие деца (малце поголема), и умре на крај, ама не бев ангажирана за бањање, ниту пак еднаш не ми пожалила. Многу патев, неизмерна болка, а замисли колку повеќе ќе патев, да после секоја хемотерапија да имав поинакви обврски. И на сиот тажен крај и болка јас имав и измеѓу весели мигови за памтење, ги направи последните денови незаборавни, затоа и го зборам ова. Направи она да изгледа така. Барем да сум пола од тоа. Мое лично мислење е тоа и ако можам, зошто да не. Мислењето мое се однесува на ангажирање деца, не на семејство, сопруг...
Ете јас ја имам бањано свекрва ми. Еднаш или два пати пред да почине. Иако млада 57 год, на свои нозе беше, само и помагав околу косата и за да се облече. Болеста не и дозволи последните денови да може сама да оди во тоалет и да се наведне.. Нејзините солзи кога и помагав да се облече никогаш нема да ги заборавам. Снаа немам ќерка имам велеше. Не беше сјајна свекрва посебно во почетокот, ептен заштитнички се понашаше према синот оти нели единец, само него го имаше на светов но тоа беше додека не се запознавме подобро. Иако живееме само 3 години заедно, многу ја засакав. Уште ги чувам нејзините пораки во тел.. Но ! Она мене никогаш ниту ми правела лоши работи зад грб ниту му зборела на син и против мене. Баш напротив јас го бранев На моменти поблиска бев со неа туку со мајка ми. До наутро би седеле и би ми раскажувала за нејзиниот реално мачен живот. Баш ми фали искрено
Жал ми е. Браво што личноста успеала да остане позитивна и покрај тешка дијагноза и маки со тешка болест. Ама не сите можат така. И ако некој потклекне во некоја животна битка, не е дека сака, туку ментално е послаб, а психата е посилна од сите наши желби другите да не страдаат покрај нас ( од исказов ги исклучувам луѓето кои патат за внимание и кои не даваат нешто да ги почеша за сите деца, маче, куче, се да соберат околу нив, да ги испаничат само и после 5 минути како нови). И некогаш нема услови. Нема кој. Мора да сум јас или ти. Кога некој е заслужен, јас би му го правела изметот ако е мој родител. Ако е негов, нека си се оправа тој.
Свекрвите не смеат да се мешаат во приватноста на младите, не само свекрвите никој, ни пријатели ни роднини, но проблемот е во тоа што многумина што живеат во заедница трпат мешање, јас со мајка ми сум живеела па не сум можела да поднесам кога паметари и ми се меша, не па свекрва да ми се меша но колку и да е лоша мајка ми е и морала би да се грижам за неа во случај болест, тоа ми е морална одговорност.
А тие во старечки дом биле оти снаите не ги сакале? Не можам да ве разберам. Да семејство сме, да, се сакаме најмногу на светот, ама и сите си имаме живот. Некои луѓе во болест и тешка состојба бараат грижа од 24 саати, малкумина можат да си го дозволат луксузот да не работат за да гледаат родители. Не е идеално решение, ама ако нема подобро. И никаква врска нема ни со љубов ни со грижа, животниот циклус е таков. Не раѓаме деца за да се грижат за нас на старост, заради експанзија на љубов ги раѓаме.
Напор свекрва и во Америка да си, она во Македонија ќе те пукне. Баба ми почина од мозочен удар. Да не починеше ќе останеше врзана за кревет, со пелени без да може да мрдне, како билка да речам. И мајка ми и тетка ми одат на работа по 12 часа во смени. Како они две ќе се грижеа за баба ми на која реално ќе и требаше 24 часа внимание, до крајот на животот? Ќе дадеа отказ од работа? Нив не им е мајка? Немораш ништо. Има можеш/неможеш, сакаш/несакаш. Дедо ми ќе си платеше жена и крај. Немаш тука избор, тоа е тоа. Да не зборам дека има мајки што само имаат родено деца и ги имаат оставено на татковци, баби, дедовци и нигде ги нема. Да ти се појави таа после 50 години ќе мораш да се тресеш над неа? Нема да ја погледнам. Ова е само пример нормално. Затоа поназад пишав "што си посеал, тоа ќе си жнееш".
Ако не мењам пелена некому не значи дека не го сакам. Мешате брзини многу. Не сакам никој да се жртвува за мене, не зборам за моите родители кои ме родиле ваљда оти сакале дете, него зборам за 18+, па нека е и покасно. Не очекувам со ништо да ме обезбедат, макар имале многу, не е нивно мене да ме обезбедуваат и да си кратат од себе за мене. Возрасна сум и лудо ми е да очекувам. И пак зборам за моите родители. Родителите на партнерот не се и не можат да бидат мој проблем. Можам реков, ако сум во можност да помогнам финансиски, со условно ако, но мојот живот да го подредам на нивни потреби - не можам. Исто како што сега не очекувам на мене, утре и дете мое, тие да си го подредат животот. И да, сите сме заменливи. Ама ако мажот сака да ме смени оти не ја тимарам мајка му, нека му е среќен патот. Јас такви болести не можам да лечам.
@Majka987 а од каде толкава омраза кон твојата мајка. Зарем ти можеш да помислиш за твојата мајка дека е злобна, зарем не те чувала и не бдеела над тебе или ти се роди полнолетна. Ако за својот родител мислиш вака што останува за родителите на мт. За жал свекрва ти е почината ама ако ваква омраза имаш кон твој родител 100% сум сигурна дека ќе си трчела да ја бањаш свекрва ти. Ете свекор ти можеби е жив, не го спомна, може за него ќе трчаш. Можеби и ќе решиш да се вратиш во мк за да ги дочуваш. И за крај кажи ми дали дозволуваш мајка ти да го навредува и да го прави магаре и што ли не твојот маж? Можеби едниставно има мажи кој не дозволуваат да им го верѓаат нивниот животен сопатник, без оглед дали имаат деца или не. Без оглед дали се венчани или не. Едноствно тоа е нивен избор со кого решиле да бидат, ако им го навредуваат партнерот со самото тоа го навредуваат синот, бидејќи нели тој бил глупав и згрешил во изборот. Ама се вреѓаат и самите себе си бидејќи не го воспитале добро за да направи добар избор.
Да мојата мајка не ме чувала и злобна е но тоа не значи дека не би се грижела за неа у случај болест, сум мењала и ќе мењам пелени на баба ми, и на свекор ми ако дојде до тоа, го викам тато бидејќи е родител на маж ми, да ме има увредено па што, сум се направила дека не слушам и готово, вас што толку ви сметаат увредите на свекрвите, окривувајте си ги мажињата што се неспособни да заработат за стан и да се одвоите па уште живеат во хотел мама, не се криви свекрвите, неспособните им синчиња шо сте ги зеле за мажиња се покриви.
Никој друг во животов нема да наречам тато освен сопствениот татко. Свекорот има кој да го вика тато, роденото дете само и толку.
Па може и некои снаи имаат злобни свекрви и нема што ти да им кажуваш тоа што го спомнале старечкиот дом како решение дека било нечовечно, кога ти за својата мајка кажуваш дека ќе платиш жена одколку да ја трпиш. И каква веза има тоа што го викаш свекорот Тато, затоа што бил родител на маж ти. Маж ти на мајка ти и татко ти им вика Мамо и Тато? А бе сфаќам други да ве понижуваат, да сте во тешки ситуации, ама сами толку да се понижувате, сами вредност да не си давате, тоа е стварно тажно.