Немаш веќе ништо конкретно да кажеш, а? Зашто мт знае да каже збор пред татко му, затоа ти се сметаш себе за заменлива, затоа си безгласна буква пред "тато". За разлика од тебе, ние овде имаме мажи покрај нас, а "неспособни" и слични смешни зборчиња заврти си ги накај мт. Ама што ти е криво, криво ти е. Болно е кога на време не отвараш очи, па сега распали по форум на сите што си ги наредиле работите со мажите до нив. Да додадам - незнам кај прочита дека некој живее или не живее со свекор и свекрва па да збориш и разглабаш на тема "хотел мама".
Не е моментот дали ти би се грижела, по логика треба мт да се грижи. Зошто и тие те исчувале, бдееле над тебе за да те "дадат" на друг. Викај си ти пак од култура на друг тато а твојот фрли го на улица зошто тој не ти бил татко. Убаво те заучиле, само ти прави се дека не ги слушаш навредите и се ќе биде супер. А и башка ако бенефициите се добри сепак се исплати. И после дојди пак тука и пофали се како сами сте постигнале. Е да ми извиниш ама тој што постигнува сам не се наведнува пред навредите на некој друг, па кој сака нека е тој. Во голема заблуда живееш и си наоѓаш оправдување за твоите постапки кон твојот родител. Сакам да те прашам дали пред да останеш бремена знаеше се што и како ќе доживуваш, пр емоции дека ќе донесеш на свет мало суштество, дали знаеше како изгледаат мачнините во бременост, неизвесноста од прв скринин, од втор и сл? Тоа се многу емоции во 7-8 месеци. Сигурно си имала блиски личности кои биле бремени и си ги гледала, си знаела што отприлика,но кога ќе осетиш на своја кожа чувствата се поинакви, посилни, наши се, не ги доживуваш преку друг. Така ти е и со свекрвите, ако не си доживеала неможеш да знаеш. Секој е приказна за себе. Џабе солиш памет на непостоечка ситуација. Гледај ти смири ги чувствата кон мајка ти, бидејќи има многу синови кои биле оставени од мајките, или растеле без нивна грижа, без мајчинска милост.
Баш ми е гајле за вашите мажи и како живеете, вистината боли, јас реков се дур сте под свекрвин кров вашите мажи не се мажи тоа се мамини синчиња, мажлиња, пеленачиња, кој сака нека вреѓа не ме додирује, тоа е вистината. Неможеш ти да и дојдеш на свеќи у куќа со круната на глава и да глумиш овде кинеска краљица. Тоа кај мајка ти дома. Да им вика мамо и тато, не е маж ми простак од улица, и не го смета тоа за понижување нема круната да му падне како твојата што паѓа, доколку ги изговори тие зборови. Јас реков би ја гледала мајка ми на стари год. Што измислуваш,лажеш, вреѓаш, или толку ти е културата. Тоа прашај си ја свекрва ти, различни куќи, различни свекрвини правила.
Нема што да ја прашувам. Јас си живеам во своја куќа. Ти кажи за оние што живеат во свекрвина куќа за да знаат како да се однесуваат.
Не сум ја од тие да кажувам нит ме интересира, кој како сака и може нека живее, и немаш еве баш потреба да ме информираш оти си живеела во куќа, па и во стан да живееш, што има врска. еве ти кажи шо како треба, на останативе. Како не ми брани, ножеви извадија сите тука
Шо ја нападнавте бе? Ако сака таа да се грижи за старите кога ќе се болни, ќе се грижи. Не ќе прај нешто лошо. Јас сум ја капела свекрва ми, ко беше оперисана. И 'мамо' ја викам. И зошто ви смета то вас?
Нема и ти шо да ги судиш тие што не прават како тебе. Ти дочувај ги старите, нечии стари ќе заминат во дом... сите среќни-весели.
@Majka987 у право си. Треба да се има поштовање кон родителите на мужот. Како ќе им се обраќаме на родителите на мужите, е право на избор. За тебе е во ред да се обраќаш со "мамо и тато" , а за нив не е прифатливо. Сите сме различни. Немаше потреба да се напаѓате како и во секоја тема.
@Majka987 и јас имам син , и еден ден ќе бидам свекрва . Тоа не значи дека очекувам тој или мојата идна снаа да ми менуваат пелени . Баш напротив . Го молам Господ кога ќе дојде ден од на нозе да ме земе горе , да не сум ничиј товар . Па сега , ако сум толку грешна во животов , ќе си бидам зависна , ако не , ќе се спасам со време .
Мислењата со навреди ви се избришани. Ако забележите некое случајно останато пријавете го, не реплицирајте. Доколку дискусијата продолжи со ист тон ќе следат соодветни санкции.
Многу драма околу едно бањање Два пати неделно ја капев. 15тина мин ми одземаше. Тоа е еден час месечно потрошено на тоа. Појќе време на постов изгубив Не знам како би оставила мм да ја бања гола мајка му Исто ко што не можам да замислам да го бањам татко ми или свекор ми
Би ги бањала и нив... Таков каков шо беше татко ми пред крајот, немаше ни да мислам на срам, од шо беше во маки чоекот...
И не е само до немање. Имаа можност моите и негувател да платат, ама не сакаше тој никој да го чепка освен мајка... Да не дојди до то... арно велиш...
Знам дека не е до тоа дали се може да се плати неговател. Можевме и ние.. Уште ми е пред очи 'усрамената жална фаца' на свекрва ми кога и менував пелени, ја капев .. Мм ниту еднаш не беше присутен во тие моменти. Ниту таа дозволуваше , ниту па тој можеше да го прави тоа.
А бе Бубче... јака ти душа... Од далеку пукнував, не пак да ги гледаш и пазиш секој ден Нека идат убај работи натака
Мајка ми баба и ја капеше до сам крај, до 92 год, одеше в село специјално за да ја капи. Тетка ми сега пред да почини нејзината свекрва ја капеше и пелени и менуваше. За жени да треба капење јас би капела, мајка, свекрва, за пелени незнам дали би можела, да не дојди до тоа, ако дојди нз што би било. Татко, свекор не би можела, таму синовите нека помагаат, татко ми пред 1 год имаше крварење од чир, анално беше преку измет, мораше пелени неколку дена, брат ми и мајка ми му ставаа.
работава испаѓа дека жената треба цел живот да се грижи за некој. деца,родители, свекори. а мажите се штедат од се. мајките ги штедат,им прават за јадење ,им принесуваат,ги перат и чистат,синот не дај боже да фати нешто. а ќерче од мали години се учи да помага околу дома. после сопругите ја превземаат таа улога и ги тинтраат и на крај жената треба да му ги гледа родителите. жените нека одат на работа и нека се грижат за сите. и после кога ќе видам на улица баба и дедо како шетаат, дедото обавезно е секогаш по држечи, по подвижен,бабине едвај одат. и зошто било тоа така ете зошто е така. ебате светот во кој живееме. сами сме ние криви.