Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    оф бре бети и да одиш под кириј некој месец кај ке одиш после пак во нејзина кука ке одите и пак ке се наоѓаат рачки за кавга бре срцко утре господ дете ке ви даде и за него ке се карате нели си во една кука додека се живи ке си имаш проблеми со неа битно е што имаш подршка од маж ти и свекор ти значи не се слепи луѓето гледаат кој чини кој не а ти ти пишав во повеке наврати од едно уво влегува во друго излегува и мораш да сватиш дека за неа никогаш нема да чиниш и злато од уста да ти течи пак нема да чиниш па според тоа тргај се настрана што поскоро и минимален контакт седи си во твојата соба и само по потреба испагај а работата терај си ја пак и ручек и правосмукалка за да нема уста да зборува дека не работиш ништо издржи уште малку бар
     
    На BettyBoop25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Бети, да ти кажам само едно-сега си под притисок и исфрустрирана. Помири се тој факт и готово. Колку побрзо, толку полесно. Иако на пати пак ќе има мигови на точка на вриење, верувај, времето челичи. Јас немав и немам Бог знае какви проблеми со свеки, супер си е жената добра и се да даде, ама како и сите и таа со мана се што сака да знае, што мене и баш да не речам воопшто не ми е во ред, ама ќе се насмевнам, сменам тема и готово. Порано си земав се речено при срце, ама колку побрзо сфатив, подобро беше за мене.
    А ти, немој ни да помислуваш да одите по кирија-ШТЕДЕТЕ си за спратот. Зошто џабе да фрлаш пари, кога можеш да издржиш, да си средито поубаво од колку да се стегате. Знам тешко е, ама верувај, што не поминало па и тоа. Вечити клишеа се проблеми со свекрви, ама кога сте почнале да вложувате во нешто свое, издржете, па верувај оти се е тоа за подобри времиња.
    И прочитав негде една приказна, немој само да ја сфатиш буквално, сакам само исходот да го посочам.
    Некоја снаа, многу лошо видела од свекрвата, оти се нешто не и чинело, па заминала на бајач да и даде чај, за полека да се куртули од свкрвата. Тој бил паметен, па и дал, и и рекол секој ден да и вари по една шоља, а и таа да пие кафе со неа заедно, за да не се посомневаат. И така неколку месеци. По некое време почнало да и е мака на снаата и да има грижа на совест оти на поубаво тргнале работите иако на почеток со сила се преправала, па заминала кај истиот бајач, да ја оправи работата. Кога му кажала оти згреѓила и се кае, тој и рекол да не се грижи, оти нема да умре, тој знаел оти ќе се покае и и кажал оти и дал чај за имунитет, а не за да умре.
    Се надевам сфати што сакам да кажам. Колку со добро на лошото почнеш да враќаш, толку подобро. Вели и да, да така, а вие правете како што ви е воља. И издржете заедно за поодобро утре, не се расфрлајте со пари за џабе оти во ова време невреме секој денар е важен. Се надевам оти не очекуваше да ти речам, замини, реши се од неа-нема. Секоја една работа вреда за уживање и среќа доаѓа на потежок начин, на туку така како се подмачкано. Со среќа и само смирено и релаксирано.
     
    На BettyBoop25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Може ли од прилика да ми појасните овие свекрвите како на БетиБуп и други од тој тип - што луѓе се, мислам што ум носат во главите, образовани ли се, или се прости и тупави женетини кои не мрднале подалеку од пред тв и кафе со комшивките-трачарки.
    Навистина сакам да им го запознаам менталниот склоп, живо ме интересира.
    Мислите ли дека еманципацијата, образованието, нашетаноста имаат некаква врска со ваквото недолично и простете - сељачко однесување?
    Јас мислам дека ИМА, иако сега сите ќе рипнете како - не секоја образована и прошетана жена е воспитана и добра, и дека тоа нема никаква врска со карактерот, ама генерално можам да си дозволам и да кажам дека сепак има влијание.
    Мене овие примери само ме упатуваат на прости, недоквакани, неначитани жени, или на чиста злоба.
    А со прост и неизживеан човек разбирачка нема, со ваква жена пак - уште помалку.
    Немам совет очигледно, не знам што мене ме очекува и ќе ме снајде, ама од тоа што засега го имам видено, мојата идна потенцијална свекрва сака да си држи дистанца и го воспитала синот да не се лепи за фустанот од мама.
     
    На Anyshka, senza.parole, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    лично мојата беше проста...додуша и напатена цел живот слугува на швалењрките на маж и.....но според мене баш поради тоа тербаше мене да ме подржува за да иамме подобар живот од нив- а таа и бетер ни го направи...

    мислам дека поеманципираните жени не се до тој степен лоши- но сепак зависи од карактерот и човекот (кој сака кавга ќе си најде).... но мислам дека колку жената и човекот воопшто е поеманципиран толку има капацитет да си најде друга занимација и да не си лекува комплекси врз блиските....но овие луѓе пак не чинат бидејќи “на стари години шетаат“ И „можат да шетаат, наместо да седнат дома да ги причуваат децата“ :)
     
    На Anyshka и BettyBoop25 им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Генерално, да, мора да се сложам со Трендафилка, но не е секогаш ни пресудно. На една моја пријателка свекрва и' важи за оние „госпоѓа жена“ тип, доста високо образована, нашетана, што туристички, што ради образование, дотерана, на место, сите и' завидуваат на другарка ми у стил „ауу во каква куќа си влегла“, а ни девојчето не е за фрлање, во никој поглед...

    Кога ми се жалела од жената, какви се' не простотилаци се имам изнаслушано...на почеток не им давала да се одделат под изговорот „не сакам да бидам сама“... па после следувале бисер до бисер моментите.

    Од друга страна, свекрва ми не е нешто многу образована, ни нашетана, па не ретко ме изненадува со нејзините современи и трезвени сфаќања за одредени работи. Не е нешто ексклузивна, ама погорниов примерок може комотно вода да и' носи по тоа прашање. Не е само кај ќе прошеташ и што ќе доживееш...треба да го имаш тоа нешто во себе кое ќе ти помогне да го извлечеш најдоброто од тие искуства. Ако во душата си затуцан и гнил, џабе ти е се' она што ти било пружено кога не си знаел да го диживееш како што треба. А образованието кај нас, веќе одамна не е фактор на кој треба да му се придава огромно значење, мислам на она формалното.

    Се извинувам за оффтопик: имам една другарка, по игра на судбината, не по нејзина воља или вина остана со средно образование. Значи девојчево е подвижна енциклопедија, нема за што не можеш да направиш муабет со неа. Познавам многу кои го имаат земено тоа дипломчето колку да има што да им стои во рамка, а не се ни десетина начитани и полни со драгоцени сознанија како што е таа.
     
    На Anyshka, JuLleE, girl.23 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски

    Па фала богу, тоа е и поентата.
    Ако живеете разделено нема караници. Ќе си се видете еднаш неделно и се супер. Дома си и правиш како мислиш дека е правилно.
    Затоа имате фин однос.
    Стварно се чудам. Зошто на почеток додека се дечко и девојка се е супер, и после тоа стануваат сосем различни свекрвите? :^)
     
    На kravce, Hipster, BettyBoop25 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. PunchMarmelade

    PunchMarmelade Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    31
    Апсолутно се согласувам.
    Ние жените,а особено Балканската жена не знае да го воспита мажот-се знае,мажот може да биде и алфа а може да биде и домаќинка.Се зависи како "нежноста" ќе го плеска по газот.
    Еманципирана,зрела,образована жена има висока свест и широки хоризонти-знае како да ги постави картите.А од долгогодишни искуство,можам да кажам дека кармата игра улога во секој сегмент во животот-како ќе се поставиш така и ќе ти се постават.Оние маалските девојки,кои седат дома,пијат кафе со комшивките и учат уште од 15 години да везат гоблени-је*оте,нема фајде од нив.Во животот ќе бидат кафекуварки дома и главна преокупација во животот ќе им биде оговарањето.Оваа болест никогаш нема да изумре на нашите простори.
     
  8. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Колку луѓе на светов толку карактери и ко за беља се наопаку се погодува.
    Бивша моја колешка имаше свекрва со која живееа одвоено.Поточно пред свадбата
    свекорот и свекрвата се преселија во викендичката на Матка а на младите им го отстапија станот.Дури и зимскиот период си живееа таму, куќичето тип-топ средено.Свекорот тазе пензионер а и таа свекрвата за брзо време се пензионира.И двајцата високо образовани и од далеку кога ќе ги видиш се познаваше дека се фини, скромни луѓе кои не се перчеа со дипломите и си беа ептен поврзани како пар се надополнуваа.
    Е колешкава мана им најде што премногу си биле луѓево одвоени и себични се само нивни кејфови си терале си оделе по одмори или по планинарење или летниот период по 3 месеци си седеле во приколката во Охрид а на нив т.е нејзе ништо не и помагала свекрвата околу децата.Кога била тазе породена само првата недела доаѓала да и помогне околу бебето за бањање и толку а за се друго морала мајка и .

    :x
     
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Па и старите треба да уживаат цел живот работеле во пензионерски денови да уживаат очигледно таа снаа нашла па зашла , нема поубаво од младите сами да си живеат а старите да си уживаат работеле изгледале деца па и тие заслужуваат ...
     
    На PunchMarmelade му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Го прочитав целокупниот проблем на БетиБуп, сите постови и сите одговори што се и ги дале.
    Прво ми паднаа во очи некои глупи напади и споредби од типот, те гледам во модни критики, убаво се облекуваш,ама многу трошиш на ташнички, блузички,чизмички бла бла... Добро бре луѓе што ви е на вас гајле од каде и се работите и колку троши за нив, и никој не ви дава за право да и коментирате и да и кажувате на што ги троши парите а на што не, плус не ви рече она дека имаат финансиски проблеми па да настапувате со вакви коментари. Јас колку што а сватив Бети, не и смета свекрвата и не сака да ја брка, туку едноставно и смета што не и го цени нејзиниот труд, и што постојано е незадоволна од што и да прави. А свекорот е многу фин, има целосна подршка од мажот како и милион други случаеви што го знам, ни си прва ни последна да ти кажам со овој сплет на околности.
    Секогаш се наоѓаат вакви лоши свекрвишта, и мислам дека е љубоморна што си убава, згодна, дотерана, способна, ем работиш ем наоѓаш време да чистиш,помогнеш, зготвиш.
    Она си сака само закачка за да може да те огрди пред мажот, само не разбирам зашто е таква, кога треба да е среќна што си син е е среќен, сит и испеглан, заодоволен и нема потреба да се меша во вашите работи.
    По се изгледа не е навикната уште дека син е не е више нејзино милениче,па мама треба да му кажува што може а што не може да прави.
    Колку што разбрав тазе сте земени, па уште и неа и е тазе.
    Не ја опрадувам, ама прогледај и низ прсти, можда има време да се опраи, можда :?: (да се надеваме)
    Според мене класична грешка е што правите спрат заеднични со нив, зашто одма ти е тука и нема да и биде проблем да се качи кај вас и да ви команда и да се меша.
    Но што е тука е.
    Биди фина но со резва, и мислам дека ако некогаш ти прекипи кажи со го своето, јасно и гласно, без навреди и слични ниски речи, едноставно кажи и - не си у право и точка-, да не мисли дека може да те врти како сака.
    Само имам едно прашање, золва ти(тоа беше сестра на мажот нели :D малку слаба сум со овие термини) мажена е или не? Ако не е, или па ако нема љубов во нејзиниот живот, јасно ми е што е таква спрема тебе, никаква и она и свекрва ти.
     
    На Anyshka, lolyta777 и danichap им се допаѓа ова.
  11. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ех нашла и зашла се вика ова претеризми ако не иди оти не дошла ако дојде па ете ја дојде ми се меша жената си е свесна и си се тргнала настрана а кој има мака ке се јави и ке си побара помош не верувам да ја одбие
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски
    Едно ќе ти кажам - сè е до карактерот на човекот, здравиот разум и логика. Воопшто не зависи од образование, еманципација и нашетаност. Мојава е образована, нашетана и еманципирана... па испадна поголем лицемер од било кој друг што го познавам. Не си свесна какви зборови излегоа од нејзината уста, притоа упатени и до мене и до целата моја фамилија. Жената направи невиден скандал кај моите и оттогаш не комуницираме, ни јас со неа, ни моите со свекор ми и свекрва ми. Јас не верував дека е способна за такво нешто, бидејќи ја сметав за фина, културна и начитана жена. Притоа, јас си добив „комплименти“ дека сум измамничка и крадец и затоа што сум била начитана, знам како да го „вртам“ мажот да биде на моја страна.
    За среќа, барем го воспитала мажот ми да не трча по неа за сè и сешто, односно, го воспитала да биде праведен, прво да ги согледа двете страни и да донесе проценка за ситуацијата. Тој е потполно на моја страна затоа што ми верува дека не сум направила ништо од она за кое што ме обвинува. Ама и тој си видел мака со неа, исто и сестра му, па затоа и ја сфаќа ситуацијата.
    Како и да е, ова беше само мој пример, само една од многуте кои мислеле дека свекорот и свекрвата се супер, ама увиделе дека не е така. Јас би ти рекла што подалеку од свекор и свекрва, ако се може. Живот на дистанца, комуникација и средби само со одредени поводи и доста е. Мирна ќе ти е главата барем од таа страна.
     
    На bittersweet, senza.parole, AIT и 2 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.109
    Пол:
    Женски
    Јас си имам кажано дека мојата е необразована, ненашетана и неначитана. А сепак е толку остроумна и праведна. Знам дека не живееме заедно, далеку сме, па ете. можеби е полесно, ама жената си е стварно на место. Последниот пат кога бевме таму ми рече: Знам дека не можеш да ме сакаш како што ја сакаш мајка ти, ниту пак јас тоа го барам од тебе. Мене ми е доволно да ме почитуваш, а јас тебе те сакам како сопствена ќерка, можеби не можеш да го разбереш тоа, ама ете, така е. Секогаш ако имаш потреба можеш да ми се обратиш, за било што. Со тие зборови. :) Ептен ме изненади, од тогаш и си ја почитувам многу повеќе.
     
    На ozbilnazena, JuLleE, Peppermint и 5 други им се допаѓа ова.
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.850
    Допаѓања:
    40.226
    Пол:
    Женски
    Ние една година со мм живеевме кај свекрвата и свекорот , после си најдовме станче си заминавме од таму.
    Меѓутоа со нив лош збор си немаме речено до сега ...се почитуваме меѓусебно , не се гледаме којзнае колку , ама барем имаме коректен однос .
    не ми беше сеедно додека бевме под исти покрив ,ама и тоа помина .. сега сме си сами со мм и детево и раат . Јас и нив ги разбирам си бараат мир , исто како и ние младите :) Се мислам да живеевме заедно секако ке се најдеа некои рчки за било што ...

    Затоа секој на своја страна , за мир во куќа :D
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.883
    БетиБуп, не сум те читала назад низ темава, го прочитав само последното мислење, ама мислам дека е доволно да ти дадам совет: биди стрплива да го направите спратот и потоа гледај колку што можеш да се држиш на дистанца. На почеток сигурно нема да ти биде лесно, ама со тек на време ќе легнат работите на свое место.

    Ова е време на прилагодување и твое кон семејството на мажот, и нивно кон тебе. И нормални се нештава што ти се случуваат, колку и да те изгледаат ненормални. Жени, тоа е тоа. Ако сега успееш да се поставиш како што треба, после ќе бидеш раат. Добро е што и маж ти те поддржува, а ете и свекорот. Терај си по твое, не се расправај, и мисли на тоа дека наскоро ќе живеете одделно.

    Јас имам ок однос со свекрва ми, ама не живееме заедно, и многу ретко се гледаме, во последно време еднаш-два пати месечно. Не дека имаме проблеми, туку некако од обврски не стигнуваме. Свекор ми почесто доаѓа бидејќи е послободен, а и онака муж ми е поблизок со него, па и ова негледањево не го земам за зло, иако и не мислам искрено да се замарам со тоа - нека мисли муж ми колку се гледаме, него му се мајка и татко. Јас кога сакам да ги видам моите, наоѓам време да ги видам.

    Ние живеевме заедно некои 4 месеци, и дури и тогаш имаше некои искри, иако многу повеќе можеби од моја страна, а не се сеќавам ни кога ни како почна тоа, веројатно со некои несредени прашања кои тие ги отворија, а несредени се и до ден денес. Тогаш ја изгубив почитта што ја имав кон нив, и ни ден денес не ми е како што ми беше пред да се омажам, иако се трудам да се средам затоа што сепак се родители на муж ми, и не е во ред да не ги почитувам. Сега ми е сеедно дали прави нешта кои ме нервирале, а реално, ме нервирале и многу неважни работи.

    Периодот кога живеевме заедно немаше никакви расправии - дури и кога нешто не ми беше право, знаев дека има крај, и си викав - ќе го надминам периодот. Друго е кога не знаеш дали има крај, фрустрациите се многу поголеми.

    Е сега, тебе многу ќе ти биде важен моментот кога ќе се одделите, затоа што сепак ќе бидете посебно, ама заедно :). Тогаш треба да се дистанцираш. Ние живееме во иста куќа со баба му на муж ми, и го имав овој момент со неа, ама сепак верувам дека поминав многу полесно отколку да беше свекрва :).

    Рачунај и на тоа дека живеењето во иста куќа има и предности - ќе се најдат за чување деца, голема предност е тоа.
     
    На Annath, kravce и NoellePage им се допаѓа ова.
  16. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Замислете свекрвата да ви се вика Нада а надата последна умира :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На PunchMarmelade му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    A zamisli ti tek snaata da se vika Trpana :rofl: :rofl: :rofl: ...cel zivot da trpi :lol:
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    бети се надевам знаеш многу добро дека ниеден мој коментар не беше напишан со цел да се скарам или да те навредам туку едноставно го изнесов моето мислење.

    сега го прочитав и твојот последен коментар и ми е навистина жал што си почнала да се соочуваш со такви проблеми. како што ти спомнав и претходно овие работи ми се чинат неизбежни кога се живее во заедница без разлика каква е снаата или свекрвата. совет незнам каков би ти дал, јас единствено што можам и знам да кажам е дека живеењето посебно од старите е најдобра опција без разлика која е цената. навистина е жално млади луѓе како вас да се расправаат за вакви работи наместо да уживат во брачниот живот. незнам колку ви е направен спратот ако е малку подобро да си идете ако е многу тогаш најубаво да си ги разграничите работите... самата природа мислам дека не дозволува младите и старите да живеат заедно има премногу разлики... но ако веќе крајно се нема избор тогаш разговор и разграничување на сите заеднички или посебни нешта. друга работа е да се програмираш себе си како да размислуваш за нивните коментари. еве јас на пример имам кажано дека имам голема почит спрема моите свекор и свекрва и дека ми немаат ништо згрешено макар сега се почесто добивам некои недолични коментари и во моментот не го сваќам тргагично зошто според мене она никогаш не би ми рекла нешто лошо така ми е ставено во глава и така ги прифаќам а кога ги анализирам покасно сваќам дека можеби и сакала да предизвика нешто но пак крајното се сведува на тоа дека е она постара и необразова жена што можеби не знае да си ги контролира своите коментари и не се замарам. замисли ова е 2 дена во месецот ако треба секојдневно да рзмислуваш и да се нервираш за нејзините коментари каде ти е крајот.

    се надевам ќе го најдете најдоброто решение. со среќа.
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Можно е и свекрвата на БетиБуп да го прави сето ова од завист - ќерка и` не го има животот на снаа и`, не може да се омажи и среди како што тоа го направила Бети.
    Глупаво е и ниско, да, ама па и зависта е примитивно чувство, и кога се работи за свое чедо - понекогаш се губи разумот....
    Или можеби и` е криво што синот е повеќе кон жената отколку кон неа, па со секоја нова постапка се` повеќе го губи наместо да го придобие. И тоа се оние последни „очајни“ чекори да ја задржи наклонетоста на син и`, кога преку кавга се надева дека ќе ја сврти водата кон својата воденица..

    Или кој знае, може едноставно таков и` е табиетот, па нема логично и психолошко објаснување :D

    Како и да е, Бети ти посакувам многу трпение и мир, многу слога и љубов со сопругот, и издржи....супер совет ти даде Ариел - после преселувањето горе држи се на дистанца од старт, и практикувај го тоа се` додека не се откажи свеки. Или барем додека не ја омажи ќерката :lol:
     
    На lolyta777, Hipster, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.505
    Допаѓања:
    115.001
    Пол:
    Женски
    Првиот болд: Се согласувам, може тоа ја мачи. Но не и дава право да се однесуватака кон бети. А за вториот болд тоа е болката на секоја мајка на син. Се ожени сега не сум јас број 1 жена во неговиот живот.

    Според мене мислам дека им е кардинална грешка што прават спрат во куќата на свекорот и свекрва и. Не ме сваќајте погрешно, ама ни една затворена врата нема да ја спречи да им се качува кога сака, да им звоца над глава, а и кога ќе се омажи ќерка и, кога ќе и доаѓа на гости пак ќе има проблеми. Затоа со оглед на левиот табиет на свекрвава, врз која очигледно не влијаат ни маж ни син, најдобро е да си се доделат во стан подалеку, инаку мир нема да има.
     
    На Annath и tessie им се допаѓа ова.