Не планирам никој да бањам, посебно не свекор и свекрва, си имаат син и ќерка. Ако треба за мој родител ќе гледам да најдам негователка, знам дека на мајка ми и татко ми би и било тешко и криво јас да ја чувам и бањам, кога збориме за тоа никогаш не се согласува, вика вие си имате свој живот ако не ме бива мене ставете ме во дом. Никој нема должност ништо да прави, ако сака бујрум, ако нејќе негово право. Не сме "донесени" во фамилијата да чуваме свекор и сверква на стари години, плус не сме фамилија со свекор и свекрва, маж ми ми е фамилија и децата ако ги имам и крај, се друго ми е поширока фамилија и иако ги сакам неизмерно моите родители нема да дозволам со ништо да влијаат на мојот брак, исто и тој.
Зошто да не замислиш? Мајка му е де, него го родила. Не ме родила мене, па јас да ја бањам. Нема чинот да му падне ако ја избања својата мајка. А зошто да не го бањаш својот татко? Тој ти дал живот, а ти пре за свекрвата. Искрено не можам да разберам.
Буквално вака сум растена. Од мали нозе, секоја сабота јас морав да помагам кога се правеше генералка дома. Брат ми, од друга страна, си беше слободен да си прави што сака. Ама јас сум таква по природа, од мала ми било интересно да чистам и сум сакала да помагам. Важно израснав со муабети како сите на мајка ми и викале дека ќе сум помагала дур сум мала ама ќе видиме како ќе биде кога ќе пораснам. И еве ме, пораснав и се уште помагам, нормално се уште не ми е воопшто тешко да чистам а и сакам да помогнам на моите. Ама се уште ужасно ме нервира фактот што мајка ми ми ја тупи главата како брат ми е машко и не мора со прст да мрдне. А најлошо е што тој и дозволува да го третира ко мало бебе иако е многу повозрасен од мене. И секако, татко ми е машко ама со него нема проблем да се испокара зошто не помага дома. Стварно ми е смачено од ваков балкански менталитет. Ги гледам млади луѓе надвор од тука како веќе на 20 години живеат сами, и машки и женски, и си имаат свој покрив па сами за се си се грижат. И природно е да му се плукнам, 21ви век тераме еве. Кој ги измислил овие глупости како машка и женска работа нека се гони во три лепе. И уште утре задутре да ми дојде некоја свекрва и да ми попува како маж ми не треба да помага дома? Па не знам која револуција ќе ја направам дома. Само имам среќа што сегашниот дм е против тие работи и не гледа така на работите. Се надевам дека така и ќе остане во иднина.
Не. Работата е секој да одлучи за него како е подобро. Да се прашувам јас, сите кои се и ќе бидат во иднина онеспособени заради болест, да живеат во дом, или да плаќаат негувател/сестра .... ама знам дека не сите можат, и не сите сакаат така како и јас....
Не е работата дал ќе му падне чинот, или дека јас Пре би ја бањала свекрва ми од татко ми. Едноставно не можам да се замислам да го гледам татко ми угул гол и тоа е тоа. Исто ко што не можам да замислам тато да ме бања , а мајка ми ме капеше коа не можев сама.
Колку многу си без осет да се чуди човек, знаеш колку не има тука на форумов што ни починале родители? Сите грешни биле, Господ им дал рак, мозочни удари зошто биле грешни? Срамота вака млада жена, мајка да мисли и да пишува небулози, глупости а богами и навреди до коска што болат?
Мислам дека ништо лошо не кажа членката, немаше намера да навреди. Сакаше да каже дека несака да очекува да им е обврска на младите, од многу луѓе истиов муабет го имам слушнато.
Човековата природа е кога ќе ни се даде еден прст земаме цела рака, дури и несвесно се случува, а се разбира и свесно. Секој знае да злоупотребува добрина на некој друг, или почитта спрема некој да се рачуна како слабост а не доблест. Гледаме само кој ќе има власт врз нешто или некого. Ривалства имало и секогаш ќе има...Така се случува со татко и син кога ќе порасти синот, таткото се чувствува како некој му го истиснува авторитетот и не го остава синот ништо да чепка не знаел тој (имам видено вакви случаеви колку ти душа сака) а од друга страна ако синот помага низ дома тогаш не е маж се однесува како жена. Синот кога е бебе и мајката се поврзуваат многу повеќе отколку со ќерка. Се јавува прво незадоволство кај таткото бидејќи уште откако ќе се роди бебето чувствува дека жената се закачува за малото синче и како да е истиснат од неговото место. Таа фрустрација на таткото излегува на површина кога синот ќе порасти и тогаш има кавги и расправии измеѓу татко и син. А мајката бидејќи заборавила дека всушност има маж а не само деца си ја разнишува врската со мажот и е закачена само за синот. И кога синот ќе порасти и ќе си засака девојка и ќе си ја земе е тогаш настанува друго ривалство, свекрвата со жената на синот. Свекрвата мисли дека е заменета, наместо да се посвети на мажот и да си уживаат на старост со мажот без стресови. Прво фамилија си со мажот, без него немало ни децата да ги имаш, кои се плод на љубовта измеѓу мажот и жената. Деца раѓаш за да ја умножиш таа љубов и да оставиш потомство - тоа ни е во природата, да се размножуваме, а не да го врзиш детето за тебе и да кажуваш како ти не си спиела, се си правела за тоа дете. Па детето било твој избор, ти си сакала да имаш дете, а не е криво и должно да те слуша како ти си го жртвувала својот живот за него. А кога е потребна помош и на човек од улица треба да му се помогни и секој спрема можностите. Кој има пари ќе плати негователка (но како што поминува време гледам нема да може ни со пари да се ангажира негователка во мк) а кој нема ќе се грижи за своите родители како што тие се грижеле за нас кога сме биле мали. Животот се носи може сега имаме но во иднина само Бог знае како ќе биди, и можеби ќе мора да ги капеме, преслекуваме, и раниме, и знам дека во тоа и јас и мм ќе си помагаме нема никој сам да го прави тоа заедно двајцата ќе го правиме. И ќе го правам за неговите од љубов кон мм да не го гледам сам да се мачи физички доволно е што би пател да си го гледа така родителот, а знам дека исто и тој за моите би ми помагал нема да ме остави сама да се килавам или да се мачам и физички покрај тоа што психички ќе бидам уништена да си гледам родител така не дај Боже. Но, доколку се биде во ред финансиски со нас тогаш би ангажирала негователка за било кој од нашите родители. Плус тука зависи и од родителите, дедо ми на мајка ми татко, не сакаше мајка ми ни тетка ми да го капат, се срамеше, човекот немаше син, но затоа татко ми и тетин ми од љубов кон мајка ми и тетка ми и од почит спрема дедо ми го капеа и немаа проблем со тоа. Дај Боже да ни се здрави и живи и да мислам на ова се растажувам за било кој од нив, па какви сака луѓе нека бидат.
Подобро немаше да го осмислам и 5 дена да го мислев. Син мајкин, мамичка уште од мал го тинтри. После женичката го тинтри. Деца кога ќе направи, исто и нив женичката ќе ги тинтри. И после мамичка кога ќе остаре, исто така женичкава ќе ја тинтри и нејзе. И на работа ќе оди. И домаќинство ќе тера. А мажов уморен е од на работа. И трагедијата да е поголема, жена на жена ова и го вели. Убаво реков јас, плачат мажите за вакви жени ко нас, сами што се фрлаат в оган. Нејќам да бидам дрска ама Простоќа. Толку ќе кажам. И после татко кога со бебето пазари в маркет, се навлажнуваат женчиња, леле колку посветен татко, леле браво, браво. А мајка кога пазари со бебето, ништо посебно, очекувано де. Таткото, фала му на господ што се смилувал да си го прошета сопственото бебе и да и "помогне" на жена му. И после ги читаш по форуми, Мојот маж е прекрасен, многу ми помага за чистење низ дома. Душички златни
Свекрвата ја нема да се појави да ме праша како сум, и не треба ни да очекува помош од мене. Си има син. Тој нека прави со неа што сака зашто она само со него си комуницира
Pa kolku se silni i tie sto zavrsile vo dom e znak ? Ama deka neli se raboti za prikazna neka odi kako takva. I domovite ne se nekoe resenie. Ako razmisluvame taka najdobro e i da ne se doceka dlaboka starost. Nema da ima potreba nikoj da se grizi za nikogo.
Тука не е проблемот дали сакаш, во мк и општо на цел Балкан наметнато дека мораш. Имам еден дедо во комшии човекот ги молеше децата за да оди во дом, пази не му даваа како така шо ке речат комшиите... А муабетот е толку многу извртен како и секогаш.
Јас истото го помислив кога го прочитав постот. Навистина грешни / лоши луѓе живеат со орлите, оти не користат мозок, немаат свест и совест, не се јаде тој за ништо што ти рекол или направил, дали било вака или онака му е гајле се додека нему му е погодено... Он е центарот на својот свет, другите можат да се носат. Секогаш добриот го јаде стапот за се во животот. За разлика од претходните, мозокот на овие луѓе им работи. Кога мислиш, обмислуваш, се грижиш за ближниот, стресот е неминовен, а тој знаеме што носи... И стварно веќе со тоа, да си умрам на нозе, да не зависам од никој... Некој да не сакал да се посерува или да биде врзан за кревет со години? Ами се мачат тие околу него, да, а болниот не се мачи што му се раскапува месото од лежење и бело видело не видел којзнае од кога? Дај не бидете смешни, сите сакаме лесна смрт. Ни да се мачам, ни да се мачат со мене.
Јас да бањам свекор и свекрва нема шанси, да им направам јадење и да им принесам, да исчистам и сл. доколку се неподвижни, тоа да, ама да бањам и предоблекувам не можам, и не сакам, си имаат син за тоа, моите родители би ги пресоблакала и бањала, без разлика на се! Зошто јас да бањам свекор и свекрва? ММ ќе ги бања ли мајка ми и татко ми? Секако дека не, ниту па тоа ќе го барам од него. Родителите на мајка ми, беа неподвижни, баба ми 1 година, а дедо ми 7 години! И мајка ми и вујко ми, ги носеа до маса на раце, во тоалет, за бањање, за пресоблекување, ги ранеа, и се останато, татко ми помагаше со се останато, ама никогаш не ги бањаше, ни па ги пресоблекуваше. Од сопствените родители нема срам, а за други ниту сум должна, ниту сакам да бањам и пресоблекувам.
Ова како да е некој предмет па да ти го даде на готово да го користиш. А жената како на патот да е најдена, неа мајка не ја родила и гледала.
Дедо ми викаше “дајте ме у дом,сакам у дом”, не дочека ни дом,умре на раце на татко ми. Сам го бањаше,сам се,мајка ми само да зачисти околу,нешто храна да зготви и тоа беше. Јас не можев да го гледам сакав да го памтам по убаво,а и многу се стресирам околу тие работи и после имам ноќни мори. Таква сум, не можам да се контролирам околу тие нешта,никогаш не сум видела човек во ковчег во живо нит како го спуштаат во земја. Друго, не можеш секој да викаш “мама и тато”, тоа се свети зборови. Ма да,баба ми ме учеше дека не е толку трагично ако наречеш некој мамо во случајов свекрва,но јас не мислам така. Може да ми биде блиска, да ми е свекрва,да ми помага и да и помогнам во не дај Боже но,не и да биде на местото на мојата мајка. Мајка е светост за секого. Исто и татко е. Ве одгледале,ви дале колку што можеле на крај таму каде што ќе влезеш без оглед машко или женско должен си само да ги почитуваш онолку колку што те почитуваат тебе. Едно е да имате несогласувања,а сосема друго е да не помогнете кога самата е немоќна односно не е способна да се грижи за себе си. Тоа го сметам за нечовечност, особено кога се нема финансии па се остава на милост и немилост свекрвата. Сите сме различни, но членката претерува и највеќе ми забоде очи “мајка ми е злобна, не би ја погледнала”, па би сакала да ја прашам зошто уште ја нарекуваш мајка,зошто не ја наречеш по име? Ти ласка некого да викаш злобен,а ваму викаш свекрвата го израснала маж ти,а тебе штркот ли те израснал?
Чудно тоа со дедовците. Мислам дека статистички порано умираат мажите, во мојата стара улица сите баби беа вдовици, само еден вдовец.
Мажите умираат порано да Ама зошто потиснуваат емоции и најчесто умираат бам бам одма Според научни испитувања е така Ама сите баби се де куци, де колк, де неподвижни, де укочени Од рмбање цел живот и стоење на нозе е тоа. Не ми беше поентата кој подолго живее, туку како изгледа физички и како се чувствува маж а како жена на 80 годишна возраст на пример. Баш заприметувај
Не можам да приметам. Бабите од старата улица веќе беа вдовици, Бабите од новата улица исто се во доминација. Комшиката падна и си скрши колк и рака, ама добра е, уште нема 70. Купивме стан од 80годишњаци, двајцата инжињери, бабата беше повитална. #субјективниофтопик муабети
Има некои жени/свекрви, кога се млади ќе ја вреѓаат снаата, ќе и го загорчат животот, а од друга страна чекаат истата таа снаа да ги гледа кога ќе остарат, да ги бања, да ги пере, да им менува пелени и тн.