Па да, тоа и мене ми беше поентата во некое мислење наназад. Се раѓа внучето, бабава wonder woman се прави, снаата демек ништо незнае, ни да бања дете, ни да го облече, ја понижува и поминуваат 20 години и се чека снаава наеднаш да "научи" да си ја бања свеки. Ама трагично е што во поголемиот број случаеви е вистина така. На тетка ми свекрвата цел живот го помина понижувајќи ја, за се и сешто, еве ја 95 години има, тетка ми ја крева за бањање, ја храни и менува пелени. И пак не и чини и пак и презборува на секое нешто.
Обично тие што најмногу се мешале, и се нешто не им чинело, паѓаат во рацете на синот и евентуално снаата, секогаш така оди, тој магичен круг. Јас пак би помогнала, за основните работи, не можам да гледам така, за комшијата би ми било жал и би помогнала ако можам нешто, а не па за блиска фамилија.
Те навредив лично ? Не . Нема да ја должам бидејќи нема за што да ти се правдам . П . С . И да , сите СМЕ грешни , на некој начин . Луѓе сме , и несакајќи може да згрешиме и притоа да не сме ниту свесни за грешката . Најважно е , кога ќе ја сфатиме грешката , да побараме прошка од Бога и од оној на кој сме згрешиле . @WildMk " грешна " ми беше кажано во смисла , ако не сум си го чувала до толку здравјето на младост , и од немарност паднам во постела на старост , не би сакала да сум на товар ниту на син и снаа , ниту на ќерки и зетови . Радо би отишла во старски дом , каде знам дека медицински персонал , специјално обучуван за гледање стари лица би се грижел за мене и притоа би имале соодветен надоместок ( ниту деца да се расправаат за парите , ниту ќе им бидам на товар на децата , сепак тие ќе имаат семејство и работни обврски , автоматски би ми менувале пелена кога ќе стигнат , што не е случај во дом , сепак тоа им е работа на медицинскиот персонал таму ) . Сепак , најубаво е да си оди човек од " на нога " , ниту јас ќе се мачам , ниту други ќе мачам . Ама Бог на сите ни предодредува како ќе го напуштиме овој свет , уште кога се раѓаме , никој освен него не знаеме што не чека понатаму во животот . Божја волја.
Дедо ми викаше на човек со сила можеш само да му земеш, со сила ништо не можеш да му дадеш, на некој со инка да му ставаш во глава нема ука да фати. Не само што ме навреди со претходниот пост туку и со овој и продолжуваш, да се разбереме не мене лично туку сите што сме изгубиле родители, ама очигледно немаш доблест да увидиш дека лошо си се изразила и си продолжуваш со истото темпо па и бетер. Мајка ми ниту пушела, ниту пиела, здраво се хранеше, значи во “младоста” не била “грешна” спрема здравјето па почина на 38 години од рак на белите дробови од кои последните неколку месеци беше врзана за кревет од изнемоштеност, ама ај грешна била, дали со гревови страшни спрема некој, грешна и спрема здравјето во младоста зошто сигурно многу сакала да добие рак на 35 години и до 38 да го напушти овој свет. за начинот на кој размислуваш.
Баш една познаничка ми кажуваше, свекрва и доста и се мешала во живот, брак, сељачки озборувања како снаата не чини, синот гладен и е покрај неа. И сеа умира свекорот од удар на лице место, а малку подоцна свекрвата останува непокретна и без говор исто од удар. Е сеа снаата ја "гледа" и се иживљава на некој начин. И загрева соба кога она сака, ја храни колку и кога она сака, ја бања чат-пат. Вика и враќам сеа за се. Синот се тоа го гледа и си ќути зошто нели не дај Боже он да треба да ја нахрани. Ненормални ситуации колку сакаш. Јас лично не би бањала и менувала пелени на свекор и свекрва никогаш. Имаат син и други деца за тоа. Моите родители се моја одговорност, за се што ќе треба тука сум
Извини што те навредува моето мислење . Јас тоа го велам лично за себе , не за твојата или било чија мајка / татко . Ако толку те навредува , не го читај , едноставно прескокни го . Патем , јас сум пушач и сметам дека сум " грешна " спрема моето здравје . Пробав да ги откажам цигарите , не успеав .
Познавам една каде што еден куп проблеми правеше свекрвата околу 30 години... Сега падна физички па пак снаата ја гледа и пак ја колне и неа и децата фактички нејзините внуци.... Така да ќе кажам само да не пиши Господ.
Мајка ми е клета жена ме родила да ме израдтила да во некои ненормални услови и затоа не ја сакам Си знае и она тоа кажано и е Кажано и е и шо и да и се случе со прст нема да мрднам Татко ми ? за него нема непто што не би направила Секој по заслуга
Не се покажала ништо подобро од свекрвата. Покажува дека е иста дури и полоша од неа со таквото иживување. Нека не ја гледа и нека плати жена. Секој дава што има и што носи во себе.
Поентата ми беше дека "децата" се одговорни за родителите. Без разлика дали они лично или ќе платат негувателка. Не е тоа прејди бриго на другиот.
Те разбирам и се согласувам со тебе. Но сакам да кажам дека ваквите кои чекаат момент да им наплатат сѐ на свекрвите само ги искажуваат злобата, комплексите и фрустрациите кои ги насобрале низ годините...
Никој не е должен да гледа некого, ама пак ни да не бараат да им се даде дел од имотот. Снаа за братучед живее во иста куќа со старите и на свекорот му паднал притисокот и требало да го носат на доктор, а оваа одбила по што имала работа, правила слатки. Тој си има ќерка таа нека го носи. Ок одбила, не е нејзин родител, ама истата за ќуката бараше да се препише само на нив, а не и на ќерката. Ни чувам ни барам куќа, ама сакаат дел, а не обврска.
Абе види вака, ако оставаат/даваат се е тоа за синот, на снаата никој не и остава. Снаата само од домаи ако и остават!
Ама синот не живее сам. Тој дел после ќе се дели и на снаата. Во случајот синот 10 години работи во странство, а снаата во Македонија со старите и децата. Според тоа обврските кон старите кои ги има синот се на неа, ама оваа не мрда со прст. Ај за бањање да не се прифати, ама за мерење притисок, носење на доктор било кој може да се помогне.
Снаата не е должна поради овие што го препишале имотот САМО на име од синот да ги гледа родителите негови, ако не е таа снаа друга ќе биде да живее да тука. Нормално човечки може да се помогне, ама да имаш обврска секој ден поради куќата, не. Што не ги гледа мажот родителите нејзини ако на неа и имаат препишано имот од дома?
А кај е синот во ситуацијава? Снаата не можела ете, а маж и зошто не можел? И мајку му стара, за една куќа ќе треба цел живот ли да изигрувам потрчко? Настрана што му се слошило. Општо зборувам.
Абе ниедна неќе да помага на свекор и свекрва а сите се жалите во другите теми како ништо не ви дале,не му купувале на внучето, се дале на јатрвата итн
А што доколку решат да се разведат? Ќе даде ли свекорот дел и за снаата ете доколку била фина и љубезна? Или тогаш ќе докажуваат дека куќата е наследство. Снаата колку и да била фина, љубезна и ете 10 год живеела со нив, без маж и до неа, тоа се ќе се заборави и ќе стане најлошата снаа. Тогаш снаата ништо нема да ја следува бидејќи и да работела и придонесувала нејзиното не се важи. Куќата била на свекор и а маж и ја добил во наследство, ништо нема да се дели на снаата.
Мојата богами има купено доста и сеуште купува и за мене исто. И јас ко ќе работам ќе купувам за неа и помагам доста во чистење дури за девер ми спремам јадење за на работа кога спремам за маж ми, да ја поштедам неа од дополнителен умор пошо работи, а и заедно излегуваме понекогаш на шопинг. Е сега ако купи куќа за син и ќе купи, нема врска ништо тоа со мене може утре задутре друга снајка да ме замени не дај боже (бар јас така мислам), затоа и не чувствувам обрска кон неа на старост. А кон мојата мајка да, и ако не дај боже дојде до нешто има да ја гледам. И затоа и сакам женско дете во иднина здравје, зошто снаата со очи нема да ме гледа 100%, ниту ќе го очекувам тоа.