Отпосле си редактирала. Небитно. Мене од такви родители што оставаат куќа и после уценуваат да им трчаат по газот синот, снаата,м ќерката ми се гади. Одма нека си ја вратат. Не ми треба нешто што не е од срце дадено.
@Black girl Нема врска, во моја околина повеќето снаи работат свекрвите и деца им чуваат и помагаат околу домашните обвски. Можеби некои сами си поставуваме граници и не дозволуваме ни да ни понудат помош. И не, не можат сите свекрви да се лоши, како и сите снаи да се добри. @BabyD0ll Сосем коректно. Си помагате меѓусебно. Така и треба да биде аман, кога и да се спомене свекрва и снаа веднаш се асоцира на омраза и нетрпеливост
Во твоја околина може. Јас колку знам мајки што плаќаат жени,деца одат во градинка, а свекрвите мува не ги лази. Па не дај боже еден ручек да понудат да направат. Не ни треба да ги лази. Тие своето го поминале нели? Ама и на старост нека не бараат помош од снаите. Си имаат свои деца,па нека им помагаат.
Зошто се толку измешани работите кај нас стварно не знам. 1. Кажавме, снаа нема обврска да помага на свекор и свекрва, туку ако веќе некој помага тоа ќе бидат синовите и ќерките на свекорот и свекрвата, а снаата ќе си помага кај нејзините родители. Ова не важи за кренат притисок пошо и на комшивкава да и се крене притисокот ќе ја однесам на итна, а не пак на свекор или свекрва. 2. Свекор и свекрва немаат обврска ни едно чорапче да му купат на внучето. Можат ако сакаат ама НЕ мораат. 3. Снаа не може да бара од свекор и свекрва имот да и остават. Свекорот и свекрвата можат на нивните деца да им остават, значи на нивните синови и ќерки, а не на снаите и на зетовците. Наследство стекнато во брак не се дели меѓу сопружници затоа што е наследство. Се делат работи кои си ги купиле сопружниците во брак, а под тоа не спаѓа наследство. А особено не можат снаи да бараат од свекор и свекрва да им се препише имот, истите снаи кои кај нивните родители имаат имот ама му го оставаат на братот и нејќат да се мешаат од што се "културни". Не знам зошто ние во македонија имаме огромен проблем со граници. Знам до кај е мојата граница и не дозволувам да ми ја преминат, знам до кај е границата на другите и не ја преминувам. Нит сакам да ми дава, нит ќе давам. Недај боже да се најдеш во безизлезна ситуација. Но безизлезните ситуации не се толку на број колку што семејствата живеат на овој начин од традиција.
Мене искрено не ме сакаше на почетокот, затоа што јас грешка направив се скарав со мажот ми додека бевме верени пред неа, се затворив во соба и не излегов. Ама јас и маж ми се знаеме 5 години нормално ќе се скараме ќе се смириме, ние се смиривме одма за еден ден, ама неа и остана во меморија и ме гледаше со други очи и не ме сакаше. Ама сега па ме сака. Од тогаш ако се налутам со маж ми се во тајност.
Јас луда ли сум што запаѓам во депресии заради свекрва ми? Нека дојде некој нека ме тресне со нешто по глава да се освестам. Мојава уште од почеток не ме сака, очигледно е ама имаше некој период глумење као демек еве се сакаме се сложуваме и после хх случки поради кои јас воопшто не сум виновна не зборуваше некое време па почна да зборува ама ладно а сега веќе игра со друга тактика. Живееме заедно и почна да прави некои работи намерно за да ме нервира. Знам пошо до тогаш беа поинакви работите а сега се поонакви. Ја познавам многу добро и знам колку е злобна злопамтило о дека сега на некој начин ми "враќа" затоа што јас не сум снаа како што таа би сакала да бидам. Ќе ми речете игнорирај ама кажав заедно живееме во ист спрат иста кујна и шанси нема за игнорирање кога некој цел ден ти е пред очи. Освен да почнам и јас да се понашам како неа па да сфати таа сама. Правам се за да сум најдобра и пак сум најлоша ама како некој магија да ми направил или толку сим глупа што пак на крај им одам по газот ги почитувам...како да имам некој страв од нив дека акп правам по свое и ако бидам дрска дека ќе се налутат. Маж ми не го интересира ни за селење ни ништо
Збори со маж ти, нека збори он со мајка му убаво. Ако не сака со убаво, може и со лошо. Кажи и се што ти лежи на душа. Зашто маж ти не сака да се пресели?
Не сака ете. Никогаш не кажал причина зошто не сака затоа што стално завршуваме со кавга или се прави дека не ме регистрира ќе си легне и толку. Ќе рече некој немаш проблем ама измачување ми е да живеам во иста куќа со некого и да знам дека тој некој прави некои работи само за да ме нервира и да ми покажи кај ми е местото. Едноставно нервира сето тоа колку и да одбегнуваш. Знам дека единствено решение е селење ама со кого??? Сама да се преселам најубаво ќе биде.
Јас освен селење стварно не знам што да ти кажам. Во заедница не би живеела да не морам, и ако живеам во заедница со некој кој ме малтретира на дневни бази, би му кажала на маж или ќе се преселиме заедно или ќе си одам сама. Па нека одбира што му е поважно
Нај сериозното е што сум бремена па уште повеќе ме боли фактот што сака да се изживува а знае дека нр смеам да се нервирам. Маж ми мува не го лази ќе морам посериозно да зборувам па ако сфати ок ако не ќе барам чаре сама.
Сега ти ги читкав мислењата наназад за да се потсетам затоа што како да ми текнуваше дека те имам читано и друг пат. Знаеш и сама дека проблемов не е од сега. Знаеш и сама каква си била кога ќе си излезела од таа куќа, среќна, весела, а внатре во куќата безволна со сопруг кој те омаловажувал намерно пред други и знаеш и сама дека и друг пат си рекла дека сакаш да се разведеш. Бракот е работа на 2ца. Ако едниот мува не го лази, тоа не е брак веќе.
Не си сама ако ти е утеха . И јас сум таква,имам пишувано во темава ,плус исто бремена кога бев сказни ,проблеми правеше намерно оставање тешки работи за јас да ги кренам ,како да не не смеело да се крева тешко ,па таа железни кофи со вода кревала. Намерно ставање луто во јадење ,ништо не било она јадела трудна луто...и сега со бебето пак се меша... А јас ко нездрава ,не вели и ова не вели и она да не се налути И продолжувам така што е страшно...
Психички Да баш така е. Кога сум надвор од оваа куќа јас сум друга личност. Штом се дпближам до прагот почнува вознемиреност, тахикардија, некое чудно чувство на страв и како камен на срце да ми тежи. На пример ако сун излезена или ако сум кај мајка ми сум добро па кога се враќам сум исплашена зошто не знам во какво расположрние ќе ги најдам, како ќе реагираат дали ќе се налутат што сум отишла таму. Знам не е нормално тоа ама посилно е пд мене. Како да живеам да им угодам нив и да се плашам да не згрешам за да не ми се налутат. Баш ми е жал што се наоѓаш во иста ситуација. Не знам дали некпгаш ќе се спасам....