А има ли шанси да поминуваш што помалку време со нив, да бидеш повеќе излезена или во своја соба? Со маж ти да одите на прошетки, на вечера, на кафе, на викенд? Те гуши очигледно свекрвата, тесно ти е, си сакаш простор само за твоето семејство.
Со маж ми нема шанси, тој со нив си го поминува слободното време. За првото имамшанси ама пак како да се плашам што ќе речат ако седам во соба. Знам не е нормално. Планирам и психолог да посетам.
@Depresivna333 да само кај мене барем мм се разбира ,ама ни тој не може да се оправи со неа. А ако убаво читам наназад имате уште едно дете ?
Психологот нема да ги реши проблемите кои ги имаш во бракот, а верувај имаш многу. Ако со мажот ти не можеш да отидеш на прошетка, да добиеш поддршка и разбирање и да разговараш искрено, тогаш со кој? Знам дека си бремена и се плашиш меѓутоа размисли за опциите кои ги имаш. Вака очигледно е дека не си среќна. Знам дека не е лесно да си заминеш, ама размисли за што остануваш. Да имаше барем малку разбирање од сопругот, ќе ти речев да се борите, вака што?
Мојот совет ти е да застанеш пред огледало и да си плеснеш еден шамар и тоа толку силен за да те освести каде си, што си и што правиш во твојот живот. Добро бре жени до толку ли не се сакате себе си. До толку ли сакате да се измачувате со вакви луѓе околу вас. На толку убавини во животот вие гледате само на темната страна. Соземете се, надградувајте се, успевајте во животот, не дозволувајте да зависите од друг. Така воспитувајте ги и вашите деца, да бидат свои и независни, бидете им пример каков што треба а не цел живот да поминат со депресивна мајка. Кај не те цени мт па уште и деца му раѓаш, на таков ни мачката на чување не би му ја дала а не дете да му родам. Друга работа е што запаѓате во депресии, па по психолози и сл и кога ќе се свестите дека сакате развод пак почнуваат уцените дека ќе ви одземат дете и сл. И пак почнува страв кај вас да не случајно ви извадат лекарско во каква психичка состојба сте биле. И така се во круг, а животот ви поминал и ништо не сте успеале. Па за таков ли кој слободното време го поминува со мамичка треба да си депресивна. Затоа работете на себе си, не се откажувајте, животот е убав. Сватете едно "вистински независен човек е тој што е финансиски независен".
@Depresivna333 ако ти е од некоја помош и јас живеам во заедница и тешко е . Кој живеел знае. На секој му треба слобода , мир свој простор. Направете си ја вашата соба како дневна ставете телевизор и кревет на склошување за да можеш без проблем да си поминувате време таму . Инаку многу е важна подршката од сопругот да не ми е тој подршка и да ми помага јас искрено уште одамна ќе го оставев. Сега веќе сме решени бараме плац и ќе градиме наша ќука лично наша .затоа и ти велам мора да разговараш искрено отворено со маж ти ако не можрш да му кажеш се на својот личен маж нз што би те советувала искрено . Рече и бремена си , уште потешко ќе ти биде кога ќе ср породиш во иста ќука со сите врз главата зоштп плачело ? Зошто не цица? Зошто така го држиш ? И ред други работи. Барајте си решение во брак 2 треба исто желби за иднина да имААТ. Поздрав
Кај тебе најголемиот проблем е маж ти. Гледај, барај начин, да те ислуша, да те разбере. Неможеш цел живот вака да живееш, ќе те пукнат жено! Незнам дали одпочетокот бил ваков, ама незнам како имате заеднички јазик за да сте во брак, а за мајка му ти урла и си седи по цел ден со неа. За што се женел? Таа па мајка му, да е при здрав разум ќе рече "синко оди си кај жената, излезете, прошетајте" или било што. Колку и да не те сака јас не разбирам што толку потреба кај тоа свекрвиштата да вадат рогови пред снаите. Не си за неа таму, за маж ти си, ако си му добра него, она треба да е најсреќна што син и нашол некоја таков "мамкалче" да го трпи, а не да ти се с**е на секој еден ден во таа куќа. Абе господ да чува еј јас се нервирам. Барај решение, кирија нешто посебно, ако не оди си сама. Ако му значите нешто ти и тоа дете, ќе се освести ќе дојде, ако не, уште поубаво има да се изнаживееш на раат.
Почнавме да се освестуваме и ова да ни смета на сите женски иако имам сестра не не тераше мајками многу да помагаме туку кога сакаме поработеме нешто, ама ова ми ужасно смета околу мене, машките деца до колку сакат се пуштени одат кај сакат а дома сестрата сука јуфки...
Мојава денес, се качувам да уклучам да се догрее вода во колекторот и ме прша зошто, викам па да се бањаме и она па секој ден ли ќе се бањате, демек мм вчера се качил да уклучи да се догрее. Викам па јас се бањам преку еден ден, а се туширам секоја вечер пред спиење и ми вика не треба така ќе се испоразболите, се насмеав викам од вода никој не се разболел. На живци ми оди тоа немање вода, никогаш не им текнува да го уклучат да се догрева сега кога е ладно, не можам јас секоја вечер да се качувам и да го уклучувам, на раат не можам да се искапам откако почна зимово, му викам на мм ќе земам и ќе си ставам бољер долу, секако плаќаме сметки и ние и они плус и "ќирија"им плаќаме за да се нервирам јас секој ден кога треба да се бањам, со страв влегувам у купатило да не ми снема вода. Аман.
Хаха исти случај. Само што кај мене за соларното тоа дисплејот е кај нас и вчера се погоди свекор ми кај нас, а имавме мајстор нешто работеше, беше тоа 50тина степени ама до пола испразнет бојлерот, и ја го уклучив да се донаполни и тој се бунеше зошто сум го полнела имало доволно и ај небитно, се направи 45 степени и уклучувам греач и ми вика што уклучуваш греач, жешка е водата, сее направи од греачот 52 степени и ми вика "еве гледаш уште си се топли, џабе ќе уклучуваше"(си мислеше многу ми е битно што кажал, па демек го послушав).Ја му викам "па од греачот топли" и мене тој муабет ми го направи да не сме се бањале секој ден, мене срам пред човекот ме утепа, нејќев да го потсетувам пред него дека ние си плаќаме сметки за вода и струја, не е негова работа тоа ама ај, будалата збори, паметниот игнорира. Качувај си се ти, полни си го, ако има да ти рече нешто пак, кажи и со син и да си прозбори, ќе заврши разговорот. Сегде е исто, не се нервирај.
@1209 во право е Невенче сегде е исто... Еве ние сме со обичен бојлер па јас или мм уклучуваме а она позади нас исклучува. Сметки ние плаќаме ,храна ние купуваме . Никаков трошок нема дома. Е последно за бебето да го бањам уклучив ,го исклучила а јас не видов и кога дојде ред да наполни вода вика па нема топла, викам како нема 1 саат е пуштен бојлерот. Офф па јас мислев од сабајле е пуштен па го изгасив. Па ко сум "згрмелаа" . И сега не гаси. А каква "кирија " плаќате ?
Без осет, со мало бебе ако треба и цело време ќе е уклучен. Не би да навлегувам на таа тема со киријата оти ми требаше многу време без нервоза да зборам и да мислам на тоа па не сакам веќе да го спомнувам.
Ако прочиташ поназад ќе видиш дека со неа ни со добро ни со лошо можам да се разберам ти осет бараш хахах
Нашата ни го исклучуваше парното . Ние лупнавме 7000 евра за двата спрата за парното. Пелети купивме по пола. Само што ќе излезевме од дома, макар и на кратко, кога се враќавме радијаторите беа ладни. Исто така, навечер ние уште седиме а таа го гасеше без да не праша. *многу сум среќна што не живееме веќе во Македонија и што не морам да живеам со неа . Спасувајте се како знаете, живот со свекрва не е живот, туку само маки и нервози.
Јас па си имам мака, кога ќе го оставам детето со нив го оставаат буквално што сака да прави. Или па ако го скарам пред свекор ми, овој одма "не го карај детето мирно е". Значи и мм му збори да прекине да го брани, овој како дебил некој уште упорен контра ни оди. Прееска детево го удираше како низ игра,(незнам од кај му е тоа,стално го карам) овој се смее. Јас викам "немој да удираш", овој ми вика "не ме удира бе што ти е." Јас не запрев тука, зошто преку глава ми е човекот и му реков "одсега штом го браниш и ми одиш постојано контра, ќе го оставам тебе да ти прави што сака, уште поубаво ќе му викам удри го дедо ти, чим на секое мое опоменување пред тебе, стално ми одиш контра". И ќутеше ништо не ми рече, ама џабееее е утре по старо, од инает прави, демек мајка ти лоша е, јас добар сум. Маж ми кога му кажав, ми вика "чим така прави нема веќе да го гледа, да видиме тогаш". Ама неможам да муречам "оди си" кога иде да го види. Ми се плаче веќе, на секој можен начин гледа да не понижи, створ. Колку и да му одам контра и да му плескам све во лице, пак нервозата ме држи некое време од неговите понижувања. Да напоменам не се гледаме многу, ама и тоа малку низ нос ми излегува. И да напоменам, не ми го чуваат детето, туку го оставам да го видат, да си поиграат со него, што е до мене ич не им го носам, ама ми е жал баба и дедо се демек.
Ооо за глупости се нервираш ја да ти кажам. Имаш ли внуци имаш ли браќа сестри? Сестра ми исто на внук ми кга му вика ја одма го бранам. И мојте исто вака се понашаат како што кажуваш а не живеат заедно. Еве сега 5г има детево на глава им се качува на сите. И? Ништо си го тинтраме. Не е размазен и распрден. Супер е воспитан. Со татко ми т.е. дедо му си манипулира. И да не ти беа во куќа истово ќе беше верувај. Си бараш игла во сено. На крај џабе се нервираш. Внуче е не можеш да гледаш да го караат... иста сум и ја така и зборам на сестра ми...
Браво за напишаното , исто и јас со внука ми ако ја скараат одма ја бранам , тоа е инстинкт а не дека терам инает на мајка или татко и , така да стварно некогаш не треба се да се зема здраво за готово и да се прави фама од тоа.. не за друго така само сами на себе ке си направеме нервози .. секогаш се трудам коментарите да не ги така анализирам и замарам подобро за мене ...
Најверојатно немаш свое дете штом имаш вакво размислување. Кога ќе имаш, пиши пак на темата дали ќе бидеш со истиот став.. Никој не треба да се меша во воспитувањето на детето, секој родител си одлучува како ќе го воспитува, а останатите треба да ја почитуваат одлуката на родителите.