Имам двајца браќа и три внуки. Работата е што јас баш намерно не сум се мешала зошто знаев дека јас нема да сакам да ми се мешаат. Тоа е дете, ќе го скараш неколку пати за нештото, дали од прв пат, дали од десетти пат, ќе му влезе во главчето, а ако се замешаме други често контра ефект се прави. Така правеше баба ми со нас, мајка ми ќе не караше она одма во одбрана и јас често баба ми како херој си ја гледав, мајка ми лоша. Колку пати ќе ја најдев кај што плаче од нервоза, ништо ми викаше не ми е, сега срце ме боли за тие работи. Несакам исто да е со мене, јас што зборам за да е воспитан, се трудам, он да ми го размази. Башка што свекор ми, општо си е таков за све. Чека момент кога мм не е тука и он, трча да пререче, да ти се испонаша, ко он све знае, твојот збор ништо не вреди. Цел живот тоа и го прави на свекрва ми, сега на мене. Мм 1000 пати му има преречено, џабе е, од него имаат страв и двајцата, "синчето да не се лути", зошто знаат колку им урла за мене, 3 месеци збор им немаше изустено, ама мене сешто ми се збори и не им иде памет, да сфатат дека се му кажувам. Затоа се нервирам, ај за детето ќе си речеш го сакаат, жал им е, ама за секоја постапка некој да те исмева поготово пред луѓе.... ај пред луѓе колку можам се трудам да игнорирам, да не правиме смешки за народов, на само му враќам многу остро и знае дека не му ќутам и упорен е.
Прашањето е внук дали имам а не дете. А фала богу господ ми дал и едно и друго. Чеј дедово шо требал да каже да му свика на внукот ? Да го удри? Утре ќе му се раздере на внукот ќе збеснете како смеел да му се дере... Многу им фаќате за кусур. Ова Невенче што пишала е жива глупост. Детето дома ќе го воспитува не пред баба и дедо. Сите знаат дека баба дедо тетка ќе бранат. Сум рекла на сестра ми пред мене не го карај дома што сакаш прајте си. Затоа што кога го кара пред мене он во мене бара утеха а ја не смеам ништо. Олабавете се малце. Ова не е мешање не и кажале на неа што да прај како да го учи и воспитува. Вие немате поима што е мешање во воспитување
Епа нема пред свекор ти да го караш беќе Ќе си го земеш детето горе не знам колку години ти има и ќе му објасниш дека не смее така. Ама остави ги. Внук ми оди кај татко ми на гости знаеш колку грубо играат? Еднаш око ќе му истераше. Ама само со татко ми е таков му дозволува. И последен пат татко ми му свикал да биде мирен да не го удира. Пошто детево е јако и мава Значи ќе си дојде на твоето ќе му се качи на глава без ти лоша да излезеш пред детето. Остај ги нека си играат. Внук и дедо се тоа. Била ти во собата или не секогаш така ќе играат.
Скоро 2 години има, све разбира, све слуша. АМА, надвор во двор земал го клоца мачето, дедо му му вика ", хахаааа удри го дедооо, баааам" и детево оди пак удира. Јас тука да ќутам треба? Му викам "што ти е какво удирање" ово упорен ко да не сум рекла ништо, си земам дете и одам горе. Одиме нареден ден во комшии на гости кај едно девојче помало од син ми, и оди ја клоца. И? Ќе речете одма други ви се криви, ама нити мм клоца, нити го учи, нити му покажал, нити јас. Затоа што помалку време со нив, под наш надзор зошто иначе друго чаре нема. Да додадам, јас го учам се да се дели, тој го учи ништо да не дава, сега се расправа со деца им џапа играчки, деца плачат од него, до пред два месеци друго дете беше, кога го гледаа по 1 саат во неделата дедо му и баба му. Ама сама сум си крива што почнав повеќе да им го оставам, од жал, греотка биле.
Епа сеа ова што го пиша и првиот пост врска немаат едно со друго. Ова со мачево и шутирањево да го пишеше одма ќе те поддржев.
Ич да не ти е жал. Ќе го видат кога ќе имате време и кога ќе сакате вие, кога ќе се договорите од напред, без разлика дали живеете во иста куќа или не. Секој си има свои обврски, вие сте семејство треба да си го планирате Вашето време, да си имате заеднички активности, да си го прошетате детето, да идете на викенд.. Зошто вие сте семејство, мама, тато и дете. А со баби и дедовци може да се видите еднаш во две три недели на ручек, да се дружат, да се порадуваат и тоа е тоа. Истото важи и за едните и за другите баба и дедо. Ние тоа си го практикуваме и немаме проблеми. Ни едните се привилегирани, ни другите. Исти третман добиваат и моите и неговите. Зошто викендите сакам да ни се ангажирани за поминување квалитетно време со детето, двајцaта работиме и реално преку недела немаме време ни да се видиме.
Муабетот ми е, дека во секоја ситуација него поентата му е, мене да ме понижи, јас да не чинам, он да е најдобар, јас да сум лоша, него да го сака, зошто неможат поинаку да направат да ги сака, освен да го оставаат да им се качува на глава. А тоа не е во ред воопшто.
Живееме во иста куќа, да, ама за све фукнциунираме посебно. Они си имаат два долни спрата, ние сме најгоре. Работава е што јас немам работа, со корона кризава све се изремети, мм работи и сега ко што е ситуацијава не го носиме нигде, ќе го прошетаме надвор на воздух и тоа е тоа. Мене ми е зошто детето постојано е само со мене што се вика, ај да смени, ај да не му е досадно и ете секој втор ден пример ќе им го симнам 1 саат/2 и тоа од глава ми се удри. Ни да си лош, ни да си добар не чини.
Пошто и на маж ти не му одговара што не се одделите малце да видите како е да сте сами. Отидете под кирија на година две куќата и спратот секогаш ќе си ги имате
Здравје, ќе си почнеш на работа, ќе си пратиш дете во градинка и ќе ти се смени животот. Само не може да очекуваш помош кога ќе почнеш на работа, ако неќеш мешање ќе си се снаоѓаш се сама со мм, од носење/ земање дете во градинка, па се разболело, од правење ручеци, чистење и сите останати обврски, што реално не се малку, а и финансиски исто не може да очекуваш помош. Кога си самостоен во секој поглед, нема простор за мешање од старите. Плус гледам на сите им е убаво кога старите им плаќаат сметки, им прават ручеци, ама после не чинат, се мешаат. Не иде тоа така, или ќе си бидеш самостоен до крај или ќе си трпиш. Simple as that.
Никој не ми плаќа ништо, нити ручек ми прави. Од старт све сама. Не ни сакам помош, во градинка за скоро планираме да го пуштиме, да стивне ситуацијава. Секако имаме некои планови за странство. Дај боже, се надевам за година две ќе се остварат.
Абе ние секако сме сами, клуч на врата и чао. Имаме во план за странство и пишав и на другата членка, што се вика секој денар ни е важен. Мм се нервира, ми вика буквално неможам да ги поднесам, само нека излезе да си одиме, еднаш месечно на камера ќе се гледаме и тоа ќе им е многу. Само се надевам дека ќе успее тоа, ако не, сигурно ќе правиме куќа. Вака не се трпи. Морав негде да се пожалам, не сум таква да зборам по комшии па да ме оговараат тие кај други.
Добро што си се пожали, секогаш можеш да се пожалиш тука, нормално е да пукне човек од време на време. Ќе собираш ќе собираш и наеднаш ќе пукнеш. Јас знам, кај стрико му од мм, на внук им кој има 1 година, тој пиеше ракија и на детето му даваше по малце ракија, ајде дедо малце да лизнеш. Гледам снаата да пукне не може ништо да каже, оти ќе ја отера у три лепе. Еднаш и има речено пред мене "не јади говна" Женава џукела го вика пред мене, а од свекрва и си нема мака, ама од некаде мора.
Ма кај мене двајцата се исти, само овој вреди за две свекрви. до тој степен на навреди не сме дојдени, тоа е веќе претерано, ама еднаш ми повиши тон, МЕНЕ ЗА МОЕ ДЕТЕ, па мм му објасни убаво, тогаш пукна ептен работата. За неговите деца нигде го немало, по кафани дремел, сега за внуците му се роди татковски инстикт. јас сум му рекла на мм, недај боже да требаше 3 дена во заедница да живееме со нив, ќе се разведевме вториот ден или под кирија ќе бевме. Свекор ми на син ми пиво ќе му даваше, мм така го прострела со поглед што овој го истури во умивалник. све се тоа како од иста мајка родени. Многу си го сакам што за све ме поддржува, да не беше ваков, до сега вдовица ќе бев.
Ти така си сфаќаш демек е така ама не е така. Уствари ти си дрска кон него, дури и створ го нарекуваш. Не е у реду за ситници да се фаќаш, ако удри го дедоо значи човекот така му дозволува а не дека нешто. И јас се согласувам со членката погоре дека глупости пишувате
Роди дете, ќе сфатиш. Не треба он да му дозволува и да го учи да е насилен. Јас и татко му сме тие што учат и кажуваат како треба. Да за мене е створ, кој како си заслужил. Не пишувам глупости, дојдов да си олеснам на душава, ај одсега нема да пишувам зошто така ти мислиш. Друг пат прескокни ме и готово.
Игра е да му вика "удри го мачето"???? И оди го клоца детево мачето, нареден ден одам на гости мава на дете? Ако немаш што да кажеш, немораш колку ради реда контра да маваш
Само сум објективна. Животинче не се мава ама ако му рекол некој трет рандом “удри го кучето” и твоето дете го удри кој тука попуштил во воспитувањето?! Седни,замисли се и конечно више одели се од нив.
Јас сум одделена, повеќе од надворешни скали, посебно саат за вода и струја и клуч на врата колку повеќе? Пишав погоре, секој денар ми е важен, планираме еднаш засекогаш да си одиме од оваа мизерија, до тогаш ќе стиснам заби. Затоа нема да го гледа и дур сум овде детето и решен проблем. Да е големо дете, да седнеш да му објасниш ќе разбере, ама децава како од инает памтат се штоцне треба. Знае кај му е грешката, пред мене и татко му не прави така, а им го оставам 15 минути, одам да си го земам ко друго дете е, се треска од земја после ако не му дадам нешто. А со детето на золва ми се скроз други.