Детето се учи од мало,со зборување со убав пристап. Нема ваљда,јас да ти кажувам како треба. Ама сеуште сметам дека ти многу си земаш при срце и дека они одат против тебе,те приметив и тука се што е контра не ти одговара. Приземи се малку, они го гледаат 15 минути а ти цел ден нема ништо лошо во тоа да се малку поопуштени. Денешниве деца се препаметни.
Знам, јас ни со повишен тон не го воспитувам, зошто со казни, со ќотек сум растена, нејќам мое дете да расте така. Абе може не е све што ќе каже/направи човекот со лоша намера, ама 90 % од работите се. Убаво вика мм џабе е тој сега добар и ко што треба, кога утре ќе направи глупост и се добро се губи во сенка.
Финансиски независна сум. Работам уште од сам почеток значи никогаш не сум зависела ни од него ни од неговите. Од таа гледна точка сум потполно независна никој не ми се меша во мои пари, кај трошам колку трошам и на што трошам. Мене други работи ми се проблем веќе јасно е. Од денес најново. Малото ми беше настинато и не сакаше да јаде, па вчера цела ноќ се будеше и плачеше. Јас глупа сабајлево и кажувам на свекрва ми и таа веднаш искоментира да сум ја однесела кај некоја жена против уроци. И реков дека нема шанса дете да носам по бајачки да и нашрават нешто. И таа ама не може лошо да и направат само добро. Нејзе бајачка и го спасила животот кога била помлада. Притисокот ми го крена. И реков не јаде и плаче зошто е настината плус е дете. Што сака таа да ја онемеме ако не и да прави таа како што сака. Јатрва ми нр зборува со мене и кога и реков на свекрва ми што е проблемот искоментира ааа ќр зазборува кризи ја фаќале. Ако ја фаќаат кризи нека си оди по лекари не мене да ми се изживува. Тие две се за на бајачка не ќерка ми. Плус од сабајлр во донесе детето на јатрва ми па моево кога го видр веднаш стана пд јадење за да играат. Стално така прави и таа го знае тоа многу добро ама виде дека ја ранам и појде го зеде за да ми ремети ред на детето. Пошто знам ќе речете кај беше маж ти на работа е ама му пишав порака се му кажав. Ама џабе сеуште нема одговпр а јас не можам веќе да живеам вака.
Ако за вакви безначајни работи ти се крева притисокот, до тебе е проблемот. Станало детето од јадење за да си игра, па пушти го, кога ќе огладне само ќе дојде. Значи за глупости се нервираш. Еднаш се погоди свекрвата дома, а јас на работа и ја чуваше тој ден. Кога си дојдовме малата беше под окото изгорена, ја прашувам свекрвата вика не знам од што и е и одма врте маабет. До вечерта детето ми кажа дека се изгорела од на дедо и цигарата, он пушил и случајно ја изгорел или она сама се изгорела не знам. Толку многу се изнервирав не затоа што се изгорела, туку затоа што ме излажаа и се правеа мутави. Ама ништо не спомнав оти за два дена и беше роденден на малата и не сакав да си уништувам расположение и создавам негативна енергија на роденденот. По неколку дена малата ми вика дека јас сум лоша а дека другата баба(мајка ми) ќе ја тепала. Прашувам кој и го кажа тоа, ми вика баба (свекрва ми). И за ова не спомнав ниту на маж ни ниту на неа. Маж ми следниот ден отпатува во странство и за да не му создавам нервози не му ни кажав и уште не сум му кажала. На малата убаво и објаснив дека другата баба нема да ја тепа, ддека ја сака, дека мама не е лоша и дека ја сака највеќе. Детето разбра и е подруго дете сега. Затоа ја симнувам доле кај нив кога јас сакам и колку сакам, а свеки знае дека малата се си кажува па припазува што зборе пред неа. Они не се лоши луѓе, знам дека ја сакат, ама некогаш знаат да забегат. Порано беа како опседнати со малата, ама сега си имат друг внук па малку олабавија. И најверојатно разбраа дека не треба да ни се мешат, оти нема ни да ја видат. Еднаш се скаравме и цела недела и кусур не се симнавме ниту зборувавме, само здраво на минување и толку. Научија дека не можат да не вртат околу малиот прст како порано
No offense ама се нервираш за бизарни работи. Ти рекла да го носиш на бајачка, е големо чудо. За секој збор ако се фаќате тогаш кај ќе ви е крајот? Ок, ти си против тоа, си и објаснила и тоа е тоа. Има луѓе кои веруваат во тоа и веројатно со добра намера ти го кажала, како помош за детето. Тоа што си нема врска со реалноста е друга работа. Проблем би било да земе позади грб па да го однесе. Тоа со јатрвата пак ќе кажам, ништо страшно. Ако нешто ти не сакаш, кој може да те натера? Повеќе ми изгледа дека жената те нервира онака, како појава. И реално маж ти го замараш со глупости.
И на мене ми збореа да ја носам на бајачки, а јас само им кажував дека детето нема никакви проблеми и нема потреба од такви работи. @Depresivna333 уживај си со детето и не се замарај што кажала. И јас така се замарав и нервирав порано, а понекогаш и сега знам да се изнервирам, ама бргу ми мине оти знам какви се луѓето и знам дека не можам да ги сменам
Ubavo ako posetis psiholog ama zeno resi si go problemot so bistra glava ne da klukas apcinja i da si haj i se okej i pak tamu nemoj toa da go dozivees resi go problemot kako sto pisuvas tuka deka ti smeta toa i sakas sloboda, nisto ne se mora osven da se umre nemora da si go troses zivoto so svekrvata ni pa so nekoj smotko zalepen za suknjata na majkamu.
А зашто не си пуштиш дете во градинка она ли ти го чува? Дури ти го чува она ќе ти ремети ред Да ми спомне бајачка ќе ја самопрогласам за непресметлива и ќе и се изнасмеам во фаца а дете нема да ми чува Си има градинки батали ја
Мислам дека е нормално после еден куп глупости да не нервираат како појави... Еве мојава една недела не ни зборуваше ни мене ни на мм и раат бев колку и лошо да звучи. Порано исто од нишо никако не ни зборувала или на двајцата или само мене и се траштав зошто па како па што згрешив..колку сум била само будала. Нејсе ,после една недела ми прозборе и ми изнакажа се што и сметало меѓу другото и тоа што сум ставала слики од бебето на ФБ (две во три месеци) ќе ми го украдела мафија... П.С мислам дека фали една тема во бебе за вакви бисери
Или па дека ќе ти го урочат. во првите 40 дена во коритото кога ќе го бањав, во водата требаше да ставам по малку од светената вода (адет било де), еднаш се погоди тука и јас заборавив да ставам (толку се замарав) и ете ја кога скокна, да трча во кујна по шишето, кога го одвали сета нервозна шишето во водата, па тука солзи да рони, ќе сум му наштетела на детето, па тоа циркуз. Да не зборам на 40 дена кога се оди во црква да земеш молитва, како се вика ваљда голема, кога се запна дека јас и она сме требале да одиме, што ќе ми бил мм, она со свекрва и носела деца . Па после плачеше да сме ја земеле со нас, ај тогаш вистина ја земавме и седеше од страна и гледаше што правиме и кога си одевме ме искара што погрешно сум направила, е тогаш мм прв пат лом ја направи, ап беше лута цели 3 дена
Невенче кај и да отворам ти од свеки се жалиш Не е проблем слободно испукај се Ама мислам дека си опседната со жената мора да се олабавиш за твои нерви и твое добро
А не мојава за дотолку си знае граница ,само да спомнела да дојде проблем ќе беше од мм. Ама затоа он додека не е дома има разни разни бисери. Дури почна ко ќе си дојде да прашува денес што фикс идеја имаше мајка ми ? Меѓу идеите издвојувам : - да сум јадела повеќе ,сега не било времето манекенка да сум тоа поминало детето требало да ме "тегли" . - да не сум чистела со правосмукалка ќе сум ја исплашена. -да ја мачкала со сало за да била отпорна на настинки. Надвор 30 степени таа брзо брзо облекувај ја ќе настине,покриј ја со ќебенце ногите голи и се (шпикозните се ништо за неа) Има уште ама не ми текнува сега ,тоа треба одма да се запише хахах
Мислам дека не е сѐ до свекрвите, туку таков ни е менталитетот на нас. И од други имам слушнато да се носе на бајачки детето, да се облекува повеќе, ова да јаде, она да не јаде, да не е гладно, да не му е ладно? Едноставно такви сме си ние луѓето. Една роднина на мм еднаш ми кажа Е сега ќе си знаеш дали ќе го доеш детето или ќе му бутнеш шишето со млеко, за 2 мин ќе го испие и ти ќе си легнеш право. Дека на неа многу и било полесно што децата и биле на вештачко и тетрапак млеко, а не цицале. Додека на мене на пример многу ми беше полесно да ја надоам ноќеска отколку да станувам и да и правам млеко да пие. Ама тоа си е нејзино, јас сигурно нема да ја послушам и да дадам млеко вештачко или тетрапак, или мед на цуцла, или сок од цитрон на 3 месеци. Како она што правила пред 20 и повеќе години
Е да ,ама не е исто некој рандом да ти рече и свекрвата секој ден по сто пати едно исто да повторува. Барем мојава на еднаш не запира . Па и мајка ми така да ми попува ќе ми смета.
Пред некој ден ми пријде една жена на улица и ми рече 'Леле девојко, покриј го детето многу е ладно, ќе го настинеш'. Малиот убаво си беше облечен, само рацете му беа ладнички ама нормално кога лежи во количка, не се движи, а рачињата се надвор. И реков 'Убаво е облечен'. И почна да збори како и внук и цело време бил 'гол', снаата не ја слушала како треба да го облече, и зборела дека детето треба да се 'јача'...Јас само се насмевнав (после ми текна дека не се гледа преку маска ) и си продолжив и ми вика 'Такви сте вие младите сега, само доктори слушате, не не слушате нас постарите'. Сакам да кажам таквите свекрви си зборат секаде, не е дека не мразат нас снаите туку мислат дека сме млади и неискусни. Плус биле покорени на нивните свекрви, па сега си мислат дека дошло нивното време тие да бидат 'главни'. Само што ретко сега која жена ќе дозволи бабата да биде мајка на детето.
Велам јас фали една тема во бебе за вакви бисери од "советници" @forumce да се надоврзам со доењето. Братучетка на мм дојде да ја видела ,и нормално се распраша, колку спие дали цица итн. И сега оди совет за доење...ако сум се враќала на работа ,одма да сум ја одбиела ,не бивало да ја дојам само поручек а и ненаспана да одам на работа заради ноќни подои + секако млекото тогаш веќе не чинело.
Епа гледаш, некој рандом ќе дојде еднаш, два пати во годината па ќе ни попува, ане пак свекрвата што ни е во куќа и што се гледаме секој ден